Опасна зимска бура што ја зафати речиси целата територија на САД однесе најмалку седум животи, остави над 800.000 домаќинства без електрична енергија. Откажани се над 10.000 летови. Околу половина од американското население е погодено од невремето, а силниот снег, ниските температури и ветровите се очекува да продолжат со денови. Во повеќето сојузни држави е прогласена вонредна состојба. Експерти објаснуваат дека причината за екстремното ...

Втор ден од конгресот на СДСМ, а реакциите не стивнуваат. Се чини и уште долго ќе траат. Според многумина конгресот остави впечаток дека партијата се уште не ја разбрала пораката од изборите. Па така од конгресната говорница повторно се слушаа познатите тези дека СДСМ е „најдобрата опција”, а дека проблемот не бил во раководството, туку во околностите и секако – во власта. Самокритиката, која ја очекуваше дел од членството и јавноста остана ...

Општина Ѓорче Петров доделува по 8.000 денари финансика поддршка за секое новородено дете. – Продолжуваме со зголемена грижа и поддршка за најмладите и нивните семејства. Од оваа година, секое новородено добива 8.000 денари финансиска поддршка – конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство. Ова не е само финансиска мерка, туку јасна порака дека семејството, децата и иднината се наш приоритет, порача првиот човек ...

Автобус со 21 патник од Бугарија, кој патувал кон Измир, вчера целосно изгоре на платото на граничниот премин Капикуле. За среќа нема повредени. Возилото се запалило и за кратко време било зафатено од силен пожар. Возачот навреме ги забележал пламените јазици, веднаш го запрел автобусот и овозможил брза и безбедна евакуација на сите патници. Очевидци сведочат дека автобусот за неколку минути се претворил во огнена топка. На местото брзо ...

Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Штип и Бабуна кај Богомила покажуваат минимално намалување на ...

Кинотеката на Македонија ќе ја почне февруарската програма со документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска. Од 2 до 7 февруари филмот ќе се прикажува од 18 и од 20 часот, а по една проекција ќе има и на 12-ти 13-ти и 14 февруари. -Програмата на Кинотека на Македонија за февруари 2026 година претставува внимателно изграден мозаик од современи авторски визии и значајни европски остварувања. Во центарот на вниманието ...

Македонската композиторка Ана Пандевска ќе учествува на престижниот фестивал за современа музика „ЕКЛАТ“, кој ќе се одржи од 4 до 9 февруари 2026 година во Штутгарт, Германија, со две музички композиции и едно видео во рамки на програмата посветена на современи авторски и уметнички практики. Двете композиции ќе бидат изведени од реномираниот вокален ансамбл Neue Vocalsolisten Stuttgart, додека видеото е реализирано во соработка со ...

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, со цел подобра информираност на граѓаните на Скопје. Според податоците од Секторот за санитарна контрола, во периодот од 20.01.2026 до 23.01.2026 биле земени 150 примероци за физичко-хемиска анализа и 150 примероци за микробиолошка анализа од 42 мерни места низ градот. Резултатите покажуваат дека сите примероци одговараат на ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија останува на европскиот пат, а за посетата на делегацијата на Европскиот парламент која беше во посета на Белград рече дека е составена од „неважни луѓе, кои се неважни во своите земји, a важни само за нашата опозиција”. Тој ја обвини и српската опозиција дека работи против земјата. Вучиќ побара формирање на помал оперативен тим кој ќе се занимава со европската интеграција и ќе го ...

Превозниците денеска започнаа блокади на повеќе гранични премини во земјава поради ограничувањата што произлегуваат од новите правила на Шенген-зоната за престој и работа на професионалните возачи. Протестот се однесува на товарниот сообраќај, додека патничките возила и автобусите ќе се движат непречено, информираат од Министерството за внатрешни работи. Блокади се најавени на граничните премини Деве Баир, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, ...

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, вчера лиши од слобода две лица од Скопје. При контролата, на различни локации на подрачјето на општина Аеродром , кај двете лица е пронајдена и одземена марихуана. Кај трето лице пак од Скопје бил пронајден и одземен нож, а во друг случај е одземен еден мотоцикл поради сомнение за фалсификат. -Од страна на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај ...

Цената на златото денеска за првпат во историјата ја надмина психолошката граница од 5.000 долари за унца, продолжувајќи го силниот нагорен тренд, поттикнат од зголемената побарувачка за сигурни инвестиции во услови на геополитичка нестабилност. Неизвесноста на светските финансиски пазари се зголеми минатата недела поради заострувањето на односите меѓу САД и Европската Унија околу прашањето за Гренланд, што дополнително ја зголеми ...

Корисниците од улиците „393“ и „Стојна Стевкова“ во општина Чаир денеска ќе останат без електрична енергија во периодот од 9:00 до 14:00 часот. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот во снабдувањето е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Работите ги изведуваат екипи на ЕВН Македонија АД, а електричната енергија ќе биде повторно пуштена по завршување на интервенциите. ...

Голем пожар избувна рано утрово во фабрика за производство на бисквити во близина на грчкиот град Трикала, во регионот Тесалија, при што загинаа најмалку четири лица, а една жена се води како исчезната, јавува весникот „Катимерини“. Пожарот започнал околу 4 часот наутро во фабриката „Виоланта“, која се наоѓа покрај националниот пат Трикала – Кардица. Во моментот на инцидентот, фабриката била во функција, бидејќи работи со 24-часовни смени. ...

Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што и официјално ќе ја преземе функцијата. Селами доаѓа на местото на Насер Зибери, кому мандатот му заврши на 12 јули 2025 година поради исполнување на условите за пензионирање. Новиот омбудсман е дипломиран правник и магистер по правни науки, а има положено правосуден и нотарски испит. Мандатот на народниот ...

Околу 50 мигранти загинаа откако нивниот брод потона во централниот дел на Средоземно море. Веста ја објави доцна синоќа весникот „Тајмс оф Малта“, јавува агенцијата Анадолија. Вооружените сили на Малта потврдија за малтешки весник дека еден маж бил спасен од товарен брод покрај брегот на Тунис во петокот. По спасувањето, тој бил префрлен во Малта на медицински третман. Настанот го потврди и Alarm Phone, независна група за поддршка на ...

Со сослушување на оштетени и сведоци во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска во големата судница на Кривичниот суд во Идризово продолжува главната расправа за една од најголемите трагедии во поновата историја на државата, во која животот го загубија 63 лица, а над 210 беа повредени. Се очекува денеска да сведочат петмина оштетени – Тоше Трендафилов, Мартин Китанов, Алберто Миладинов, Иван Данилов и Кристијан Панов. Сите биле ...

Товарниот сообраќај во Македонија денеска точно во 12:00 часот ќе биде блокиран на сите гранични премини, најавија превозниците. Блокадите се дел од координиран регионален протест на камионџиите од Западен Балкан против новите правила на Европската Унија за престој на професионални возачи во Шенген-зоната, за кои велат дека сериозно го загрозуваат меѓународниот транспорт и синџирите на снабдување. Според најавата доставена до Министерството ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови каде ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски оцени дека неговата земја ќе биде подготвена за отворање на сите кластери во првата половина на 2026 година, а целосно технички подготвена за прием во Европската Унија во 2027 година, пренесува Укринформ. Зеленски, за време на заедничката прес-конференција со претседателите на Литванија и Полска во Вилнус, изјави дека е важно Украина да одреди конкретен датум за пристапување кон ЕУ во мировниот ...

Минатата година беше една од најтешките за оризопроизводството, а во 2026 година земјоделците од кочанскиот регион влегоа со истите, нерешени проблеми, предупредуваат производителите на т.н. „бело злато“. Недостигот од организиран откуп, ниските производни и откупни цени, како и неконтролираниот увоз на ориз од земјите од Блискиот Исток, дополнително ја влошуваат состојбата и го зголемуваат незадоволството кај земјоделците, кои најавуваат и ...

Убиството на Алекс Прети претставува срцепарателна трагедија и сериозен аларм за американското општество, порача поранешниот претседател на САД, Барак Обама. Тој истакна дека, без разлика на партиската припадност, секој Американец треба да биде загрижен поради сè почестите напади врз темелните вредности на нацијата. Обама нагласи дека федералните органи за спроведување на законот и имиграциските служби имаат сложена и одговорна задача, но ...

Кошаркарите на Пелистер успешно го отворија првото овогодишно коло од домашното првенство, откако на домашен терен славеа во дербито против Работнички со 88:85. Натпреварот уште од самиот почеток донесе неизвесна и борбена кошарка. „Зелените“ ја добија првата четвртина со мала предност, која ја задржаа и во вториот период, па на полувреме заминаа со водство од 47:44. Во продолжението Работнички се обиде да се врати во игра и да ја намали ...

Ракометната репрезентација на Исланд убедливо ја совлада Шведска со 35:27 во второто коло од втората фаза на Европското првенство. Со оваа победа, Исланѓаните се рехабилитираа по поразот од Хрватска и на Швеѓаните им го нанесоа првиот пораз на турнирот. По овој натпревар, во Групата 2 водечка тројка се Исланд, Шведска и Словенија со по четири бода, додека Хрватска е четврта со два бода и натпревар помалку. Исланд имаше контрола на резултатот ...

Триесетгодишна жена од Кавадарци е лишена од слобода откако со нож го повредила својот сопруг, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден во семејниот дом, по претходна расправија меѓу брачниот пар. Според информациите од полицијата, жената со нож го нападнала 31-годишниот сопруг, при што му нанела повреда. На местото на настанот интервенирала Итната медицинска помош, која констатирала ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија голема победа на гостувањето кај Арсенал, славејќи со 3:2 во дерби-натпреварот од 23. коло во Премиер лигата, одигран на „Емирати“. Домашниот тим прв дојде до водство во 23. минута, кога по несреќна интервенција Мартинез си постигна автогол. Сепак, гостите од Манчестер брзо се вратија во игра и направија целосен пресврт уште пред и по паузата. Мбуемо израмни во 37. минута, а во 52. минута Доргу ...

Февруари носи позитивни промени за овие три хороскопски знаци: Бик Биковите ќе почувствуваат стабилност и конкретен напредок. Работите полесно „си доаѓаат на свое место“ без премногу драма. Подобрен ритам, јасни граници и мотивација ќе овозможат успешно завршување на започнатите проекти. Одличен период е за финансии, работа и за внатрешен мир. Риби Рибите влегуваат во својата сезона со зголемена самодоверба и инспирација. Овој период носи ...

Андреј Јакимовски се потврдува како еден од најдобрите кошаркари на Тренто. Во вечерашното гостување кај Тревизо, Македонецот имаше одличен настап и беше клучна алка во победата на својот тим со 88:67. Јакимовски помина 22 минути на терен и постигна 13 поени, при што забележа и 5 скокови. Со оваа победа, Тренто по 17. коло се искачи на 9. место на табелата во елитната кошаркарска лига на Италија. Македонската спортска јавност има причина за ...

Денеска претпладне во скопското село Долно Коњари, малолетник со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак. Пешакот, И.Ф., со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите се борат за неговиот живот. Според МВР, сообраќајната незгода се случила околу 11:30 часот, кога возилото со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано возило и во пешакот. За настанот е известен дежурен јавен ...

Во холот на Домот на АРМ утринава од 9 часот започна традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје, посветена на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески. Акцијата траеше до 17:00 часот и се организираше во соработка со Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба, со поддршка на Институтот за Трансфузиона медицина. Оваа традиционална активност секоја година собира голем број граѓани, особено млади, кои преку ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
48%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
86%
1015
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1016
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1013
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
4.99
49%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
4.47
58%
1015
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
59%
1016
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
3.13
50%
1010
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
10.29
56%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
71%
1016
Currency

61.6238

Currency

52.3366

Currency

70.646

Currency

37.5614

Currency

37.9943

Currency

66.1835

Currency

7.67855

Currency

0.68673

Currency

0.32998

Currency

0.52532

Currency

1.16738

Currency

0.56532

Злато

166450.52

Иридиум

253540.09

Цинк

3.44

Алуминиум

3.60

Кобалт

45.39

Калај

49.91

Паладиум

49815.70

Бакар

12.22

Платина

67516.57

Родиум

324722.54

Сребро

2840.84

Рутениум

55395.74