Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Американскиот алпинист Алекс Хонолд изведе исклучителен и редок подвиг, искачувајќи го облакодерот „Тајпеј 101“ во Тајван без употреба на јажиња или заштитна опрема. Настанот беше емитуван во живо на платформата „Нетфликс“ и веднаш предизвика бурни реакции и прашања за безбедноста и законитоста на ваквиот потфат. Иако на прв поглед искачувањето изгледаше како екстремен и ризичен чин, подоцна беше потврдено дека сè било целосно легално. Хонолд ...
Фудбалерите на Пелистер го забележаа првиот пораз на подготовките во Анталија, откако во денешниот пријателски натпревар загубија од Борац Бања Лука со 2:0. По првото полувреме резултатот беше нерешен 0:0, но во вториот дел битолчани примија два гола, реализирани од Шишковски и Херера, што се покажа како доволно за победа на тимот од Босна и Херцеговина. Ова беше втор контролен натпревар за избраниците на тренерот Милан Стојановски во ...
Русија го постави ослободувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес како свој приоритет, откако двајцата минатиот месец беа уапсени во Каракас и префрлени во Соединетите Американски Држави. Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека најпрво мора да се реши нивниот правен статус, пред да се разговара за какви било други чекори или мерки. „Во овој момент, клучно ...
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, преку отворено писмо до јавноста порача дека најавениот протест на 28 јануари не е прашање на комфор или слободно време, туку прашање на егзистенција. Тој нагласува дека ова не е протест на кој се доаѓа „ако се има време“, ниту настан што може да се одложи со изговори за студ, темнина или лоши временски услови. Според него, протестот е директно поврзан со платите на ...
„Поранешниот началник на подрачната единица на Министерството за Земјоделство – Кавадарци, Митко Керов, инаку член на СДСМ, злоупотребил податоци за да осигура поседи во сопственост на граѓани неколку години по ред во соработка со осигурителни компании и ги користел субвенциите за премиите за осигурување на поседи од државата“, стои во денешното соопштение на Левица. Таргет на поранешниот началник, споре Левица, биле возрасни граѓани кои ...
Јасно мнозинство Германци го гледаат американскиот претседател Доналд Трамп како закана за Германија, покажаа резултатите од анкетата на институтот ИНСА, нарачана од тиражниот весник „Билд“,објавена денеска. ДПА пренесува дека само 24 отсто од испитаниците рекле дека го гледаат Трамп како сојузник, додека огромни 61 отсто го етикетирале американскиот претседател како закана за земјата. Во репрезентативната анкета спроведена на околу 1.000 ...
„Дипломатската изолација на Мицкоски се покажа во Давос. Премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер. Се снимаше по ходници и тераше туризам на сметка на граѓаните. Единствена средба којшто ја одбележа неговата посета на Давос беше со сопственикот на унгарската 4iG, поврзана со режимот на Виктор Орбан“, се посочува во соопштението од СДСМ. Ова, според Партија, покажува колку Мицкоски му слугува на Орбан во ширењето на ...
„Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека се здружени и против граѓаните и нивните животи. Али и Венко додека беа на власт си другаруваа во криминални шеми со местење тендери и други и слични активности“, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски. „А сега, Али и Венко, покажаа дека немаат слух воопшто за граѓаните и ...
Физичка пресметка поради недоразбирање околу паркинг простор се случила во кругот на гробиштата во скопската општина Ѓорче Петров. Како што информираат од СВР Скопје, на 24 јануари 2026 година околу 12:00 часот било пријавено нарушување на јавниот ред и мир, при што дошло до физичка пресметка меѓу Ј.Ф.С. (38) и Д.С. (33), двајцата од Скопје. Во инцидентот, Ј.Ф.С. употребила дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., ...
Новак Ѓоковиќ обезбеди директен пласман во четвртфиналето на Австралија опен, откако неговиот противник во осминафиналето, Јакуб Меншик од Чешка, го предаде мечот без одигран поен. Меншик се повлече од турнирот поради повреда на стомачниот мускул, која, како што соопшти, се влошувала во текот на претходните натпревари. Одлуката ја објави преку својот профил на Инстаграм, наведувајќи дека по консултации со медицинскиот тим било проценето дека ...
Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано изутринава во Скопје. Како што информираат од полицијата, на 25 јануари 2026 година во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Александар Македонски“ и улиците „16 Македонска Бригада“ и „Интернационални Бригади“, патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.С. (45) од Скопје, излетало од коловозот. Во ...
Полициски службеници од СВР Струмица вчера вечерта го лишија од слобода М.М. (48) од струмичкото село Дражево, откако агресивно се однесувал и физички нападнал полицаец при извршување службени задачи. Инцидентот се случил на 24 јануари 2026 година околу 20:30 часот во селото Смолари. Според информациите од полицијата, М.М. најпрво вербално и агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа и физички нападнал еден од нив. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е во тек финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци, кои се дел од проектот „Безбеден град“. Како што соопшти преку социјалните мрежи, оваа фаза е клучна пред целосното ставање на системот во функција, чија цел е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и загубени човечки животи. Тошковски ...
Карлос Алкараз и Александер Зверев се првите двајца тенисери кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Гренд-слем турнирот Австралија опен. Светскиот рекет број два и втор носител во Мелбурн, Карлос Алкараз, за нешто повеќе од два часа и 30 минути го совлада Американецот Томи Пол во три сета. Пол пружи силен отпор во текот на целиот меч, но Шпанецот во клучните моменти беше посигурен. Првиот сет беше решен во тај-брејк, каде Алкараз славеше ...
Македонија, но и целиот Балкан, денеска одбележуваат 45 години од раѓањето на македонската музичка легенда Тоше Проески. Иако неговиот живот беше краток, Тоше зад себе остави многу повеќе од музика. Остави порака, човечност и надеж дека добрината и заедништвото не се изгубени вредности. Неговата ведрина, искреност и насмевка останаа врежани во колективната меморија, а вистинската големина на неговото дело најсилно се почувствува утрото кога ...
Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, како и од здравствената заштита и благосостојбата на животните, спровеле минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), соопштија денеска од институцијата. Контролите опфатиле домашен промет, производство, дистрибуција, угостителски објекти, како и увоз и извоз на храна. Акцент бил ...
Очевидци ги снимиле моментите што му претходеле на убиството на маж во Минеаполис, кој вчера загина за време на интервенција на федерални службеници за имиграција. Локалните власти соопштија дека станува збор за 37-годишниот Алекс Прети, американски државјанин од Минеаполис, кој работел како медицински работник. На видеото, објавено од „Би-би-си“, се гледа турканица меѓу Прети и федералните агенти, по што тие го совладуваат. Во продолжението ...
Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка и изнесува минус еден степен, додека највисока утринска температура е регистрирана во Гевгелија – осум степени Целзиусови. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, во Битола се измерени 0 степени, во Прилеп, Тетово и Маврови Анови еден степен, во Крива Паланка, Берово, Велес, Кавадарци, Крушево и Лазарополе два степена, во Скопје (Зајчев Рид и Петровец), ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, за време на посета на осветлената патека за скијање на Копанки го пречека директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков. Времето беше ведро и студено, со снег на теренот, но не доволно за скијање. Според Коњановски, во наредните денови се очекуваат нови врнежи од снег. Градоначалникот го информираше Исков дека Општина Битола е пред реализација на долгоочекуваната пречистителна станица, која ќе ги собира и ...
Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот со што може подготвено да го пречека почетокот на работата на Регионалната депонија во Југозападниот дел во Македонија. Во градот веќе стигнаа нови контејнери, канти за селекција во домаќинствата, а до јуни ќе стигнат и 9 возила преку проектот на Министерството за животна средина. Во моментов се работи на урбанизиран Собирен центар за отпад по европски терк. Таму граѓаните ќе го носат сиот отпад што не ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше и се обрати на kick-off настанот на проектот PULSE и Мрежата на жени на ЕВН Македонија, каде силно ја поддржа иницијативата за зајакнување на родовата еднаквост и инклузивноста во енергетскиот сектор. Во своето обраќање, министерката истакна дека енергетската транзиција е и длабоко социјален и економски процес, во кој вклученоста на жените е клучен ...
Агенцијата „Стандард и Пурс“ ја потврди кредитната оценка на Македонија на ‘BB’ со стабилни изгледи, што, според министерството за финансии, е јасен сигнал за доверба во економските политики и фискалната стабилност на земјата. Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска ја оцени потврдата како резултат на одговорно управување со јавните финансии, умерен јавен долг и континуирано сервисирање на обврските, дури и во услови на ...
Соединетите Американски Држави се погодени од еден од најсилните студени бранови оваа зима, поради што во најмалку 16 сојузни држави е прогласена вонредна состојба. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) е целосно подготвена за одговор на најавената зимска бура. Преку социјалната мрежа Truth Social, Трамп истакна дека федералната администрација е во постојана ...
Две лица од Кичево се лишени од слобода откако вербално и физички нападнале полициски службеници за време на сообраќајна контрола во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 24 јануари 2026 година, околу 00:15 часот, на крстосницата меѓу улиците „Драге Карбуничанец“ и „Прилепска“ во Кичево. Полициски службеници запреле патничко возило марка „БМВ“, управувано од А.А. (31) од Кичево. При контролата, возачот ...
Четириесет и осумгодишна жителка на Скопје пријавила дека била физички нападната на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар. Според информациите од полицискиот билтен, вчера во 22:40 часот во СВР Скопје, М.Е. (48) од Скопје пријавила дека инцидентот се случил околу 18:30 часот, кога по претходно недоразбирање околу паркинг место била физички нападната од друго женско лице. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уште еднаш ја истакна својата посветеност кон граѓаните, нагласувајќи дека нивните потреби и интереси се негов приоритет. И оваа сабота, вратите на Град Скопје беа отворени за сите граѓани кои сакаа лично да ги изнесат своите проблеми, идеи и предлози. Ѓорѓиевски потенцира дека за него нема неработен ден кога станува збор за интересите на граѓаните и дека отворената комуникација е клучна за ...
На 23.01.2026 во 11:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.А.(27) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60-годишен татко, дека на 22.01.2026 околу 00:30 часот на мобилниот телефон добил заканувачки пораки за неговиот и животот на неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против Д.А. ќе следува соодветен поднесок МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: На 23.01.2026 во 11:40 часот ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т. (40) од селото Лескоец, охридско, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“, казниво по член 123 од Кривичниот законик. Според полицијата, инцидентот се случил на 30 декември 2025 година околу 1 часот по полноќ, на локалниот пат во близина на струшкото село Ливада. Осомничениот со огнено оружје пукал кон паркиран патнички автомобил „голф“, при што тешко го повредил ...
Повеќе од 8.000 авионски летови се откажани низ Соединетите Американски Држави поради силната зимска бура што за време на викендот зафати голем дел од земјата, покажуваат податоците на платформата FlightAware. Само денеска се регистрирани над 3.400 одложени или откажани летови, додека за утрешниот ден веќе се откажани повеќе од 5.000 летови на аеродромите ширум САД. Најпогодени се регионите со обилни снежни врнежи, замрзнат дожд и силни ...
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце. Како што информираат од МВР, вчера (23.01.2026) во 11:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, кај село Слатино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И. (33) од село Доброште, тетовско и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, ...