Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик-министерот Ален Деребан одржаа работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која беа разгледани нивните барања и проблемите со кои се соочуваат при извршувањето на својата функција. Главен акцент на разговорите бил ставен на висината на надоместоците за судиите-поротници, но и на предизвиците поврзани со нивното ангажирање во ...
Микробиологот Никола Пановски реагираше на начинот на кој се постапува со резултатите од анализите поврзани со епидемијата во Гостивар, критикувајќи ја одлуката тие да не бидат јавно објавени додека трае истрагата. Во објава на социјалните мрежи, Пановски изнесе хипотетичко сценарио во кое пациент со симптоми на труење се лекува во болница, додека Обвинителството се сомнева на намерно труење или труење поради небрежност и бара дополнителни ...
Вардар и Шкендија ги дознаа можните противници во третото квалификациско коло од Конференциската лига По елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампионите, Вардар својот европски пат ќе го продолжи во Конференциската лига, каде што останува и тетовска Шкендија по убедливото минување на Европа од Гибралтар. Силекс, пак, го заврши настапот по драматичната елиминација од Динамо Минск од Белорусија по изведување пенали. Двата преостанати ...
Во рамки на активностите на Работниот тим (Task Force) за борба против недозволената трговија со дрога, изминатиот викенд беа спроведени координирани акции на повеќе локации низ државата. При акцијата биле извршени 13 претреси, контролирани 197 возила и извршени проверки на 295 лица. Како резултат на преземените мерки, од слобода биле лишени 13 лица. Полициските службеници при акциите пронашле и одзеле 79 пакувања со наркотични материи, како ...
Поднесена кривична пријава против двајца скопјани за сомнение за полов напад и силување СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, преку Одделението за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М. (41) и Ј.Р. (34), двајцата од Скопје. Двете лица се сомничат дека сториле кривично дело „полов напад и силување“ според член 186 од Кривичниот законик. Според пријавата, ...
Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули донесе одлука со која рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во ...
Цените на нафтата забележаа раст од околу три проценти по новите американски напади врз Иран и продолжувањето на воените тензии меѓу двете земји. Аналитичарите предупредуваат дека нестабилноста повторно создава притисок врз глобалните енергетски пазари. Северноморската нафта „Брент“ достигна цена од околу 90,8 долари за барел, додека американската сурова нафта се искачи на речиси 84,9 долари за барел. Дополнителен ризик за пазарите ...
Директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, е уапсена во рамки на истрагата поврзана со епидемијата на гастроентеритис во градот. Според првичните информации, заедно со неа се приведени и техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши. Се очекува тројцата да бидат изведени пред јавен обвинител, по што судија на претходна постапка ќе одлучува за евентуалните мерки. Претходно, градоначалникот на ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против административен службеник на Меѓународниот универзитет во Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето. Според пријавата од финансиската полиција, службеникот во периодот од март 2020 година до февруари 2023 година, искористувајќи ја својата службена позиција, ...
Опозициската партија ДУИ реагира и на коригираниот билгорд за добредојде во Скопје кој беше поставен викендов, а потоа сменет по реакција на граѓаните и партиите откако на него се појавија нелогични фотографии од Скопје, креирани со вештачка интелигенција. -Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата морала да интервенира во Гостивар поради, како што рече, недоволната реакција на локалната самоуправа, откако во општината беше прогласена епидемија на гастроентеритис. Тој посочи дека дел од надлежностите се на Општина Гостивар, но нагласи дека Владата не можела да остане пасивна. „За сè што го правиме во Гостивар, дел од ингеренциите се под надлежност на локалната самоуправа, но кога кај нив ...
Од денеска до 23 јули 2026 година, во официјална посета на Северна Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Поради посетата, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воспостави посебен режим на сообраќај по улиците и сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека мерките се преземаат со цел непречено и безбедно одвивање ...
По повод Меѓународниот ден на шахот, денес на платото „Млечен“ се одржа „Шаховско утро“ – настан што обедини љубители на шахот од различни генерации, информираа од Општина Карпош. Учесниците имаа можност да одиграат пријателски партии, да разменат искуства и да уживаат во пријатна атмосфера. Интересот и играта на присутните уште еднаш потврдија дека шахот е игра која развива стратегија, концентрација и меѓусебна почит. На настанот ...
Политичката пресметка околу случајот со загадената вода во Гостивар продолжува и по епидемијата на гастроентеритис во која речиси две илјади граѓани побараа лекарска помош. ВМРО-ДПМНЕ ја прозва локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, да преземе одговорност за случајот. Од партијата прашуваат зошто реакцијата на локалните служби доцнела и бараат целосно расветлување на случајот и утврдување ...
Иако водата во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро во најголем дел е безбедна за капење, најновиот извештај на Институтот за јавно здравје открива дека старите проблеми со загадувањето и понатаму не се решени. Најкритична останува состојбата во Охридското Езеро, каде што како потенцијални загадувачи се наведуваат фекалните води, септичките јами, неисправната канализација и отпадните води од туристичките и угостителските објекти. ...
На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира и ...
Класичната музичка програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Настапот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, во рамки на фестивалската програма посветена на врвните достигнувања од класичната музика. Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште, во класата на ...
На денешен ден во 1969 година, мисијата „Аполо 11“ испиша историја кога првите луѓе успешно слетаа на Месечината, крунисувајќи ја вселенската трка меѓу САД и Советскиот Сојуз. Астронаутите Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс тргнаа кон Месечината на 16 јули, а по четиридневно патување стигнаа до својата цел. По влегувањето во месечевата орбита, Армстронг и Олдрин со модулот „Игл“ се спуштија на површината, додека Колинс остана во ...
Македонија и денеска ќе биде зафатена од сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност и температури кои на одделни места ќе достигнат до 40 степени. Според прогнозата, ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а на одделни места има услови и за невреме со појава на град. Утринските температури ќе се ...
Гостивар и натаму се соочува со сериозна здравствена состојба, откако во изминатите денови голем број граѓани со стомачни тегоби побараа лекарска помош. Поради континуираниот раст на бројот на заболени, епидемиолозите вчера официјално прогласија епидемија на територијата на градот. Во текот на денешниот ден се очекува да бидат објавени резултатите од анализите на примероците земени од гостиварскиот водовод. Тие треба да покажат дали водата за ...
Во Собранието денеска ќе се одржат седници на повеќе собраниски комисии, на чиј дневен ред се законски предлози од областа на образованието, одбраната, надворешната политика, како и прашања поврзани со еднаквите можности. Комисијата за образование, наука и спорт ќе разгледува три предлог-закони во прво читање – Законот за високото образование, Законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, како и Законот за ...
Соединетите Американски Држави го известиле Израел дека во наредните денови планираат да ја засилат воената кампања против Иран, објави израелската јавна телевизија КАН, повикувајќи се на неименувани израелски и американски безбедносни извори. Според извештајот, Вашингтон побарал од Тел Авив да не се вклучува во актуелната фаза од ескалацијата, и покрај проценките дека постои можност Иран да изврши напад врз Израел. Наводно, американската ...
Тројца државјани на Косово, маж и две жени, кои во саботата вечер пристигнале на Меѓународниот аеродром Скопје, се пронајдени починати во превртено возило на патот кон граничниот премин Блаце, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, нивен роднина вчера попладне пријавил дека го изгубил контактот со нив, откако последен пат се слушнале вечерта на 18 јули, кога тие се наоѓале на скопскиот аеродром. Во полициското ...
Финалето не го оправда големиот спектакл кој го очекуваше фудбалскиот свет. Двата тима играа претпазливо, но Шпанија беше подобар противник во текот на целиот натпревар, со поголем посед на топката, повеќе иницијатива и повеќе создадени шанси. „Фуријата“ уште од почетокот ја презеде контролата над играта. Првата сериозна закана ја имаше Ламин Јамал во 5. минута, но неговиот удар беше блокиран, а интервенираше и голманот на Аргентина, ...
Аргентина испиша неславна историја во големото финале на Светското првенство 2026, откако стана првата репрезентација во финален натпревар за трофејот која завршила без ниту еден директен удар кон противничкиот гол во регуларните 90 минути. Беше очекувано Шпанија да има поголем посед на топката и да ја контролира играта, но од Аргентина се очекуваше многу повеќе. „Гаучосите“ требаше да најдат начин да создадат опасност пред голот на Унаи ...
Производителите и дистрибутерите на храна утре ќе седнат на заедничка маса со претставници на Владата, каде ќе се разговара за формирањето на продажните и набавните цени. Средбата следува по двете контроли спроведени од пазарните инспектори, кои покажале дека, иако во моментов цените на прехранбените производи се стабилни, во одредени периоди имало разлики меѓу движењето на набавните и крајните цени. Според утврденото, во некои случаи цените ...
Ако барате брз, вкусен и заситен ручек, оваа запечена комбинација од млад компир, тиквички и сланина е вистински погодок. Подготовката е едноставна – состојките се редат во слоеви, се прелеваат со павлака за готвење, се посипуваат со рендан кашкавал и се печат до совршена златна коричка. Крајниот резултат е сочен и ароматичен оброк, во кој крцкавата сланина, меките компири и тиквичките се спојуваат во богат и кремаст вкус. Потребни состојки ...
Астролозите тврдат дека четири хороскопски знаци до крајот на летото би можеле да доживеат силни емоции, нова љубов или романса што ќе им остане во долго сеќавање. Според астролошките предвидувања, токму овие знаци имаат најголеми шанси да ги почувствуваат познатите „пеперутки во стомакот“. Лав Лавовите ќе зрачат со самодоверба и харизма, што ќе привлече личност која брзо ќе им го освои срцето. Ги очекуваат романтични вечери, многу страст и ...
Европската Унија од средината на 2027 година ќе воведе нови правила за заштита на патниците во воздушниот сообраќај, по повеќе од 13 години преговори меѓу земјите членки. Најважната новина е дека останува правото на паричен надомест за доцнење на летот од најмалку три часа, доколку причината е на страната на авиокомпанијата. Висината на обештетувањето нема да се менува и ќе изнесува 250, 400 или 600 евра, во зависност од должината на летот. ...
Македонската берза во првите шест месеци од 2026 година оствари промет од 2,12 милијарди денари преку класично тргување, што изнесува околу 34,5 милиони евра. Сепак, полугодишниот извештај покажува забавување на пазарната активност, бидејќи прометот е намален за 31,34 проценти во споредба со истиот период лани. Во периодот од јануари до јуни биле реализирани 8.641 трансакции, што претставува пад од 25,66 проценти во однос на првата половина ...