Довербата во бугарската Влада и во премиерот Румен Радев продолжува да опаѓа само неколку месеци по формирањето на новиот кабинет. Според најновата анкета на агенцијата „Маркет линкс“, спроведена за телевизијата бТВ, ова е втор последователен месец во кој се бележи пад на поддршката за извршната власт. Истражувањето е реализирано во периодот од 11 до 19 јули, врз примерок од 1.002 полнолетни граѓани. Менаџерот на агенцијата, Добромир Живков, ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“, Според Финансиската полиција сопственикот и управител на правниот субјект, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе ...

По 24 години од формирањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во кабинетот на лидерот на партијата, Али Ахмети, за првпат е поставено државното знаме на Македонија. Знамето беше забележано за време на неговата средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер. Ахмети во изјава за „Тетова сот“ објасни дека поставувањето на државното знаме е резултат на препораки добиени од странски амбасадори со кои се среќавал, нагласувајќи дека никогаш ...

Мерките и политиките на надлежните органи и на единиците на локалната самоуправа ЕЛС не обезбедуваат ефикасно администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци, покажува ревизијата на успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР) за периодот 2020–2024 година. Според наодите, во периодот 2020–2024 година општините акумулирале 2,93 милијарди денари ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, додека ...

Брачен пар од Македонија, кој живее во Белгија, е фатен во обид за криумчарење голема количина златен накит, кој бил откриен и запленет од царинските службеници на граничниот премин Табановце. При влез во државата, царинските службеници спречиле обид за нелегално внесување на 348 грама златен накит, чија вредност се проценува на околу 1,3 милиони денари. Случајот бил откриен при детална контрола на автомобилот со кој патувале сопружниците, ...

Од денеска до 26 јули во организација на Општина Чаир ќе се одржи првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“. Под уметничко раководство на Инва Мула и Дешира Ахмети, фестивалот ќе понуди концерти на домашни и меѓународни уметници во Сули ан и Куршумли ан. Градоначалникот Изет Меџити изјави дека целта е да се создаде нова културна традиција, да се промовира класичната музика и да се афирмира богатото наследство на Старата ...

По загриженоста што се појави во јавноста по случајот со загадената вода во Гостивар, од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје уверуваат дека водата во главниот град е целосно безбедна за пиење. Од претпријатието велат дека акредитираните лаборатории секојдневно земаат примероци од 36 мерни места низ Скопје, како и од бунарскиот потег Нерези-Лепенец, кој е дел од системот во летниот период. Според нив, сите досегашни анализи потврдуваат дека ...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска разменија обвинувања околу одговорноста за случајот со загадената вода во Гостивар, во кој повеќе од 3.000 граѓани побараа лекарска помош. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС, ДУИ и Арбен Таравари применуваат двојни стандарди затоа што, според нив, не бараат одговорност од градоначалникот Валбон Лимани, кој изјави дека не чувствува вина за случајот. Партијата ги повика да се изјаснат дали го поддржуваат неговиот став ...

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопската населба Ѓорче Петров, откако во него удрило патничко возило чиј возач потоа го напуштил местото на настанот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 21 јули 2026 година околу 14:00 часот и се случила на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“. Во судирот учествувале мотоцикл со скопски ...

Дел од корисниците во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Според податоците од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето е планиран во периодот од 05:30 до 14:30 часот. Без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Ѓоре Ѓоревски“ во општина Бутел, како и жителите на улицата ...

Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница, на која пратениците ќе расправаат за повеќе законски решенија од областа на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност. На дневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, ...

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничниот премин „Богородица“ е забележана зголемена фреквенција на возила. Според АМСМ, времето на чекање за излез од државата на овој премин изнесува околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска ...

Шумскиот пожар што вчера избувна во близина на басенот Аркашон, во францускиот департман Жиронда, продолжува забрзано да се шири и досега зафатил околу 2.000 хектари површина. Поради опасноста од ширење на огнената стихија, властите евакуираа речиси 12.000 жители и туристи. Француската префектура соопшти дека утрово е наредена дополнителна евакуација на околу 7.000 лица. Мерката се однесува на шест кампови и една станбена зона северно од Кап ...

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност нè очекува денеска, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови од земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ...

Јеменските Хути соопштија дека рано утринава извршиле ракетен напад врз два саудиски нафтени танкера во Црвеното Море. Според извештаи за поморска безбедност, танкерот „Encelia“ бил погоден од проектил и избувнал пожар, додека екипажот успеал да го стави огнот под контрола. Британската агенција UKMTO потврди дека примила пријава за напад врз танкер во истата област, но засега нема информации за жртви или загадување на морето. Хутите тврдат ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против Аргентина по масовниот инцидент што изби веднаш по финалето на Светското првенство, во кое Шпанија со 1:0 ја совлада аргентинската репрезентација и ја освои светската титула. Дисциплинската комисија назначи дисциплински и етички обвинител кој ќе ги испита сите околности поврзани со случувањата на стадионот „Мет лајф“. Доколку се утврдат прекршувања, можно е да бидат ...

Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид официјално ги претстави трите нови засилувања со кои ќе го засили ростерот за претстојната сезона. Нови членови на тимот од Автокоманда се словенечките репрезентативци Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и искусниот црногорски ракометар Вуко Борозан. Триесет и едногодишниот Матиц Сухолежник настапува на позицијата пивот и во Алкалоид пристигнува од словенечкиот РД Слован. Во својата богата кариера го ...

ФИФА го објави официјалниот идеален состав на Светското првенство во 2026 година, а најмногу фудбалери во најдобриот тим има новиот светски шампион Шпанија. „Црвената фурија“ дојде до втората светска титула со одлични настапи на своите фудбалери, а местата во идеалниот тим ги обезбедија Марк Кукурела, Педро Поро и Родри. Финалистот Аргентина има двајца свои претставници. Лионел Меси се најде во нападот по фантастичниот турнир на кој постигна ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека разговарал со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер за можностите за „ревитализација на дипломатијата“ и изнаоѓање решение за завршување на војната со Русија. Зеленски по средбата оцени дека разговорот бил „плоден и важен“, нагласувајќи дека Украина е подготвена за постигнување мир, но дека тој мора да биде, како што наведе, достоинствен. „Потребен е мир, достоинствен ...

Силното невреме проследено со обилни врнежи и силен ветер што во текот на ноќта ја зафати јужна Албанија однесе два човечки живота, а уште три лица се повредени, соопштија албанските власти. Една од жртвите е Башким Бочи, вработен во државната електроенергетска компанија, кој загинал додека интервенирал на отстранување на дефект на далновод во областа Потами кај Химара. Според информациите, за време на работата му се скинал безбедносниот ...

Цената на нафтата се искачи над 95 долари за барел за првпат во последните шест недели, откако повторно се зголемија тензиите во конфликтот меѓу САД и Иран. Растот на цените следува по новите американски напади врз ирански цели, како и по заканите од Хутите дека ќе напаѓаат бродови во стратешки важниот теснец Баб ел Мандеб. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека нападите ќе бидат засилени доколку Иран продолжи со напади врз ...

Македонскиот фудбалски шампион Вардар загуби со три гола наспроти два од летонскиот тим Рига во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига. На стадионот во Скопје, „црвено-црните“ двапати успеаја да се вратат во мечот, но гостите на крајот стигнаа до победа. Рига прва создаде опасност во 11. минута, кога Мухамед Бадамоси се обиде со удар од вртење, но не погоди прецизно. Само три минути подоцна, Вардар имаше ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичкиот регион поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека според пријавеното, на 15 јули 2026 година, во семејниот дом, осомничениот извршил кривично дело врз малолетно лице. Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот и ...

Жителите на Валандово добија итно предупредување да не ја користат водата од градскиот водовод за пиење, откако лабораториските анализи покажале зголемено присуство на арсен. Од ЈП „Комунален сервис“ – Валандово информираа дека испитувањата, спроведени од Институтот за јавно здравје – Скопје, покажале дека водата во моментов не ги исполнува условите за безбедна употреба како вода за пиење. Надлежните апелираат граѓаните строго да ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остри закани кон Иран, предупредувајќи дека САД ќе извршат нови напади врз иранската инфраструктура доколку Техеран повторно нападне бродови во Ормускиот теснец. Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп порача дека секој иден напад врз пловила во Ормускиот теснец ќе биде проследен со американски воздушни удари врз мостови и електрани во Иран, вклучително и објекти во ...

Возачите кои во наредните денови ќе патуваат кон Грција или ќе се враќаат од летување треба да бидат подготвени за изменет режим на сообраќај кај Солун поради нови градежни активности на обиколницата. Според најавите, првото целосно затворање ќе биде во ноќта меѓу 23 и 24 јули, во периодот од 23:00 до 05:00 часот. Во овој термин обиколницата околу Солун ќе биде затворена во двата правци. Поради тоа, сите возила што патуваат кон Халкидики, ...

Возачот на Итната медицинска помош од Врање, кој вчера беше тешко повреден додека превезувал дете кон Универзитетскиот клинички центар во Ниш, се наоѓа во стабилна, но сè уште критична состојба. Тој е хоспитализиран на Клиниката за анестезија при Универзитетскиот клинички центар во Ниш и е приклучен на апарати за механичка вентилација. Лекарите информираат дека неговата состојба се следи постојано, но животот сè уште му е во опасност. Во ...

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од зграда додека извршувал работни задачи. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 17 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Итната медицинска помош бил донесен С.Т. (65) од Куманово со сериозни повреди. Како што било пријавено, работникот се повредил при пад од зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ во ...

Во кругот на Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар синоќа е поставена цистерна со вода, која ќе се користи за задоволување на хигиенско-техничките потреби на пациентите и вработените. Од болничката управа информираат дека цистерната ќе биде достапна во наредниот период со цел да се обезбедат подобри услови за непречено функционирање на здравствената установа. „Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за ...

Сите лица кои беа повредени во силното невреме што ја зафати државата навремено добиле медицинска помош и се згрижени, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека здравствените установи низ земјата функционирале без прекин, и покрај материјалните последици предизвикани од невремето. Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје лекарска помош побарале 22 лица, од кои двајца пациенти биле задржани на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75