Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Моќно невреме проследено со пороен дожд и силни налети на ветер предизвика сериозни проблеми во Словенија и на хрватскиот дел од Јадранот. Во Словенија беа поплавени домови и деловни простории, додека во хрватските води десетици бродови и јахти беа исфрлени на брегот поради силните бранови и невремето. Најтешко било погодено подрачјето на Крањ, каде што спасувачките екипи до раните утрински часови интервенирале 33 пати. Водата навлегла во ...
Министерството за внатрешни работи соопшти детали за жената која беше тешко повредена за време на вчерашното невреме во скопската населба Карпош. Според информациите од МВР, на 20 јули 2026 година во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош врз К.М. (86) од Скопје паднало дрво, при што таа се здобила со тешки телесни повреди. Повредената веднаш била пренесена во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“, каде ѝ била укажана ...
Општина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Заклучно со 31 јуни 2026 година се исплатени субвенции во вкупен износ од околу 710.000 денари, а обезбедени се средства за сите заинтересирани до крајот на годината. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека мерката е важна поддршка за младите и нивните семејства, но и за безбедноста во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. Индиската претседателка Драупади Мурму истакна дека нејзината прва посета на државава претставува историски момент и изрази силна подготвеност за воспоставување нова динамика и зајакнување на сестраното партнерство меѓу двата народи. ...
Тројцата осомничени раководни лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар денеска беа спроведени во Основното јавно обвинителство – Гостивар на распит, во рамки на истрагата за контаминацијата на водоводниот систем и епидемијата на стомачни инфекции во градот. Обвинителството вчера соопшти дека е отворена истрага против директорката Артана Асани и двајцата раководители на гостиварски „Комуналец“ Леон Нуредини и Вадедин Дервиши кои се осомничени „Тешки ...
Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на сообраќајната несреќа на патот ГП Блаце – Скопје во која загинаа три лица. Од МВР велат дека се неточни тврдењата дека возилото во кое се наоѓале жртвите било бркано од друго возило што лажно се претставувало како полиција, како и дека вакви случаи биле забележани и претходно. „Апелираме да не се шират непроверени информации и ...
Левица преку соопштение реагираше по најновите информации од Основното јавно обвинителство – Гостивар за случајот со загадената вода за пиење, оценувајќи дека наодите покажуваат сериозен институционален пропуст и барајќи истрагата да ги опфати сите одговорни. Од партијата тврдат дека, според информациите од обвинителството, во водоснабдителниот систем со пумпи била внесувана силно загадена површинска вода од отворен канал, која содржела ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска сподели дека Пречистителната станица за Скопје била најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и кој треба донесе историска промена во заштитата на Вардар, животната средина и здравјето на граѓаните. Тој, во објавата појасни дека по првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички ...
Полициски службеници од СВР Тетово на 19 јули околу 10:30 часот го лишиле од слобода 47-годишен тетовец, по претходна пријава дека во семејниот дом му упатувал закани на својот 76-годишен татко и оштетил дел од покуќнината. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, по приведувањето на осомничениот било извршено алкотестирање, при што биле измерени 3,22 промили алкохол во крвта. По целосното документирање на случајот, против него ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, која во текот на денот ќе одржи две седници. На дневен ред на дел од комисиите се повеќе ...
СДСМ преку соопштение обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се повикува на доверливоста на истрагата за случајот со труењето во Гостивар, наместо да понуди одговори за, како што велат, доцнењето во информирањето на јавноста и утврдувањето на одговорноста. Од партијата велат дека премиерот Христијан Мицкоски, кога станува збор за политички противници, јавно зборува за истраги и одговорност, но дека во случајот со Гостивар „одеднаш нема чувство“ и се повикува ...
Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачаа дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче нема кредибилитет да зборува за состојбите во здравствениот систем. Од партијата тврдат дека неговиот мандат бил обележан со афери, скандали и нерешени прашања, наведувајќи ги набавката на вакцини преку посредник, случајот „Крвави тендери“ и трагедијата во модуларната болница во Тетово. Партијата оценува дека за време на ковид-пандемијата граѓаните се ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар, утре во Скопје ќе го игра првиот натпревар од второто коло на Конференциската лига против литванскиот шампион Рига. А вчера го дозна и противникот за третото коло, доколку успее да го мине второто и таму ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Атерт Бисен од Луксембург и екипата на Ето Гер од Унгарија. Овие мечевите се закажани за 6 и 13 август. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Македонскиот ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за значително поскапување на горивата, при што од полноќ бензините ќе бидат поскапи за три денари по литар, а дизелот за шест денари. Според новиот ценовник, литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 90 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 92 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува на 94 денари за литар. Поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена се зголемува ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а максималната температура ќе достигне до 37 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, а попладне во делови од котлината се можни ...
Силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер синоќа зафати повеќе општини во Македонија, предизвикувајќи материјални штети и проблеми во сообраќајот. Најпогодени беа Ново Село, Струмица, Радовиш, Делчево и Куманово, каде беа урнати дрвја, бандери и оштетени електрични водови. Во Општина Ново Село локалните власти апелираа на особено внимателно возење, бидејќи на повеќе патни правци има паднати дрвја и пречки на коловозите. Во Радовиш ...
Македонската фудбалска репрезентација го задржа 69. место на најновата ФИФА ранг-листа со 1.369,16 бодови, ист број како и на претходното рангирање. Најголемата промена на врвот ја донесе триумфот на Шпанија на Светското првенство. Новиот светски шампион повторно се искачи на првото место, додека Аргентина, по поразот во финалето, падна на втората позиција. Франција и Англија ги задржаа третото и четвртото место, Бразил напредуваше на ...
Претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, синоќа пристигна во официјална посета на Македонија, а на скопскиот аеродром ја пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој изјави дека посетата треба да ги потврди одличните билатерални односи и да даде нов поттик за политичката и економската соработка меѓу двете земји. За време на посетата ќе се одржат средби со државниот врв, пленарен состанок на двете делегации и ...
Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка против три лица поради сомнение за тешки дела против животната средина и загадување на водата за пиење, по случајот со масовното труење во Гостивар. Осомничени Артана Асани в.д. директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Леон Нуредини, раководител на Сектор за технички работи, и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи Вадедин Дервиши, кои, според ...
Во повеќе делови на Иран рано утринава беа пријавени експлозии по новиот бран американски воздушни напади врз воени цели. Според иранските медиуми, експлозии се слушнале во Конарек, Чабахар, во близина на Шираз, како и околу островот Кешм и градот Бандар Абас. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека нападите започнале доцна синоќа и дека нивна цел е дополнително да се ослабат иранските воени капацитети кои, според Вашингтон, се ...
Владата преку Министерството за транспорт инвестира речиси 9 милиони евра во инфраструктурни проекти во Општина Велес, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска беше во работна посета на Велес, каде што заедно со градоначалникот Марко Колев изврши увид во повеќе проекти кои се реализираат со поддршка на Владата и ресорното министерство. Како што информираше ...
До 18 часот денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои еден е сè уште активен, два се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен останува пожарот во Општина Старо Нагоричане, на потегот меѓу селата Степанце и Добрача, каде што гори сува трева и ниска шума. Под контрола се пожарите во Општина Василево, кај селото ...
Секторот за внатрешни работи Охрид информира дека од денеска до 22 јули 2026 година, додека индиската претседателка престојува во Охрид, ќе бидат спроведени засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај. Од СВР Охрид посочуваат дека мерките се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на улиците, патиштата и објектите низ градот. За реализација на активностите веќе се остварени контакти со локалната самоуправа, јавните ...
Во Гостивар е забележано првично намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, информира Министерството за здравство, кое ја следи состојбата на терен по прогласувањето епидемија. Според последните податоци од здравствените установи, од вчера се регистрира намалување на бројот на лица кои првпат побарале медицинска помош поради стомачни проблеми. Во Општата болница во Гостивар досега се евидентирани 1.554 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп привлече големо внимание за време на церемонијата по финалето на Светското првенство, каде што на новиот светски шампион Шпанија им ги врачи медалите и победничкиот трофеј. На свеченоста присуствуваа и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, канадскиот премиер Марк Карни и мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум. Според експертката за читање од усни Никола Хикинг од компанијата LipReader Ltd, Трамп ...
Полицијата денеска привела 62-годишен возач од Прилеп кој на автопатот Велес–Скопје управувал товарно возило под дејство на алкохол и вршел вонгабаритен превоз без соодветно одобрение. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека контролата била извршена околу 08:40 часот, при што било запрено товарно возило „Волво“ со прилепски регистарски ознаки. При проверката било утврдено дека возачот превезувал работна машина – дигалка широка ...
Животните трошоци во Македонија продолжуваат да растат, а најновите пресметки на Сојузот на синдикатите на Македонија покажуваат дека на едно четиричлено семејство му се потребни околу 68.500 денари месечно за покривање на основните животни потреби. Синдикалната минимална кошница ги опфаќа трошоците за храна и пијалаци, домување, комунални услуги, превоз, хигиена, здравствени потреби, облека, образование, комуникации и други неопходни расходи ...
Јапонските инженери развија необичен уред за справување со екстремните летни горештини – специјална кабина за разладување на луѓе, која за само неколку минути ја намалува телесната температура и може да помогне во спречување на топлотен удар. Уредот, наречен Do Hiemon Box, е развиен од компанијата SDRS, а го дистрибуира Trusco Nakayama. Кабината по изглед потсетува на автомат за пијалаци, но наместо производи, во неа влегува човек кој се ...
Во храмот „Света Недела“ во скопско Смилковци денеска се одржа свечен црковно-народен собир по повод празникот на Света великомаченица Недела, кој собра голем број верници. Храмот беше исполнет со верници кои присуствуваа на светата богослужба и упатија молитви за здравје, мир, љубов и благосостојба. По верскиот дел од чествувањето следуваше народна прослава, збогатена со македонски песни и традиционални ора. Од храмот беше испратена порака ...
Палестинското движење Хамас соопшти дека Калил ал-Хаја е избран за нов лидер на организацијата, наследувајќи го Јахја Синвар, кој беше убиен во 2024 година во борбите со израелските сили за време на војната во Појасот Газа. Ал-Хаја, кој долго време го предводи политичкото раководство на Хамас од егзил и беше главен преговарач на движењето, во изминатите години стана една од највлијателните фигури во организацијата. Неговото назначување доаѓа ...