Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во кругот на Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар синоќа е поставена цистерна со вода, која ќе се користи за задоволување на хигиенско-техничките потреби на пациентите и вработените. Од болничката управа информираат дека цистерната ќе биде достапна во наредниот период со цел да се обезбедат подобри услови за непречено функционирање на здравствената установа. „Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за ...
Сите лица кои беа повредени во силното невреме што ја зафати државата навремено добиле медицинска помош и се згрижени, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека здравствените установи низ земјата функционирале без прекин, и покрај материјалните последици предизвикани од невремето. Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје лекарска помош побарале 22 лица, од кои двајца пациенти биле задржани на ...
Министерството за јавна администрација и Мисијата на ОБСЕ го претставија новиот систем за вработување заснован на заслуги, интегритет и компетентност, Правилникот за работни компетенции на административните службеници и Водичот за интегритет, мерит и компетентност-базирано вработување. Според министерот Горан Минчев, овие механизми треба да им помогнат на институциите да спроведуваат објективни, фер и транспарентни постапки за вработување, со ...
Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР) во текот на вчерашното невреме регистрираше исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности. На повеќе локации во државата, според податоците на УХМР, беа регистрирани оркански удари на ветер со брзина од над 130 километри на час, што претставува редок и разорувачки метеоролошки настан. На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е ...
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје од синоќа и во текот на утрово спроведуваат засилени активности за расчистување на последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град. Службите во координација со Град Скопје работат на расчистување на јавните и сообраќајните површини, со цел да се обезбеди непречено движење на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. На терен се спроведуваат рачно и машинско метење и миење, а ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата ќе им помогне на граѓаните и ќе ги надомести штетите што ги предизвика силното невреме, согласно законските процедури и по извршената проценка на терен. Тој нагласи дека Владата нема да ги остави граѓаните сами да се справуваат со последиците и им се заблагодари на институциите, јавните служби и градоначалниците кои веднаш по невремето излегле на терен и започнале со расчистување и санирање на ...
На свечена церемонија во Музејот на град Скопје денеска е откриена спомен биста на Махатма Ганди, духовниот водач на индиската борба за независност, во присуство на индиската претседателка Драупади Мурму, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. – Махатма Ганди ѝ припаѓаше на Индија, но неговата порака му припаѓа на целото човештво. Неговиот живот покажа дека вистината и ненасилството не се ...
Силното невреме што вчера го погоди Скопје зад себе остави големи материјални штети на повеќе локации низ градот. Покрај паднатите дрвја, оштетените возила и покриви, на удар се најдоа и објекти од историско и институционално значење. Меѓу оштетените е и препознатливиот часовник на Музејот на град Скопје. На фотографија што се прошири на социјалните мрежи може да се забележи дека е оштетена стрелката која ги означува секундите, како последица ...
Царинската управа соопшти дека царинските службеници на граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје заплениле накит од брендот „Сваровски“ во вредност од околу 333.000 денари, кој патничка се обидела нелегално да го внесе во државата без плаќање на законските увозни давачки. Според информациите, станува збор за македонска државјанка која допатувала со авион од Загреб. Наместо да го пријави накитот, таа се упатила кон зелениот канал, наменет ...
Пет лица, две жени и тројца мажи, се удавија во реката Скиото во американската сојузна држава Охајо при обид да спасат човек кој почнал да се дави. Трагедијата се случила кога еден од возрасните влегол да плива, а останатите еден по еден се обиделе да му помогнат и завршиле во водата. Итните служби биле повикани откако едно од двете деца кои биле со групата запрело автомобил и побарало помош. Телата на двете жени биле пронајдени истата ...
Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика штети во Босна и Херцеговина и Хрватска. Во близина на Бугојно гром удрил во стадо овци, а за само еден час наврнале околу 100 милиметри дожд на метар квадратен. Во Хрватска, удар од гром предизвикал пожар во борова шума над Макарска, кој брзо бил локализиран од пожарникарите. Во Далмација биле регистрирани силни грмежи, молњи и врнежи, но без поголеми материјални последици. Во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека во американско-израелскиот конфликт со Иран досега загинале 18 американски војници. На својата социјална мрежа тој објави графика со споредба на бројот на загинати американски војници во различни војни, меѓу кои Авганистан, Ирак, Виетнам, Кореја и Иран. Според објавата, во четиримесечниот конфликт со Иран животот го загубиле 18 припадници на американската армија. Конфликтот меѓу САД, Израел ...
Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) соопшти дека, дел од членките на НАТО изразиле загриженост поради германските нуклеарни истражувања. Руската служба тврди дека практични експерименти се спроведуваат на шест истражувачки реактори во Германија и дека според проценки на воени експерти на НАТО, Германија би можела за релативно краток период да произведе фисибилен материјал и во рок од една година да изработи нуклеарна експлозивна ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска треба да ја донесе конечната одлука за статусот на Охридскиот Регион. Одлуката ќе се темели на извештајот за исполнувањето на препораките поврзани со дивоградбите, колекторскиот систем, урбанистичкото планирање и заштитата на Студенчишкото Блато. Комитетот ќе одлучи дали Охрид ќе го задржи сегашниот статус или ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Македонија и Албанија ...
Украинските сили извршиле нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што се повредени неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение од директорката и коосновачка на компанијата, Татјана Ким. Според информациите, цел на нападите биле логистичките магацини на компанијата во Краснодар и Невиномиск, кои се наоѓаат во Краснодарскиот и Ставрополскиот крај. ...
По силното невреме што ја зафати земјата, времето и денеска ќе биде променливо и нестабилно. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се очекуваат сончеви периоди, но и локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме проследено со град. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Во западните делови од државата ќе преовладува слаб до умерен ...
Министерството за внатрешни работи информира дека полициските службеници се постојано на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од силното невреме, во координација со останатите надлежни институции. Во тек се активности за обезбедување на јавната безбедност, расчистување на штетите и нормализирање на сообраќајот и јавните функции. Најголеми последици се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. До 22 часот вчера биле ...
Силното невреме проследено со бурен ветер кое попладнето го зафати Скопје предизвика бројни проблеми низ градот, а во здравствените установи биле примени вкупно 15 повредени лица. Од нив, девет лица биле згрижени на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), додека шест лица биле примени на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Директорот на ...
Силно невреме проследено со бурни налети на ветер денеска го зафати Скопје, предизвикувајќи паднати дрвја, искршени гранки и материјални штети на повеќе локации во градот. По невремето, екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегоа на терен и започнаа со отстранување на последиците. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека главните булевари се проодни, а активностите за расчистување продолжуваат. „Скопје денес ...
Силното невреме проследено со пороен дожд и силен ветер што попладнево го зафати Скопје предизвика материјални штети во повеќе делови од градот. Пријавени се паднати дрвја, искршени гранки, оштетена инфраструктура и блокирани улици, а во Општина Гази Баба е оштетен и кровот на основното училиште „Наум Наумовски Борче“. Поради последиците од невремето, повеќе скопски општини ги активираа кризните штабови и ги мобилизираа службите за заштита и ...
Силното невреме проследено со бурен ветер кое попладнево го зафати Скопје предизвика значителни материјални штети и на објектите на Градската општа болница „8 Септември“. Директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски, информираше дека во установата нема примено пациенти повредени како последица на невремето, но дека силниот ветер предизвикал оштетувања на дел од болничката инфраструктура. Според првичниот увид, најголеми оштетувања се ...
Барселона сериозно размислува за ангажман на шпанскиот репрезентативец Емерик Лапорт и наскоро би можела да започне преговори за негов трансфер, пренесуваат шпанските медиуми. Според информациите, каталонскиот клуб планира да стапи во контакт со претставниците на искусниот дефанзивец за да ги разгледа можностите за негово доаѓање на „Камп Ноу“. Во Барселона сметаат дека Лапорт би внел сигурност и искуство во одбранбената линија, а ...
Концертот на британската пејачка Џос Стоун, кој требаше да се одржи вечерва на Стадионот на АРМ во Градски парк, е откажан поради силното невреме што попладнево го зафати Скопје, соопшти организаторот „Авалон“. Од организаторот информираат дека по извршената проценка било утврдено дека нема услови просторот и продукциската опрема да се доведат во состојба што би овозможила безбедно одржување на концертот. Дополнително, како причина е ...
Осум лица се пренесени во болница поради повреди здобиени во силното невреме што вчера го зафати Скопје. Според првичните информации, четири лица се згрижени на Ургентниот центар, а уште четири во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ (Стара градска), каде им е укажана неопходна медицинска помош. Меѓу повредените е и 86-годишна жена од населбата Џон Кенеди, врз која паднало дрво. Таа со тешки повреди на главата е пренесена на ...
Силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје предизвика стотици интервенции, а до Центарот за управување со кризи (ЦУК) досега се евидентирани над 1.000 повици од граѓани, информира директорот Мухамед Али. Во главниот град се пријавени бројни оштетувања. На улицата „Женевска“ број 10 паднала кровна конструкција од зграда и оштетила повеќе патнички возила. Пријавени се и паднато дрво врз автомобил на улицата ...
Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика повеќе проблеми во различни делови од градот. Граѓани преку социјалните мрежи пријавуваат паднати дрвја и канделабри, откачени кабли, блокирани сообраќајници и оштетени возила. Откачен кабел е забележан во близина на Зоолошката градина, додека пред трговскиот центар „Капитол“ паднато дрво го блокирало булеварот. Паднати дрво и канделабра се пријавени и пред Соборниот храм, а повеќе ...
Во пресрет на стартот на новата сезона во домашниот фудбалски шампионат, Комисијата за безбедност при Фудбалската федерација на Македонија одржа работна средба со комесарите за безбедност на клубовите кои се дел од Првата македонска фудбалска лига. На состанокот беше разгледан извештајот за безбедносната состојба на натпреварите одиграни во вториот дел од сезоната 2025/2026, по што клубските претставници беа запознаени со активностите и ...
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека извршила ракетен напад врз американски воени цели и инфраструктура во Бахреин, при што, според тврдењата на Техеран, била погодена и инфраструктура поврзана со американската компанија „Амазон“. Според соопштението на ИРГЦ, воздухопловно-вселенските сили употребиле повеќе крстосувачки ракети, а цел на нападот биле објекти во областите Мухарак и Рифа. Како погодени цели се наведуваат ...
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во Општина Гостивар во траење од 30 дена поради состојбата со водоснабдителниот систем и последиците од загадувањето на водата за пиење. Одлуката е донесена бидејќи, како што информираат од Владата, локалната самоуправа не можела сама да се справи со настанатата состојба. Целта е да се обезбеди побрза координација меѓу институциите, ставање на водоснабдителниот систем во функција и ...
Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство, го именуваше Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси, а во досегашната професионална кариера извршувал повеќе раководни функции. Тој беше министер за локална самоуправа, генерален директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, како ...