Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, во детето удрил мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски таблички, управуван од 32-годишниот Д.С. од Куманово. По несреќата, детето било пренесено во Општата болница во Куманово, каде му била укажана лекарска помош. Засега не се соопштуваат детали за ...
Светот вечерва ќе го добие новиот фудбалски владетел. На стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, Шпанија и Аргентина ќе се соочат во големото финале на Светското првенство 2026, во борба за највредниот трофеј во светскиот фудбал. Селекторите Луис де ла Фуенте и Лионел Скалони веќе ги објавија стартните состави за решавачкиот натпревар. Шпанскиот селектор одлучи да не прави промени во тимот кој ја однесе репрезентацијата до финалето. Единствената ...
Трката за Големата награда на Белгија донесе драматични моменти не само на патеката, туку и во боксот на Ферари, каде што за малку беше избегната посериозна несреќа. Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон при влегувањето во боксот за промена на пневматиците удри еден од механичарите на италијанскиот тим. До контактот дошло во моментите кога болидот пристигнувал на сервисирање, при што механичарот ја загубил рамнотежата и паднал на земја. ...
„Владата, во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и анализи, Владата донесе одлука од денеска и во наредните неколку дена интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за ...
Билбордот „Добре дојдовте“ поставен на влезот во Скопје денеска е отстранет, само неколку дена по неговото поставување, откако предизвика бројни реакции и критики во јавноста поради повеќе очигледни грешки во визуелното решение. Според неофицијални информации, билбордот ќе биде заменет со нов, а трошокот за изработка ќе го сноси компанијата што го изработила првичниот дизајн. Корекцијата нема да биде на товар на граѓаните. Најголемо внимание ...
Викендот донесе зголемен сообраќаен метеж на граничните премини кон Грција, а најголеми гужви денеска се забележани на граничниот премин „Дојран“. Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека времето на чекање за излез од државата на овој премин изнесува околу 30 минути. Од граничниот премин потврдуваат дека уште од раните утрински часови биле формирани неколкукилометарски колони, кои во текот на денот постепено се намалуваат. „На ...
Гостивар е на чекор до официјално прогласување епидемија на заразна болест, откако е регистриран значителен пораст на лица со симптоми на гастроентероколит, информираше д-р Драган Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје. Според него, досега се поднесени 140 официјални пријави за заразна болест, додека епидемиолошките тимови од Гостивар и Институтот за јавно здравје продолжуваат ...
Новиот систем за евиденција на влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија значително го продолжи времето потребно за поминување на граничната контрола за државјаните на земји кои не се членки на ЕУ. Според директорот на главниот аеродром во Рим, времето за проверка на британските патници е речиси тројно подолго, и покрај направените подобрувања. Авиокомпанијата „Рајанер“ ги предупреди патниците кои летово патуваат во Европа да пристигнуваат ...
Четириесет и петгодишен жител на Струга е приведен откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај селото Калишта. Според МВР, при извршениот увид било утврдено дека возачот имал 2,56 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото му е одземено. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило. Поврзани ...
СДСМ и Левица, но и многу граѓани преку социјалните мрежи упатија критики за новиот билборд поставен на влезот во Скопје, оценувајќи дека визуелното решение е несоодветно и содржи повеќе грешки. Од СДСМ тврдат дека на билбордот коњот Букефал е прикажан со пет нозе и дека наместо вистинско разубавување на градот, граѓаните добиле симбол на аматеризам. Партијата обвини дека градската власт, наместо да инвестира во инфраструктура, чистота и ...
Од ВМРО-ДПМНЕ побараа институциите целосно да го расчистат случајот со труењето на повеќе од 1.200 жители на Гостивар и секој што е одговорен да сноси законски последици. Од партијата тврдат дека одговорноста е кај локалната власт во Општина Гостивар, предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, наведувајќи дека постои сомнеж оти биле поставени пумпи во отпадни води за зголемување на притисокот во водоводната мрежа. Министерот за здравство Сашо ...
Министерството за здравство соопшти дека надлежните институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во изминатите 24 часа на Инфективното одделение во Општата болница во Гостивар биле извршени 204 прегледи, при што три лица се задржани на болничко лекување. На Педијатриското одделение биле реализирани 140 прегледи, а дополнителни девет пациенти ...
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ги објави новите малопродажни цени на горивата, а поради растот на цената на нафтата на светските пазари и зајакнувањето на американскиот долар се очекува ново поскапување. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека Владата размислува за намалување на акцизите за горивата, но не прецизираше кога би можела да биде донесена таква мерка. „Немаме направено калкулација за покачувањата, но ќе има, ...
Репрезентацијата на Англија го освои третото место на Светското првенство, откако во спектакуларен натпревар во Мајами ја совлада Франција со 6:4. Дуелот влезе во историјата како најефикасен натпревар за третото место на мундијалите, со вкупно 10 постигнати голови, со што беше урнат рекордот што опстојуваше речиси седум децении. Херој на Англија беше Букајо Сака, кој постигна хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа и Деклан Рајс, Езри ...
Илјадници граѓани повторно протестираа во Киев, барајќи од украинскиот претседател Володимир Зеленски да го разреши врховниот командант на вооружените сили, Олександр Сирски, по одлуката за смена на министерот за одбрана Михајло Федоров. Протестите влегоа во трет ден, а меѓу демонстрантите најмногу има млади луѓе кои сметаат дека разрешувањето на Федоров е поврзано со неговите несогласувања со воениот врв. Зеленски изјави дека ги слуша ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне во делови од котлината се можни изолирани врнежи од дожд проследени со ...
Англија го освои третото место на Светското првенство по спектакуларната победа над Франција со 6:4 во натпреварот одигран во Мајами. „Трите лава“ одиграа маестрално прво полувреме и стекнаа убедлива предност од 4:0, но Франција во продолжението се врати во игра и намали на 4:3, создавајќи неизвесна завршница. Сепак, Англичаните успеаја да ја задржат предноста и на крајот заслужено стигнаа до бронзениот медал. Деклан Рајс го отвори ...
Непознати лица пукале со огнено оружје кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени деловниот објект и неколку возила, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен тетовец, кој пријавил дека во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата компанија. По пријавата, полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, при што биле пронајдени 11 чаури од ...
Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва во Музејот на град Скопје ќе се одржи концерт на Аматерскиот женски хор „Фрида од Македонија“, насловен „Пеам – значи живеам“. Концертот е закажан со почеток во 20:30 часот, а публиката ќе има можност да ужива во разновиден хорски репертоар исполнет со обработки на познати музички хитови од минатиот век, но и со современи македонски песни. Со хорот ќе диригира Сузана Турунџиева, која ќе го ...
Турските власти спроведоа голема антитерористичка операција низ целата земја, при што се уапсени 199 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ИСИС, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција. Акцијата била реализирана во 30 турски провинции, меѓу кои Истанбул и Анкара. Осомничените се товарат за различни активности поврзани со ИСИС, вклучително членување во организацијата, ширење пропагандни материјали преку ...
Дваесетгодишна девојка пријавила во полиција дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот се случил на 16 јули околу 14:30 часот, а бил пријавен истиот ден во 17:30 часот во СВР Скопје. Според пријавата, девојката забележала непознат маж качен на скала кој ја набљудувал додека се пресоблекувала во ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека истрагата за случајот со масовните стомачни тегоби во Гостивар е во завршна фаза и најави дека наскоро ќе бидат објавени причините за инцидентот, како и лицата кои ќе сносат одговорност. При денешната посета на Општина Дебарца, Мицкоски изјави дека сите надлежни институции активно работат на расчистување на случајот, при што се анализираат мостри од водата, а постапка води и Јавното обвинителство. ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека, по барање на Јавното обвинителство, веднаш испратил стручни екипи на терен во Гостивар, каде биле земени примероци од водата за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. Од Институтот информираат дека веднаш по враќањето на екипите, во раните утрински часови во четврток, започнала лабораториската анализа на примероците. „По известувањето од ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар за нагло ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека Град Скопје ќе испрати цистерни со питка вода во Гостивар, поради актуелната состојба со загадувањето на градскиот водовод и зголемениот број граѓани кои побараа медицинска помош. Ѓорѓиевски истакна дека во вакви ситуации е потребна брза реакција и солидарност, поради што веднаш е донесена одлука за испраќање вода за пиење до жителите на Гостивар. „Сите нѐ потресе случајот во Гостивар, ...
Лионел Меси за првпат јавно се осврна на легендарната фотографија на која како млад фудбалер го држи тогаш шестмесечниот Ламин Јамал, оценувајќи дека е неверојатно што речиси две децении подоцна двајцата ќе се соочат еден против друг во финалето на Светското првенство. Фотографијата му беше покажана на Меси од легендата на американскиот фудбал Том Брејди за време на настанот „Fanatics Fest“ во Њујорк, каде ФИФА го претстави финалето на ...
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека по преземањето на власта образованието повторно е поставено меѓу главните државни приоритети, посочувајќи на низа реализирани мерки поврзани со наставниот процес, учебниците, платите на наставниот кадар и подобрувањето на условите во училиштата. Од партијата наведуваат дека втора година по ред учениците ги добиле учебниците за сите одделенија уште на почетокот на учебната година, а по седум години повторно биле ...
СДСМ оцени дека најновиот Извештај на Европската комисија за владеење на правото ги потврдува нивните долгогодишни предупредувања за состојбите во македонскиот правосуден систем, обвинувајќи ја власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ за политички притисоци врз судството и обвинителството. Од опозициската партија велат дека Европската комисија во извештајот нотирала мешање и влијание врз работата на правосудните институции од страна на претставници на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за време на работната посета на Вашингтон, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. По разговорот, Муцунски изјави дека Македонија и САД имаат блиски и усогласени ставови за повеќе значајни политички, економски и безбедносни прашања. „Во отворен, пријателски и содржаен разговор ја потврдивме заедничката определба за ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница во Гостивар, откако повеќе од илјада граѓани побараа лекарска помош поради повраќање, дијареа и покачена телесна температура. По посетата е најавена и изјава за медиумите. Агенцијата за храна и ветеринарство вчера донесе привремена забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, поради основано сомнение дека водата е загадена и ...
По седум децении, започна целосна реконструкција на спортската сала во Основното училиште „Панајот Гиновски“ во Општина Бутел, информираше градоначалникот Дарко Костовски. Тој посочи дека дотраената сала ќе добие целосно нов изглед, при што ќе биде поставен нов под со современа спортска подлога, ќе се изградат нови соблекувални, а ќе бидат обновени и санитарните јазли. Според Костовски, со проектот ќе се обезбедат подобри услови за одржување ...