Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека одржал средба со претставници на големите маркети во земјава, на која се разговарало за состојбата со цените на производите и можностите за нивно стабилизирање. Според Мицкоски, Владата внимателно ја следи ситуацијата на пазарот и нема да дозволи појава на профитерство на штета на граѓаните. Тој нагласи дека државата нема да интервенира во пазарот без оправдана причина, но нема ниту да остане пасивна ...
Македонската женска кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во четвртиот натпревар од квалификациите за Евробаскет 2027, откако на гостински терен убедливо беше поразена од Данска со 125-57. Македонските кошаркарки настапија во значително ослабен состав, без долгогодишниот капитен Анџелика Митрашиновиќ, која ја заврши професионалната кариера, како и без Ивана Кметовска и Матеа Николиќ. Во такви услови, избраничките на селекторот ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој престојува во работна посета на САД, соопшти дека се отворени нови можности за продлабочување на партнерството со Светска банка во насока на поддршка на клучни развојни проекти во Македонија. Во објава на социјалните мрежи, Николоски истакна дека на средбите на високо ниво со претставници на Светска банка во Вашингтон се разговарало за инвестиции во инфраструктурата, транспортот ...
Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализација на „Еуродрам 2026“, театарска работилница на Мартин Кушеј и претстави од сопствен буџет, најавува скопскиот Театар Комедија за годинава. Од културната институција информираа дека добиле од Владата 5 милиона денари за реализација на 4 проекти од македонски автори. Од Театар Комедија велат дека доколку дозволат условите, ќе се создадат и неколку претстави од сопствени средства. ...
Левица вели дека градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тендерот за зимско одржување на улиците во вредност од еден милион евра го доделил на фирмата, за чии сопственик порано ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции го обвинуваше за сериозен криминал со спорните високатници кои требаше да се градат во населба Влае. „Како Орце Ѓорѓиевски сега дели милионски тендер на бизнисмен за кој неговата партија обвинуваше дека е дел од градежната мафија која сака да го ...
Владата на Мицкоски одбива да ја намали цената на горивата, иако на светските берзи цената на нафтата се намалува. Зошто граѓаните во Македонија плаќаат поскапо гориво кога цената се намалува? Дополнително, високите цени на горивата ќе ги покачат и цените во маркетите, се ќе поскапи,” стои во соопштението од СДСМ. Од опозициската партија реагираа дека сите земји во регионот вовеле мерки за ограничување на цените на бензините само владата на ...
СДСM е изгубен во сопствениот ПР и секојдневно ја губи довербата на граѓаните, а политичката криза во партијата дополнително се продлабочува со конфузијата во нивната комуникација со јавноста,” соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека СДСМ и Филипче се обиделе да стекнат политички поен плус ширејќи лаги за наводни мигранти во Македонија, но биле демантирани од сите релевантни институции. „СДСМ нема стратегија ниту за партијата, ...
22 – то издание на Танц фест започнува во Скопје на 18 април, со настап на балетски ѕвезди од Париската опера. На отворањето ќе настапи и балерината Роксан Стојанов, француска уметница со македонско потекло, прогласена за Ѕвезда на Париската опера. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и натпревар за наградата „Роксан Стојанов”, наменета за млади балетски уметници од 16 до 20 години. Победникот ќе добие седумдневен престој во Париз и можност за ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска сподели дека започнала реконструкцијата на јавните пешачки површини кај ТЦ „Три бисери“. Со овој проект ќе се уредат околу 4.000 квадратни метри јавен простор, на потегот покрај булевар „Јане Сандански“ – од зграда број 7 до зграда број 11. При тоа, како што посочи градоначалникот, старите и дотраени павер-елементи ќе се заменат со нови и современи, со што овој фреквентен дел од ...
Општина Кисела Вода, преку Секторот за месна самоуправа, ги започна теренските активности за средување на нараснатата трева низ сите урбани и месни заедници, известуваат од Оштината. „Во оваа акција, која ќе се одвива секојдневно во текот на целата сезона, ангажиран е тим од 20 обучени сезонски работници. Денеска екипите работат во 11 Октомври, населбата Кисела Вода и населбата Драчево, а веднаш потоа продолжуваат по утврден ред и во сите ...
Камион со кран удрил во семафор на булеварот „Александар Македонски” на влезот во Скопје. По ударот, семафорот се урнал врз моторциклистот кој се движел по булеварот. Повреденото лице било пренесено на лекарски преглед. Полицијата изврши увид и работи на утврдување на околностите за несреќата. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Камион со кран удрил во семафор на булеварот „Александар Македонски” на влезот во Скопје. По ударот, ...
Тројца мажи од Скопје се уапсени откако нападнале 23-годишна велешанка и 26 – годишен скопјанец во нивниот дом, при што употребиле електрошокер и тврд предмет. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил окако 26-годишен скопјанец дошол во домот на својата поранешна партнерка од Велес. Тој најпрво физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен партнер. Наскоро во нападот се вклучиле уште двајца мажи од Скопје, на возраст од 30 и 43 ...
Уапсен е 24-годишен скопјанец од селото Студеничани, кој бил фатен како превезува мигранти кај клучката Неготино. Тој не застанал на дадениот знак „стоп” од полицијата и продолжил да се движи, по што возилото било присилно запрено. При пребарување на теренот биле пронајдени десет мигранти од Египет. Тие се пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг” во Гевгелија за понатамошна постапка. Против возачот е поднесена кривична пријава, а ...
Отстранет од домот бил 68-годишен скопјанец поради извршено семејно насилство врз својот син. Според полицијата, тој во семејниот дом во скопската општина Кисела Вода му се заканувал со остар предмет на својот 35-годишен син. Настанот се случил на 9 март околу 22 часот и 30 минути, по што лицето било приведено од полициски службеници од СВР Скопје. По поднесено барање од Единицата за насилен криминал до Основниот граѓански суд Скопје, на ...
Двајца украински државјани се обвинети за шпионажа во Бугарија откако беа приведени блиску до воен објект, беше соопштено на рочиште во Софискиот градски суд на кое се разгледуваше измена на мерките за нивниот притвор. Пензиониран 41-годишен поручник и поранешен раководител на Одделот за беспилотни системи во украинската армија 32-годишник од Воздушно-десантните јуришни единици на украинската армија беа приведени на 12 јануари, а ...
Нови најави за штрајк во Германија. Овој пат патниците на германската авиокомпанија „Луфтханза” треба да се подготват за уште еден голем штрајк на пилотите. Синдикатот повика повеќе од 5.000 вработени да учествуваат во 48-часовен штрајк овој четврток и петок. Повеќе дестинации од Блискиот Исток се експлицитно исклучени од индустрискиот штрајк. Ова е втор бран штрајкови во тековниот спор за платите во матичната компанија „Луфтханза”. На 12 ...
Државната комисија за спречување на корупцијата не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг”, за која опозицискиот СДСМ тврдеше дека е на неговиот татко и дека добивала тендери од државни институции. Постапката што ја водеше Антикорупциската комисија е запрена. Софија Спасовска-Медарска, член на ДКСК, вели дека во минатото постоела повзраност на членови на ...
Министерството за финансии во надзор над работењето на финансиски друштва констатирало одредени измамнички трговски практики кои се однесуваат, меѓу другото на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. При надзорот констатирани се рекламирање со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци. Исто така, констатирани се ...
Македонија наскоро ќе добие нов државен јавен обвинител. Ненад Савески, е кандидатот кого Владата вчера го избра и го предложи до Собранието. Се работи за личност која има долго искуство во правосудните органи. Бил и судија и обвинител. Значи има искуство, ги знае недостатоците на системот. Од него македонската јавност сега очекува многу работа и посветеност. Всушност, пред него стојат два клучни предизвика кои мора да ги исполни. Првиот е да ...
Системот на МВР „Сејф Сити” работи неуморно, го надололнуваат и сообраќајните полицајци. Па така, во првите десет дена од март, сообраќајците низ Македонија регистрирале дури 6.264 сообраќајни прекршоци. Дури 151 возач бил лишен од слобода поради безобѕирно управување со возило. Најголемиот дел од казните се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина – дури 1.800 возачи возеле побрзо од пропишаното. Меѓу приведените возачи 32 биле ...
Само 167 скопски Евреи ја преживеале депортацијата за време на Холокаустот, една од најтрагичните страници во историјата на Македонија. На денешен ден во 1943 година, бугарските фашистички власти, кои тогаш ја окупирале Македонија, организирале масовна акција во која биле уапсени и собрани Евреите од Скопје, Битола и Штип. Вкупно 7.144 македонски Евреи биле депортирани во нацистичкиот логор на смртта Треблинка, каде што речиси сите биле ...
„Сите членови на Сојузот на синдикатите на Македонија, работниците, членовите и на другите синдикати чии лидери не се борат за вашите плати, да ни се придружите во сабота во 12 часот и 5 минути од пред Работничкиот дом за да упатиме нова порака дека платите, минималната плата, мора да се зголемат на сите,” повика денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Тој истакна дека работниците мора сами да се борат за ...
Околу 140 војници на САД се повредени откако започна војната со Иран. Ова го потврди Пентагон. Седум од повредените се во тешка состојба, а останатите се полесно повредени. Бројот на повредени е објавен откако во текот на викендот, Централната команда на САД објави дека седми американски војник загинал по иранскиот напад врз американските сили во Саудиска Арабија, а шест други војници беа убиени во напад врз оперативен центар во Кувајт. ...
Најмалку шест лица загинаа, а пет се повредени во пожар што зафати автобус во кантонот Фрибург во Швајцарија, соопшти полицијата. Меѓу повредените има четворица патници од автобусот и едно лице кое учествувало во давањето помош. Пожарот избувнал откако еден патник се полеал со бензин и се самозапалил. од полицијата велат дека е рано да се донесе заклучок дали се работи за терористички напад. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Најмалку ...
Иранските вооружени сили утрово започнале нов бран напади со ракети и беспилотни летала врз Израел и американски бази во неколку земји од Персискиот Залив. Иранската новинска агенција Тасним го опиша нападот како најтежок бран напади од почетокот на војната. Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека седум балистички ракети и седум беспилотни летала биле пресретнати во различни делови од земјата. Во Кувајт, Министерството за одбрана ...
Централниот заповеднички центар на Војската на САД објави дека погодиле 16 ирански бродови за поставување поморски мини во близина на Ормутскиот теснец. Претходно претседателот Доналд Трамп објави дека погодиле 10 ирански бродови кои се обидувале да постават поморски мини. Сепак морскиот теснец е посеан со мини и пловидбата е отежната дополнително. Иран и од копно ракетира бродови сакајки целосно да го сопре протокот на нафта што предизвикува ...
Веб-страницата на албанскиот парламент била цел на сајбер напад за кој одговорност презеде иранската хакерска група „Татковинска правда”. На почетната страница се појави порака дека „сите разговори и преписки на корумпираните членови на парламентот во последните месеци се во рацете на групата”. Нападот е во период на затегнати односи меѓу Албанија и Иран. Тирана во 2022 година ги прекина дипломатските односи со Техеран, обвинувајќи го за ...
Снимки на кои се гледа ловец МИГ-29 на српското воено воздухопловство како лета со две балистички ракети CM-400AKG, испорачани од Кина, покажуваат дека Србија станала втор странски корисник на овој тип ракети. Брзината на ракетата, која може да надмине брзина од 4,5 маха, ги прави МИГ-овите единствени авиони – ловци во Европа со хиперсонични ударни способности. Србија во неколку наврати го засили своето вооружување во време, кога како што ...
Опозициската партија ВМРО‑ДПМНЕ ја критикува владејачката СДСМ поради, како што велат, „лажните пораки за мигрантската криза и конфузните пораки“ што ја доведуваат владата во постојан PR‑шум. Во соопштение од партијата се наведува дека, наместо јасна и конзистентна комуникација со граѓаните, СДСМ создала контрадикторни пораки за состојбата со мигрантите во земјата, што, според ВМРО‑ДПМНЕ, доведува до губење на довербата кај јавноста. ...
Од СДСМ обвинуваат дека Државната комисија за спречување на корупцијата веќе 98 дена не реагира на пријавите што партијата ги поднела за наводни злоупотреби и спорни тендери поврзани со власта. Според соопштението на СДСМ, поминале повеќе од три месеци од првата пријава до Антикорупциската комисија, но досега нема никаква реакција или одговор за, како што велат, сериозните сомнежи за злоупотреби. Од партијата наведуваат дека нема реакција ...