Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху во вторник ќе престојува во Вашингтон, каде што е предвидена средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, пренесе ДПА, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на израелската влада. Според соопштението, Нетанијаху ќе отпатува во САД во понеделник по покана на Трамп. За време на посетата, израелскиот премиер ќе присуствува и на погребот на републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој ...

Македонска државјанка (43) е уапсена во Улцињ под сомнение дека со автомобил намерно прегазила и усмртила куче, соопшти Полициската управа на Црна Гора. Според информациите, станува збор за С.С., која по наредба на Основното државно обвинителство во Улцињ е лишена од слобода и против неа е поведена кривична постапка. Од полицијата наведуваат дека по настанот осомничената се обидела да ја напушти Црна Гора, но била запрена на граничниот ...

Собранието со 67 гласа „за“ и 13 „против“ го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор, со што официјално заврши процесот на реконструкција на Владата. Зејнула, кој е претседател на Демократската партија на Турците, на функцијата доаѓа по неодамна потпишаниот коалициски договор меѓу неговата партија и ВМРО-ДПМНЕ. Изборот не го поддржа опозициската СДСМ. Пратеникот Оливер Спасовски посочи дека нивниот став не е насочен лично кон Зејнула, ...

Општина Бутел обезбеди донација од 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар, како помош поради проблемите со водоснабдувањето во градот. Од локалната самоуправа информираа дека донацијата има за цел да им помогне на гостиварци во периодот кога водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење. Градоначалникот Дарко Костовски упати благодарност до членовите на Советот на Општина Бутел за поддршката на иницијативата, како и до ...

Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година, објави градоначалникот Александар Стојкоски. Мерката предвидува секое прваче да добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, а целта е децата да имаат еднаков ...

По периодот на високи летни температури, денеска во поголем дел од Грција се очекува значителна промена на времето. Метеоролозите најавуваат дожд, грмежи, локално невреме, силен ветер и пад на температурите под просекот за овој период од годината. Нестабилното време најпрво ќе ги зафати Јонските острови и западниот дел од земјата во утринските часови, а потоа ќе се прошири кон поголемиот дел од грчката територија. Поројни врнежи и грмежи се ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција од над 1,15 милиони евра за осомничениот Муамед Сејдини, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), по што му е укината мерката притвор и ќе се брани од слобода. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено, заради обезбедување на присуството ...

Министерството за внатрешни работи одзеде патничко возило „Фолксваген Артеон“ и лиши од слобода возач – почетник на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово кој возел со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат. -При сообраќајна контрола извршена со радар било констатирано дека 18-годишник, како возач-почетник, управувал со брзина далеку над законски дозволените ...

Успешно заврши тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје, објави градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски. -Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз – помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани. Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија – објави Ѓорѓиевски. Тој ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион засега да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. На седницата во Бусан, Јужна Кореја, Македонија доби дополнителен рок од пет години за спроведување на препораките за заштита на природното и културното наследство. Македонската делегација беше предводена од амбасадорот при УНЕСКО, Игор Николов, кој ја потврди посветеноста на државата за исполнување на ...

Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, проект вреден над 31 милион денари, со кој објектот треба да добие современи енергетски ефикасни решенија и подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор ...

Во Салон 19’19 при Културно-информативниот центар во Скопје, од вечерва до недела ќе се одржат три камерни концерти со домашни и странски уметници. Вечерва ќе настапи Алтус НЗ Ансамбл со концертот „Континуитет“, под диригентство на Ана Спасовска, со дела од македонски и светски композитори. Утре италијанската пијанистка Мариа Летиција Микиелон ќе одржи рецитал „Бетовен за пијано“, посветен на доцниот творечки период на славниот композитор. ...

Министерот за внатрешни работи Тошковски денеска јавно изјави дека започнало хиперхлорирање на водата во Гостивар. Министер за полиција најавува хлорирање на вода за пиење. Каде го има тоа? Што ни кажува ова за стручноста на луѓето кои денес одлучуваат за јавното здравје на граѓаните на Македонија?, се наведува во соопштението од СДСМ. -Кога директор на Фондот за здравствено осигурување е спортски тренер, а хлорирањето на водата го најавува ...

Случајот со масовното труење во Гостивар повторно ја отвори дилемата колку е безбедна водата за пиење во македонските градови. Додека институциите сè уште ги утврдуваат причините за загадувањето во Гостивар и бараат решение за нормализирање на водоснабдувањето, нови предупредувања пристигнуваат и од други општини. Центарот за управување со кризи соопшти дека водата во повеќе реони во Крушево е микробиолошки неисправна, поради што на ...

Јеменските Хути соопштија дека извеле нови напади врз бродови во Црвеното Море и дека принудиле повеќе пловила да се вратат од теснецот Баб ел-Мандеб, дополнително зголемувајќи ги тензиите на Блискиот Исток. Овие случувања доаѓаат во време кога продолжуваат меѓусебните напади меѓу САД и Иран, а американската Централна команда соопшти дека веќе 13 ноќи по ред изведува воздушни напади врз ирански воени цели. Според CENTCOM, нападите се насочени ...

Украински беспилотни летала во текот на ноќта нападнаа повеќе логистички центри на руската компанија „Вајлдберис“ во Санкт Петербург, Твер и окупираниот Крим, објави „Киев Индепендент“, повикувајќи се на руски извори. Според руските власти, нападите предизвикале пожари во неколку објекти, а во Новосаратовка, во близина на Санкт Петербург, биле повредени три лица. Компанијата потврди дека привремено е прекината работата во логистичките центри ...

Новата унгарска влада најави истрага за можни злоупотреби на државни средства поврзани со кредитот од една милијарда евра што државната „Ексимбанка“ ѝ го одобри на Северна Македонија за време на владата на поранешниот премиер Виктор Орбан. Информацијата ја соопшти актуелниот унгарски премиер Петер Маѓар, кој рече дека заемот за Македонија е еден од четирите случаи поврзани со работењето на „Ексимбанка“ за кои Министерството за економија и ...

По неколкудневниот топлотен бран, викендов во Македонија се очекува промена на временските услови. Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и AccuWeather, иако ќе преовладува сончево и многу топло време, во попладневните часови во повеќе делови од земјата ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје денот ќе започне со сончево и жешко време, но во текот ...

Собранието денеска треба да го избере Зулфиќар Зејнула за министер без ресор, со што ќе биде комплетирана реконструкцијата на Владата и изборот на новите министри. Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците, а на почетокот на јули потпиша договор за политичко партнерство со премиерот Христијан Мицкоски. Тој е роден во Гостивар и по професија е дипломиран криминолог. Во периодот од 2021 до 2024 година ја извршуваше функцијата ...

Македонскиот вицепрвак Шкендија со пораз го отвори настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, откако на гостувањето во Словенија загуби од Браво со 2-1. Иако тетовци поведоа уште во раната фаза од натпреварот, домаќините направија пресврт, па патникот во следното коло ќе се решава на реваншот во Скопје. Шкендија одлично го започна натпреварот и во 10. минута стигна до водство. По досудениот пенал, сигурен реализатор беше ...

Повеќе од 20.000 лица се евакуирани од југозападниот дел на Франција поради големите шумски пожари што продолжуваат неконтролирано да се шират низ департманот Жиронда, јавува Би-Би-Си. Огнената стихија досега зафатила околу 3.400 хектари земјиште во близина на заливот Аркашон, а француските власти постојано ги прошируваат зоните за евакуација. Првично биле евакуирани околу 12.000 жители и туристи, а подоцна на безбедно биле префрлени уште ...

Протестите во Албанија против изградбата на луксузен туристички комплекс на Џаред Кушнер прераснаа во судири со полицијата, откако демонстрантите се обидоа да ги пробијат безбедносните огради пред зградата на парламентот во Тирана. Албанската полиција интервенираше со водени топови и солзавец, откако дел од насобраните фрлаа јајца, пластични шишиња и други предмети кон полициските службеници. Станува збор за најсериозната ескалација на ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за главниот град. Ѓорѓиевски соопшти дека за оваа одлука бил информиран по телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кому му се заблагодари, како и на премиерот Христијан Мицкоски, за поддршката што, како што наведе, ја добива Скопје во процесот на ...

Целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци денеска официјално беше пуштен во употреба, откако Владата преку вториот јавен повик обезбеди инвестиција вредна околу еден милион евра. На свеченото отворање присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Со реконструкцијата, базенскиот комплекс доби целосно нов изглед и современи услови за спорт, рекреација и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се очекува системот за водоснабдување во Гостивар постепено да се нормализира, при што водата до крајот на неделата би требало да биде исправна за техничка употреба, а потоа и за пиење. Тој информираше дека во активностите за санација на последиците од загадувањето се вклучиле и екипи од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, кои помагаат во процесот на целосно чистење и ...

Состојбата во Гостивар по кризата со водоснабдувањето постепено се стабилизира, а во моментов нема нови хоспитализации на лица со стомачни тегоби, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Тој најави дека сите резултати од анализите за исправноста на водата ќе бидат јавно објавени, но упати апел до граѓаните да продолжат внимателно да ги почитуваат препораките сè додека не завршат сите интервенции во водоводниот систем. „Од ...

Полицијата започна со контролите според новите правила за користење електрични тротинети, а во првите денови од примената на изменетите прописи веќе се изречени 12 парични казни за различни сообраќајни прекршоци. Новите одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапија во сила на 14 јули, со што се воведоа построги правила за управувањето со електрични тротинети, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во ...

СДСМ денеска соопшти дека, според нивните информации, и водата во Крушево е бактериолошки неисправна за пиење, обвинувајќи ја Владата за, како што велат, сериозни пропусти во системот за контрола на квалитетот на водата. Од партијата посочуваат дека, по случаите во Гостивар, Валандово и болницата во Лешок, сега и Крушево се соочува со проблем со водоснабдувањето. „За само неколку дена имаме четири случаи на загадена вода за пиење. Колку ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен маж, осомничен за кривичното дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, откако со нож им се заканувал на сопружници кај кои бил вработен. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 21 јули во селото Трубарево, кога сопружниците со автомобил ја напуштале фирмата. Осомничениот им го пресретнал патот, држејќи нож во рацете, барајќи да ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни надзори во Гостиварско со кои беа опфатени угостителски објекти, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници и производители на храна. Главниот акцент при контролите беше ставен на тоа дали операторите ја почитуваат донесената забрана за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем. Инспекторите констатираа дека кај сите контролирани ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07