Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Вчера во 15.50 часот на патот Гостивар-Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(52) од с. Топлица, гостиварско, изнформираат од МВР. При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека Б.Ш. управувал патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 157 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на ...

Вчера во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш, информираат од МВР. Таа на ул. „Самоилова“ во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот. По преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта. Т.К. е задржана во Полициската станица Радовиш, а ...

СДСМ да каже дали фирмата која стопанисува со полигонот во Ресен е во сопственост на нивен партиски член, а врз основа на која е доделен огласот за испитен центар во Пелагонскиот регион. Вака возврати министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на СДСМ, откако вчера обвинија дека во пелагониско МВР доделил доходовен бизнис на функционер на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и денеска реагираше. Од таму тврдат дека фирмата што го добила тендерот за испитен ...

Брисел и Софија имаат различни барања за Македонија да почне отворање на поглавја. Сите европски претставници велат, за отворање поглавја потребно е само да направиме уставни промени, но Бугарија сака уставни промени и протоколите меѓу кои и вториот во кој има билатерални барања и можат да станат нова пречка, вели министерот за европски прашања Муртезани. Ова е една од темите на разговорите и со еврокомесарката Кос. За исполнување на ...

Пациентите добиваат замена за двата лека кои ги нема во моментот на Клиниката за онкологија. Замената е еднакво ефикасна како и лекот којшто недостига, објаснува првиот човек на Клиниката за онкологија. Според него лековите се набавени навреме, проблем е доставата од дистрибутерот и производителот. СДСМ реагира дека се лоши состојбите во здравствениот сектор во земјава, конкретно на Клиниката за онкологија, каде што за пациентите со канцер на ...

Резултатите и политиките кои се носат јасно укажуваат дека владата на Мицкоски го има напуштено патот кон Европската унија – вели лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче. Во Берлин лобирав за неутрална формулација во извештајот во однос на македонскиот јазик, но треба заедно да се вложиме во лобирањето, посочува првиот социјалдемократ. Според Филипче, владата покажала неспособност преку неискористување на 43 милиони евра од реформската ...

Полуматурантите денеска електронски се пријавуваат за вториот уписен рок во средните училишта, а утре ќе ги поднесат документите. Се зголемува интересот за стручните училишта споредено со гимназиските. Последниве три години во средното угостителско училиште „Лазар Танев“ двојно е зголемен бројот на ученици. Најмногу пријавени во струката готвач и таму сите места се пополнети. Остануваат 60 слободни места во струките пекари, месари, келнери. Во ...

Летото ги донесе првите пожари. Гори жито, трева, ниска вегетација, магацини, мешана шума. Ама и никако да ни се сменат навиките, бројни меѓу нив се ѓубришта од дивите депонии, кои се закануваат на ближни куќи и објекти. Од ЦУК посочуваат дека во моментот низ земјава има два активни пожари од кој едниот во атарот на село Бешиште. Таму гори трева, борова и дабова шума и се шири по два крака од кој едниот кон соседна Грција. Загрижува, велат од ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против три лица – директорот на Националниот парк Маврово, раководител во установата и вработен во Министерството за земјоделство, поради незаконска сеча на заштитена шума. Во март и април 2025 година, пријавените без јавна постапка договориле и спровеле нелегална сеча на дрвна маса, со фалсификувани документи и без надзор. Според полицијата, на овој начин нанесена е штета од над 3 милиони денари на ...

Како да се добијат гаранции од Софија за отворање на поглавја. На средбата со еврокомесарката Марта Кос, македонските претставници ќе го покренат прашањето за гаранции од Софија, по уставните промени да нема нови условувања по основа на билатералани прашања. Првиот човек за преговори, министерот за европски прашања Муртезани вели, 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ. Лидерите на ЕУ и ...

Во Србија и во Белград продолжуваат блокадите и апсењата, а синоќа во знак на револт на бројните апсења и неисполнување на барањата за предвремени избори беше блокиран цел Белград како и 20 други градови. Блокади се најавени и за денес. Синоќа до раните утрински часови граѓаните и студентите во блокада ги блокираа за сообраќај сите мостови во Белград, од Бранковиот мост до Панчевачкиот мост, главните сообраќајници на Славија, Автокомонда, Земун, ...

Синоќа во 01.10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.В.(18) од с. Добрејци, струмичко. При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...

Десетгодишно девојче со македонско потекло се удави во реката Пјаве во италијанската покраина Тревизо. Несреќата се случила додека девојчето се капело со своите браќа и сестри, кога родителите забележале дека ја нема. По нејзиното исчезнување, била организирана голема потрага со нуркачи и хеликоптер, а телото било пронајдено неколку часа подоцна, заглавено меѓу карпи. Медицинскиот тим само ја констатирал смртта. Ова е втора слична трагедија во ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,30% во однос на одлуката од 27.06.2025 година. ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се ...

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел. На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за ...

Израел нареди нова евакуација во северна Газа. Нападите низ целата територија продолжија, расте црниот биланс. Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека постојат регионални можности по неодамнешното примирје меѓу Израел и Иран по 12 дневниот конфликт. „Сакам да ве информирам дека отворивме многу нови можности како резултат на оваа победа. Секако, ќе мора да го решиме и прашањето со Газа, да го победиме Хамас, но проценувам дека ќе ги постигнеме ...

Раналф Џуна (Мет Дејмон) е играч на голф и херој на цела Америка, човек кој навистина го сакал животот, додека не станал жртва и дел од ужасите на Првата светска војна. Тој го започнува своето духовно патување за да најде смисла во ова бесмислено губење на скапоценото животно време. Тој талкаше десет долги години, пред да се врати во својот роден град Савана, за време на Големата депресија. Тој повторно се среќава со огнената Адел, љубовта на ...

Римејк на италијанскиот филм „L'ultimo bacio“ од 2002 година, чие сценарио го напиша оскаровецот Пол Хагис („Девојка од милион долари“, „Фатална несреќа“). Иако изгледа дека Мајкл и Џена се во совршена врска, тој почнува да се колеба. Мајкл (З. Браф) и Џена (Ј. Барет) се пар веќе три години, сакаат да се венчаат и да основаат семејство. Плановите се едно, реалноста е друго. Кога Џена објавува дека е бремена, Мајкл почнува да се колеба бидејќи ...

Идилата на една млада двојка на Хаваи трае додека не запознаат група преплашени автостопери. Клиф и Сиднеј, авантуристички млад пар го слават својот меден месец со истражување на убавината на една од најубавите и најоддалечените плажи на Хаваи. Додека талкаат по скриените траги, мислат дека го нашле рајот. Сепак, идилата трае додека не сретнат група на автостопери кои зборуваат за грозоморното убиство на нововенчаната двојка на островот... ...

Претседателот Трамп вели дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза на царините за повеќето земји. Во интервју за „Фокс њуз“ објави дека неговата администрација ќе ги извести сите земји дека царините стапуваат на сила. „Ќе разгледаме како една земја се однесува кон нас – дали се добри или не се толку добри. Наскоро ќе испраќаме писма до земјите. Не, не мора да се состануваме. Ги имаме сите броеви. Слушајте, она што ќе го направиме е да ...

Од утре, 1 јули, стапува на сила забрана за движење во шумите, која ќе важи до крајот на август. Од МЗШВ потенцираат дека за непочитување на оваа комплетна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, физичките лица кои ќе бидат забележани како се движат во шума, во согласност со член 106 од Законот за шумите, ќе добијат казна од 1.500 до 2.000 евра во денарска вредност. Целосната забрана за движење во шумите започнува на 01.07.2025 година ...

На граничниот премин Богородица, ќе биде официјално отворена летната превентивна иницијатива „Вози одморен“. На свеченоста ќе земе учество министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Оваа летна акција за превенција, под наслов „Вози одморен“, е резултат на соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. „Вози одморен“ е кампања која има за цел да ја подигне свеста кај ...

Израел нареди евакуација во северна Газа. Нападите низ целата територија продолжија. Претседателот на САД, Трамп повика на напредок во разговорите за прекин на огнот во 20-месечната војна во Газа и постигнување на договор меѓу Израел и Хамас. Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека постојат регионални можности по неодамнешното примирје меѓу Израел и Иран. „Сакам да ве информирам дека отворивме, како што добро знаете, многу нови можности се ...

Поради одржувањето на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан, денеска и утре во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќајот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје ќе спроведе засилени мерки за безбедност и ќе воведе ограничувања на движењето по дел од сообраќајниците во поширокото централно градско подрачје. „СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30 јуни (понеделник) и 1 јули (вторник) поради одржување на средба на ...

Денеска е вториот уписен рок во средните училишта, а досега се запишани 17 илјади ученици. Министерката Јаневска најави дека од наредната година, уписот во средно ќе се одвива целосно електронски, без да треба документите физички да се поднесат во училиштата. Наставничките совети повеќе ќе немаат право да поправаат оценки. Јаневска вели, со ова се отстранува можноста да се врши притисок и влијае – опозицијата, пак, критикува дека министерката го ...

Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31-ви декември годинава ќе претседава со Советот на Европската Унија. Најавува дека во тој период дека ќе се фокусира на изградба на безбедна, конкурентна и за зелена Европа. ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и зголемени нивоа на конфликти, затоа ЕУ мора да биде способна да дејствува самостојно. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...

Руската војска изврши масовен напад врз украинските воено-индустриски објекти, лансирајќи стотици дронови и десетици ракети. При одбивањето на овој напад, украински борбен авион Ф-16 беше соборен во воздух, при што загина пилотот. Во меѓувреме, Киев почна да ги синхронизира европските санкции со украинските санкции, за 13-тиот и 14-тиот пакет. „Ова е нешто што навистина ги ограничува можностите за стратешки развој на Русија, нејзиниот потенцијал ...

Eврокомесарката за соседска политика и проширување, Марта Кос денеска доаѓа во Скопје. Ќе присуствува на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во Македонија, а е посветена на планот за раст. Како што соопшти нашата Влада, Кос и премиерот, Христијан Мицкоски ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатерален состанок со проширени делегации. Утре, пак, ќе има официјален пречек за лидерите од западен Балкан, по што ќе се ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1011
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
95%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
65%
1012
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
2.14
90%
1013
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
0.0
88%
1017
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
88%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
100%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
94%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
81%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
72%
1015
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948