Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Нова болница, на нова локација во Кичево која ќе биде регионален здравствен центар за жителите на Македонски Брод, Пласница, Зајас, Вранешница и Демир Хисар. Болницата одново ќе се гради, бидејќи сегашниот објект е статички нестабилен и нема да може да ги ја издржи надградбата и опремата која е предвидено да се инсталира. Во Кичево е предвидено да се изгради и здравствен дом. Ќе се инвестира и во Тетово и во Штип. „Реконструкција на тетовската ...
Економски развој или луксузирање? Прекројувањето на државната каса ги скара власта и опозицијата. Почна расправата за ребалансот на буџетот. Ресорното министерство предвидува раст од 3,7 проценти и инфлација од 2,8 отсто. Според проекциите расходната страна на буџетот ќе изнесува 6,5 милијарди евра, приходната 5,9. Повисоки плати и пензии, 40 милиони евра за Фондот за пензиско, повеќе средства за капиталните инвестиции, најави власта. Од ...
Директор на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов потпиша договор за ангажман со двајца пензионирани пилоти за противпожарните авиони „ер трактор“. Тие ќе бидат оперативни за гаснење на опасните пожари на отворено во државава. Вториот авион на Дирекцијата за заштита и спасување се очекува за кратко време да биде вратен од редовниот сервис од Австрија. Двајцата пензионирани пилоти и лани беа ангажирани да интервенираат во гасење на ...
Здружението на приватни аптеки веќе две години бара да бидат вклучени во системот „Мој термин“ и да ги забележуваат услугите коишто им ги даваат на пациентите на тој начин ќе им ја олеснат работата и на лекарите и на пациентите да не талкаат низ аптеките. Матичните лекари навреме ќе бидат информирани дека одреден лек го нема во земјава и веднаш треба да дадат замена. Билјана Божиновска портпаролката на Здружението на приватни аптеки вели нема ...
Потребно е да се спроведе електронски попис в година, за да се види конкретно со што располагаме, смета премиерот Мицкоски. Потенцира дека операцијата не смее да биде политичка тема, бидејќи ни треба вистинска бројка, преку која ќе ги креираме идните планови. Методологија за пресметување на етничката припадност во јавниот сектор, таканаречениот Балансер не беше законски, појаснува министерот за јавна администрација. Минчев додаде дека новото ...
Со два автомобила и полициска придружба, Кочанскиот суд во Скопје ги прати сите документи од предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова следува по поднесеното обвинение за трагедијата во којашто загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, но и по одлуката на Врховен, постапката да се води пред Кривичниот суд во Скопје. Ваквата одлука беше донесена зашто судовите во Штип и Струмица немаат кадровски и технички потенцијал, односно, немаат ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, од денеска до 4 јули 2025 година ќе престојува во работна посета на Луксембург, каде ќе учествува на редовниот состанок на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка. РС Македонија, е дел од Холандската конституција, а министерката за финансии ја претставува земјава во Одборот на гувернери на Светската банка. На маргините на состанокот, министерката ќе оствари ...
Оваа година беше поставен рекорд на најмногу фаворити кои испаднаа уште во првиот круг од престижниот тениски турнир Вимблдон. Дури 13 тенисери кои се во првите триесет и двајца на АТП листата, неочекувано изгубија во првите мечеви од турнирот, со што пониско рангираните тенисери се изборија за шанса да постигнат историски резултати за нив. Алкараз во првиот меч се помачи со ветеранот Фабио Фоњини во трилер меч од пет сета, па беше блиску до ...
Во Белград е отежнато движењето, 30-ина градски линии не сообраќаат и граѓаните се движат пеш. Блокадите не се најавуваат, мобилни се и по нивното растурање од полицијата се префрлаат на други или исти сообраќајници. Нов метод на блокада е непрекинатото поминување на пешачки премини. „Го напуштаме местото и повторно се наоѓаме изутрина или на Плоштадот на Републиката или платото пред Филозофски“, изјави момче на протестот. Според полицијата, во ...
На 02.07.2025 во 00.40 часот на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица го лишиле од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица. При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Б.М. управувал патничко моторно возило „пасат“ со бугарски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.41 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ...
Контакт центарот на австралиската авиокомпанија „Квантас“-жртва на сајбер напад. Компромитирани се евиденциите на приближно 6 милиони клиенти кои вклучуваат имиња, е-мејл адреси, телефонски броеви и датуми на раѓање. Од компанијата уверуваат дека хакерите не успеале да стигнат до деталите за кредитните картички и финансиските информации на клиентите кои биле чувани на друг систем. Истрагата е во тек и треба да покаже дали пробивот е поврзан со ...
Израел се согласи на условите за 60-дневен прекин на огнот во Газа-потврди американскиот претседател на социјалните мрежи. Најавата на Трамп доаѓа по посетата на израелската делегација во Вашингтон и наспроти планираниот состанок со Нетанјаху следната недела. Очекува дека Хамас ќе го прифати предлогот на посредниците, наведувајќи дека израелскиот премиер е подготвен. „Тој сака. Можам да ви потврдам дека сака и верувам дека ќе го постигнеме, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Првпат по три години рускиот и францускиот претседател на телефонска линија. Во фокус-војната во Украина. Макрон повика на прекин на огнот и почеток на преговори. Путин вели-Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји, решението мора да биде сеопфатно, да ги адресира основните причини и да се базира на реалноста на теренот. ОН го поздравија дијалогот. Наспроти дипломатијата, Киев и Москва продолжија со напади. И ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеск ќе биде присутен на официјалното пуштање во употреба на најновата инвестиција во производствените погони на компанијата „Реплек“. Пуштањето во работа на новиот производствен капацитет на „Реплек“ претставува дел од прославата на 80-годишнината од постоењето на компанијата. Од „Реплек“ известуваат дека на настанот е најавено присуство на министерот за здравство, ...
Расправата во Собранието по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, почнува денеска на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Десет дена трае општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет. За Предлог-буџетот се поднесени над 200 амандмани од овластени предлагачи. Со Предлог ребалансот што го усвои Владата на 19. месецов вкупните приходи се проектирани на ниво од ...
Во првиот квартал од 2025 година, вредноста на онлајн трансакциите направени кон странски интернет продавници пораснала за 32%, додека бројот на трансакции скокнал за 37%, покажуваат податоците на Народната банка. Вкупната вредност на сите онлајн трансакции (домашни и странски) изнесува 213,3 милиони евра, што е раст од 25,4% во однос на истиот период лани. На домашните е-трговци се слеале 133,2 милиони евра, од кои 121,2 милиони евра се од ...
Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза, на платото пред МОБ, ќе се одржи гала-концерт од „Од #МОБ за Скопје“. Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со ...
Учениците од основното и средното образование постигнатиот успех од наредната година ќе го добиваат во електронска форма – свидетелствата заминуваат во историјата. На овој чекор надлежните биле подготвени и годинава, но од ресорот велат проблем се руралните средини, каде потребен е поголем степен на дигитализација. Министерката за образование Јаневска вели – при упис во средно или на факултет системите се поврзани, на овој начин образовните ...
На 30.06.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(29) од Р. Косово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(32) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од ...
Македонија и Литванија заедно ќе се борат против организираниот криминал. Потпишаа протокол преку кој ќе се унапредува соработката меѓу двете министерства и полиции на секое поле, посебно во делот на илегалната миграција и центрите за обука на полициските службеници. Литванскиот министер за внатрешни рече дека неговата земја целосно ја поддржува Македонија на интегративниот пат кон Европската Унија. Изрази спремност за помош на европскиот пат, ...
Пациентките со канцер на дојка коишто користат таблетарна терапија лековите ќе можат да ги земаат од аптеките во местото на живеење, нема да мора да доаѓаат на Клиниката за онкологија, одлучи Фондот за здравство. Два онколошки лека се префрлаат од болничката на примарната позитивна листа. За три недели ќе завршат бирократските процедури и лековите ќе им бидат достапни на 2.500 пациентки. Подигањето на терапијата досега им одземаше и до три часа ...
Вчера околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Шар планина“ во Скопје мотоцикл „БМВ“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје, информираат од МВР. Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 од Кривичниот законик. На 29 јуни, во казино во Битола, осомничениот најпрво ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјади евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура. Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната ...
Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска го презема претседавањето со Советот на Европската Унија. Најави дека ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа. Ќе се стреми и за постигнување напредок во рамките на процесот на проширување, но врз основа на заслуги и реформи на земјите-кандидатки. Копенхаген најави и продолжување на поддршката за Украина и изнаоѓање нови и иновативни решенија за предизвиците на ...
Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст. На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи претставници од Европската Унија, регионални организации и меѓународни институции. Во рамки на лидерската средба ќе се одржат два панела од кои ...
Хамас е одговорен за моменталната ситуација во Газа. Тие ги иницираа нападите на 7-ми октомври и продолжуваат да одбиваат да го положат оружјето или да ги ослободат преостанатите заложници, вклучувајќи ги и останките на двајца Американци, и користат насилство за да се мешаат во испораката на помош до луѓето од Газа, велат од Стејт департментот. „Работиме на обезбедување помош, а во исто време сè уште работиме за прекин на огнот. Сè уште се ...
Постојаниот топлотен бран што го зафати поголемиот дел од Европа ги натера властите да издадат предупредувања. Со температури над 40 целзиусови степени метеоролозите сугерираат дека земјите треба да се подготват за уште потопло време во наредните денови. Предупредувања се издадени за делови од Шпанија, Португалија, Италија, Германија и Велика Британија. Опасноста од пожари расте. Пламените јазици уништија речиси 19.000 хектари земја низ цела ...
Руските сили ги продолжуваат интензивните воздушни напади врз повеќе локации низ Украина. Најмалку две лица се убиени, а неколкумина повредени. Од друга страна, украинскиот претседател тврди дека руските сили претрпеле дебакл на Сумскиот фронт. Шефот на германската дипломатија во Киев објави зголемена помош за Украина во производството на оружје. Зеленски се заблагодари за поддршката од ЕУ. „Благодарни сме за поддршката на 18-тиот пакет санкции ...