Министерството за спорт продолжува со реализација на капитални инвестиции во спортската инфраструктура низ цела држава. Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со вицепремиерот Љупчо Димовски и со градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, денеска свечено го пуштија во употреба новиот, целосно реконструиран спортски центар. Овој современо уреден спортски комплекс во Кратово, во кој Министерството за спорт инвестираше 4.7 милиони денари, ...

Не мирува тлото на Блискиот Исток. Експлозии одново одекнуваат во Израел и Иран. Техеран повторно удри во Бершеба, израелските сили возвратија во северозападен Иран. Тел Авив решен да оди докрај да ја уништи иранската нуклеарна програма, со или без помош на САД. „Реков дека ќе го промениме лицето на Блискиот Исток, сега велам-го менуваме лицето на светот. Решен сум да ги постигнеме сите наши цели. Одлуката на Трамп дали сака да се придружи е ...

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(22), С.С.(21) и 17-годишник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Тие се сомничат дека околу 19.00 часот во с.Трубарево, скопско, со возило го пресретнале В.Д.(42) од Скопје, по што едниот од нив физички и со тврд предмет го нападнал и му го одзел мобилниот телефон, по што тројцата со ...

Дали Зоран Давитков е лицето коешто го уништило ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче? Одговор на ова прашање ќе треба да даде обвинителството, по чиј налог техничарот вработен во Народната банка е приведен во полициска станица. Токму ова лице беше посочено од обвинетиот Велибор Манев кој во завршен збор пред судот рече дека Палевски побарал од Давитков, кој бил член на партијата „Десна“ да се ослободи од т.н. пакет, а по ...

„Проект“ без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра. За пругата на Коридорот 10, која ја најави Мицкоски, не постои ниту еден лист хартија, но веќе се знае колку ќе чини“, обвинуваат од Социјалдемократскиот сојуз. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ го подготвува најголемиот тендерски криминал во поновата историја. СДС е партија против градба на железница, болници и други капитални проекти, велат од ...

122,1 милиони луѓе ширум светот се присилно раселени, поттикнати од бескрајните бранови на војна, прогон и насилство. Светскиот ден на бегалците е посветен на оддавање почит на исклучителната издржливост и неуништливиот дух на луѓето што биле присилно оттргнати од своите домови. Тие не се само статистиката. За животите на оние со скршени соништа и неугасливата надеж што се крие зад секој број, известуваа новинари на кои на Светскиот ден на ...

Се реконструира одделението за физикална медицина во кочанската болница, а одморалиштето Пониква, комплетно реновирано, ќе ги прими првите 50 пациенти повредени од стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“. Веќе се пристигнати креми и лепенки за третман на повредените. Се прават и скенирани 3Д-маски за осуммина повредени во пределот на лицето и главата – информираше директорката на кочанската болница. Наскоро се очекува пациентите да добијат и ...

Иако деновиве ги добија субвенциите за минатата година за обележано грло, пелагониските земјоделци не го откажаа денешниов мирен протест. Велат, моменталните проблеми во сточарството се големи. Револтирани се што нема уште ништо од зелената нафта и ветените 1.600 хектари за распределба на фармерите. Сепак, револтот е најголем што откупната цена на млекото млекарниците ја намалија за еден до два денари, што исто така ќе се одрази на субвенциите ...

Трет ден како не работи ниту еден од блоковите на најголемиот државен производител на струја, откако во средата се случи пожар во близина на ормарот за електрично управување на Блок 2. Од комбинатот информираат дека и во текот на денешниот ден активно се работи на оспособување и надминување на овој проблем со што повторно би се синхронизирал со електричната мрежа. За причините за пожарот сè уште се чека извештај од СВР Битола. Се вложуваат и ...

Со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски продолжува судењето за убиствата на четиринаесетгодишната Вања и пензионерот Панче. Свое излагање имаше првообвинетиот Палевски којшто рече дека обвинението е фалсификувано, дека нема ниту еден доказ кој укажува дека тој го сторил свирепото убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Анита Димитријевска - Велковска со последните информации од Кривичниот суд. ...

Македонија е прва земја што не е членка на ЕУ каде се спроведува проектот „ЕУ за млади“ за стручно образование, вработување и спречување на иселувањето на младите од земјава. Во изминативе три години со финансиска поддршка од 16,5 милини се модернизираа средните стручни училишта во Куманово, Тетово и Охрид со што се обезбедени квалитетно изведување на наставата за стручно образование и подобрени условите за учење и работа на учениците и ...

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од бул. „Туристичка“ со ул. „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од с. Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје, информираат од МВР. Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св. Еразмо“, а ...

Вчера во 00.40 часот на ул. „Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода И.И.(43) од с. Косевица, општина Македонска Каменица, информираат од МВР. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,06 промили алкохол во ...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција. Оваа година собирот на креатори на образовни политики од повеќе земји, претставници на образовни установи, глобални техничко – технолошки компании и технолошки паркови се ...

Украина и Русија продолжуваат со нападите додека двете страни јавуваат за соборени дронови. Во најновите руски удари врз Одеса и Харков има жртви и повредени, меѓу нив и деца. Зеленски бара посилни санкции за Москва, истакнувајќи ја потребата да се казни агресорот кој непрекинато продолжува да ја напаѓа Украина и да врши, како што рече, намерен терор како оној врз Киев. Оценува дека распоредувањето на беспилотни летала „шахед“ од ирански дизајн ...

Не мирува тлото на Блискиот Исток. Експлозии одново одекнуваат во Израел и Иран. Техеран со нов масовен напад, повторно удри во Бершеба, израелските сили нападнаа во северозападен Иран. Тел Авив решен да оди докрај да ја уништи иранската нуклеарна програма, со или без помош на САД. „Реков дека ќе го промениме лицето на Блискиот Исток, сега велам-го менуваме лицето на светот. Решен сум да ги постигнеме сите наши цели. Одлуката на Трамп дали сака ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Правниот спор во САД околу ограничувањата за распоредување на Националната гарда во Лос Анџелес по избувнувањето на насилните протести против имиграциските рации, заврши во корист на Трамп. Апелацискиот суд пресуди дека претседателот може да продолжи да ги контролира трупите, и покрај противењата на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. Тричлениот совет од судии вели дека тоа што Трамп не ја издал наредбата за федерализација директно преку ...

Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“. Како што информира Апелациониот суд, јавната седница за предметот против обвинетиот Нино Васев ќе се одржи во 10:30 часот, а седницата за организацискиот директор Нехат Нухи во 14 часот. ...

Во Кривичниот суд Скопје продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Денеска одбраната на Љупчо Палевски и другите обвинети треба да имаат завршни зборови. На претходното рочиште, одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство, пак, побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, додека, ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна ...

Вчера во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи – Центар за обука, Академијата за судии и јавни обвинители и Јавната установа Завод за социјални дејности Скопје, информираат од МВР. Со потпишувањето на овој меморандум, трите институции ќе ја зголемат меѓусебната комуникација со цел да ја воспостават и формализираат меѓуинституционалната соработка на ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата. Особено се апелира да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба со Золт Бунфорд, специјален пратеник за Западен Балкан на унгарскиот премиер Виктор Орбан. На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете Министерства и двете влади, воопшто при што двете страни ја потенцираа меѓусебната доверба, поддршка и соработка во натамошното промовирање на истите. Министерот Тошковски изрази благодарност за меѓусебната посветеност, но ...

Со ребалансот на буџетот за 2025-та нема да има промена кај клучните економски проекции. Останува проекцијата за економскиот раст од 3,7 проценти и инфлација од 2,8 отсто, што е зголемување од претходните 2,2. Најмногу ќе се крати од трошоците на Владата, а најголем дел има прераспределба за инвестициите. Ќе се зголемат платите на полицијата, која доби зголемување од 10 проценти. Ќе бидат зголемени средствата и за Министерството за одбрана, за ...

Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои, како што посочуваат, не се зголемени повеќе од 25 години. Конкретно, станува збор за заверка на документи, која сега чини 100 денари. Бараат таа двојно да поскапи, на 200 денари. Измените во дел од нотарската тарифа комората бара врз основа на зголемени трошоци за работа. Како дел од проблемот, ги посочуваат законските измени со кои се дозволува наместо претходно уреденото на ...

Рано е за ласерски и естетски корекции на лузните, мора да се следат лекарските протоколи, повредените во пожарот во Кочани да не брзаат со одлуки, да се консултираат со стручниот тим којшто им стои на располагање во кочанската болница, апелира првиот човек на ФЗОМ. Компресивната облека ќе треба да ја носат две години и таа ќе биде обезбедена. Во однос на забелешките дека состојбата во кочанската болница е катастрофална, Клековски вели се добива ...

Кој кого ќе поддржи на локалните избори, а во кои општини ќе се трча со сопствени кандидати и листи, засега не се открива. Владејачките партии од македонскиот блок таинствени во однос на имињата, но потврдија дека се интензивираа дијалогот и најавија соработка на есенското одмерување на силите. Премиерот вели дека со партијата на Димитриевски разговарале за заемна поддршка на кандидати, лидерот на ЗНАМ кој ќе се бори за нов мандат во Куманово ја ...

Бугарските европратеници и владата вршат жесток притисок да не се прифати извештајот за напредокот на земјава, открива премиерот Христијан Мицкоски. Посочува дека бугарската страна останува на прифаќање на нивните амандмани со кои македонскиот идентитет и јазик би се означиле како „сегашни“. Барем засега, останува и неизвесна средбата меѓу македонската претседателка Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Жељасков, на самитот на НАТО во Хаг. ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06% во однос на одлуката од 16.06.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,305%, кај дизелот за ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
55%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.68
62%
1016
weather icon

Загреб

25ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
52%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.45
39%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.54
86%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
2.24
49%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
64%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
55%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
0.51
49%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
69%
1013
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048