Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започна со одигрување на натпреварите од првото коло, кое донесе многу погодоци. Познати се и тренерите кои ќе работат во новата сезона 2026/2027 во фудбалската елита на Македонија. Тројца странци и седум домашни стратези. Од странците тука се тренерот на Вардар Кристијан Фабијани (Аргентина), Бленди Шкемби од Албанија кој ја води Струга Трим Лум и стратегот на Тиквеш, Оливер Богатинов од ...
Викендот беа одиграни неколку пријателски натпревари кај второлигашите за проверка на формата и како оди подигањето на истата. Беласица одигра меѓународен пријателски натпервар кој го загуби од тимот на Беласица Петрич со резултат од 2:0. Камјани го доби пријателскиот меч со Тетекс со резултат од 2:0, каде стрелци беа Веби Ислами и Бленд Џемаили. Еуромилк ГЛ со 1:2 триумфираше над Осогово на пријателската која се одигра во Кочани, а стрелци ...
Првото коло во Првата македонска фудбалска лига беше доста ефикасно од аспект на постигнати погодоци, на секој меч имаше голем број на голови, за високи и убедливи победи, но и за тешки порази. Брегалница со пораз се врати во Првата македонска фудбалска лига, откако загуби од шампионот Вардар во Скопје со резултат од 2:0. „Црвено-црните“ чуваа сили за реваншот со Рига во Конференциската лига на УЕФА, а за „сините“ ова беше и воедно прв меч ...
Еурофарм Пелистер под водство на Лино Червар ги започна подготовките за новата сезона, екипата имаше и заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе се реализираат и медицинските тестови. Пред битолчани ќе биде борба за враќање на шампионската титула во домашниот шампионат, борба за Куп титулата, предизвици во Лига Европа, Регионалната лига. Нови засилувања се Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер ...
Активноста на второлигашите на трансфер пазарот продолжува, а нови засилување има кај Детонит Плачковица и Осогово. Радовишани се засилија со Зоран Андонов и Асан Рифадов. 26-годишниот Андонов доаѓа од прволигашот Силекс, а за него ова ќе биде враќање во Детонит Плачковица бидејќи и во минатото го носеше дресот на овој тим. Низ неговата кариера левиот бек беше дел и од Брегалница, Брера Струмциа, Кит Го од Пехчево и Белaсица. 22-годишниот ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев. На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија. Министерството за правда останува ...
За министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неприфатлив е предлогот на опозицијата водоводите да ги чува Армијата оти сегашното обезбедување се покажа нефункционално, по загадувањето со фекални бактерии на водата во Гостивар. Тошковски денес соопшти дека водата во Гостивар е прочистена до степен да се користи како техничка, но не и за пиење и одговарајќи на новинарски прашања кажа зошто е против предлогот Армијата да ги чува водоводите ...
СДСМ побара Владата да ги објави официјалните анализи врз основа на кои е донесена одлуката водата во Гостивар да може да се користи како техничка. Од партијата наведуваат дека јавноста не добила увид во резултатите од анализите, туку дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се повикал на потврда од експерти. Според СДСМ, надлежните институции треба јавно да одговорат врз основа на кои параметри е утврдено дека водата може да се ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај ...
Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна ...
Водата во Гостивар од денеска може да се користи за технички потреби, како капење, перење, миење садови и одржување на домаќинството, но и понатаму не е дозволена за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Одлуката е донесена по повеќекратни анализи на квалитетот на водата, кои покажале дека таа повеќе не е загадена со фекалии. Хемискиот инженер Емилија Аневска од ЈП „Водовод“ Скопје изјави дека ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните. Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на ...
Министерството за здравство објави ажурирани податоци за бројот на пациенти кои првпат побарале лекарска помош во Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар, со пресек заклучно со 26 јули. Според објавените информации, од 14 до 26 јули се реализирани вкупно 4.197 први прегледи, од кои 2.351 во Општата болница и 1.846 во Здравствениот дом. Најголем број прегледи биле регистрирани на 18 јули, кога биле извршени 649 први прегледи – 334 во ...
Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Управниот Одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација, соопшти Федерацијата на училишен спорт на Македонија. На првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, беше формирана управувачката структура за новиот четиригодишен мандат, од 2026 до 2030 година. ...
Советот на Општина Ѓорче Петров денес одржа вонредна седница на која беа донесени две одлуки насочени кон справување со последиците од природни непогоди и изразување солидарност со погодените граѓани. Советот донесе Одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи. Комисијата ќе биде надлежна за процена на штетите на територијата на Општина Ѓорче Петров, нивно ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија. „Во фокусот на разговорите беа европската интеграција на Република Северна Македонија и актуелните случувања во процесот на проширување на Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и принципиелна ...
Четири дена откако бела пена течеше од Лепенец во Вардар и го загадуваше Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш пушти дрон. Најави дека „толеранција нема да има за никого“. Вети дека брзо ќе се открие кој го направил тоа. И? Што открија Орце и дронот по четири дена? Кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар?, прашуваат од СДСМ и го обвинија скопскиот градоначалнил за молк на оваа тема. „Истиот Орце што ни го подари билбордот изработен ...
Општина Аеродром денеска свечено ќе ги испрати учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кои и оваа година ќе ја продолжат долгогодишната традиција во чест македонскиот национален празник – 2 Август – Илинден. Свечената церемонија ќе започне во 17:00 часот во паркот „Јане Сандански“, каде што градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на коњаниците ќе им го предаде знамето на Општина Аеродром како симбол на поддршката ...
Собранието денеска ќе одлучува за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Левица најави дека ќе гласа против предложениот ребаланс, бидејќи, како што велат, амандманската расправа покажала дека Владата не само што нема намера да ја промени својата економска политика, туку го одбила речиси секој предлог што значел поголема јавна корист, подобра заштита на граѓаните и поодговорно трошење на буџетските средства. „Левица поднесе 47 амандмани со кои ...
Во јавноста деновиве се отворија повеќе прашања за реализацијата на проектот „Водоснабдување на Гостивар II – SECO II“, . Од ЈП „Комуналец“ објавија соопштение во кое наведуваат дека оценката дека проектот во целина „пропаднал“ не може да се изведе без увид во одобрениот проектен опфат, договорите, изведените и тестираните работи, документацијата за примопредавање и причините поради кои одредени делови сè уште не се целосно оперативни „Со ...
Граѓаните да бидат спокојни, затоа што владините институции преземаат конкретни мерки за стабилизирање на состојбата во Гостивар и процесот на нормализирање на состојбата е при крај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ. „СДС наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа. Во моментов, ...
Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате, прашуваат од СДСМ. „Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош. Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле. Симптомите почнале на 14 јули. Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста ...
Уште една тажна вест. Нѐ напушти Гоце Тодоровски – голем човек, голем актер и едно од најпрепознатливите лица на македонската театарска и филмска сцена, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. „Со неговите улоги растеа генерации. Нѐ смееше, нѐ трогнуваше и оставаше трага што никогаш нема да избледи. Неговото дело ќе продолжи да живее, затоа што вистинските великани никогаш не заминуваат – тие остануваат во срцата на народот и ...
Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојран и Ники. Патниците што патуваат во Грција или се враќаат од таму треба да очекуваат бавен сообраќај и подолги застои на одредени гранични премини поради штрајкот на грчките царински служби. Според достапните информации, прекинот на работата се однесува на премините Евзони, Дојран и Ники. На премините Евзони (Богородица), ...
Македонската културна јавност денес се прости од еден од своите најголеми актери. На 75-годишна возраст почина Гоце Тодоровски, легенда на македонскиот театар и телевизија, по долг период исполнет со здравствени предизвици. Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство. Со кариера што траеше повеќе децении, Тодоровски изгради статус на актер кој остави неизбришлив печат во македонската уметност. Публиката ќе го памети по бројните улоги ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за ...
Тетовска Шкендија со убедлива победа од 3:0 против Скопје ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, целосно оправдувајќи ја фаворитската улога. Тетовци уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо, а резултатот беше отворен во 17. минута, кога Ндзенгуе прецизно ја затресе противничката мрежа за водство од 1:0. Во продолжението Шкендија не го намали притисокот, а во 65. минута Тамба ја удвои предноста и практично го реши ...
Силекс на најдобар можен начин ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, декласирајќи го Башкими со убедливи 6:0 на домашен терен и испраќајќи јасна порака дека и оваа сезона ќе биде меѓу главните кандидати за највисок пласман. Кратовци уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо. Резултатот беше отворен во 3. минута кога прецизен беше Дарко Илиески, а само пет минути подоцна предноста беше удвоена по автоголот на ...
Силното невреме во Штипско и Кочанско изминатава недела остави голема штета зад себе, но донесе и една убава приказна за грижа и хуманост. Неколку млади штркови, кои невремето ги соборило од гнездата, наидоа на помош од вработени во Општина Чешиново-Облешево. Тие ги згрижија птиците и секојдневно им обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, додека целосно не закрепнат. Од Општината информираат дека два од штрковите веќе се подготвени ...
Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има… напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил, после брзата реакција на надлежните институции по направената штета на ЈП МЖ Инфраструктура кај Драчево. –После тешката штета нанесена од ...