ФК Брегалница продолжува да го гради тимот за новата прволигашка сезона, а штипскиот клуб потврди дека младите и талентирани Дино Михолов и Лука Ѓеорѓиев ќе бидат дел од „сините“ и во претстојниот шампионат. Од клубот истакнуваат дека токму младоста, креативноста и упорноста се вредностите што ги красат двајцата фудбалери, кои и понатаму ќе ја продолжат својата фудбалска приказна во дресот на Брегалница. Михолов зад себе има успешна сезона, ...

Пелистер продолжува да го засилува својот играчки кадар за новата сезона, а најново име во редовите на битолскиот прволигаш е Костадин Капсаров. Клубот денеска и официјално го потврди неговиот трансфер со објавата: „Костадин Капсаров е нов фудбалер на Пелистер“. Капсаров во Битола пристигнува од Брегалница Штип, каде настапуваше во изминатиот период, а претходно во својата кариера ги бранеше боите и на Брера Струмица (поранешна Академија ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја координира акцијата за снабдување на граѓаните на Гостивар со вода за пиење и техничка вода поради епидемијата што го зафати градот. Во моментов на терен се распоредени четири цистерни со вода на повеќе локации во градот, а во текот на денот се очекува да пристигнат уште девет цистерни и еден камион со резервоар за вода од повеќе општини и од Армијата. Според ЦУК, денес на располагање на граѓаните се ...

Унгарија го истражува заемот што претходната влада ѝ го одобри на Македонија преку државната „Ексимбанк“ под многу поволни услови, изјави денеска премиерот Петер Маѓар. Заемот, одобрен со каматна стапка од 3,25 проценти, при што целосниот ризик бил покриен со 100-процентна државна гаранција, е една од неколкуте трансакции на Ексимбанк што сега се предмет на проверка, изјави Маѓар на брифинг, пренесе „Индекс“ откако веста ја споделија повеќе ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 литри на метар квадратен). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, ...

Во пресрет на финалната вечер на 8. издание на „Фолк Фест“, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес ги пречека организаторите и претставниците на ансамблите учесници од Мексико, Парагвај, Порторико, Грузија, Литванија, Бугарија, Турција, Романија, Полска, Естонија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина. За време на средбата, делегациите ги претставија традициите и културите на земјите од кои доаѓаат, а беше истакнато и ...

Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општина Кисела Вода итно се формираше Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен. Со ова започнува процесот за прием на барања, што е предуслов за обесштетување на граѓаните, а ќе се реализира ...

ИКАРУС Еlectric Zrt во заедничка понуда со ЕВН достави најниска понуда на електронската аукција за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, соопшти Министерството за транспорт. На јавниот повик понуди доставиле четири компании – Xiamen Golden Dragon Bus Co., Ltd., YES-EU DENMARK A/S YUTONG, BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со ЕВН. По евалуацијата, Комисијата за јавни ...

Брегалница в сабота ќе гостува кај шампионот Вардар во рамки на првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, но „сините“ продолжуваат да се екипираат за новата сезона. Клубот од Штип мисли на иднината откако ја продолжи соработката со младите Лука Бојаџиев и Даријан Тасев. „Со особено задоволство го потврдуваме продолжувањето на соработката со нашите млади надежи, кои со својот талент, посветеност и потенцијал ...

Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржа работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија. Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата. -Целта на работилницата е ...

Отворена е сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст за собирање средства за помош на Гостивар. „Црвениот крст е на терен и активно спроведува активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжи со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во ...

Демократската унија за интеграција уште еднаш го повика градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што, како што велат, целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик. „И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик ...

Додека денес погледот е вперен во метеоролошките карти и прогнозите, некогаш луѓето најточниот одговор го барале во природата и во однесувањето на животните. Кокошките, глувците, мравките што забрзано градат мравјалници и собираат зрна, сите тие, вели Тони Максимов од Облешево, многу порано го чувствуваат доаѓањето на невремето отколку што првиот облак ќе се појави на хоризонтот. Нивниот немир бил тивко предупредување дека се подготвува нешто ...

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само денеска се запалија две возила, едното на паркинг просторот во кругот на Клиничката болница – Штип, а другото во централното градско подрачје. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, пожарите беа навреме изгаснати и не се проширија на околните возила. Првичните сомнежи упатуваат на неисправна електрична инсталација како можна причина за дел од пожарите. Пожарникарите ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи во земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и безбедноста на храната. „Австрија е значаен партнер од кој можеме да добиеме вредни искуства во развојот на модерно, одржливо и конкурентно земјоделство. Целта ни ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Република Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија. На средбата беше разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка и интензивирање на партнерството во областа на правдата и евроинтеграциите. „Македонија и Косово, како добри соседи и партнери, ја делат истата визија за стабилен регион заснован на владеење на правото, ...

Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во Македонија. Исто така за кризата во Гостивар, наместо прашања и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од претседателот Мицкоски, нека се состане со неговите коалициони другари Ахмети и Таравари и нека побараат одговорност за скандалот во Гостивар директно од градоначалникот Валбон Лимани, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека, ...

Почна казнувањето на возачите на електрични тротинети кои не ги почитуваат новите законски правила. За само неколку дена издадени се 12 парични казни за различни сообраќајни прекршоци. Најголем дел од нив се за возење на површини каде што не е дозволено движење на електрични тротинети. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, три казни се издадени за управување без заштитен шлем, прекршок за кој е предвидена глоба од 50 ...

Продолжување на проектите или „фудбал поканцелариите“, шверц и слобода за криминалците – тоа, според премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде изборот на граѓаните на следните избори.Како што рече денес тој во својата изјава, ако граѓаните изберат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, реформите и проектите ќе продолжат, а ако не како што истакна ќе следи враќање на старите политики и практики. ,,Ние имаме своја цел, фокус и приоритети и врз основа ...

Речиси 50.000 денари изнесува просечната плата во Македонија, тврдат од Државниот завод за статистика. Според нивните податоци, во мај просечната нето-плата била 49.544 денари, што е за 8,2 проценти повеќе од истиот месец лани. Но, граѓаните во Штип велат дека сликата од нивното секојдневие е друга – платите тешко стигнуваат за сите трошоци. Велат дека сè е поскапо, а новите поскапувања на храната, сметките и горивата уште повеќе го ...

По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули. „Уште од првиот ден сме на терен со сите наши служби за да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на ...

Полицијата поднесе кривична пријава за локал во Охрид затоа што на 14-годишно дете му бил послужен алкохол. Според информациите на МВР, по послужувањето на алкохолот, на малолетникот му се слошило и паднал во несвест. СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на ...

Министерот за здравство и сите надлежни институции мора да понесат политичка и кривична одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, бидејќи со своето непостапување го доведоа во ризик здравјето на граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Загадувањето на водата започнало уште на крајот на јуни. И никој не реагирал. Никој ништо не кажал. Ги оставиле луѓето во Гостивар да пијат загадена вода. Институциите со недели ...

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје, најави премиерот, Христијан Мицкоски. „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги ...

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули. Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром ...

До крајот на оваа недела премиерот Христијан Мицкоски очекува водата во Гостивар да биде дозволена за техничка употреба, а до крајот на следната недела да биде добра и за пиење. Одговарајќи на новинарски прашања денес при посетата на Кавадарци, премиерот рече дека е предвидено целосно чистење на системот за водоснабдување во Гостивар. „Ако биде се како што треба бидејќи се вклучија екипи и од скопскиот Водовод и експерти, јас очекувам до ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и др оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција покажа документи за кои вели дека докажуваат дека водата во болница во Лешок е загадена. Како што кажа Филипче, официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите не презеле ништо. Филипче нагласи дека извештајот на Центарот за јавно здравје, за ...

Здравствениот систем во државата е доведен до колапс, а власта предводена од Христијан Мицкоски не ја исполнува основната функција на државата, да го заштити здравјето на граѓаните, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај, станува збор за системски знаци на неефикасност и нефункционирање. Едноставно, здравствениот систем се распаѓа во држава под ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75