Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот. „Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат глечерите и сите површини каде водата е во тврда состојба, како и да присуствувам на ...

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, заедно со раководителката на Подрачното одделение на ЦУК – Тетово, Арлинда Муареми, од лице место ја следеше спасувачката акција за извлекување на повредено лице кое паднало во бездна во близина на Ливадичко Езеро, општина Теарце. „Информацијата за инцидентот првично беше добиена преку Секторот за итни повици – 112 и Секторот за операции и координација при ЦУК. По извршената проценка ...

Околу 300 припадници на Националната гарда на Калифорнија се распоредени на три различни локации во поширокото подрачје на Лос Анџелес поради протестите што траат веќе два дена, поврзани со спроведувањето на имиграциската политика. Висок претставник од Лос Анџелес за CBS изјави дека припадниците на Националната гарда се распоредени околу федералните згради во центарот на градот и во населбата Вествуд. „Денеска ќе има неколку протести во Лос ...

Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб денеска попладне беше затворен за сообраќај поради инцидент со приватен авион кој се излизгал од пистата, пишува Индекс. Инцидентот се случил околу 15:21 часот, при слетување на приватен авион од типот Cessna 525. Леталото проклизнало и завршило на тревната површина покрај пистата. Според информации од авиокомпанијата, авионот бил празен и во инцидентот нема повредени. Во моментот се преземаат мерки за ...

Франција го освои третото место во Лигата на нации со победата 2:0 над домаќинот на завршниот турнир, Германија. Французите, кои загубија од Шпанија со 5:4 во луд натпревар во полуфиналето, поведоа во судиското продолжение во првото полувреме. Откако топката беше уфрлена од десната страна, Килијан Мбапе совршено реагираше во шеснаесетникот и им донесе предност на актуелните вицешампиони на светот. Шест минути пред крајот, Мбапе се најде во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе престојува во работна посета на Астана. Посетата се реализира на покана на заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мурат Нуртлеу. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средби со министерот за надворешни работи Нуртлеу, со министерот за трговија и интеграција на Казахстан, Арман Шакалиев, како и со гувернерот на ...

Лучано Спалети повеќе не е селектор на Италија, беше објавено во недела. Фудбалскиот сојуз на Италија, му врачи отказ на селекторот по дебаклот во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Осло. Четирикратните светски шампиони беа поразени од Норвешка со 3:0, а сè беше решено веќе во првото полувреме. Италијанците не се квалификуваа за последните две Светски првенства, а уште еден неуспех да се пласираат на ...

Повеќе од десетици илјади луѓе се собраа денес во Мадрид на демонстрации организирани од главната конзервативна опозициска партија, против владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, обвинувајќи ја за корупција. Демонстрантите се собраа на Шпанскиот плоштад во центарот на главниот град, велејќи му на Санчез да „поднесе оставка“. Народната партија го свика собирот откако протечените аудио снимки наводно покажуваат дека член на ...

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал. Усвоен е нивиот систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27. Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани ...

Полицијата претпоставува дека мажот кој вчера со автомобил удрил во група луѓе во градот Пасау на југот на Германија, повредувајќи пет лица, вклучувајќи ја и сопругата и нивното петгодишно дете, најверојатно бил вмешан во правна битка за старателство над детето. „Во текот на кривичната истрага постојат индиции дека можната битка за старателство била причина за инцидентот“, соопшти полицијата. Парот и детето живееле во областа на Пасау. Мажот, ...

Најмалку четири лица се убиени, а повеќе од 60 се ранети, вклучувајќи и едно бебе, во еден од најсилните руски напади врз источниот украински град досега, а според украинските власти, руската армија извршила стотици напади врз населени места во Запорожјето во изминатите 24 часа. Според украинските сили, само до девет часот утрово биле неутрализирани 40 руски беспилотни летала во источниот, јужниот, северниот и централниот дел од земјата, ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека ќе го спречи бродот со хуманитарна помош што ги носи Грета Тунберг и други активисти да стигне до Појасот Газа и со тоа ќе ја прекине поморската блокада на палестинската територија, која наводно има за цел да го спречи Хамас да се здобие со оружје. Тунберг, активистка за климатски промени, е меѓу 12-те активисти, вклучувајќи го и актерот од „Игра на тронови“, Лиам Канигкем, кои се ...

Тропската бура Барбара се формираше покрај југозападниот брег на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани во Мајами рано утрово. Не се издадени предупредувања за крајбрежна опасност. Брзината на ветерот беше околу 75 километри на час со повремени силни налети. Се очекува бурата да прерасне во ураган во понеделник. Во делови од мексиканските држави Гереро, Мичоакан, Колима и Халиско можни се обилни врнежи од дожд од 5 до 10 сантиметри, а ...

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“. „Потенцираме дека станува збор за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството веќе повеќе од една деценија го користи за екстракција и анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, во ...

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на Големата награда на Арагон, осмата трка од годинашниот шампионат во Мото ГП. Осумкратниот светски шампион, на патеката „Моторленд“, ја постигна својата четврта победа оваа сезона, а го повтори и успехот од пред 10 години кога ги заврши сите тренинзи, квалификации и трката на првото место. Најблиску до Марк беше неговиот помлад брат Алекс, кој заостануваше над две секунди, додека на третото скалило ...

Тренерот на кошаркарскиот клуб Париз, Тијаго Сплитер, ќе го напушти клубот и ќе стане член на тренерскиот штаб на НБА франшизата, Портланд Трејл Блејзерс. Сплитер ќе стане помошник на главниот тренер на Трејл Блејзерс, Чонси Билапс, според бројни медиуми. Поранешниот бразилски репрезентативец со тоа се враќа во Соединетите Американски Држави, каде што имаше одлична кариера. Откако се истакна во Европа, неговиот дрес беше повлечен од употреба од ...

Манчестер сити го договори сите детали околу трансферот на дефанзивецот на Вулверхемптон, Рајан Аит Нури. Според информациите од Островот, „граѓаните“ се согласиле да платат повеќе од 40 милиони евра за обештетување на неговиот поранешен клуб. Договорот ќе биде потпишан на пет години. Се очекува наскоро да ги помине медицинските прегледи и сè да биде завршено до 20 часот во вторник, за да може Сити да го регистрира за Светското клупско ...

Собранието утре треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. Во биографијата пишува дека Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој моментно ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година. Алиу е дел од Алијансата за Албанците ...

Наводите на СДС дека е набавен софтвер за прислушкување во МВР се невистина и брутална лага, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Очекуваме СДС да се извинат. Софтверите се набавуваат за системот за форензика кој е набавен од СДС кога тие биле на власт. Многу добро знае СДС дека инсинуациите од денешниот прес им се целосна измислица, но жално е како мислат дека го лажат народот. Да ...

„Интересно е како денес, кога излеговме со информации и докази како 9 милиони евра од од набавката на јаглен за ЕСМ во време на СДС завршиле кај фирма на Заев блиска до Филипче, СДС прави фабрикувани списоци“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Наместо да одговорат како 9 милиони евра завршиле кај нивниот партиски лидер и поранеше лидер, тие се служат со лаги. Исто нема одговор, како ...

Портпаролката на Владата, Марија Митева, ги демантира обвинувањата на СДСМ дека МВР набавува сомнителен софтвер за прислушување. Според Митева, се’ што било изнесено на прес-конференцијата на СДСМ е ноторна лага. „Во целост ја демантирам прес-конференцијата на СДСМ и се што е изнесено на неа е ноторна лага. СДСМ е политичката партија која во време на власта го набави тој софтвер за форензика и точно знае дека софтверот не може да функционира ...

Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за внатрешни работи, ќе се стави на располагање на Министерството за здравство, за да се користи како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација, информира денеска на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева. Таа истакна дека одморалиштето Пониква располага со 27 соби и 56 легла, лоцирано е во ...

На почетокот на мај оваа година МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди, рече денеска на прес-конференција Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ. „Дали следењето и прислушкувањето новинари, активисти и политички неистомисленици се таргет на МВРО-ВМРО? Софтверот “Селебрајт Инсајтс Про” како и “НовиСпај” се алатки развиени за потребите на српската Безбедносно информативна ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Македонска Каменица”, Л.Л.(22) од Македонска Каменица-основач и управител на правното лице и Б.Г.(24) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“. На 16.05.2025, пријавениот Л.Л. како одговорно лице во правното лице ѝ ...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци, рече денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа истакна дека свиркачи до СДСМ доставиле интерен список за вработување на 50 лица во РЕК Осломеј и додаде дека „на списокот има членови на општински комитети, но и роднини на активисти на ВМРО-ДПМНЕ“. „Без јавен конкурс, без јасни ...

Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми директно на Заев, а кои имаат тесна врска со Венко Филипче, рече денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Имено фирмата која му го купила луксузниот џип на Филипче, Зобек мининг груп продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30-тина. Разликата во цена никогаш не влегла во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја забрани употребата на маски на протестите и ја пофали Националната гарда во Лос Анџелес по серијата насилни судири меѓу демонстранти и агенти на службата за имиграција и царинска контрола на САД за време на викендот. Американскиот претседател во објава на социјалната мрежа truth social им се заблагодари на припадниците на Националната гарда. „Одлична работа на Националната гарда во Лос Анџелес по два ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе испрати 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес по вториот ден на судири меѓу демонстранти и агенти на имиграциската служба за време на рации во локални бизниси за кои се сомнева дека вработуваат нелегални мигранти. Овој потег претставува голема ескалација на напорите на Трамп да ја запре нелегалната имиграција, пренесе „ЛА Тајмс“. Националната гарда ...

Украинскиот напад со беспилотни летала врз Москва доведе до затворање на два клучни аеродроми што го опслужуваат главниот град, соопштија руските власти рано наутро во неделата. Руските единици за воздушна одбрана уништија девет украински дронови што се движеа кон Москва до 4 часот наутро, објави градоначалникот Сергеј Собјанин. Тој додаде дека службите за итни случаи биле испратени на местото каде што паднале остатоците од дронот во ноќниот ...

Во руските напади извршени во текот на ноќта врз централна Украина загинаа пет лица, а причинета е значителна материјална штета, соопштија регионалните власти во неделата. Индустрискиот регион Дњепропетровск беше нападнат со дронови, артилерија и ракетни системи, при што беа уништени објекти и електрични далекуводи, пренесува „Киев Пост“. „Напаѓачите го гаѓаа Синелниковскиот округ со наведувана воздушна бомба. Еден маж загина“, изјави ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1020
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1021
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1024
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.25
63%
1020
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
55%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.14
50%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
38%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
53%
1018
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
0.89
54%
1023
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
6.69
56%
1016
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60