
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари, особено во регионот на Западна Македонија, со цел спречување на внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава. Засилена е контролата на движењето и транспортот на животни од видовите овци и кози по добиеното известување вчера вечер преку европскиот систем за пријава на болести (ADIS) на Светската организација за ...
СДС брутално и очигледно ја злоупотребува трагедијата во Кочани, со очајнички обиди да фрлат песок во очите на јавноста и со нивните лаги да ја засенат вистината, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „За разлика од претходната власт сега има сеопфатна, темелна истрага за трагедијата во Кочани во која беа опфатени поранешни и сегашни функционери, од кои некои се во притвор, а тоа е доказ дека ...
Синоќа во спортската сала на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ се одржа првата бесплатна, заедничка полуматурска прослава за сите ученици од деветто одделение во Општина Кисела Вода. Настанот беше дел од проектот „Мисија Полуматура“, по иницијатива и организација на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и општината, што претставува нов пристап во одбележувањето на еден од најзначајните моменти за секој деветоодделенец. На забавата настапуваа DJ Napster, ...
Зошто во ниту еден момент ниту обвинителот Коцевски, ниту министерот за внатрешни Тошковски, ниту премиерот Мицкоски не се осудија да го коментираат потеклото на пиротехниката која го предизвика пожарот во дискотеката Пулс кој зема 62 млади животи, а повредени беа 200 млади луѓе, праша Методија Илиевски, потпретседателот на СДСМ. „Зошто истрагата досега не доведе до сознание кој ја внел пиротехниката во клубот? Зошто МВР на Тошковски досега ...
Попладне верниците ќе раздаваат за душите на починатит, започнува Задушница. Со раздавање на лепче локум, денес посно тие ќе ги спомнат своите блиски. Преку оваа традиција, тие изразуваат почит и љубов, верувајќи дека молитвите и даровите што ги принесуваат на овој ден можат да помогнат на душите на починатите да најдат мир. Инаку, раздавањето на лепче локум е едно од важните обичаи што го практикуваат верниците. Тоа е симбол на духовното ...
Муслиманите денеска го празнуваат Курбан Бајрам, празник кога треба да дадат жртва и да помогнат на сиромашните. На таков начин сите достоинствено го чествуваат празникот. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. ...
Македонските конфекции се соочуваат со сериозни потешкотии, а една од главните причини за тоа е намалувањето на порачките од германските партнери. Денес, во текстилниот сектор, единствено се работат ситни налози од по стотина парчиња, нарачки што голем дел од фабриките во Бангладеш не ги прифаќаат, поради нивниот мал обем. Недостатокот на работна сила, како и високите трошоци на домашниот пазар, доведоа до пад на конкурентноста на македонскиот ...
Официјално почнаа уписите за новата учебна година во ДГ Вера Циривири Трена во Штип. Директорката Ивана Ангеличкова топло ги покани заинтересираните родители да поднесат барања за упис во текот на летните месец. Како што соопшти таа барањата треба да се поднесат до средината на август, а веднаш потоа ќе биде објавен списокот на примени дечиња. ,,Се надеваме веќе официјално можам и да кажам дека се отворени вратите за уписи за нови деца, за да ...
Намалени цени на пазарот во Штип, граѓаните се подготвуваат за Задушница. Најголема побарувачка имаше на пиперот, доматите и краставиците, кои се среќаваа речиси на секоја тезга. Со намалените цени, многу од граѓаните ги купуваа овие свежи продукти не само за традиционалните обреди на задушница, туку и за подготовките за летните денови што доаѓаат. И додека цените на зеленчукот овој петок ги привлекоа граѓаните да купуваат, сепак цените на ...
Земјени бардачиња, дури од радовишко Габреш денес се продаваа на штипскиот пазар. На ден пред задушница, г-ѓа Ратка Манасиева традиционално доаѓа во Штип и ги продава изработките, кои денес ретко се наоѓаат. Бардачињата, како симбол на народната традиција и обичаите поврзани со празниците, и оваа година привлекуваат внимание на штипскиот пазар. Ратка и нејзиното семејство, иако со години ја негуваат оваа традиција, секоја година се среќни да ...
Според вашиот хороскоп, месецот во кој сте родени може да влијае на вашиот карактер и еве ги посебните особини што ви ги носи. Во астрологијата постои толкување дека секој месец носи посебна особина што можеби не е забележлива на почетокот, но подоцна станува поизразена. Погледнете какви скриени особини ви носи месецот на раѓање. Јануари: елоквенција и независност Луѓето родени во јануари на почетокот може да изгледаат многу интровертни. Ова е ...
Кристијан Киву, до крајот на денот треба да потпише договор со Интер, тврдат италијанските медиуми. Романецот, вчера бил во хотел во центарот на Милано, каде што имал разговор со челниците на Интер и како што стојат работите, состанокот поминал добро. Киву треба да потпише двегодишен договор овој петок, по што официјално би бил претставен како нов тренер на Интер. Тој доаѓа на тренерската позиција во клубот на местото Симоне Инзаги, кој гзамина ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, наменет за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на трактори. Максималната поддршка по корисник изнесува 600.000 денари, поддршката се исплаќа на годишно ниво според реализацијата на деловниот план. Јавниот повик се однесува ...
Том Хенкс проговори за прв пат по објавувањето на мемоарите на неговата ќерка Е. А. Хенкс, „10-те: Мемоари за семејството и отворениот пат“, во кои таа тврди дека нејзината мајка, актерката Саманта Луис, емоционално и физички ја злоупотребувала. „Не сум изненаден што мојата ќерка имаше храброст и љубопитност да ја истражи оваа тема, за која беше неверојатно искрена“, рече Хенкс. „Сите доаѓаме од животи полни со пукнатини, сите ние. Таа секогаш ...
Фото/ ffm.mk Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва ќе ја пречека Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство, кое за 13 месеци ќе се одржува во САД, Канада и Мексико. Македонија ќе го одигра третиот натпревар во Ј групата, додека Белгија во Скопје ги отвора квалификациите за пласман на Мундијалот. Белгија не играше во март, бидејќи имаше обврски во Лигата на нации, а Македонија одигра два натпревари, победи кај ...
Дефанзивецот на Арсенал, Габриел, потпиша нов четиригодишен договор со клубот, објави „Скај Спортс“. Претходниот договор на Бразилецот имаше важност до јуни 2027 година. Габриел (27) му се приклучи на Арсенал од Лил во 2020 година. Тој има 210 настапи во сите натпреварувања, на кои постигнал 20 гола. „Дојдов како млад играч и по речиси пет години сум среќен што научив многу. Горд сум на себе, ова беше неверојатно патување и среќен сум што го ...
Официјално се конституира Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Скопје. Од Движењето велат дека овој чекор не е само формалност туку е почеток на една сериозна, силна и решителна политичка борба. „Ова е гласна порака, од срцето на државата, од главниот град Скопје, дека промената што ја бараат луѓето насекаде низ Македонија, веќе добива своја форма, своја структура и своја сила. За претседател едногласно е избран ...
Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, чаршијата е препуштена на стихијата и тука секој прави она што сака, без никаква регулатива, алармираат од Граѓанската иницијатива Охрид СОС. „Ако некогаш важеше за специфичен дел на градот, исполнет со занаетчиски дуќани и стари градби, ...
Дуото Ај Кју кое не претставуваше на Евровизија во 2018 година има нова песна на англиски насловена „Till The beat comes down“. Бојан и Марија кои веќе неколку години живеат и работат во Лондон се активни на полето на музиката и денес ја промовираат нивната нова песна која е дел од нивниот следен албум кој е во изработка. На оваа песна соработуваа со продуценти од Лондон Шведска Австралија и Италија. Звукот е модерен и претпознатлив за нивните ...
Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, се одржа единаесеттото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“. Организатор на фестивалот е КУД „Гоце Марковски“ од Долно Лисиче, под покровителство на Општина Илинден. Фестивалот започна со свечено дефиле, на кое сите учесници, придружувани од звуците на зурли и тапани, тргнаа од основното училиште „Гоце Делчев“ и се упатија по главната улица во Илинден, преку ...
Денеска (06.06.2025) во 03.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Т.(28) од с.Спанчево, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од ...
Орбан нагласи за унгарскиот јавен сервис дека владата со двотретинско мнозинство, која беше избрана во 2022 година, е клучна за зачувување на независноста на Унгарија во односите со Европската Унија. „Европските бирократи вршат голем притисок врз земјите-членки да овозможат почеток на преговорите за пристапување со Украина, со поддршка на повеќе од 30.000 бирократи. Унгарија, сепак, стои цврсто затоа што народот создаде стабилна влада“, рече ...
Од СДСМ велат дека нема да му се извинат на министерот за култура, Зоран Љутков, затоа што, како што велат од партијата, сѐ што објавиле за него е вистина, а имаат и документи кои го потврдуваат тоа. „СДСМ не може позитивно да одговори на барањето за извинување на министерот за култура и туризам Зоран Љутков затоа што ја објавивме вистината. Зарем очекува Љутков да му се извинуваме за тоа што СДСМ, а не тој, зборувавме за не исплатените плати ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на свеченото отварање на 30-ти Јубилејни спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ, кое се одржа во Охрид. Во своето обраќање, Минчев истакна дека овие игри не се само спортска манифестација, туку и симбол на заедништвото, солидарноста и силата што доаѓа од заедничката борба на јавниот сектор и синдикатите. „Денес не отвораме само спортски игри. Денес отвораме едно поглавје на ...
Некои хороскопски знаци толку многу уживаат во својата работа што забораваат на времето, додека други гледаат на часовникот на секои пет минути. Без разлика дали сонуваат за кревет, кафе со пријатели или тивко време без е-пошта, овие знаци често ги бројат минутите до крајот на работниот ден. Близнаци Близнаците брзо се заморуваат од рутината и сакаат промени, па затоа работното време може да биде вистинска мака за нив – особено ако станува збор ...
Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски работи кои остануваат непроменети. Тоа е голем историски чекор, нашата позиција станува афирмирана и призната и тоа е нешто за поздравување иако имаме голем и долг пат пред себе, вели вицепремиерот Александар Николоски во однос на Предлог-извештајот за Македонија кој треба да биде усвоен во Европскиот Парламент. „Од ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, назначи 22-годишник за раководител на главниот центар за спречување на тероризам на Министерството за внатрешна безбедност. Тој претходно работел како градинар и продавач во маркет. Кариерата на Томас Фугејт тргна во миг. Само една година по дипломирањето, 22-годишникот без видливо искуство во националната безбедност сега е службеник во Министерството за внатрешна безбедност на САД, задолжен за главната ...
На Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе учествуваат 48 репрезентации. На 13 месеци пред почетокот на Мундијалот познати се десет учесници. Директен пласман на СП изборија домаќините САД, Канада и Мексико, а визи за светската смотра обезбедија веќе седум селекции. Актуелниот шампион Аргентина, гази во квалификациите во Јужна Америка. „Гаучосите“ пред две рунди обезбеденија место на СП. Синоќа во 15.коло победија во Чиле со 1:0, со ...
Младиот англиски репрезентативец Лиам Делап потпиша договор со Челзи. На „Стенфорд Бриџ“ пристигна за 30 милиони фунти, откако неговиот Ипсвич испадна од Премиер лигата. Делап ќе го носи бројот девет на грбот, број за кој навивачите на Челси сметаат дека е „проколнат“. Неколку славни имиња пред Делап ја носеа деветката во Челси, но не се прославија. Порад тоа навивачите семетаат дека овој број е „проколнат“. Ова суеверие не го обесхрабри ...
Русија изврши интензивен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев, во текот на ноќта, при што загинаа четири лица, соопштија украинските власти, додека моќни експлозии одекнуваа низ целиот град. Нападот следеше по предупредувањето од рускиот претседател Владимир Путин, пренесено од американскиот лидер Доналд Трамп, дека Кремљ ќе возврати за нападот во кој украинските беспилотни летала уништија неколку стратешки бомбардери во ...