Овче Поле ја освои Пирава откако во рамки на 16. коло на Трета лига – Исток славеше со 3:6 над залетаниот Ударник и со овој триумф тимот од Свети Николе се зацврстува на првата позиција и ќе чека на „кикс“ на Победа Валандово за да може да го обезбеди баражот за Втора лига. Натпреварот во Пирава понуди девет погодоци, пресврти и атрактивни погодоци со многу шанси, но во финишот Ударник се „распадна“ откако најдобриот стрелец во лигата Тоше ...

Последното осмо коло од плеј-офот на Првата кошаркарска лига ги реши сите дилеми – Струмица ќе го напаѓа влезот во Супер лигата од првата позиција, бидејќи има подобар меѓусебен дуел со Соколи, штипјани ќе стартуваат од втората позиција, а во доигрувањето за влез во елитата влегуваат Борец Баскет и Бутел. Ваквиот расплет ги формираше полуфиналните двојки. Струмица ќе игра против против четвртопласираниот Борец Баскет, а пак Соколи против ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ. Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, ...

Аларманта е состојбата во земјоделието, земјоделците се оставени сами, на раб на егзистенција. Сточарите се соочуваат со ниски откупни цени на млекото, неисплатени или половично исплатени субвенции, додека трошоците постојано растат, велат од СДСМ. „Владата на Мицкоски скрати 40 милиони евра од субвенциите со што директно удри врз земјоделците. Истовремено, драстично ги намалија субвенциите: за тутунот од 100 на 80 денари по килограм, за ...

Изградбата на милионска бетонска џунгла на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака во Тетово, од која, најверојатно, СДС и ДУИ требаше да лапнат дел од колачот, ја спречи отпорот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија. „На прорускиот бизнисмен Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД, на местото на поранешниот гигант „ШИК Јелак“ во Тетово, Заев и Ахмети му договорија да гради две илјади станбени единици, деловни простории и ...

„Катастрофалните економски политики на Владата на Христијан Мицкоски оставаат илјадници македонски семејства без работа, без егзистенција, на улица. Додека брутално се пумпаат пари преку криминални тендери, над 1.500 работници во изминатиот период останаа без работа. Тоа се 1.500 човечки судбини, празни трпези и неизвесна иднина за илјадници граѓани“, велат од СДСМ. „Минатата недела „Артекс“ од Кочани престана со работа – 100 текстилни ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата Кадино Село, општина Илинден; · во периодот од 08:30 до 13:30 часот, дел од потрошувачи на улицата Призренска, Кучевишка Бара, општина Чучер Сандево и општина Бутел; · во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците на улицата Џумајска, општина ...

Со неколку ефикасни натпревари беше одиграно 16. коло во Третата лига – Запад, во кое водечките екипи продолжија со борбата за врвот. Влазрими Ј 1977 славеше убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Напредок 1928 и останува во чекор со лидерот. Во дербито на колото, Камењане ремизираше 3:3 на гостувањето кај Џепчиште 1996, но и покрај тоа ја задржа првата позиција на табелата со 37 бодови. Речица со 5:2 ја совлада Дрита 94, додека Вардар ...

На 04.04.2026 околу 15:00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Каменичка“ со ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(66) од Скопје, удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.Н.(66) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Д.Н.(68) ...

Со неколку натпревари денеска беше одиграно 12. коло во Третата лига – Југозапад, во кое водечките екипи забележаа значајни победи. Лидерот Влазними славеше со 2:1 против Света Троица 2021 и ја задржа првата позиција на табелата со 25 бодови. Славеј беше убедлив на домашен терен и со 5:2 го совлада Демир Хисар, останувајќи во тесна трка за врвот, додека Могила 2023 минимално го победи Караорман со 1:0 и се израмни по бодови со дел од ...

Со неколку ефикасни натпревари беше комплетирано 18. коло во Третата лига – Север, во кое лидерот Еуромилк ГЛ уште еднаш ја потврди доминацијата. Еуромилк забележа убедлива победа од 7:0 против Башкими Љ. и продолжува со одличната сезона, во која има 17 победи и само едно реми. Со новите три бода, тимот се зацврсти на врвот на табелата и е главен фаворит за првото место. Второпласираниот БВК Коњаре дојде до бодови без игра, откако Лопате 97 ...

Фудбалерите на Вардар Неготино ја запишаа петтата победа во сезоната, откако денеска славеа на гостувањето кај Големо Коњари со минимални 1:0, во последниот натпревар од 23. коло во Втората лига. Натпреварот беше израмнет во најголемиот дел, а одлуката падна во второто полувреме. Клучниот момент се случи во 59. минута, кога гостите го постигнаа единствениот погодок на средбата и ги освоија трите бода. Со оваа победа, Вардар Неготино стигна ...

Македонската таеквондо надеж, штипјанката Душица Бреслиева имаше одличен настап на силниот меѓународен турнир Skopje Ramus Open G1, E1, каде што во конкуренција на најдобрите јуниорки до 55 килограми го освои сребрениот медал. Бреслиева, која настапува за Таеквондо клуб Штип под водство на Сашко Арсовски и Жарко Арсовски, прикажа доминантни борби на патот до финалето, остварувајќи значајни победи над репрезентативки на Бугарија и Грција, со ...

Со пет натпревари денеска беше одиграно 19. коло во Третата лига – Југ, кое донесе ефикасен фудбал и дури 23 постигнати голови. Лидерот Борец 1919 продолжува со доминацијата и на домашен терен го совлада Ултрас со убедливи 8:0, потврдувајќи дека е главен фаворит за титулата. Тимот од Велес сигурно чекори кон првото место со само еден пораз оваа сезона и импресивна гол-разлика. Вториот на табелата, Превалец, славеше на гостувањето кај Росоман ...

Работнички оствари голема победа на гости против Струга Трум Лум, славејќи со 1-2. Тоа е шести триумф во последните седум меча за тимот на Муарем Муарем, кој сега веќе има изгледни шанси за опстанок во елитата. Домаќинот нападна од самиот почеток, се заканија Малески, Хамза, но голманот Фабрис Ондоа и одбраната на Работнички го издржа првичниот налет. Потоа, во првиот посериозен напад на Работнички, гостите дојдоа во водство. Топката дојде на ...

Со емотивна и жестока порака до јавноста, ЖФК Љуботен објави дека става крај на една од најуспешните ери во македонскиот женски фудбал, најавувајќи повлекување по последниот одигран натпревар. Од клубот посочуваат дека одлуката доаѓа по, како што велат, „неспортски случувања на терените“ и одлуки, кои според нив директно влијаеле врз иднината на клубот. „Изгуби Тетово, изгуби репрезентацијата, изгуби фудбалот. Згаснува бренд препознатлив во ...

Со четири натпревари денеска беше комплетирано 16. коло во Третата лига – Исток, кое донесе ефикасен фудбал и дури 19 погодоци, а лидерот Овче Поле повторно испрати силна порака до конкурентите. Најголемо внимание привлече дуелот во кој Овче Поле славеше на гостувањето во Пирава кај Ударник со 6:3, во натпревар исполнет со голови и возбудувања. Лидерот беше офанзивно расположен и без многу проблеми стигна до нови три бода, со што ја зацврсти ...

Каратистот Љупче Михајлов од карате клуб Штип оствари голем успех, освојувајќи ја титулата државен сениорски првак и обезбедувајќи настап на Европското сениорско првенство. Михајлов до златниот медал стигна по три исклучително тешки и неизвесни борби, во кои покажа врвна форма, борбеност и шампионски карактер. Со овој триумф, тој не само што ја потврди својата класа, туку и ја продолжи богатата карате традиција на Штип на национално ниво. ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека сите институти кои генерираат квалитет во високото образование треба да бидат спокојни, но нагласи дека државата повеќе нема да ги толерира оние што го „осакатуваат“ образовниот систем. Вчера министерката за образование и наука, Весна Јаневска, обелодени пример за приватен институт кој бил регистриран во задна просторија на обложувалница. При увидот на терен, комисијата на МОН затекнала само два ...

И покрај економските предизвици и мерките за ублажување на кризата, Владата засега не планира зголемување на буџетскиот дефицит. Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека приходите во првиот квартал се во рамките на планираното, а фискалната политика останува насочена кон консолидација. Тој појасни дека буџетскиот дефицит во моментов е проектиран на 3,5 проценти од бруто-домашниот производ (БДП), што е ...

Владата разгледува неколку нови мерки за ублажување на последиците од кризата, кои ќе бидат прецизно димензионирани согласно глобалните случувања. Како дел од следната фаза, се анализира воведување на микро-таргетирани мерки. Меѓу опциите е и замрзнување на трговските маржи, при што одмрзнувањето би се вршело постепено за да се избегнат ценовни шокови. Кои од овие мерки ќе бидат активирани, ќе зависи исклучиво од развојот на глобалните ...

На 05.04.2026 во 02:35 часот во Полициската станица Кочани полициски службеници лишија од слобода 15-годишен малолетник по претходна пријава дека на 04.04.2026 во Кочани извршил полово дејствие врз друг малолетник. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјална работа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок. На 05.04.2026 во ...

Мерките на Мицкоски се задоцнети, недоволни и нема да имаат апсолутно никаков ефект, поради тоа што спиралата на покачување на цените, веќе започна, оцени претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Кога ние предупредувавме, дека треба да се воведат навремено, како што тоа го направија многу земји во регионот, власта беше без слух, едноставно не нѐ послуша и затоа е оваа ситуација. Кризата ќе станува се потешка, граѓаните се повеќе ќе ја ...

На 04.04.2026 во 21:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ѓ.Б.(35) од Штип, по претходна пријава дека околу 14:30 часот во двор од семејна куќа физички го нападнал неговиот 64-годишен татко и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 04.04.2026 во 21:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ѓ.Б.(35) од Штип, по ...

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека состојбата со снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјава е стабилна и дека нема потреба од ограничувања. Според Мицкоски, граѓаните и бизнисите не треба да стравуваат, бидејќи се обезбедени доволни количини на гориво. Воедно, тој посочи дека потрошувачката минатата недела достигнала рекордни два милиона литри дневно, од кои околу 75 проценти се дизел, а 25 проценти безоловен бензин. ...

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за намалување на акцизите на горивата, со цел да се амортизира наглиот скок на цените на светските берзи предизвикан од војната на Блискиот Исток. Според новата одлука, акцизата за дизелот се намалува за 4 денари по литар, додека за безоловните бензини од 95 и 98 октани намалувањето изнесува 2 денари по литар. Дополнително, Владата одлучи да ја продолжи примената на повластената стапка на ...

Првата делница од проектот „Градски воз“, на релација од Зелениково до Транспортен центар Скопје, долга 25 километри, ќе биде завршена до јуни годинава. Во текот на летото ќе следуваат тестирања, а линијата се очекува да биде пуштена во употреба од 1 септември. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека реализацијата на првата делница е во согласност со планираната динамика и во моментов се завршени околу 65 ...

Дерби пресметката во Втората македонска фудбалска лига меѓу ФК Скопје и ФК Брегалница Штип мина во знакот на гостите, кои со минимални 0:1 се радуваа на важна победа. Натпреварот на стадионот во Скопје беше проследен и од политички претставници, меѓу кои градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со штипскиот градоначалник Иван Јорданов и пратеникот Бојан Стојановски. Тие од трибините со спортски дух го следеа дербито, ...

На 03.04.2026 во 16:50 часот во Свeти Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Б.И.(36) од Свети Николе, по претходна пријава дека околу 14:20 часот додека управувал мотоцикл со светиниколски регистарски ознаки со голема брзина го удрил својот сосед Г.И.(56) од Свети Николе. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 03.04.2026 во 16:50 часот во Свeти Николе полициски службеници од ОВР ...

На 04.04.2026 во 10:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.С. (36) од Свети Николе. При преземени мерки, по претходна судска наредба, полициските службеници извршија претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што кај него се пронајдени и одземени марихуана, ножеви, запалки, пластични пиштоли и пластични пушки, таблет, мобилни телефони и ресивери. По целосно документирање на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
29%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
36%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
64%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
31%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.23
43%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
89%
1010
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.66
37%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
38%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
42%
1008
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
42%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Платина

64172.89

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84

Цинк

3.35

Бакар

12.06

Родиум

319899.93

Калај

50.03