За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан ...

Како што информираше прволигашот Брегалница, имплементацијата на ВАР-системот на Градскиот стадион во Штип е во завршна фаза. Динамиката на инсталација на целиот комплексен систем се одвива во нормален тек, време и услови. Управата на клубот поднесе барање до Фудбалската Федерација на Македонија, мечот од второто коло во ПМФЛ против екипата на Арсими да се одигра во вечерен термин под рефлектори. Од штипскиот клуб посочуваат дека се надеваме ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неспособноста, корупцијата и лагите се на директна штета на граѓаните за што директно го обвини Мицкоски. „Сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои владеете. Не помага ниту „силниот“ ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ...

Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера биле прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, информираат од Министерството за здравство. „Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија“. Во Здравствени дом ...

Македонската женска одбојкарска репрезентација гo дозна распоредот во групната фаза на Медитеранските игри 2026, кој ќе се играат во Таранто, Италија. Македонската репрезентација е во групата Б заедно со Турција, Грција, Алжир и Косово, а пак во групата А ќе бидат Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија. Нашите одбојкарки во рамки на првиот меч ќе се соочат со Грција, меч закажан за 20 август од 17:30 часот. Ден подоцна, во ...

Мартин Серафимов е ново засилување на Еурофарм Пелистер, а тој откри дека една од неговите желби била во кариерата да дојде во Битола и да заигра за Еурофарм Пелистер, притоа надополни дека Лино Червар го гледал како Бог и како татко на ракометот. „Нема да лажам, Еурофарм Пелистер и Битола беше една од моите желби да играм во мојата кариера. Во Битола досега доаѓав како противник и атмосферата овде е одлична, одвај чекам да влезам на теренот ...

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Џанел. „Во фокусот на средбата беше неопходноста земјата што поскоро да го пронајде патот за продолжување на процесот на интеграција во Европската Унија. Ахмети истакна дека секое натамошно одложување на евроинтегративниот процес ја оддалечува земјата од европската перспектива, ги ослабува институциите и ...

Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Активностите, како што најави продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје. „Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и доктори од Клиничката болница Штип, заедно со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новиот болнички комплекс. Според најавеното, планираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави ...

Официјално започнаа подготовките за реализација на инвестиција од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – најголемиот и најзначаен проект во историјата на оваа здравствена установа, најавија од „Вреди“ Оваа инвестиција, како што велат, е уште еден доказ дека „Вреди“, како партнер во Владата, спроведува политики на конкретни резултати, а не празни ветувања. Според нив, овој повеќемилионски проект не е само рекордна бројка, туку ...

Ланскиот прволигаш Пелистер ќе важи за еден од фаворитите во Втората лига за влез во елитата, а тимот за таа цел крои квалитетен ростер со кој би бил конкурентен. Последното засилување како што веќе објави М Нет телевизија е Благојче Спиркоски кој доаѓа од редовите на Охрид. Прилепчанецот не го криеше задоволството бидејќи по пет години се враќа одново во Пелистер, притоа истакна дека со заедничка работа и поддршка од верната публика ќе дадат ...

Прволигашот Брегалница доби екстра засилување откако клубот од Штип го потврди трансферот на Иван Глигоров, кој се враќа во дресот на „сините“, со што повратникот во елитата добива квалитетен фудбалер кој е докажан голгетер, а кој минатата сезона беше најдобар стрелец на Охрид во Втората македонска фудбалска лига. Глигоров доаѓа од редовите на прволигашот Арсими, за кој тим одигра еден меч против Тиквеш во Кавадарци, а потоа реши да се врати ...

На јубилејната 10-та по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2026), која од 24-ти до 30-ти јули се одржува во Каунас, Литванија, младите македонски информатичари повторно остварија значаен меѓународен успех. Во силна конкуренција на најталентираните ученици од Европа и пошироко, нашиот Зоран Илијоски од Кичево освои бронзен медал, а професорот Миле Јованов беше избран за претставник во управувачкиот комитет на олимпијадата. ...

Само неколку дена откако Основниот суд во Струга му го врати пасошот, Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, ја напушти Македонија. Лицето за кое претходно постоеја мерки за обезбедување на неговото присуство во кривичната постапка, преку ноќ престана да претставува опасност од бегство. Денес, наместо пред судските органи, Марковски е недостапен за државата која самата му ја овозможи можноста да замине, велат од ...

Ребалансот на Буџетот за 2026 година е доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и ги насочува средствата таму каде што носат најголем ефект. Наместо кратење на развојот како во времето на СДС и ДУИ, сега се инвестира во иднината, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува, како што велат, срамната и скандалозна одлука на Владата за именување на поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, за нов специјален пратеник во Европската Унија. Според партијата, ова назначување претставува директен шамар, отворено потценување и вистинско плукање во лице на сите чесни граѓани кои секојдневно се борат за преживување. „Владата уште еднаш докажа дека нема ...

По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење, обвини СДСМ. „Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место. Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар. Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата. Секој си ја тера својата приказна. Собирање политички поени наместо заштита на здравјето на луѓето. Срам. На ВМРО и на ...

Започна хуманитарна кампања за собирање средства за лекување на 24-годишната Теодора Ампова од Македонија, која веќе неколку месеци води тешка битка со метастатски карцином на ректум, болест која се проширила и на белите дробови. По поставувањето на дијагнозата, Теодора ги поминала сите препорачани третмани во Македонија, вклучувајќи системска хемотерапија, палијативна радиотерапија и втор циклус на хемотерапија. Сепак, и покрај големата ...

Поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи денеска во објава на Фејсбук соопшти дека Владата на вчерашната седница го назначила за специјален пратеник за Европската Унија, со седиште во Брисел. Фетаи во напишаното им заблагодарува на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски за укажаната доверба, посочувајќи дека доделувањето на ваквата функцијата му претставува голема чест, но уште поголема одговорност. „По долгата кариера во ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на успешната соработка и реализација на проекти со поддршка на Европската Унија, кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Во фокусот на разговорите беа тековните и идните активности во областите што ги ...

Фекални бактерии во чешмите на Рич и Белотино. По седум градови. По белата пена во Лепенец и Вардар. Сега и овие села. Изгледа дека во Македонија веќе нема место со чиста вода, реагираат од СДСМ. „Затоа Мицкоски и Клековски немаат потпишан документ ни за Гостивар. Затоа кријат кој ставил печат и кој гарантира. Кога водата е загадена насекаде од Гостивар до Струмица – повеќе никој нема право да бара доверба без документи, без потпис и без ...

Криминалниот ум криминално размислува. Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината, напиша поранешниот министер за култура Зоран Љутков на социјалните мрежи откако пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска кажа дека партијата ќе бара повлекување на законот за Скопје 2028. „Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден ...

Утре, ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на топол бран следува период на ...

ДПМНЕ, партијата што со најголема жестина ја претставуваше Мери Дика Георгиевска како симбол на компромитираното правосудство, денес со сопствени раце ја изгласа за чувар на Уставот. Со изборот на Мери Дика Георгиевска за уставна судијка, ДПМНЕ јавно ги погреба сопствените зборови, прес-конференции и сопствените обвинувања. Потешко политичко самопоништување одамна не е видено, велат од Левица. „Истата личност која и според реториката на ДПМНЕ ...

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа. Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра. „Кичево со децении се соочува со ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Главен фокус на средбата била динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го презентираше Годишниот извештај „Индикатори за степенот на слободата на медиумите и Индекс на безбедноста на новинарите 2025“, кој нуди сеопфатен преглед на медиумските слободи, професионалната независност и безбедноста на новинарите и медиумските работници во Северна Македонија. Извештајот покажува дека во 2025 година се забележани одредени позитивни поместувања, меѓу кои воспоставувањето ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува одлуката за тргање од дневен ред на спорниот Предлог-закон за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Според партијата, ова е директна победа на силниот притисок од антикоруптивната јавност, ДКСК, граѓанските организации, како и пратеничката и лидерка на ЛДП Моника Зајкова, кои, како што велат, не дозволија по скратена постапка да се протурка закон чија единствена цел ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ја посети касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде што беше промовирана целосната реконструкција на објектот 35, инвестиција вредна 33,7 милиони денари. Тој истакна дека Владата продолжува со интензивни вложувања во модернизацијата на армиската инфраструктура, при што само во касарната во Штип ќе бидат инвестирани повеќе од 100 милиони денари. „Имаме уште една можност да промовираме нов проект. ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски и директорот на ЈП Хидросистем „Злетовица“, Златко Стојановски, денес во Пробиштип потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции, со кој се отвора патот за практично спроведување на грантот од 2 милиони американски долари, обезбеден од Светската банка. Грантот е наменет за подготовка на фазата 2 – наводнување и фазата 3 – производство на електрична енергија, како ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42