Кочанските коњаници утре тргнуваат кон Крушево, а годинава ќе бидат испратени и со сеќавање на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“. Од Здружението на граѓани „16 Март – Кочани“ велат дека преку заедничкото одбележување, ќе се чува споменот на нивните сограѓани и другари кои беа жртви во трагедијата, но и ќе им се оддаде почит на илинденските херои. Во Градскиот парк ќе бидат испратени кочанските коњаници, а настанот ќе биде проследен со ...

Евтин за првпат ова лето беше денешниот пазарен ден за купувачите во Штип. Најбарани беа доматите, пиперките и лубениците, а на тезгите почна продажбата и на првите илинденски класја, кои традиционално се купуваат во пресрет на празнико. Граѓаните велат дека цените се прифатливи за нивниот џеб и дека маката на земјоделците е голема, па затоа не им е жал да платат поскапо, кога производот е домашен и квалитетен. Иако останаа со половина род по ...

Се асфалтира крак од улицата „Христијан Карпош“ во населбата Леваци во Штип. Претходно на овој потег се работеше на подземната инфраструктура – водовод и канализација, изградени беа и нови тротоари, а денес се нанесува асфалтна маса. Како што истакна штипскиот градоначалник Иван Јорданов, до крајот на летото се очекува да заврши асфалтирањето и реконструкцијата на целиот потег низ месноста Бело Брдо. Во наредните неколку дена ќе започне ...

Од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини соопштуваат дека по значајниот исчекор што министерството го има направено со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, одржа работна средба со претставници на винарии членки на здружението „Вина од Македонија“, како и со претставници на други поголеми винарии. На средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици во секторот, како и за потребата од координиран пристап меѓу институциите и винарската индустрија. Серафимовски ја истакна подготвеноста на Министерството за ...

Повраќање, треска, грчеви, лигавење од уста и неконтролирано движење се главните симптоми по кои може да се препознае отруено куче. По серијата труења на домашни миленици во истокот само оваа година, штипските ветеринари, излегоа со апел до сопствениците. Како што рече доктор Методи Бреслиев, штом сопственикот забележи некои од промените кај своето милениче, мора веднаш да го однесе во ветеринанра станица, оти ланатата покрај тоа што е ...

Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денес е во работна посета на Општина Зрновци каде почна реализацијата на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност и подобрување на просторните услови во образовниот процес преку доградба и реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ , кој се реализира со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското ...

Министерот за правда Јетон Шасивари имаше работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. Министерот ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во понеделник, 27 јули, на граничните премини меѓу Македонија и Грција ќе има привремен застој поради најавен штрајк на грчките царински службеници. Според информациите добиени од надлежните грчки институции, штрајкот ќе ги опфати граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот ...

Министерството за внатрешни работи ги извести граѓаните дека во понеделник, 27 јули, во утринските часови ќе се одржи штрајк на царинските службеници на неколку гранични премини во Грција, поради што ќе има ограничувања во сообраќајот. Според информациите што МВР ги добило од надлежните органи на Република Грција, штрајкот ќе се одвива на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека шири лаги и манипулации за состојбата со водоснабдувањето во Велес, тврдејќи дека партијата објавила стар извештај кој не се однесува на градскиот водовод. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека извештајот што го објавила опозициската партија е од февруари 2025 година и се однесува на село Сливник во Општина Велес, кое не е поврзано со градскиот водовод. Од владејачката партија оценуваат дека со ваквите, како што велат, ...

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието одржа прес-конференција на која најави изготвување на нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата на Република Македонија, во координација со другите надлежни институции. „Денес ја свикуваме оваа прес-конференција да ...

Општина Бутел достави 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Локалната самоуправа презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди вода за пиење, поради актуелната состојба со водоснабдувањето. Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до сите членови на Советот на општината, кои ја поддржаа оваа донација. Воедно, градоначалникот изрази посебна благодарност до општествено одговорните компании ...

Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година. Секое прваче ќе добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, со цел децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование. -Првиот училишен ден ...

Брегалница утре ја отвара новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со мечот против шампионот Вардар во Скопје, а „сините“ ќе ги предводи Никола Кузманов. Искусниот штипски стратег го презеде кормилото на прволигашот од градот под Исарот, а со тоа тој е повратник на оваа позиција, бидејќи 60-годишниот стратег и во минатото ја водеше Брегалница, а ланската сезона беше помошник во стручниот штаб. Во својата кариера го предводеше ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со што го задржа статусот на заштитено светско културно и природно наследство. Со одлуката, на државата ѝ е даден дополнителен рок од вкупно пет години за спроведување на препораките за заштита на природното и културното наследство. Македонската делегација, предводена од амбасадорот Игор Николов, ја потврди ...

Штипскиот прволигаш Брегалница ја продолжи соработката со четири млади фудбалери кои и во следната сезона ќе го носат дресот на „сините“, а која сезона се отвара токму денес. Лука Бојаџиев, Даријан Тасев, Лука Георгиев и Дино Михолов ќе бидат дел од Брегалница и во сезона 2026/2027. Бојаџиев и Тасев се млади фудбалери кои потекнуваат од Брегалница, од клубот посочуваат дека веруваат оти пред нив се големи предизвици и добиваат уште поголеми ...

Брегалница која е повратник во Првата македонска фудбалска лига утре ќе ја отвори новата сезона против шампионот Вардар во Скопје. По три сезони штипјани одново ќе бидат дел од елитното друштво. На стартот од новата сезона Брегалница ќе гостува кај шампионот Вардар, кој во средата го одигра првиот меч од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА против Рига во Скопје и загуби со 2:3. Колку тоа ќе се одрази на свежина на ...

Фудбалот во Малта се развива со брзи чекори, нуди одлични инфраструктурни услови, терени со високо квалитетна вештачка трева, рефлектори и уредени трибини за навивачи и љубителите на фудбалот. Штипскиот стратег Емил Грнев, кој е шеф на стручниот штаб на ФК Санта Луција, гостуваше во спортски магазин Трибина на М Нет телевизија, каде една од темите беше и условите односно инфраструктурата која ја нуди Малта за фудбалските клубови. Федерацијата ...

Второлигашот Пелистер кој сака да направи експресен кам-бек во елитата го договори голгетерот Костадин Капсаров, кој во новата сезона ќе го носи зелено-белиот дрес. Капсаров имаше одлична сезона во Брегалница и беше клучен играч што „сините“ ги врати во прволигашкото друштво, сезона во која постигна 14 погодоци и со тоа беше прво име на листата на стрелци кај сега веќе новиот прволигаш од Штип. Во неговата кариера настапуваше за АП Брера ...

Второлигашите продолжуваат со активности на трансфер пазарот со цел максимално засилени и со квалитетен ростер да влезат во новата сезона која започнува на 15 август. Повратникот Еуромилк ГЛ се засили со Стојан Попоски, кој доаѓа од редовите на Охрид, а 25-годишниот десен бек низ кариерата настапуваше и за Брегалница, Скопје, Борец, Кадино и Њу Старс. Во Првата македонска фудбалска лига има забележано шест настапи со 450 минути на фудбалските ...

СДСМ побара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места, како и проверка на квалитетот на водата во сите градови и општини во државата. „Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување“, велат од партијата. СДСМ бара и на дневен ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека ја злоупотребува состојбата со водоснабдувањето во Гостивар за политички цели и дека шири паника и дезинформации меѓу граѓаните. Во партиското соопштение се наведува дека СДСМ, предводена од Венко Филипче, наместо да понуди решенија, ја користи актуелната состојба за политички маркетинг и создавање вознемиреност кај јавноста. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владините институции реагирале навремено и дека проблемот со ...

Македонскиот вицешампион Шкендија загуби во Словенија од екипата на Браво со резултат од 2:1 на првото соочување од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Тетовскиот клуб загуби преку пресврт, откако Ендрит Красниќи беше сигурен од белата точка за отварање на резултатот во 10. минута. Шкендија подобро влезе во мечот и делуваше сигурно во нападот, но без реализација за поголема резултатска предност. Домашниот тим брзо се ...

Дваесет и четиригодишен жител на виничко е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци – Зрновци, во која едно лице се здобило со тешки, а две лица со полесни телесни повреди. Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 23 јули околу 03:30 часот, кога Д.Н. (24) од селото Градец, виничко, управувајќи патничко возило ...

СДСМ побара оставки oценувајќи дека случајот со загадената вода во Гостивар не е изолиран инцидент, туку доказ за, како што наведува партијата, системски пропусти во заштитата на јавното здравје. Во соопштението СДСМ тврди дека, покрај Гостивар, небезбедна за пиење е и водата во Валандово и Крушево, како и дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок биле пронајдени колиформни бактерии. Партијата поставува прашања дали биле преземени ...

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, велат од владејачката партија утрово преку соопштение. „Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на ...

СДСМ ја обвини Владата и ВМРО-ДПМНЕ дека поради, како што наведува, институционални пропусти во случајот со загадената вода во Гостивар, последиците сега ги трпат и приватните бизниси. Партијата посочува дека, според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, досега се изречени 30 казни и 12 забрани за работа, при што засилените инспекциски контроли продолжуваат. „Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка“, ...

Дел од корисниците во Општина Центар денеска привремено ќе останат без електрична енергија. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекинот е предвиден во периодот од 9:00 до 11:30 часот и ќе ги опфати корисниците од улицата „Белградска“. Текстот Дел од Центар денес без струја е превземен од МАКФАКС. Дел од корисниците во Општина Центар денеска привремено ќе останат без електрична енергија. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35