Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, истакнуваат од опозициската партија. „Благодарение на таа посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и ...
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел; · од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош. Текстот Делови од Бутел и Карпош денеска без струја е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради ...
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска: · Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар; · Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до ...
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда. Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот. „Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и ...
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош. Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале. „Иако ми е тешко, сакам да ...
Пелистер успеа во своите намери да се претстави во поинакво светло и наместо како тим што се бори за опстанок да игра подредена улога, пружи партија за паметење и беше во одредени моменти рамноправен или поактивен тим на теренот, но за разлика од Шкендија, не ги искористи своите шанси. Клубот од Тетово беше шокиран со погодокот на Стефан Спировски во седмата минута, но по асистенцијата од ВАР собата голот беше деклариран како регуларен. Од ...
Согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Прва МФЛ меѓу Шкендија и Пелистер, евидентирани се повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута од натпреварот, при прекин на играта поради вршење измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор, при што четвртиот судија бил погоден со паричка и запалка во пределот на раката. Натпреварот беше кратко прекинат и продолжен по проценка на ...
Еден од најискусните во овој ростер на нашиот национален тим го даде својот максимум на дуелот во Баку. Згора на тоа, дојде до двоцифрен број на поени – 10, и имаше придонес во крајниот успех, односно четврттата победа по ред во групата „А“ од претквалификациите за Еврробаскетот 2029. „Искрено, тешка победа, помалку и очекувано ако се знае дека против Ирска одиграа доста поквалитетно. Го почнавме натпреварот доста споро. И морам да признаам ...
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска е во работна посета на Барселона, Шпанија каде учествува на MWC26 (Mobile World Congress) – најголемиот светски настан кој ги обединува креаторите на политики за дигитализација, претставници на телеком операторите и најголемите производители на мобилни уреди и дигитални решенија во светот. Во рамки на својата посета, министерот се задржа на лобирање за принципот „роаминг како ...
Политичката партија Левица најостро ја осудува, како што велат од таму, американско-ционистичката агресија врз Иран, вклучително убиството на дел од неговото воено-политичко раководство и масакрите врз цивилното население. „Ова подивено однесување на екстремно-десничарската администрација на Трамп во соработка со геноцидниот касап Нетањаху претставува флагрантен државен тероризам, газење на меѓународниот поредок, и акт на воена агресија чија ...
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатриација на и евакуација на македонските граѓани затекнати во овој регион. Граѓаните, како што е појаснето, ќе бидат евакуирани преку копнена граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од територијата на Кралството Саудиска Арабија. ...
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар) · Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат: · од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел) · од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош) Текстот Утре без струја делови од Карпош и Бутел е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД ...
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во насока на зајакнување на институционалните капацитети за спречување на корупцијата. Во фокусот на разговорите беа обуките за изработка на Национална проценка на ризик од корупција и антикорупциската ...
Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот овчар Трајко Бојковски од селото малотино, Старо Нагоричане, осомничен дека е серириски убиец. Обвинителството ја прошири истрагата за уште едно кривично дело – убиство, за кое е предвидена казна доживотен затвор, извести денес обвинителот Љубомир Лапе. Обвинителството веќе обезбеди докази за две убиства и еден обид за ...
Црвениот крст на 27 февруари 2026 година ја реализираше последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани, во вкупен износ од 11.200.000 денари. Средствата се распределени на 18 лица, поделени во две категории. Исплатата е извршена врз основа на доставен список на повредени лица, подготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба и прогнозата за понатамошно лекување, изготвена од Комисија при ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на Блискиот Исток, кои имаат директно влијание врз регионалната и меѓународната стабилност. „Со оглед на очигледните обиди на Иран да таргетира, покрај Израел, и повеќе арапски држави, вклучително и Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Либан и Ирак, како и британската ...
Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски, оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф ле Риголер и првиот советник Филип Маршето. Амбасадорот Ле Риголер и советникот Маршето со Карапејовски разговараа за долгогодишното македонско-француско пријателство и соработка, особено на планот на културата. Карапејовски го истакна придонесот на македонските образовни институции во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на 24-часовната виртуелна конференција на Women in Tech, глобална организација насочена кон поттикнување на инклузија, разновидност и еднаквост на жените во STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика). Во обраќањето, Сиљановска-Давкова ја опиша конференцијата како „невидлива линија што го поврзува светот од една временска зона до друга, од еден континент до ...
Во среда започнува судењето на 74 годишниот штипјанец, кој од љубомора со нож уби и закопа 79 годишна жена. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот. Полицијата истрагата ја започнала откако 84-годишната сестра на жртвата ја пријавила за исчезната. Инаку, во претходниот период штипскиот суд ...
Минималната плата се зголемува за 1.667 денари , соопшти министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши на денешнта прес конференција. Тој тврди дека бруто платата за 2025 година била 36.037 денари, а за 2026 година е 38.507 денари, односно 26.046 денари нето плата. Дурмиши кажа дека со ова, платата се зголемува за 2.470 денари бруто односно за 1.667 денари нето. „Со ова усогласување минималната плата која во 2025 година изнесувала бруто ...
Шокирани и потресени се штипјани поради воениот кофликт помегу Иран и САД. Тие сметаат дека и покрај тоа што војната е далеку од Балканот, сепак последиците од војната ќе се почувствуваат и во нашата земја, започнувајќи со цените на продуктите и на нафтените деривати. Анкетираните лица тврдат дека се во неизвесност и дека е тешко да се предвиди ситуацијата. Воениот кофликт започна при крја на февруари и е сеуште активен. Со загриженост се ...
На 55-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев – Грга, оставајќи зад себе значаен белег во локалната самоуправа и општествениот живот во регионот. Крстев ја извршуваше функцијата градоначалник во периодот од 2017 до 2021 година. Во текот на својот мандат беше активен во повеќе инфраструктурни и локални проекти, а важеше за човек близок до граѓаните и непосреден во комуникацијата со ...
Над 50 нови паркинг места ќе бидат уредени кај салата Јордан Мијалков во Штип. Денеска се работеше на рамнење и подготовка на просторот, за веќе утре да се пристапи кон негово асфалтирање. Целта е да се овозможат повеќе паркинг места на локација каде се одржуваат значајни спортски настани во Штип. „Овде се задоволува потребата од паркинг простор кога има спортски настани. Одлучивме еден паркинг простор за повеќе од 50 места, а вкупната ...
Мнозинството население кое живее кај Панаѓурот во Кочани против изградбата на нови згради, покажуваат анкетните листи кои ги спроведе советничката група „Доста е“ и невладиното здружение „Греен орг“. Денеска преку едношалтерскиот систем во Општина Кочани овие анкетни листови беа доставени до Општината со цел да се покаже дека граѓаните се против изградбата на згради за домување. „Мнозинството население се изјасни против изградба на згради на ...
По 12 пат ќе се одржи манифестацијата Зелникот на баба во Општина Пробиштип. И годинава се очекува богата култирно уметничка програма, а гости ќе има од целата држава и странство. Mанифестацијата е предвидена за 21 март, ден сабота, а како што истакнува Раде Илиевски од општината Пробиштип, истата опфаќа голем број на специјалитети од тесто, натпревар во брзо сукање и награда за најдобро украсена етно маса. Собраните средства од продажбата на ...
Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола ...