„СДС е во паника, а Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој продолжи со истите политики на предавства креирање насилни инциденти и тензии. Филипче и СДС немаат понуда што ќе одговори на реалните проблеми на граѓаните и во отсуство на визија, стратегија и јасен план се свртија кон импровизации, глумење жртви и креирање насилни инциденти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче е нервозен бидејќи вистината излезе на виделина и ...

„Власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО на официјална државна прослава го згрешија македонското знаме. Наместо сонце со осум краци – поставија верзија со дванаесет. Наместо да им се извинат на граѓаните, наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку народни пари се потрошени за овој нациоален срам – прво пробаа да го претстават како ‘уметничка инсталација’“, велат од СДСМ. „Потоа повторно се вратија ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во периодот: · Од 09,00 до 11,00 часот дел од улицата Максим Горки и дел од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, општина Центар; Од 09,00 до 12,00 часот село Горна Краста и село Јаболци, општина Сопиште. Текстот Делови од општините Центар и Сопиште денеска без струја е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД известуваат ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе ...

Третолигашот Брегалница Делчево продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а клубот официјално ги промовираше првите четири засилувања. Сите четворица нови фудбалери пристигнуваат од Кочани и ќе бидат дел од составот на делчевци во сезоната 2026/27. Голманската позиција ќе ја покрие Мартин Димитров, додека на бековската позиција тимот ќе биде посилен со Давид Тренчев. Во средниот ред, пак, Брегалница Делчево се засили со Дејвид ...

Програмата за годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада“ станува сè побогата. Покрај веќе најавениот настап на регионалната музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, Општина Штип откри уште две познати имиња кои ќе бидат дел од големата музичка програма. На 19 септември, на Градскиот стадион во Штип, заеднички концерт ќе одржат Јован Јованов и Елвир Мекиќ, автори и изведувачи кои оставија препознатлив белег на македонската музичка сцена. Јованов ...

„ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица и една лага. Но, тоа не е вест. Вест би било доколку ДУИ, барем еднаш, ја кажеше вистината. Денес решиле да ги бројат седниците на Владата. И токму тука си дадоа автогол“, велат од ВЛЕН. „За информирање на јавноста, претставници на ВЛЕН претседавале со седници на Владата. Но, бидејќи инсистирате сите ваши гревови да му ги закачите на Артан Груби, ќе ви наброиме ...

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите изнесени во јавноста дека „кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик“. „Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои претходно успешно ја поминале ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов поради неговото јавно пишување и изразените ставови. „Несогласувањето со нечие мислење никогаш не смее да биде причина за закани, омраза или повици за физичко пресметување. Во демократско општество, на аргументите се одговара со аргументи, а не со закани за ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне ...

„Лицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки. Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е Мамас Ајвар во сопственост на Зоран Заев. Е сега друго прашање е дали има политичко замешателство во свесно и намерно држење на ниски откупни цени за да СДС има политички бенефит додека Зоран Заев заедно со Венко Филипче ужива на милионската јахта на Егејското море“, ...

Министерството за здравство соопшти дека почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ. „Истовремено, очекуваме надлежните институции професионално, темелно и неселективно да ги испитаат сите наводи“, велат од МЗ. „Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот. Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат и без одложување ќе ја достават секоја побарана ...

Во периодот од 22.00 часот на 08.08.2026 до 04.00 часот на 09.08.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територија на целата државата, насочена кон санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, извести МВР. „При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. 55 возачи биле санкционирани согласно Законот за ...

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на која тој соопшти дека партијата поднела кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов и директорот на Центарот за јавно здравје – Тетово, Шпенди Амети. Фрчкоски претходно изјави дека ...

Улични продавачи на лубеници и дињи во Свети Николе тврдат дека биле казнети од полицијата со парични казни во износ од по 100 евра. Според нив, станува збор за сума која е превисока во однос на заработката што ја остваруваат од сезонската продажба. Продавачите велат дека во летниот период се обидуваат да заработат со продажба на лубеници и дињи, но посочуваат дека дневниот промет не е секогаш доволен за да ги покрие трошоците, а камоли казна ...

,,Напумпани“ цени на станови, квадратот скапо се плаќа, многумина и понатаму живеат со своите родители, по три генерации, под еден покрив, во иста куќа. Младите, но и повозрасни во Штип категорични дека цените се доста скапи, но велат дека со две работни места, еден брачен пар би можел да си го овозможи тоа. И додека од една повозрасните помагаат на своите деца, сепак од друга страна реалноста е дека не е доволно. Без да се задужат во банка, ...

Редовно туширање со млака или посвежа вода, редовен контакт со најблиските и избегнување на користење шпорет и рерна во најтоплиот дел од денот, се дел од препораките на Институтот за јавно здравје за лицата над 65 години за полесно справување со високите температури. Во периодот од 13 до 17 часот, од ИЈЗ советуваат да не се користат уреди кои дополнително го загреваат домот. Просториите треба да се заштитат од директна сончева светлина со ...

Лебот и белите пецива се очекува да поскапат од 3 до 5 денари од септември, поради повисоките трошоци за енергенси, репроматеријали и амбалажа. Штипските пекари велат дека во тој случај еден просечен доручек со бурек и јогурт би чинел околу 110 денари. Тие додаваат дека досега успевале да ги задржат цените со залихите што ги имаат купено по стара цена. Но, со нивното трошење и евентуално ново поскапување на репроматеријалите, најавуваат дека ...

Бензинот поевтинува за 4, а дизелот за 8 денари, од полноќ нови цени на горивата кои се намалуваат за 5.81%. Како што соопштуваат од РКЕ (Регулаторната комисија за енергетика), бензините ќе се движат по цена од 87 до 89 ден, за литар, додека дизелот ќе се продава по 91,5 ден по литар. Од 11.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар) Моторен бензин ...

Дали и колку странство ги менува луѓет, ги прашавме денес штипјани. Велат, животот во друга земја остава трага, од начинот на живот до однесувањето, навиките па дури и културата. Забележваат дека луѓето во странство стануваат поодговорни кон животната средина, но и подисциплинирани поради законите. Многумина велат дека најголемата промена се чувствува токму во финансиската состојба. Но други пак, велат дека карактерот на човекот не зависи од ...

Македонскиот шампион Вардар по поразот од Шкендија со резултат од 0:2 се раздели со аргентинскиот тренер Кристијан Фабијани, откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот за понатамошна соработка. Аргенцинецот во македонскиот шампион дојде со високи амбиции, но Вардар заврши со настапите во Европа, а веќе во второто коло доживеа пораз од 0:2 од директниот конкурент за титулата Шкендија. Фабијани пристигна како наследник на Гоце ...

Денес и официјално беше промовиран Марјан Србиновски за нов тренер на КК Соколи од Штип, а клубот од градот под Исарот е пред можноста да игра и во Супер лигата односно во кошаркарската елита на Македонија. „На денешната прес-конференција ќе го промовираме и новиот тренер на КК Соколи, за јавноста добро познатиот поранешен репрезентативец, селектор, Марјан Србиновски кој на мое лично, а верувам на задоволство и на штипската јавноста ќе ги ...

Нервозата кај лидерот на СДСМ, Венко Филипче, расте, а раководството не бира начин за политички поен, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција. „Социјалдемократскиот сојуз долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село“, рече Манасиевски.  Тој обвини дека Филипче е во ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави информации и препораки за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции, со апел до граѓаните да се грижат за своето сексуално и општо здравје. Од ИЈЗ посочуваат дека дел од инфекциите може да не предизвикуваат симптоми, но сепак да се пренесуваат и да доведат до сериозни здравствени последици доколку не се откријат и лекуваат навреме. Како клучни мерки ги издвојуваат правилната ...

За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети, соопшти Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. ...

На 09.08.2026 во 12:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.И.(18) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека со употреба на физичка сила од 70-годишна скопјанка одзел личен накит. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ...

Изминатиот викенд второлигашите ги одиграа „генералките“ како последна проверка пред стартот на новата сезона, шефовите на стручните штабови имаа можност за проверка на тоа што го работиле изминатиот период. Детонит Плачковица со минимални 0:1 славеше во Гевгелија на последниот контролен меч против Кожуф. Новото засилување на радовишани Филип Димоски беше единствен стрелец на овој контролен меч. За Дарко Крстески кој е нов тренер на Кожуф ова ...

Брегалница со убедлива победа до први бодови во Првата лига, Шкендија го доби дербито, а пак Скопје ја изненади Струга за прв бод, а прв историски бод освои и дебитантот Шкендија Арачиново. Продолжува ефикасноста и во второто коло на ПМФЛ кога се во прашање постигнатите погодоци, бидејќи и во оваа рунда има голем број на погодоци за високи и убедливи победи, а два натпревари завршија без победник. Брегалница стигна до висока и убедлива победа ...

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина објави премиерот, Христијан Мицкоски. „На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87