
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



МВР информира дека уапсило двајца затвореници кои побегнале од Идризово и од затворот во Струмица. -На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници ...
Елка, лампиони, светилки, Дедо Мраз, вовче, среќни и насмеани луѓе.., треба да е предновогодишна слика во секој град. Секој градоначалник, колку и да е лош, барем за овој период од годината, треба да им го пружи ова задоволство на граѓаните, бидејќи е време кога се трудиме да ги заборавиме проблемите и во новата да влеземе што посреќни и со оптимизам. А новогодишните укрсувања го нудат токму тоа. Но, дали е тоа така? ММС направи преглед во ...
Доминик Пелико (72) претпладнето е осуден на максимална казна од 20 години во масовното судење што ја потресе Франција и го шокираше светот. Пелико ја дрогирал својата поранешна сопруга Жизел и регрутирал непознати да ја силуваат со години.Со казна затвор завршија и други 50 мажи, кои се осудени за силување или обид за силување. Додека се читаа пресудите, Доминик Пелико се стутка на столот и почна да плаче. Во судницата се и неговата поранешна ...
Забавните манифестации што општините ги организираат по разни поводи ги чинат граѓаните повеќе од еден милион евра, секоја година. Притоа, ова се пари што општините ги плаќаат од своите буџети и во сумата не влегуваат парите што за оваа намена се платени преку донации, најчесто од фирми и поединци, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Според ЦГК, најмногу пари за оваа намена трошат општините Кавадарци и Струмица, како и ...
Дали министерот за внатрешни работи Тошковкси конечно ќе преземе одговорност за катастрофалното функционирање на МВР и бегството на Груби, прашуваат од СДСМ. -Последните информации за бегството на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, каде што „батериите” на камерите не работеле токму кога тој ја напуштал границата предизвика потсмев од граѓаните. До кога министерот ќе ја замајува јавноста и кога планира да признае дека ова е договорено ...
На телефонската линија за поставување прашања до рускиот претседател Владимир Путин се пристигнати повеќе од два милиони прашања, јави ТВ каналот „Русија 24“. Според податоците на телевизијата, утринава до 9 часот по московско време, на телефонската линија се пристигнати 2.003.165 прашања, а приемот на прашања ќе продолжи до крајот на традиционалната телевизиска прес-конференција. Емисијата „Резултати на годината со Владимир Путин“ ќе се емитува ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, Министерството ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот вели дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда. -Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја ...
Екотуризмот е форма на туризам ориентиран кон природата, наменет да придонесе за зачувување на природната средина, генерално дефиниран како минимално влијателен и вклучува и придонес кон зачувување и едукација за животната средина. За каква гранка конкретно станува збор, за потенцијални атрактивни локации во Источна Македонија, но и во градот Штип, за намалувањето на домашни туристи и зголемувањето на странските и за тоа во која насока треба да ...
Во срцето на градот Скопје, на Плоштад Македонија, од денеска, ќе биде поставена Божикна пештера која ги најаваува Бадник и Божик – Рождеството Христово, најголемиот христијански празник. Како што соопштуваат од Здружението Бадникови Поворки, тоа е најубавата и најимпозантна Божикна пештера во регионот, која претставува вистинско ремек-дело на уметноста и традицијата. -Оваа величествена божикна пештера е изработена по идеја на Ангел Мицевски, ...
Селин Дион е позната по својата уникатна колекција чевли, која наводно брои повеќе од 10.000 пара, најновите чевли. Но, последните се смела изјава во склад со нејзината кариера. Необичните чевли со дезен на пиле одлично се совпаѓаа со нејзиниот светкав фустан, истакнувајќи ги нејзините извајани нозе и самоуверениот настап. И покрај нејзината борба со синдромот на вкочанета личност, пејачката продолжува да ги воодушевува обожавателите со својата ...
МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Едниот, полицискиот службеник Б.Ј., според МВР, со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата. Патниците од предметното возило, А.П. со ...
Универзитетско студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со писмо до надлежни институции бараат информација дали мерката за бесплатен јавен превоз за студенти ќе продолжи и во 2025 година. Писмото со кое бараат објаснување, УСС при УКИМ го испратиле до Драги Кушовски, директор на Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, Трајко Славески, претседател на Совет на Град Скопје, Христијан Мицкоски, претседател на Влада на ...
Во пожар во куќа во Скопје што се случил ноќеска починало едно лице, а едно е хоспитализрано со симптоми на гушење. Како што соопшти МВР, на 18.12.2024 во 00.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на М.А.(71). -При гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Додека, ...
Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на државава, изјави денеска на почетокот на конференцијата во Скопје за квалитетот на воздухот, директорот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи. Тој рече дека и покрај напредокот од 1990-те, загадувањето на воздухот е сѐ уште високо, особено во зимските месеци. – Луѓето во Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични честички (PM2.5), во ...
Индекси во воздухот, свирежи, врева и студентска блокада денеска на зградата на Собранието на автономната покраина Војводина во Нови Сад, кое одлучуваше за буџетот за следната година. Сите факултети на Универзитетот во Нови Сад беа блокирани со денови во знак на протест по трагедијата, на кој им се приклучија и нивните колеги од бројни факултети во Белград, Ниш и Крагуевац. Студентите бараат објавување на комплетната документација за ...
Учеството на Израел на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија предизвика низа контроверзии поради конфликтот во Газа, што резултираше со бројни протести во Малме, Шведска. Но, сега Израел би можел засекогаш да го напушти ова натпреварување поради сосема други причини, пренесува индекс.хр. Како што пренесува шведскиот Афтонбладет, Израел можеби нема да учествува на Евровизија 2025 година поради потенцијалниот закон за приватизација на ...
Доктори од ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – „Козле“, Скопје со отворено писмо се обратија со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Арбен Таравари и националниот координатор за здравство Ристо Симеонов, во кое го изразуваат своето незадоволство од директорката Каролина Симоновска. Писмото ви го пренесуваме во целост: -Ви се обраќаме како на креатори на здравствената политика во државата, последна ...
Поранешниот бугарски премиер и лидер партијата ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека вчера разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за состојбата на државата на меѓународен план, но и за случувањата во врска со соседна Република Северна Македонија, пренесе БТА. – Од разговорот (со Кошта) разбрав дека во текот на овие години имаше многу процеси за Северна Македонија во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО, без учество на ...
МВР информира дека во близина на Арачиново е пронајдено оружје. -На 18.12.2024 околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на локален пат од селото Орланци во правец кон селото Никуштак, во атарот на општина Арачиново, биле пронајдени еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две ...
Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Во првиот блок, како што наведе, зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти. – Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од 2300 ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. -На 16 декември полициски службеници на улицата „Архимедова“ во Скопје запреле за преглед автомобил во кој се ...
Артан Груби и Перпарим Бајрам се најдоа на листата лица кои се бараат со потерница. Министерството за внатрешни работи веќе распиша меѓународни потерници нив двајца, а фотографиите заедно со нивните податоци за делата за кои се товарат, а тоа е за проневера на околу осум милиони евра од средствата на Државна лотарија. Груби и Бајрами се недостапни на органите на прогонот. Доцна синоќа ОЈО информираше дека доставила бараќе до МВР за распишување ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид за убиство и против уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело. Инцидентот се случил на 10 декември во селото Мирковци, каде осомничениот 37-годишник се обидел да лиши од живот едно лице поради претходна нетрпеливост и нерасчистени должничко-доверителски односи. Осомничениот испукал куршум кон жртвата, но не успеал да ...
Малолетник од Виница со возило фатен на граница со девет мигранти од Непал. -На 17.12.2024 во 23.10 часот на локалниот пат кон с.Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17 – годишник од Виница. При преглед во возило „фолксваген кеди”, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни ...
Дваесет и деветгодишен државјанин на Узбекистан е приведен под сомнение за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов, соопшти денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Шефот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита – генерал-полковник Кирилов и неговиот помошник – мајор Поликарпов загинаа во експлозија вчераутро во Москва. „Како резултат на нашите заеднички оперативно-истражни дејствија со Министерството за ...
Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари. Во акцијата се извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени се и контроли на градските пазари. Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до едно лице ќе биде поднесена прекршочна пријава. Во предистражната постапка од овие дела е утврдена директна ...
Нашиот просечен еколошкиот отпечаток изнесува 4.9 gha плодна почва по лице. Со ваков просечен еколошки отпечаток, за одржување на сегашниот начин на живот, трошиме ресурси еквивалентни на пет планети. Ова ја става земјава во висок ризик од исцрпување на природните ресурси. Во 2024 година, „Денот на еколошкиот долг“ или „Денот на прекумерна потрошувачка на ресурсите на Земјата“ (Earth Overshoot Day) беше на 1-ви август. Тоа е симболичен датум во ...
Суд во Авињон утре ќе ја донесе пресудата за Доминик Пеликот и околу 50 други мажи обвинети за долгогодишно силување на Жизел Пеликот, сопругата на првообвинетиот, која стана икона на феминизмот со нејзината одлука да го одржи судењето отворено за јавно со цел да се сврти вниманието кон сексуалните злосторства врз жените ширум светот. Во ноември, обвинителот побара максимална затворска казна од 20 години за Доминик Пеликот, кој речиси една ...
Организаторите на Изборот за песна на Евровизија, ЕБУ (Европска радиодифузна унија), пред неколку дена објавија нов кодекс на однесување и протоколи за должност за грижа за заштита на благосостојбата на уметниците по овогодинешниот контроверзен натпревар. Во јавноста почнаа да се објавуваат детали за Евровизија 2025, која ќе се одржува во Базел од 13 мај. Финалето ќе се одржи во сабота на 17 мај 2025 година на фудбалскиот стадион Базел Св. Парк ...
Во рамки на вечната дискусија за тоа дали постои мајчинска интуиција, во видео на „Тик-ток“, една девојка тврди дека претчувството на нејзината мајка ја спасило од бегање од дома и потенцијално – од престрелката којашто е случила подоцна. Тоа предизвика низа коментари од луѓе кои ги споделија своите слични искуства. Така, еден млад човек раскажа и за сонот на мајка му којшто го натерало да го избегне концертот на Аријана Гранде во Манчестер, ...