ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, со задоволство објавува дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам, благодарение на Трансавиа, втората по големина авиокомпанија во Холандија, дел од групацијата КЛМ. Трансавиа, која е нискобуџетна авиокомпанија и која нуди патувања низ Европа по пристапни цени, ќе почне да лета од Амстердам до Скопје на 2 март 2025 година. Холандската авиокомпанија ќе лета на релација ...

Деновиве селото Рилци во Благоевградската област повторно стана актуелно, откако кривична пријава заработи поранешниот градоначалник на истоимената општина, Живко Чукарски, за издавање на 247 лажни документи за живеалиште во Рилци на Македонци во процесот на добивање на бугарско државјанство. Претходно во уредба на Окружното обвинителство, испратена есента 2019 г. на градоначалникот на општина Благоевград му биле посочени адресите на 3.526 ...

Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ). Спортед АХВ, констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење. На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на ...

Авион на швајцарската авиокомпанија „Свис“ (SWISS) – Ербас А220-300, кој вчера полета од Букурешт за Цирих принудно слета во Австрија поради проблеми со моторот и чад,. Поради несреќата 12 патници побарале медицинска помош. Во авионот имало 17 членови на екипажот и патници. Авионот принудно слетал во Грац, а член на екипажот со хеликоптер бил транспортиран во болница. 🇨🇭Un Airbus A220 de Swiss a dû atterrir d'urgence hier soir à Graz en raison ...

Снег и силен ветер предизвикуваат значителни проблеми во сообраќајот во Хрватска, БиХ и Србија. Снегот и ветерот предизвикуваат големи проблеми на хрватските патишта, а според најавите на метеоролозите, до крајот на денот се очекуваат уште посериозни временски непогоди. Поради ветерот и наносите снег, за сообраќај се затворени автопатот А1 Загреб-Плоче-Караматичи меѓу јазлите Свети Рок и Поседарје, а во прекин се некои фериботски и катамарански ...

Тијана Илова(20) од Кавадарци е уште еден доказ дека гените прават чудо. Од сите внуци на дедо Спасе таа ја наследила љубовта кон ударните инструменти, особено тапанот, по која ја запознаа сите и се воодушевуваат од неа. Последниот голем настап го имаше на концертот на „Меморија“, каде, заедно со членовите на составот, доби голем аплауз. Тијана иако е студент на Економскиот факултет во Битола, сепак, нејзината голема љубов кон тапанот и ги ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Забрани за тешки товарни возила се воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема. Од 07:30 часот поради врнежи од снег се воведува забрана тешки товарни возила и преку планинскиот превој Барабарос, а од 08:05 часот ...

Членови на тимот за претседателска транзиција на Доналд Трамп подготвуваат терен за повлекување на Соединетите Американски Држави од Светската здравствена организација (СЗО) на првиот ден од неговиот втор мандат, изјави експерт за здравствено право. „Имам сигурни информации дека планира повлекување, најверојатно на првиот ден или многу рано во мандатот“, изјави за Ројтерс Лоренс Гостин, професор по глобално здравје на Универзитетот Џорџтаун во ...

Оризов пудинг со бадеми за среќа, добра вештерка која носи подароци и чичилаки – тоа се дел од божиќните и новогодишните обичаи ширум светот. Светот ја очекува Новата 2025 година. На пример, воздухот во Франкфурт е исполнет со арома на зашеќерени бадеми, божиќни колачиња и варено вино, а во Бејрут можете да помирисате либански кедри. Копенхаген е „затрупан” со илјадници светла, а воздухот мириса на цимет, кардамон и ѓумбир каде во овој период од ...

Тијана Дапчевиќ вчера се најде во центарот на вниманието кога ја водеше програмата во Сава центар по повод 18-годишнината од проектот „Чаролија“. Таа го најави министерот Ивица Дачиќ како „чичкото кој ќе добие плакета за поддршка на проектот од неговиот почеток“, а потоа во публиката се слушнаа свирежи. Иако поединци ја коментираа пејачката во негативно светло, мислејќи дека ги поддржува властите, таа со објава на Инстаграм го демантираше тоа. ...

Во периодот меѓу ноември и декември годинава во Грција биле потврдени 18 случаи на мпокс (мајмунски сипаници), соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) и посочи дека ширењето на вирусот продолжува како во земјата така и на меѓународно ниво, јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ информираа дека мпокс е генетски вирус сличен на сипаници, но помалку заразен и предизвикува поблаги симптоми, а од човек на човек се пренесува ...

Утринското кафе за луѓето ширум светот е незаменлив ритуал кој обезбедува енергија и фокус потребни за почеток на денот. Сепак, експертите тврдат дека времето на консумација на кафе игра клучна улога во неговото влијание врз организмот. Според Либи Галвин, која напиша на оваа тема за Тајмс, постои идеално време да го испиете првото кафе. Таа препорачува да се пие кафе околу 90 минути откако кортизолот, хормонот на стресот, ќе достигне врв. ...

Повеќето луѓе се будат еднаш или двапати во една ноќ. Но, причините за често будење ноќе може да бидат кофеин или алкохол во доцните часови, лоша средина за спиење, нарушувања на сонот или друга медицинска состојба. Ако човек не може брзо да заспие, нема да има доволно квалитетен сон за да се чувствува свежо и здраво. Следат неколку поттикнувачки фактори за испрекинатиот сон навечер. Општо земено, на возрасните им требаат околу седум до девет ...

Истражувачи од белгиските универзитети во Брисел и Гент тврдат дека развиле вакцина заснована на мРНА, којашто може да го зајакне имунолошкиот систем во случај на присуство на вирусот на човеков намален имунитет – ХИВ, објави порталот „Фокус на Белгија“. Според научниците, целта на оваа вакцина развиена во Белгија, би била контрола на ХИВ. Лекот, всушност, користи липидни наночестички што „содржат дополнителен стимулативен сигнал за имунолошкиот ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 71 денари за литар, а ...

Почитувани, Пред новата епизода од подкастот „Да биде појасно“, Ве прашуваме за Вашите ставови за темата што три децении се рециклира – за националните симболи – знамето и химната. Стана пракса негувана од политичките субјекти секогаш при истакнување на свои агенди, да ги актуелираат прашањата за тоа кој која химна почитува, чие е знамето, кој кое знаме (не)истакнува на празници. Затоа, пред Вас се прашањата, со чии одговори сакаме да го добиеме ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации”. -Во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм” аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска за месечен надомест од ...

Објавен е конкурсот за избор на спортист на годината за 2024та во Штип, информираше на денешната средба со новинарите, претседателот на комисијата за Спорт при Советот на Општина Штип, Никола Костадинов. Како што информираше, пријавувањето ќе трае до 10 јануари, а право да се пријават имаат сите спортисти, клубови и спортски работници кои во текот на изминатата година оствариле значајни резултати. Во пријавата за учество во избор на спортист за ...

Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана во периодот од 19 до 21 март, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој информираше дека утре судот ќе има редовен работен состанок, на кој ќе се утврдуваат листата на учесници и спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон. -Очекувам дека во текот на утрешниот ден ќе бидат утврдени и спорните правни прашања и листата на учесници. Ние ...

Треба ли да се воведе можност за отповикување на градоначалник од функцијата, беше едно од прашањата наметнати денеска во Битола: „Главната иницијација е отповик на градоначалник со што сметаме дека ќе ја зголемиме транспарентноста и отчетноста во секојдневното работење на локалните самоуправи и втората алатка што сакаме да ја предвидиме во законското решение е воведување на комунален надзор кој ќе биде под ингеренции на локалната самоуправа, ...

Поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Од 14: 00 часот поради врнежи од снег на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Претходно од АМСМ информираа дека е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патните правци Дебар – Маврово, Тетово – Попова ...

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. -Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен ...

Адвокатскиот тим што бесплатно го застапува семејството на починатата родилка од Куманово при истрагата открило недоследности и противречности во извештаите од инстититуциите, соопштија на денешната прес-конференција од адвокатската канцеларија Георгиевски. Тие го добие извештајот за спроведен стручен надзор за пациентката и велат дека имало административни пропусти. Од тимот велат дека не се согласуваат со наводите на одбуцентите, во кои се ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, инфомираат од ЈП Македонијапат. Оттаму додаваат дека сите патни правци во државата ...

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил изјави дека нема најави дека ќе бидат воведени санкции против НИС. Тој посочи дека конечната одлука за ова прашање нема да влијае на српската економија. Тој оцени дека односите меѓу Белград и Вашингтон се добри и дека е создадена добра платформа за понатамошен развој. Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил за РТС изјави дека нема најави дека ќе бидат воведени санкции против НИС. „Можам да ...

Од АМСМ информираат дека од 11:55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово. Од 12:15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Од 12: 15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се ...

Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога беше 62.021 денар. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 78.236 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.075 денари или 36,7 отсто, за облека и ...

На новинарското прашање – дали во економско социјалниот совет се разговара и за ревизија на законското решение „недела неработен ден“ и ќе има ли ревизија воопшто, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши изјави: „Имаме спротивставени страни. Работодавачите бараат да се укине недела неработен ден, но од другата страна ги имаме синдикатите кои бараат да остане така како што е. Одредени дејности на производителите, занаетчии, од коморите, ...

Кочанчани не се откажуваат во својата намера и планираат до крај да се изборат за своето здравје. Откако претходните денови се депонираше ѓубре од соседните општини и покрај едногласната одлука на Советот на општина Кочани дека на градската депонија не смее да се исфрла ѓубрето од другите општини, граѓаните решија да одржат протест кој ќе се одржи денес од 13 до 15 часот со блокирање на сообраќајот кај кружниот тек кај ООУ “Кирил и Методиј”. ...

Најмалку 45.259 Палестинци се убиени, а 107.627 се повредени во израелските напади врз Газа од 7 октомври 2023 година, според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во исто време, рече дека Израел ќе продолжи да дејствува против јеменската бунтовничка група Хути, кои ги обвини дека го загрозуваат светскиот брод и меѓународниот поредок. Полската влада, пак, посочи дека Нетанјаху ќе биде ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.37
70%
1011
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
80%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.53
78%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.82
74%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.81
67%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.86
90%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
68%
1008
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.26
88%
1010
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
82%
1010
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.02
71%
1013
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
1.07
63%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
52%
1011
Currency

61.53

Currency

55.5002

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62