
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Точно еден месец и три дена траеше забраната за употреба на водата за пиење од водоводот што ја издаде Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поради зголемени количини на манган. За тоа време, водата можеше да се употребува како техничка, додека за пиење, вода од цистерни или купена флаширана од маркетите. На 15 декември со направените анализи е симната забраната, откако количината на манганот во водата за пиење се нормализирала. Меѓутоа, ...
Мониторингот на Законот за нефер трговски практики завршува на 31-ви декември, кога истекуваат трите месеци адаптивен период на регулативата која започна да важи на 28-ми септември. Според Законот добавувачите и купувачите треба да ги усогласат или да ги прават договорите со 10 проценти ограничен рабат и дополнителни трошоци и надоместоци. Надоместоците кои се дозволени не повеќе од 10 проценти од остварениот промет во тековната година се ...
На 11 и 13 јануари 2025 со почеток во 20.00 часот ќе се одржи Традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ 2025. Оваа година се одбележуваат 30 години од првото одржување на традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“, кој првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година на сцената на МОБ и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас. Традицијата ќе продолжи и ...
Ќе нема повеќе паушали и надоместоци за членовите на управните и надзорните одбори на државните фирми, откако вчера во Собранието беа донесени измените и дополнувањата на Законот за трговски друштва: „Имаме лимитирање на паушалите што претходно ги земале, во одредени државни претпријатија биле огромни во однос на надзорните и управните одбори, така да ќе биде унифицирано и лимитирано со промените на законот на целата територија на Република ...
Божиќната приказна на Нетфликс насловена „Тој Божиќ“ (That Christmas), се чини, воодушеви многу гледачи ширум светот, терајќи ги и да заплачат на овој цртан филм. Тој, имено, се заснова на божиќната трилогија на книгите за деца „Тој Божиќ и други приказни“ (That Christmas and Other Stories), од Ричард Кертис – режисер и сценарист на легендарните филмови „Всушност љубов“ (Love Actually), „Дневникот на Бриџит Џонс“ (Bridget Jones’s Diary) и ...
Емоции и долг аплауз добија вчера актерите на премиерата на претставата „Бог на колежот“ , која се одржа на големата сцена на Македонскиот народен театар. На крајот Мина со огромен букет и цврста прегратка ја израдува Весна Петрушевска, која според текстот на Јасмина Реза, ја постави како проект со кој магистрира режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Темата на претстават е врсничко насилство и воедно е и животно искуство на Весна ...
Има преживеани во авионската несреќа која се случи утрово, кога патнички авион кој летал од главниот град на Азербејџан, Баку, кон Русија, се урна во близина на градот Актау, западен Казахстан. Во авионот имало 67 патници. Има спротивставени извештаи за бројот на преживеани, но здравствените власти на Казахстан информираа дека 14 лица биле примени во болница. Azerbaijan Airlines passenger plane flying from Baku to Grozny crashed in Aktau, ...
Патнички авион се урна во близина на градот Актау во казахстанската област Мангистау, соопшти Министерството за вонредни состојби на Казахстан. Според медиумските извештаи, во авионот имало најмалку 67 патници и пет члена на екипажот, пренесува МИА По падот на патнички авион во Казахстан, кој патувал од Баку за Грозни со 72 лица, се појавија информации за причината за несреќата. Имено, како што пишуваат азербејџанските медиуми, авионот налетал ...
Апликацијата ТикТок последните неколку години е вистинска сензација за децата и тинејџерите. Иако првично истата се сметаше за апликација исполнета со танц, сепак истата има и негативна страна. И во Македонија неодамна најмалку 20 деца настрадаа од вознемирувачкиот предизвик на ТикТок. Најмалото имаше само осум години, дел од децата имаа и скршеници, а шокатно беше дека голем дел од нив се повредија во училиште. Иако јавноста бара забрана на ...
Групацијата на небанкарски финансиски друштва со отворено писмо се обрати до јавноста. Писмото ви го пренесуваме во целост: -Со внимание ја следиме јавната дискусија иницирана од истражувачката сторија и документарниот филм „Украдени животи” на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ). Групацијата на небанкарски финансиски друштва, како и досега, со должна почит пристапува кон сите новинарски извештаи и ја почитува професионалноста и ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени, соопшти УХМР. Во Скопје облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...
Црниот мраз е најопасното нешто што може да ви се случи на патот. Снегот веќе ни ги покри патиштата, а ноќните температури се спуштија под нула, што го зголеми ризикот од мраз на патот. Ваквите услови го отежнуваат возењето, па затоа, ве потсетуваме на најдобри совети за возење во услови на снег и мраз на патот, особено за младите возачи и оние постарите со помало искуство зад воланот. Првото правило за зимско возење е едно што треба да го ...
Хармоника ги скара Горан Алачки и неговиот зет за ќерка Игор Димовски и на површина испливаа нарушените семејни односи. Целата драма се одвива со Фејсбук статуси и преписки меѓи Алачки и неговиот зет за ќерката Грациела, кој на времето беше негов ученик. Најпрво Горан Алачки со Фејсбук статус ја истакна веројатно разочараноста од синот Благој, кој, веројатно Горан очекувал да го замени во свирење хармоника, но тој се одлучил за гитара, но и ...
Како што се приближуваме до крајот на 2024 година, многумина повторно ги разгледуваат чудните и морничави предвидувања на Баба Ванѓа. Родена во 1911 година како Вангелија Пандева Гуштерова, стана позната по нејзината наводна способност да гледа во иднината. Баба Вања го изгубила видот на 12-годишна возраст откако страшно невреме го погодило нејзиното село. Сепак, неколку години подоцна таа тврдеше дека нејзината способност да ја предвидува ...
Бразилските власти ја стопираа изградбата на фабрика за кинескиот производител на електрични возила БИД (BYD) поради работниците кои живееле во услови што „можат да се споредат со ропство“. Во соопштението од Канцеларијата на јавниот обвинител за труд (МПТ) се наведува дека се спасени над 160 работници во бразилската североисточна држава Баија. Работниците престојувале во „понижувачко“ опкружување, а градежната фирма им ги одзела пасошите и не ...
Новиот спортски директор на сите макеоднски фудбалски репрезентации, Горан Пандев си замина од неговиот клуб ФК „АП Брера Струмица“ и официјално, со поднесување на оставка. Ова го соопшти „Брера“, цитирајќи го Пандев, кој забележува дека „имаме потенцијал само треба професионален пристап“. „Оставката е со цел да нема судир на интереси како и заради неспоивоста на двете функции.Горан Пандев е основач на нашиот клуб а со превземањето од Брера ...
Пресврт во судењето за тројца поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, откако Обвинителството дало мислење дека судењето за Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски треба да запре. Тројцата се обвинети дека се организатори на крвавите настани од Собранието, познат како случај 27-ми април. Обвинителството смета дека судењето треба да запре бидејќи претходно биле амнестирани, согласно законот за амнестија. Овој закон претходно беше ...
На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива, соопшти Министерството за здравство. Пациентката, како што се наведува во соопштението, е со уреден постоперативен тек, а трансплантацијата е извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог ...
Од 13:00 часот се укинуваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка – Граничен премин „Деве Баир“ и Кратово – Пробиштип, сооопшти денеска ЈП „Македонијапат“. Оттаму потсетуваат дека забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е на сила. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на ...
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската телевизија „Си-би-ес Њуз“ (CBS News) објаснија како го измамиле Хезболах да купи илјадници воки-токи и пејџери произведени во Израел. Според нив, припадниците на Хезболах десет години ги користеле израелски пејџери и воки-токи наполнети со експлозив, пред истите да експлодираат во септември годинава. При експлозија на воки-токи и пејџерите десетици луѓе загинаа, а илјадници беа повредени. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена. – На седница на Влада ќе побарам робусна, жестока акција од Пазарниот инспекторат затоа што добивам информации дека некои од маркетите ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес во Гази Баба беше запрашан и за тоа дали функционерските плати и во 2025 година ќе растат. -Ќе растат сите плати, само не на функционерите. Правиме измена на законското решение со кое нема да има покачување на функционерските плати и ова измена ќе биде наскоро пред пратениците. Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати, но тоа право нема да го имаат функционерите. Ценам дека ова е ...
Денеска во 10.15 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, соопштија од ЈП Македонијапат. Од јавното претпријатие информираат и дека од 10.40 часот е укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила и на планинскиот превој Пресека. Од ЈП Македонијапат додаваат дека е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир и Кратово ...
Царинска управа информира за заплена на злато, лекови, фотоапарати и опрема за боречки вештини. Обид за криумчарење имало на неколку гранични премини. – Странски државјани кои патувале со автомобил управуван од државјанин на Србија се обиделе да криумчарат злато преку граничен премин Табановце. Во нивната намера се спречени од царинските службеници коишто извршија контрола на автомобилот при што во чантата на сопатничката, државјанин на Украина, ...
19-годишно момче од беровското село Будинарци ноќеска било уапсено, откако од полициска патрола било фатено како превезува мигранти. „На 24.12.2024 во 00.50 часот во близина на локален пат Гевгелија – село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Д.Г. (19) од село Будинарци, Беровско. Претходно, во близина на Граничен премин ‘Богородица’, полициски службеници ...
ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, со задоволство објавува дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам, благодарение на Трансавиа, втората по големина авиокомпанија во Холандија, дел од групацијата КЛМ. Трансавиа, која е нискобуџетна авиокомпанија и која нуди патувања низ Европа по пристапни цени, ќе почне да лета од Амстердам до Скопје на 2 март 2025 година. Холандската авиокомпанија ќе лета на релација ...
Деновиве селото Рилци во Благоевградската област повторно стана актуелно, откако кривична пријава заработи поранешниот градоначалник на истоимената општина, Живко Чукарски, за издавање на 247 лажни документи за живеалиште во Рилци на Македонци во процесот на добивање на бугарско државјанство. Претходно во уредба на Окружното обвинителство, испратена есента 2019 г. на градоначалникот на општина Благоевград му биле посочени адресите на 3.526 ...
Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ). Спортед АХВ, констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење. На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на ...
Авион на швајцарската авиокомпанија „Свис“ (SWISS) – Ербас А220-300, кој вчера полета од Букурешт за Цирих принудно слета во Австрија поради проблеми со моторот и чад,. Поради несреќата 12 патници побарале медицинска помош. Во авионот имало 17 членови на екипажот и патници. Авионот принудно слетал во Грац, а член на екипажот со хеликоптер бил транспортиран во болница. 🇨🇭Un Airbus A220 de Swiss a dû atterrir d'urgence hier soir à Graz en raison ...
Снег и силен ветер предизвикуваат значителни проблеми во сообраќајот во Хрватска, БиХ и Србија. Снегот и ветерот предизвикуваат големи проблеми на хрватските патишта, а според најавите на метеоролозите, до крајот на денот се очекуваат уште посериозни временски непогоди. Поради ветерот и наносите снег, за сообраќај се затворени автопатот А1 Загреб-Плоче-Караматичи меѓу јазлите Свети Рок и Поседарје, а во прекин се некои фериботски и катамарански ...