
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Министерот за здравство Арбен Таравари попладнево изјави дека за неколку директори се прави евалуација околу тоа како ја водат здравствената установа, колку стручно и компетентно. -Ги евалуираме повеќето директори, ни требаат повеќе индикатори. Не сакаме емоционално да постапиме. Ни требаат сигурни докази таму каде што гледаме дека директорите не раководат баш како што треба, треба да се заменат со подобри. Меѓутоа сега не би сакал веднаш да ...
Поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција од сабота до понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај. -СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, од страна на Единицата за безбедност на ...
14-годишната Вања Ѓорчевска била жива кога било пукано во неа, а обдукцијата не покажала знаци на претходно задушување. Пукано било од растојание не поголемо од половина метар, од задната страна. Според Обвинителството, таа се движела по кал пред да биде убиена, пренесува Телма. Ова беше изнесено на денешното рочиште за случајот со убиствата на Вања и Панче на кое беа изнесувани материјални докази. Обдукцијата утврдила дека и Вања и Панче ...
Вчера беа испратени на депонирање комунален отпад на депонијата во Општина Кочани и тоа три камиони на ЈП „Солидарност“ Виница и еден камион од ЈП „Водена кула“ Зрновци. Како што велат од ЈП „Солидарност“ од Виница за ММС, ова било направено по насоки од Министерството животна средина и просторно планирање. „Од Министерството не известија дека можеме слободно да депонираме во Кочани, после состанокот што се одржа во Кочани во вторникот, а сето ...
Залихи на огревно дрво во вредност од над 2 милиони денари не биле доставени, туку оставени на отворено да скапат, обвинува директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов. Михаилов тврди дека на локацијата „Црн Врв – Бреза“ на Осоговските планини во близина на Кратово има залихи останати од 2019 година, кои никогаш не биле испорачани на потрошувачите, иако имало потреба. „Имаме пристапен пат, од каде можело секојдневно дрвата да ги вадат со ...
Од утре рано наутро ќе почне акцијата за санација на главниот цевковод во Скопје. На терен на предвидените локации ќе работат Секторите ЕОК, Механизација и Водовод. Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. – За оваа цел изготвен е оперативен план со кој се предвидува прецизна постапка за овој ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, Министерството денеска информира дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. – При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета ...
Во основниот суд Куманово поради службен пат на обвинителот, денеска беше одложено судењето против 36-годишната Вангелица Илијевска, која во јуни годинава ги уби сопругот и свекорот во домот во Кратово. Обвинителството бара да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана. На денешното рочиште требаше да бидат разгледани доказите, материјално технички и да се сослушуваат вештите ...
Термоелектраната „Битола 2“ е исклучена од функција изутрината во 8:22 часот поради активирана заштита. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби, соопшпти АД ЕСМ. – Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024. – Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат ...
Младинското движење на студентите кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во земјава „Студентски отпор“ денеска соопшти дека студентите ќе излезат на улиците ако не се врати бесплатниот превоз. – Министерството за образование и наука и ЈСП Скопје нека бидат свесни – студентите нема да молчат додека нивното право на бесплатен јавен превоз се гази поради нечија неспособност и суетност! Укинувањето на бесплатниот превоз е директен напад ...
Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми. Инцидентот се случил во ОУ „Пречко“ во Загреб. Полицијата е на терен како и неколку амбулантни возила, а и хелихоптер на итната медицинска помош слетал во училишниот двор, јавија загрепските медиуми. На социјалните мрежи луѓто зборуваат и дека деца бегале низ прозорците. Во Хрватска денеска е крај на првото полугодие во училиштата. ...
Сегашниот тренд на носење култура „од надвор“, а не создавање култура „внатре“ е голем предизвик за Крива Паланка. Огромни средства се вложуваат за „купување“ култура, наместо да се поттикнува локалната културна продукција особено на младите, како што беше практика во минатите времиња. За сегашните генерации е најважно да имаат ментори во заедницата кои ќе ги насочуваат во нивното творештво, ова е главниот заклучок од панел-дискусијата ...
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и Струга – Охрид, од 30 – 50м. на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 – 150м. на патниот правец Македонски Брод – Кичево и до 50м. на планинскиот превој Буково, соопшти АМСМ. На Меѓународниот аеродром Скопје според објвата на нивната ...
Лидерот на Српската партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас е повреден во Белград во тепачка што избила синоќа откако видел како луѓе лепат плакати против него. Ѓорѓе Алексиќ, функционер од таа партија, кој бил со него, исто така е повреден откако бил нападнат по што двајцата побарале помош во Ургентниот центар во Беглрад. „Драган беше нападнат пред малку од овие режимски насилници…Твојата фаланга, нели, Александар Вучиќ? Што сакаш да ...
Скопје и денеска во топ 10 рекордерите по загадување. Утрово котира на осмата позиција со алармантен индекс на загадување 178. Kонцентрацијата на штетните ПМ2,5 честички утрово изнесува 95 микрограми на метар кубен високо над горната дозволена граница утврдена од светската здравствена организација. На листата најзагадени градови во светот тој е во друштво со Индија, Пакистан, Гана, Афганистан, Ирак и е единствен европски град. По општини утрово ...
По најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечер во поголем дел од градот, од ТОАРИЛУЦ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ за МИА информираат дека најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено. Директорката на ТОАРИЛУЦ, Марија Срцева во изјава за МИА рече дека во соработка со Службата за општи и заеднички работи при клиниките, во тек се подготвителни активности за непречено функционирање на ...
Актерката Анџелина Џоли призна дека често се бори со осаменоста. Пред осум години таа се разведе од актерот Бред Пит, со кој на суд се бореше за старателството над нивните шест деца, а со кого се уште води судска битка за лозје во Франција, пренесува ало.рс Иако поминува многу време со своите деца Медокс, Паксо, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен, таа често се чувствува осамено, исто како и нејзиниот лик Марија Калас, кој го оживеа во новиот филм ...
Добро познат факт е дека Дедо Мраз носи црвено поради Кока-Кола. Или можеби не? Како што брзо се наближува Новата година, веселото, тркалезно лице на Дедо Мраз почнува да се појавува насекаде. Познато е дека речиси 100 години редовно е главен лик во празничните реклами за познатиот газиран сок, пренесува курир.рс. На пример, се смета дека Дедо Мраз е инспириран од Свети Никола, чиј гроб, според археолозите, неодамна бил откриен во античкиот град ...
Откако кочанчани вчера ја запреа намерата на виничани да се обидат да депонираат ѓубре во депонијата во нивниот град, денеска имаше нов обид, кој на крај им успеа. Ѓубрето кое беше депонирано денес е од општините Виница и Зрновци. Четири полни камиони успеаја да го депонираат ѓубрето во депонијата во Кочани, и покрај сите напори тоа да не се случи. И покрај активната одлука на Советот на Кочани во која е забрането да се носи ѓубре од трите ...
Суд во Јапонија денеска осуди човек за кражба на повеќе од 200 килограми млад кромид од својот сосед – земјоделец и соперник, откако рекордните летни горештини му го уништиле родот. Човекот, кој и се повлекол од земјоделството по кражбата, е осуден на казна затвор од две години, и суспензија од три години, пренесуваат тамошните медиуми. Окружниот суд во Кјото ја оцени кражбата како „злонамерна“, а сѐ тоа се случувало во август и септември. ...
Дури 39 отсто од Германците кои јадат месо сакаат да знаат како биле сместени и одгледувани животните од менито во ресторан и со што се хранеле, покажува ново истражување. Наводите од испитувањето, од друга страна, покажуваат и дека за 35 отсто од германските граѓани, оваа информација не е важна, а 20 проценти од испитаниците се рамнодушни. Останатите не се изјасниле. Особено заинтересирани за тие „сточарски подробности“ се помладите лица, на ...
Директорката на Универзитетската клиника за респираторни болести кај децата – „Козле“, Каролина Симоновска денеска беше на средба со министерот за здравство Арбен Таравари по реакциите во јавноста за проблеми на Клиниката. Таа ја опиша средбата како „доста конструктивна“, а на прашањето дали ќе остане директорка, одговори дека се надева дека ќе остане. Симоновска во изјава за медиумите рече дека изминатите четири месеци, од нејзиното назначување ...
Во текот на месеците октомври и ноември 2024 година, во рамките на меѓународниот проект NEWAVES, кој претставува колаборативен сојуз за обновување на радиото и зајакнување на медиумите во заедницата во помалку населените области (NEWAVES), беше извршено успешно пилот-тестирање на колаборативна дигитална радио платформа. Оваа платформа претставува значаен извор на содржина, информации и корисни алатки за локалните радио станици во четири европски ...
Со литија и кршење на празничниот колач на шеталиштето „Ванчо Прќе“ денеска се чествуваше „Свети Никола“, партонот на град Штип. Голем број верници беа присутни додека иконата на светецот во соборниот храм „Свети Никола“, се донесе на шеталиштето, каде се скрши и празничниот колач. Мир, благосостојба, развој и напредок на градот посака градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион рече ...
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска промовираше иницијатива за субвенциониран студентски превоз за редовни студенти кои студираат надвор од местото на живеење. Претседателот на ФОП, Бленди Ходаи, изјави дека на министерствата за образование и наука и за транспорт им предлагаат модел на субвенционирање каков што има во Словенија. Како што рече, предлогот има две опции – првата е месечна карта за десет патувања што би чинела околу 1.100 ...
Штип вчера и денеска преку низа настани го одбележува патрониот празник на градот, Свети Никола. Одбележувањето започна со свечена академија, на која му беше доделен орденот „Свети Никола“ на фудбалскиот репезентативец и клубски интернационалец, Бојан Миовски. „Бојан Миовски со макотрпна работа, тренинг и пожртвуваност прерасна во наш најголем спортски амбасадор и сме горди што благодарение на неговото име, името на градот Штип и Република ...
Се зголемува побарувачката на вода низ маркетите во главниот град по најавата на ЈП „Водовод и Канализација“, дека поголемиот дел од Скопје утре по 22 часот ќе остане без вода поради санација на главниот цевковод. Во дел од маркетите што ги посети МИА, рафтовите со вода, особено тубите над 5 литри, се празнеа. -Како што ги редиме, ги земаат, рече една од продавачките. И угостителите се подготвуваат за најавениот прекин на водоснабдувањето ...
Компанијата „Гамето“ (Gameto) со седиште во Њујорк, САД, го објави раѓањето на првото бебе во светот зачнато со помош на новата технологија наречена „Фертило“ (Fertilo). Новороденчето дојде на свет во клиниката „Санта Изабел“ во Лима, Перу, и тоа претставува значителен напредок во лекувањето на неплодноста, елиминирајќи ја потребата од приближно 80 отсто од хормонските инјекции коишто се потребни за оплодување со вообичаената метода „Ин-витро“. ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 17 и 18 декември изврши вонреден инспекциски надзор во врска со починатото седуммесечно бебе на ЈЗУ УК за Детски болести Скопје. Во соопштението од ДСЗИ, а врз основа на извршениот увидот во медицинска документација (истории на болест, упати и специјалистички извештаи) и изјавите од докторите кои учествувале во лекувањето, констира дека седуммесечното бебе прв пат во ЈЗУ УК за Детски болести Скопје ...