Екипата на Пролет ја запиша втората победа во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада Радовиш со 27-24 во меч од третото коло. За гостите ова беше трет пораз и тие се во долниот дел од табелата. Гостите до пред 10-та минута имаа минимално водство, по што домаќинот успеа да поведе со еден гол, а потоа да го диктира темпото на мечот. На одморот резултатот беше 14-13. Во вториот дел продолжи доминацијата на Пролет, дојде на плус пет ...

И втора победа за ракометарите на Пролет на стартот од новата сезона во Суперлигата на Македонија. Во 3. коло од шампионатот пред своите навивачи славеа со 27-24 (14-13) против екипата на Радовиш. Натпреварот почна израмнето, низ игра гол за гол во првите десет минути од средбата. Пролет првпат дојде до предност од два гола разлика во 15. минута кога се стекна со водство од 10-8, а потоа и до 11-8. На две минути до полувремето беше и 14-11, но ...