
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



По доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спроведе контрола кај оператор со храна кој стопанисува со киосци ( тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок. За утврдениот прекршок инспекциските служби на Агенцијата издадоа решение за уништување на 1920 килограми небезбедната храна повлечена од неколку киосци со кои ...
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица- ОВР Валандово запленети се околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово- Валандово. -При крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 година во правното лице за производство,трговија и услуги со приоритетна дејност, одгледување на останати повеќегодишни посеви и добиена лиценца за одгледување на марихуана ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата Само интервју на Канал 5 синоќа најави уште најмалку шест нови авио линии од скопскиот и охридскиот аеродром. – Веќе донесовме четири од Скопје и две од Охрид, а овие нови шест дополниелно ќе ги објaвиме до крај на годината. Ќе имаме нови дестинaции. До крај на годината уште нови шест линии ќе објавиме кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром. Кога дојдов на ...
Илон Маск е првиот човек кој достигнал богатство од над 400 милијарди долари, според Форбс и Блумберг, јави ДПА. Неговото богатство главно се состои од акции во производителот на електрични автомобили Тесла и компанијата SpaceX. Американскиот магазин Форбс го процени богатството на Маск на 431,2 милијарди долари, а Блумберг соопшти дека тоа изнесува приближно 447 милијарди долари. По американските претседателски избори на почетокот на ноември, ...
Поранешното момче на Ким Кардашијан, музичарот Реј Џеј, тврди дека познатите личности им плаќаат на жртвите и обвинителите на Диди да молчат бидејќи се плашат дека ќе го откријат нивниот идентитет, пренесува Б92. Реј Џеј во новиот документарец на ТМЗ изјави дека неколку познати личности им понудиле пари на обвинетите за да ги замолчат затоа што се плашат дека жртвите би можеле да откријат дека и тие присуствувале на злогласните забави на Диди. ...
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања, „Тејст атлас“ (Taste Atlas) ја објави листата на 100 најдобри национални кујни во светот за 2024 – 25 година. Македонската кујна го зазеде 47. место (со оценка 4,16 од 5). На гастрономската платформа има повеќе од 10.000 јадења и пијалаци. Се препорачуваат и традиционални јадења и автентични ресторани. Годинашните ранг-листи се креирани врз основа на речиси 400.000 оценки за храна и 115.000 ...
Не му е прва кафаенска ама е нова и тоа песна, која нема кој да не ја запее. „Срце храбро“ за боемите, вљубените, расположение. Таква е новата песна на Миле Кузмановски, а ја промовираше вчера во винаријата „Стоби“. -Песната е од автор, кој не го познавам и случајно дојде до мене. Но, кога ја слушнав реков-да, тоа е тоа. Знам дека ќе се допадне на публиката, бидејќи е боемска, љубовна, секој може да се пронајде во неа. Песна за добро друштво, ...
Во 1956 година, научниците од американското Национална служба за диви животни на Мидвеј Атол – остров во Тихиот Океан којшто служи како живеалиште за птици албатроси, забележале женка како се гнезди во таа област. Потоа ѝ ставиле ознака на ногата за да ја следат. Овој вид почнува да се размножува на возраст од околу пет години, па научниците претпоставиле дека таа птица е родена околу 1950 година. Ја нарекле Виздом (Мудрост). Според научните ...
На 16 и 17 декември на големата сцена на Македонскиот народен театар, со почеток од 20:00 часот ќе се одиграат две премиерни изведби на претставата „Замисли нов свет”, работена според мотиви од делата на Горан Стефановски. Ова беше соопштено на прес-конференцијата која се одржа денеска во Македонскиот народен театар, на која присуствуваа членови на актерската екипа заедно со режисерката Нела Витошевиќ, претставникот од продукциската куќа „Сектор ...
Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело, ни одговорија од МВР за Телма. Наредбата ја побарало МВР за да собере докази за евентуално кривично дело. Премиерот Христијан Мицкоски на 28 ноември од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања, рече дека континуирано добива информации за тоа што се случува во ...
Нема зима во којашто сезонскиот грип не зема замав. Децата во предучилишна возраст, хроничните болни, трудниците и возрасните над 62 години се најризичните групи и на кои најмногу се става акцентот во превенцијата. Родителите на деца во градинка или во училишна возраст најчесто сами можат да ги препознаат симптомите на вирусната инфекција од грип, со оглед на тоа дека се случува почесто заради физичкиот контакт на децата со други деца и ...
Русија целосно ја поддржува мировната иницијатива и размената на воени заробеници предложени од унгарскиот премиер Виктор Орбан, соопшти денеска Кремљ. Украинскиот премиер предлозите ги претстави за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -За време на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин, унгарскиот премиер Виктор Орбан предложи на Бадник да се одржи ...
Сопругата на градоначалникот на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ацо Ристов, судијката Данка Ристова е избрана за нов член на Судскиот Совет. Таа ќе замени Лорета Ѓорѓиева чиј мандат истече. Изборот е направен преку гласање од судиите во Штипското апелационо подрачје, каде Ристова добила мнозинство гласови. Според СДСМ станува збор за скандал и за партизација на Судскиот совет од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а од ВМРО-ДПМНЕ, матичната партија на ...
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски нема прецизна информација дали Владата планира да му ги одземе ингеренциите на Град Скопје за јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје. -Знам дека претседателот на Владата го изјави тоа. Знам дека размислуваат сериозно на таа тема затоа што ги засега сите скопјани и тоа не е единственото прашање кое во моментов предизвикува голгота за скопјани. Имаме проблем со ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата не планира да ја ограничи употребата на ТикТок откако беа повредени деца во предизвикот „Супермен“. Вели дека внимателно ја следат ситуацијата. – Таму нивото на безбедност и заштита е пониско од останатите мрежи и затоа може да се споделуваат видеа што повикуваат на насилство, омраза, булинг… Внимателно следиме и ќе се однесуваме онака како што ќе се однесуваат државите ...
Кампањата официјално започна во пресрет на претседателските избори во Хрватска, кои ќе се одржат на 29 декември. Изборната комисија утврди дека за функцијата шеф на државата ќе се борат осум кандидати. Нов мандат бара актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кој ќе биде кандидат на СДП и нејзините партнери. Владејачката ХДЗ и нејзините партнери го номинираа Драган Приморац. Во трката се и кандидатот на МОСТ, Миро Буљ, кандидатот на „Можемо“ Ивана ...
Годинашната „Евровизија“, според многумина, е најконтроверзниот натпревар последниве години. А, Европската радиодифузна унија – ЕБУ се соочи со критики од уметниците и националните радиодифузери, меѓу другото, и за небезбедни работни услови и недостаток на приватност за уметниците. Поттикната од тоа, ЕБУ за „Евровизија 2025“ реши да воведе и „продуцент на добросостојба“ кој ќе се грижи за уметниците и персоналот… Како дел од новите правила на ...
Собранието денеска изгласа законски измени со кои треба да се овозможи забрзана изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, со решенија со кои се уредува начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата. На продолжение на 22. седница, со 64 гласа „за“ беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на ...
Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса Транс“ и предметот е вратен на повторно судење. Од Апелација за МИА, потврдуваат дека има одлука по предметот и дека веќе е вратен во првостепен суд. – Одлуката е укината, жалбите на обвинетиот како физичко и правно лице се уважени. По жалбите и по службена должност пресудата е укината и предметот е вратен на повторно судење, информираат од Апелација. Посочуваат дека одлуката веќе ...
Кум за Бадник 2025 година е Радомир Макеларски, стар скопјанец, економист по професија кој кариерата ја завршува во семејната фирма на неговиот брат „Макпримат“, а здравичар е Атанас Петров, дипломиран архитект и сопственик на фирмата „Торус инженеринг“. Од Одборот за традиционална прослава на Бадник денеска најавија дека традиционалното собирање на бадниковите гранчиња ќе се одржи на 22 овој месец од 12 часот на падините на Водно каде, според ...
Истражувачи тестирале 89 делфини во Мексиканскиот Залив и откриле дека 30 од нив имаат одредено ниво дрога во своето тело, а 24 биле позитивни и на лек против болки, којшто е 100 пати посилен од „Морфиумот“. Податоци за местата на концентрацијата на кокаин не се објавени. Новиот труд откри и присуство на „Фентанил“ кај овие морски животни. Седативот „Мепробамат“ и мускулниот релаксант „Карисопродол“, исто така, се најдени во мастите на ...
Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ денеска донесе одлука за укинување на контролите на патниците на копнените граници на Бугарија и Романија со земјите од Шенген зоната од 1 јануари 2025 година. – Ова е историски момент. Бугарија и Романија конечно стануваат полноправни членки на Шенген зоната, изјави унгарски министер за внатрешни работи Шандор Пинтер. Според него, укинувањето на контролите на патниците на внатрешните копнени граници ...
Вчера, во големата сала на НУЦК „Антон Панов“, се одржа традиционалната Свечена седница на советот на Општина Струмица, со која беше одбележан Денот на заштитниците на Струмица – Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици. За значењето на празникот, за улогата на свештеномачениците во зародишот на христијанството во нашиот град, како и за денот на нивното погубување, зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов. Тој во својот говор, ...
Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде трета најтопла година во светот, веднаш зад 2024 и 2023 година, кои ќе ги заземат првите две места на листата на најтопли години откако се мери температурата. Според податоците на британската Метеоролошка служба, 2025 година ќе биде најмалку 1,29 степени потопла од пред индустриската ера, а можно е температурата да се зголеми и до 1,4 степени, пишува „Скај њуз“. Се очекува 2025 година да го собори ...
Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ испрати отворено писмо до Агенција за филм на РСМ, Министерство за култура и туризам, Влада на РСМ. „Поминаа повеќе од два месеци откако заврши јубилејното 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” кој се реализираше без ниту еден денар буџет од Агенцијата за филм, единствено на добра волја на сите учесници, соработници и партнери на Фестивалот. Повеќе ...
Земјотрес со интензитет од 3,9 степени рано утринава ја погоди околината на Призрен, а два часа по првиот се случи и вториот земјотрес со интензитет од три степени. Првиот земјотрес се случи во 00:46 часот, а вториот нешто пред 03:00 часот, на 20 односно на девет километри од Призрен. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) претходно објави дека првиот земјотрес бил со јачина од 4,2, а вториот 3,2 степени според Рихтеровата скала, ...
Во пресрет на акцијата „Новогодишна кошничка“, најавена за 15. месецов, пазарните инспектори ги мониторираат сегашните цени на производите кои ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Со акцијата се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти. Во меѓувреме статистиката регистрираше зголемувањето на трошоците на животот во групата храна и ...
Блокаторите на пубертет за помлади од 18 години со родова дисфорија ќе бидат забранети на неодредено време ширум Велика Британија, освен за употреба во клинички испитувања, соопшти владата. Министерот за здравство Вес Стритинг потврди по консултација со медицински експерти дека постоечките итни мерки со кои се забранува продажба и снабдување со блокатори за пубертет ќе бидат продолжени на неодредено време. Министерството за здравство и социјална ...
На фотографијата која ја шокираше јавноста се гледа жена која по естетска корекција буквално го сменила личниот опис, пренесува курир.рс. Докторот Фарзан Малекзадех, хирург од Турција, креаторот на познатата техника Пикасо, на својот Инстаграм профил сподели вирална трансформација. Д-р Малекзадех нагласи дека целиот процес траел 86 дена. Инстаграм им откри и на корисниците на социјалната мрежа какви интервенции направил на пациентката која сега ...
За многу Германци, посетата на божиќниот базар сега е едноставно дел од животот. Сепак, многумина беа шокирани од цените на вареното вино, кои годинава се движат меѓу 4 и 4,5 евра за чаша, пренесува курир.рс. Според истражувањето на онлајн туристичкиот портал „Ги сакаме празниците“, цените на варено вино се значително зголемени речиси насекаде во Германија. Во споредба со 16 германски градови меѓу 2018, 2023 и 2024 година, скокот на цените ...