
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Многу луѓе не сакаат да фрлаат храна, па посегнуваат по она што изгледа сѐ уште погодно за јадење – на пр., белиот дел од мувлосаниот леб којшто „позеленел“ само донекаде… Сепак, лекарите недвосмислено советуваат: Фрлете го цел леб. Додека некои видови мувла се јадат – како оние што се наоѓаат во синото сирење и антибиотиците, други – како онаа во лебот со латински назив „Rhizopus stolonifer“, се исклучително опасни по здравјето. Д-р Каран Раџ ...
Професорите, студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ и учениците од штипската Гимназија „Славчо Стојменски“ денеска го одбележаа Меѓународен ден на мајчиниот јазик, кој пред 25 години бил прогласен од страна на УНЕСКО за Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Универзитетската професорка Ана Витанова Рингачева од Филолошкиот факултет објасни дека целта на настанот била да се покаже на младите како јазиците го поврзуваат светот и ни помагаат да се ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,019 ден/кг и ќе изнесува 46,190 ден/кг, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе изнесуваат 80 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС, 82 денари за литар ЕУРОСУПЕР ...
Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека од денеска нивните инспектори се на терен и ќе вршат контроли дали се почитуваат одлуките на Владата за ограничување на маржите и за замрзнување на цените на прехранбените производи. Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на овие две одлуки се движат од 500 до 10.000 евра, а сите неправилности може да се пријават на 191 или на www.dpi.gov.mk. ...
На македонскиот пазар на труд постои хоризонтална професионална сегрегација т.е. жените се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите, занимањата во кои доминираат мажите (на пример ИТ стручњаци, инжинери, техничари) се поатрактивни на пазарот на труд, а побарувачката за работници во овие занимања е поголема. Професионалниот јаз (однос помеѓу понудата и побарувачката на работници) е највисок кај занимањата ...
Вчера во 10.00 часот до СВР Скопје стигнала пријава дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на 20-годишниот М.К. од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножеви и еден сатар. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Од Кривичниот суд велат дека е зголемено нивото на обезбедување и дека не го знаат мотивот на скопјанецот, кој се обидел да влезе во Судот ...
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на новинарско прашање зошто лидерот на ДУИ Али Ахмети не е повикан во Обвинителството и во полиција ако е сигурен дека тој е во секојдневна комуникација со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство, кажа дека адресата за тоа прашање се двете спомнати институции. – Тоа не е моја работа, тоа е работа на Обвинителството и на Полицијата, ...
Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63 773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63 252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79 148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.800 денари ...
По низата скандали, особено по последниот кога угинаа 40 животни, а јавноста реагираше по инормирцијата дека имало обид да се прикрие, со соопштение се јавија од Зоолошката градина во Скопје и, како што велат, со надеж дека одредени поединци ќе престанат со ширење дезинформации и невистини, и со пласирање на информации на начин и со цел да ја вознемират јавноста. -Зоолошка градина на град Скопје моментално е дом на 646 животни, од 91 видови, за ...
Возач на товарно моторно возило, државјанин на Косово, се обидел преку Деве Баир да криумчари разни лекови и анаболични стероиди од кои 126 кутии со вкупно 1.260 ампули Equiamax B200 200mg-1ml, Decamax D200 200mg-1ml, Testomax E250 250mg-1ml, Testomax C200 200mg-1ml, Primomax P100 100mg-1ml, 50 флакони Gemtu 1000mg-10ml, како и 49 кутии со вкупно 4.410 таблети Andromax Oxymetholone 25mg и Danamax Methandrostanolone 10mg, инормираат од Царина. Во ...
Дел од маркетите веќе почнаа во пракса да ја спроведуваат одлуката на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите, која вчера излезе и во Службен весник, со што стана официјална и треба да важи до 30 април годинава. Иако согласно одлуката од денеска се очекуваше да поевтинат над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи во пракса во маркетите не се гледа некое забележително намалување на ...
Словенец од областа на Марибор останал без 37.000 евра откако станал жртва на измама со криптовалути, соопшти полицијата во Марибор. Жртвата добила телефонски повик во кој му било кажано дека има средства на сметка и дека може да ги подигне со инсталирање на апликација за далечински пристап. Со тоа, измамниците стекнале контрола врз неговото онлајн банкарство и извршиле повеќе трансакции со кои ги испразниле неговите сметки. Словенечката ...
„Визер“ ја укинува авиолинијата Скопје-Будимпешта од 9 март 2025 година, a ова е седмата линија што компанијата ја повлекува во последнава година. Од јануари 2025, „Визер“ веќе престана да лета за Салцбург и Бремен, а ги укина и летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста. Иако компанијата не соопшти зошто ја укинува оваа линија, не е познато ни дали ќе биде вратена со зимскиот ред на летање. Меѓувреме, „Визер“ доби субвенции од Владата за ...
„Фејсбук“ најави дека од оваа седмица ќе ги промени правилата за зачувување снимки од пренос во живо (LifeStream). Имено, наместо неограничено време на задржување, сите видеа во живо автоматски ќе се избришат по 30 дена. Оваа промена ќе влијае на сите корисници кои некогаш снимиле видео во живо на платформата. Компанијата објави дека, првично, ќе им даде на корисниците 90 дена да одлучат што сакаат да прават со нивните стари снимки пред тие ...
„Раката што дава не се суши“ или „Не е важно колку имаш во џебот, важно е колку имаш во срцето“ се изреки кои ги кажал некој а во кои може да се преслика охриѓанката Весна Миленкоска, која е инспирација за сите жени и хуманисти. Таа е доказ дека се што ќе те снајде во животот треба да го дочекаш на нозе и од тоа да излезеш победник. Особено поради тоа што во време кога била невработена, таа решила, тоа што го има да го сподели со оние што ...
Двајца станари, еден пожарникар и еден полицаец се повредени во пожар што избувна синоќа во зграда во скопската населба Кисела Вода, спроти Општината. Еден стан е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставија станарите под ведро небо, објави на Фејбук претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. – Веднаш со мојот тим се упативме на местото на настанот. Жителите на оваа зграда се евакуирани и во моментов се во ...
Србин кој неодамна го посетил Скопје се изненадил од специјалитетот – бурек во леб или симит погача. Своето искуство го споделил на ТикТок каде покажал како изгледа овој специјалитет. „Значи, ова е празен, ултра масен бурек кој е спакуван во кифла. Кифлата во оваа приказна служи за впивање на маснотиите. „И лебот е натопен, и протекува насекаде“, објасни авторот на видеото на ТикТок. @paqito__ Furna, Čair, Skoplje Šta kažete na burek u hlebu? ♬ ...
За оние кои сакаат одмор во урбана, градска средина, а сепак не преполна со туристи, каде што воздухот е чист, а улиците – без ѓубре, Естонија е „совршената земја“, бидејќи тукушто е прогласена за најчиста земја во светот. Според извештајот „Воздухот што го дишеме“ на „Ворлд попјулејшн ревју“ (World Population Review), оваа балтичка држава е земјата со најчист воздух. Така, според Индексот за еколошко уредување (ЕПИ), којшто се насочува на ...
Ерол Маск, таткото на Илон Маск, го критикуваше својот син и неговите родителски вештини. Ерол беше гостин во подкастот “Wide Awake” два дена пред авторката Ешли С. Клир да каже дека има дете со Илон. „Тој не беше добар татко. Првото дете беше премногу со дадилки и почина под грижата на дадилката“, рече тој. Патем, Илон и неговата поранешна сопруга Џастин Вилсон го добија синот Невада, кој почина во 2002 година на возраст од 10 недели. “Илон ќе ...
Единствениот државен ПЕТ-центар не работи три недели. Министерството за здравство беше информирано дека поради неопходно сервисирање, ќе има застој. Од понеделник веќе сѐ продолжува да си функционира нормално, изјави за МИА директорката на Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија, Невена Маневска. – Десет години не беа сменети хепа филтрите во ПЕТ-центарот. Заради нивна презаситеност и затекната нарачка на погрешни филтри, ...
Со месеци трае хаосот во македонското здравство поради неспособноста на Таравари и и ДПМНЕ. Најпогодени се онколошките пациенти, чии животи се загрозени поради катастрофалниот менаџмент, вели Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор на СДСМ. -Катастрофални услови, неизвесност, чекање, недостаток на кадар, голготата која ги засега пациентите од целата држава продолжува. Откако веќе со недели недостасува биолошката терапија на Клиниката за ...
До ММС се обратија жители на населбата Осми Ноември во Штип, дека и покрај бројните паркинг места низ населбата, многу често паркинг за станарите нема. Причините може да се бараат на повеќе места. Населбата има пошта, неколку угостителски објекти, продавници, прехранбени маркети, аптеки, обложувалници, ординации, кои имаат редовни посетители, а кога нивните паркинг места, доколку ги имаат, се пополнат, тогаш посетителите се паркираат на ...
Во тек е постапка за поставување на 200 камери на штипските улици и булевари, како и на игралиштата и околу градинките и училиштата најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Средствата за видео надзорот се обезбедени од општинскиот буџет. Штипјани изминатите години се сведоци на вандализам, односно на искршени клупи, детски реквизити, урбана опрема во парковите, игралиштата и на пешачката патека покрај река Брегалница. ...
До крајот на следната година автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов. Тоа денеска од Охрид го истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој имаше средба со раководството на компанијата „Костал Македонија“. Николоски и во оваа прилика посочи на лошо проектираниот зафат за автопатско поврзување чија траса, како што нагласи, минува низ градби од А категорија, од заштитено подрачје на аеродромот во Охрид, преку ...
Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, во гостување во емисијата „Дијалог на Лајми“ изјави дека Артан Груби, кој е во бегство, сè уште има силно влијание врз ДУИ. Тој истакна дека Груби е во редовен контакт со лидерот на партијата, Али Ахмети, а тоа, според него, се забележува во начинот на кој функционира партијата, како и во медиумите блиски до него. „Се шпекулира дека е во Албанија, но мислам дека постојано комуницира со раководството на ДУИ. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина, јави Би-Би-Си. – Не е лесно, но Киев работи на тоа, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина се обидува да организира средби, без да открие детали за учесниците. Зеленски, исто така, нагласи дека нема да дозволи никој да го замени ...
По повеќе од 13 години девојче од скопско Шуто Оризари добива документи, односно доаѓа до Извод од матична книга на родени и со тоа станува видливо за институциите и непречено да ги остварува своите права и да се запише во училиште. Народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес-конференција укажува дека ова не е изолиран случај и апелира до институциите да се анимираат и го решат проблемот за околу 400 „невидливи лица“ кои имаат побарано ...
Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска изјави дека САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, конкретно владниниот предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, но и поднесените интерпелации од страна на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до Собранието за петминаат членови на Судскиот совет, кој се избрани од закондавниот дом и нагласи дека она што сакаат да го видат е дека во сите ...
Кај 69-годишен пациент, извршена е трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псеудоартроза. Пациентот е со уреден постоперативен тек, информираат денеска од Министерството за здравство. – Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализант по анестезија д-р ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П. Б. во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.С. Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик. -Пријавениот П.Б во својство на директор на АД Државна лотарија, ја злоупотребил ...