
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Градската депонија во Кочани долго време претставува значаен еколошки проблем за локалното население. Поради честите пожари и испуштањето на токсичен чад, жителите изразуваат загриженост за своето здравје и животната средина. И покрај превземените мерки, граѓаните се револтирани и остануваат на ставот дека не сакаат туѓо ѓубре бидејќи негативно влијае врз нивното здравје. А дека нивното здравје од година во година е се позагрозено го потврдуваат ...
Средношколците од Општина Штип ќе имаат можност да следат бесплатни часови по математика, физика, хемија и биологија на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Ректорот Дејан Мираковски рече дека на овој начин сакаат да им помогнат на идните нивни студенти и да се подобрат резултатите на државна матура кај средношколците, но и зголемување на интересот за техничките факултети. Тој посочи дека Универзитетот ја почнува Програмата „Иницијатива за ...
Музичкиот спектакл на 75-тото издание на фестивалот Санремо му донесе неочекувана победа на младиот пејач Оли, кој ги воодушеви присутните и жирито со песната Balorda nostalgia. Неговата интерпретација и емоциите кои ги пренесе за време на настапот го однесоа на самиот врв на натпреварувањето и му обезбедија билет за Евровизија каде ќе ја претставува Италија. Оли е млад италијански пејач од Џенова, роден во 2001 година, а создава музика од 2016 ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, менаџментот на ТАВ и директорот на германскиот тур-оператор на RSD Reisen Хорст Живковиц, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје го пречекаа првиот чартер-лет на авиокомпанијата „Фрибрд ерлајнс“, кој ја донесе првата група од 180 германски туристи. Со ова се одбележа почетокот на овие чартер-летови кои ќе пристигнуваат на скопскиот ...
Неселективна правда и казни за прекршителите, побараа попладнево на протестот „Правда за Фросина или, како што рекоа родителите на Фросина „марш на тагата“. Со едноминутно молчење маршот почна од „Партизанска“, а продолжи пред Собрание, Влада и пред Апелација. -Дојдени сме да бараме правда за Фросина и за другите жртви. Заедно сите да направиме нов систем. Никој да не ја злопупотреби нашата трагедија, рече нејзината сестра Росица. -Будно го ...
На денешниот настан во рамки на 61. Минхенска безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон Европската Унија, премиерот Христијан Мицкоски истакнал дека македонскиот пат кон ЕУ „започна многу пред да започне евроинтеграцискиот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка“. -За нас бајката стана подвижна мета. Ние сме жртви на билатеризација или, да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е ...
СВР Скопје денеска (16.02.2025) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа удри пешаци во Скопје. -На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска” и ул.„Галичица” во Скопје патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје. Во ...
РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Гостивар, од 00:45 часот со 9 пожарникари и 3 ПП возила интервенираат на опожарен објект во с.Неготино (општина Врапчиште). Се работи за магацин за производство на полиестер кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен, информираат од Центарот за управување со кризи. Веднаш по пријавата на терен излегле 9 пожарникари со 3 противпожарни возила од ТППЕ од Тетово. ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци повело постапка против две лица за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено лице – полициски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги искористи зборовите на Наполеон Бонапарта во својата најнова објава на неговата социјална мрежа Truth Social, пишувајќи „Оној кој ја спасува својата земја не прекршува ниту еден закон“. Трамп на тој начин го повтори својот отпор кон обидите да се ограничат неговите извршни овластувања во повеќе судови, јавија американските медиуми. Белата куќа се уште не ја коментираше новата објава на претседателот. ...
Росица Кулакова, сестра на трагично загинатата Фрсина, која пред две недели ја прегзи Васил Јованов, во објава на Фејсбук најави дека целото семејство ќе се приклучи на протестот и дека симболично тргнуваат од Универзална сала, каде згасна животот на Фросина. Таа во објавата напиша: -Денес официјално се приклучив кон иницијативата “Кој е следен” како претставник на целото наше семејство и гасноговорник за Фросина,. Да нема забуни, манипулации и ...
Наталија Веденина се омажила за 17 години помладиот Нигериец Габриел и имала само една желба: да му роди дете. Се запознале на веб-сајт за запознавање, се вљубиле, започнале врска и се венчале, а потоа им станале родители на близнаците Давид и Данило. Наталија Веденина била мажена во младоста, но се развела. Самата се грижела за синот Анатолиј и сонувала дека еден ден ќе го најде својот принц. А потоа, во 2010 година се случило чудо! Кога го ...
Додека се собраа на самитот, европските официјални лица се уште беа оптоварени од 90-минутниот телефонски разговор на Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, како и од коментарите дадени во Брисел оваа недела од американскиот секретар за одбрана Питер Хегсет. За поранешниот литвански министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, најзанемарената линија од обраќањето на Хегсет беше предупредувањето дека реалноста ќе ги спречи ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир. Постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат ...
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144, Насилство врз дете од член 201-а, како и Предизвикување општа опасност според член 288 од Кривичниот законик. Како што соопшти ОЈО, делата ги извршила последователно така што најпрво на 10 февруари при вршење семејно насилство му се заканила на сопствениот татко ...
Сѐ почна во Хрватска кон крајот на јануари. Веќе неколку недели, во земјата се одржуваат многубројни бојкоти на супермаркети, со коишто граѓаните го изразуваат своето незадоволство од сѐ повисоките цени. Исто толку незадоволни се купувачите и во други земји-членки на ЕУ, како и во неколку држави што сакаат да се зачленат во блокот. Бојкотот на продавниците го почна една група на Фејсбук наречена „Ало, инспекторе“. Движењето наиде на поддршка кај ...
Млад човек, доживеал „незгода“ затоа што во автобус во Белград го заборавил подарокот за својата сакана, која сакал да и го подари вечерва. „Заборавив букет со слика и кутија чоколади, подарок за Свети Трифун, во втобусот 37, ако некој го нашол ве молам да ми се јави“, стои во објавата на Инстаграм страната на Дневнадозабеоград. View this post on Instagram A post shared by Dnevna doza Beograda | Vesti i informacije za Beograd ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс остро ја критикуваше состојбата со слободата во Европа, при што посебно го издвои Обединетото Кралство. На денешното обраќање на Минхенскиот безбедносен форум, Ванс укажа на, како што рече, „повлекување на основните слободи“ во некои од земјите кои биле победници во Студената војна, пренесува Скај Њуз. – За жал, кога ја гледам Европа денес, не е секогаш јасно што се случи со некои од победниците на ...
Денес се збогуваме со проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер, чие влијание во медицината и образованието ќе остане запаметено. Проф. д-р Јуруковски беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што служеше како продекан и шеф на Катедрата за гинекологија и акушерство. Долги години беше и директор на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, каде што неговите напори доведоа до воведување на современи медицински ...
Некогаш се веруваше дека бојата и видот на цветот може да носат скриени пораки. Што всушност значи секоја боја на роза. Црвена роза – симбол на љубов и страст Црвената роза е класичен симбол на љубов, романса и страст. Подарувајќи црвена роза, испраќате јасна порака до саканата личност дека ја сакате и дека сте заљубени. Црвената е најпознатата и најпосакуваната боја на Денот на вљубените, симболизирајќи длабока емотивна врска и страсни чувства. ...
Светската здравствена организација (СЗО) објави нови резултати од истражување што покажуваат загрижувачки ниска свест за врската помеѓу алкохолот и ракот во Европа, што ја поттикна да повика на воведување јасни и видливи предупредувања за алкохолните пијалоци, слични на оние на пакувањата со цигари. Алкохолот предизвикува 800.000 смртни случаи во Европа секоја година, но само мал процент од населението е свесен за ризиците, соопшти европската ...
Американка го прослави својот 104-ти роденден на необичен начин – со еден ден в затвор, соопшти Канцеларијата на шерифот на Округот Ливингстон. Според соопштението, Лорета – жителка на старечки дом во градот Авон во американската сојузна држава Њујорк, сакала да го одбележи својот голем ден со посета на поправниот дом. Вработените веднаш го контактирале одделот на шерифот, кој веднаш се согласил да ѝ ја исполни желбата. Пред турата низ затворот, ...
Српскиот актер со македонски корени, Милош Биковиќ уште со првата улога го привлече вниманието кај жените, но во серијата „Кукли“ се прикажува во поинакво светло, хариматичен измамник кој го користи сексот да манипулира со нив за да напредува во бизнис светот. Жешки сцени, голотија и мускулите на Милош, комбинација која го врати актерот на врвот како миленик на женската публика во регионот. Големата популарност што серијата „Кукли“ му ја донесе ...
Основното јавно обвинителство Битола, по пријава од Управата за финансиска полиција, започна постапка против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување, како и против три лица за несовесно работење во службата. Постапката е проширена и за едно правно лице и неговиот управител, кои не биле опфатени во пријавата од УФП. Сомневањата се дека директорот на РЕК Битола, заедно со други осомничени, незаконски избрал поскапа понуда за ...
Следната недела ќе биде познато дали ќе има ограничување на маржите на основните прехранбени производи, средствата за хигиена и бебешката храна. Претставници на трговците и дистрибутерите денеска имаа средба во Министерството за економија и дале свои предлози кои дополнително ќе се анализираат. – Трговците и дистрибутерите дадоа свои предлози и забелешки кои Министерството за економија и труд дополнително ќе ги анализира. На состанокот беше ...
Со изведување на материјални докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за убиството на Вања и Панче. Дел од изведените докази вклучуваа предмети собрани од местото на настаните и извештаи од техничка обработка на возилото Рено Кангу. -Работни ракавици и отпушоци од цигари пронајдени во пластична чаша. Пронајдени и подигнати при извршеното обезбедување на доказен материјал од извршен увид на 7.12.2023 ...
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска соопшти дека почнува со примена на полиграфско тестирање. Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата, како и во сите други случаи во согласност со Законот за Агенција за национална безбедност. ...
Наместо да се бара рефундација, антикоагулансот „клексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов. Како што посочи Клековски, побарани се две измени во правилникот, односно да се овозможи преместување на лекови од болничката на аптекарската позитивна листа, како и ...
Дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени, информираше денеска директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов на заедничката прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Пандов нагласи дека по пронајдениот ...
Со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци, Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија со која чиноначалствуваше владиката Јоаким од Дељадровско-Илинденска Епархија, што се одржа пред голем број верници. Во рамките на манифестација ,,Саем на домашно вино” во организација на црковниот одбор на црквата ...