Фабриката за бисквити „Јафа Црвенка“ повлекува одредени количини од производот „Рум касато“ од 120 грама со следниве рокови на траење: 10.7.2025, 14.7.2025, 23.7.2025, 24.7.2025, 25.7.2025 и 26.7.2025. Причина за повлекувањето, како што соопшти, е можно присуство на тврди шеќерни парчиња. Сите останати рокови на траење, според „Јафа Црвенка“, се со стандардно висок квалитет. -Ги повикуваме купувачите и потрошувачите кои имаат купено производи со ...

Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај, ЕВН продолжува да испорачува неточни, често енормно зголемени сметки за електрична енергија, претворајќи го снабдувањето со струја во легализирана кражба! Наместо корекција на грешките и заштита на граѓаните, Владата и покрај измисленото Министерство за енергетика, останува глува и немо набљудува како народот ја плаќа оваа неправда. Не преземањето чекори за спротивставување на оваа кражба, ...

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност. Како што информира Републичкото јавно обвинителство, тројцата обвинети, во раните утрински часови на 13 ноември 2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар ...

Не една, туку две претстави ќе има возобновеното шоу „Гумците пеат“ и тоа на 9 април, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи во Македонскиот народен театар (МНТ). Како што најави организаторот годинава инспирација е филмската музика, за разлика од лани кога на сцената продефилираа актери исполнувајќи евровизиски хитови. Годинава на шоуто ќе настапат околу 25 актери, секој со своја музичка приказна. Познатата манифестација „Глумците пеат“ по пуза ...

Трагичната смрт на популарниот актер Метју Пери на 28 октомври 2023 година го шокираше светот. Најпознат по улогата на Чендлер Бинг во култната серија Пријатели, Пери остави неизбришлива трага во телевизиската историја. Околностите на неговата смрт сè уште не се целосно разбрани, а документарниот филм на Пикок „Метју Пери: Холивудска трагедија“, чија премиера ќе биде прикажана на 25 февруари, би можел да даде одговор на некои прашања. Неодамна ...

Русија им наложи на своите пропагандисти да прогласат „победа“ во војната „против Украина и НАТО“ на 24 февруари, на третата годишнина од нејзината целосна инвазија, тврди Украинската воена разузнавачка служба (ХУР), а пренесува „Киев Индипендент“. Според разузнавачката служба, целта на Русија е да сее хаос меѓу Украинците, да се дестабилизира ситуацијата во земјата и да се дискредитира Украина меѓу своите сојузници. Тие, исто така, тврдат дека ...

Во видеоинтервју за „Ел“ (Elle), Лејди Гага говори за својата кариера, приватниот живот… Смета и дека нејзиниот нов албум „Mayhem“ е „звучно моќен и поетски“, а се осврна и на последната „Греми“ награда. Најмногу го сака она кога „обожавателите, кога ќе излезе од хотел, ја поздравуваат со стиховите“ од некои нејзини песни… – Навистина уживам во тие мигови, рече таа. По повод овогодишното „Греми“ за најдобро поп-дуо – со Бруно Марс за песната ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги отфрли како неточни информациите дека наводно имало некаков договор за вработување 2 000 – 3 000 Албанци во јавната адинистрација. -Не знам кој што изјавил. Знаете како оди издавањето согласности за вработување. Секоја согласност се издава врз основа на годишен план за вработување донесен претходната година. Годишните планови за вработување не предвидуваат такви нешта, ниту јас сум ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова ја поздрави засилената дипломатска активност на Владата во однос на САД. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на МАНУ во насока на лобирање за постигнување на стратешките цели на државата, таа кажа дека тоа е политички одговор на трансформациите во светот. -Да речеме тоа е политички одговор на огромните трансформации, во кои влезе светот. Се разбира, зошто во САД, јасно е. Не затоа што ...

До крајот на април се очекува сите измени на закони поврзани со безбедноста на сообраќајот во државата да бидат доставени до Собранието. Имплементацијата на системот „Безбеден град“ официјално треба да стартува од 1 јануари 2026 година. Засилените контроли на полицицијата и натаму ќе има, изјави денеска министерот за внатрешни работи Пенче Тошковски, кој зборуваше на јавната трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ и имаше средба со директорката д-р Марија Срцева Јовановски по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира по првпат, соопшти Министерството за здравство (МЗ). – Заради внимателно и безбедно пристапување кон реконструкција на КАРИЛ, информираме дека оваа установа во наредниот период ќе ...

Во 2024 година, малолетни лица во Кочани извршиле вкупно 51 кривично дело, што претставува зголемување од 104 отсто, односно двојно повеќе во споредба со претходната година. Според податоците на Одделението за внатрешни работи во Кочани, околу 82 отсто од овие дела се тешки кражби и кражби. Имало и четири случаи на насилство врз други малолетници, од кои еден е пријавен како силување. Дополнително, забележани се три случаи на разбојништва и ...

Пензионерите, кои протестираа за зголемување на пензиите преку линеарен метод, на денешната прес-конференција во Штип побараа ново водство на Сојузот на пензионери. Тие исто така побараа од државните институции и Владата да го разгледаат прашањето за зголемувањето на пензиите од 1 септември 2025 година, со конкретна информација дали тоа ќе биде линеарно или процентуално. Трајче Митев, претставник на Иницијативниот одбор од Штип, изрази револт по ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43 587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9.0 %, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растото на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.2 %), Транспорт и складирање (12.3 %) и Рударство и вадење на камен (12.0 %). ...

Со изведување на материјални докази предложени од Обвинителството денеска во Основниот Кривичен суд Скопје продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. За случајот се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски кои се произнесоа дека не се чувствуваат виновни. Во судница се изведуваат шест ЦД дискови со видеа од безбедносните камери ...

Изјавата на вицепремиерот Меџити на партиски настан за масовни вработувања во јавната администрација во период од една година е класичен пример на предизборен популизам, без никаква правна или институционална основа, велат од Кабинет на министерот за јавна администрација Горан Минчев . -Оттука, би го замолил г-динот Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата, ветувајќи нешто што ниту е реално, ниту е возможно без кршење на ...

Точно една седмица нѐ дели од најавеното музичко патување и уживањето во звуците на уникатните Barcelona Gipsy Balkan Orchestra – еден од најиновативните бендови од поновата генерација. Музиката на БГКО е инспирирана од различни музички традиции од Балканот, но и светот и е емотивно патување кое ветува уникатно и автентично искуство, какво што овојпат нѐ очекува уште еднаш, по она во 2022 година, на 28 февруари во Филхармонија. Творештвото и ...

Британскиот престолонаследник Вилијам е подложен на медицински тестови, по неодамнешната смрт на неговиот поранешен воен инструктор за летање, наредникот Зак Стабингс. Стабингс го обучуваше принцот за време на неговата служба меѓу 2010. и 2013 година. Почина на 47 години, по децениска битка со рак којшто ги зафаќа крвта и коскената срцевина. Неговата смрт предизвика загриженост за здравствените опасности поврзани со поголемата изложеност на ...

Струмица ставена на гиљотина од страна на централната власт и систематско осиромашување на од страна на централната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, реагира градоначалникот Костадин Костадинов во јавно писмо упатено до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во дел од писмото Костадинов пишува: „Вие можете да не ме сакате, да сакате да ме победите на избори, да сакате да ја освоите Струмица, но немате никакво право да ја ставате ...

Милијардерот Илон Маск ја засили својата критика кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, поддржувајќи ги нападите на американскиот претседател Доналд Трамп врз него на Конзервативната политичка конференција (CPAC). Извршниот директор на Тесла ја доведе во прашање смислата на војната во Украина и ја повтори тезата на Трамп дека Зеленски треба да организира избори. – Толку многу луѓе умираат во ровови. За што? Ќе ви кажам за што – за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на гостите од деловниот и финансискиот свет на Самитот за приоритети на Институтот за идни инвестиции што се одржа во средата во Мајами. Во својот говор, Трамп истакна серија „измами и кражби“ откриени од Канцеларијата за владина ефикасност (ДОГЕ), предводена од Илон Маск, пренесува новости.рс. Некои од овие „измами и кражби“ се толку неверојатни што едноставно е нереално дека биле дури и ...

Ретко кој во државата знаеше дека Македонија уште од 2010 година има Агенција за нуклеарна технологија, се’ додека со закон не беше укината кон крајот на минатата година. Оваа агенција е дел од околу 300 државни органи од вкупно 1.371 јавни институци за кои никој не знае. Ниту се знае кои се, ниту што работат, но сите имаат свој буџет, директори, управни и надзорни одбори, службени возила. Според овие податоци, има 14 институции, со ниту едно ...

Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, во државава недостасува стратегија за развој на здравствената мрежа. – На пример, зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини. Ако дојде време за сервисирање, нема алтернатива, рече Клековски, додавајќи дека требало да се создаде план Б за идни дефекти и сервиси. Како уште еден пример за пропусти во здравството, тој го посочи случајот со ...

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, даде силно ветување за вработување на Албанците во државната и јавната администрација. На партискиот настан по повод основањето на огранокот на Демократското движење во Шуто Оризари, Меџити истакна дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања отколку што се направени во двата претходни мандати од другите албански ...

Скијачката федерација на Македонија го најави 41-от Шарпланински куп во алпско скијање на Попова Шапка. По пауза од 12 години, манифестацијата ќе се одржи наредната недела во среда и четврток 26 и 27 февруари. – Со голема возбуда и гордост најавуваме дека Попова Шапка повторно ќе биде домаќин на најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканот. Овој престижен натпревар својата приказна ја започна во далечната 1947 година, а од 1954 ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва во натпревар од 12. коло од групата А во Лигата на шампиони со 25:24 го совлада романски Динамо и поразен го испрати во Букурешт. Во интересен и возбудлив натпревар, битолчани успеаја да освојат два бодови со кои остануваат „во игра“ за следната фаза од ракометната Лига на шампиони заедно со Висла, но можеби и со Динамо Букурешт, доколку романскиот тим продолжи со порази во лигата. Всушност, ...

Мигот кога ќе му кажете „Да“ на партнерот може да изгледа како почеток на среќен живот, но бракот не е секогаш лесен. Во периоди кога се соочувате со проблеми, многу луѓе ќе Ви понудат совет за тоа како нештата да се поправат. Повеќето совети веројатно се искрени и добронамерни, но некои од нив може да бидат штетни, пишува порталот „Кликс“. Следат три совети „за долготраен и среќен брак“, коишто не се соодветни во секој поединечен случај. „Секој ...

Мачка ја изненади својата сопственичка со вештина која ја снимила и ја објавила на својот профил на ТикТок. Сопственичката на мачката се запрашала кој секоја вечер ги спушта ролетните на прозорецот и останала запрепастена кога дознала дека тоа не е нејзиното момче, туку нејзината миленичка мачка, пренесе Индекс.рс. @juju.beebee new chili skill unlocked #catsoftiktok #fyp ♬ beans – yawn. Мачката покажа неверојатна вештина: го повлече јажето со ...

Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, ќе настане реорганизација и наместо Агенција за квалитет во високото образование ќе има Одбор за акредитација и евалуација, кој ќе биде со сосема поинакви правила и принципи, посочи денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. -Тоа сигурно ќе придонесе за зголемување на квалитетот на образованието. За Националниот совет сметаме дека и натаму треба да постои и ги договараме ...

Светскиот шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, ги стави на аукција своите фармерки, поради кои беше дисквалификуван од Светското првенство во брз шах во Њујорк во декември 2024 година поради прекршување на правилата за облекување. По суспензијата, норвешкиот велемајстор изјави дека повеќе нема да учествува на турнирите под покровителство на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ). Карлсен подоцна се натпреваруваше на Светското првенство ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
44%
1009
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
68%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
57%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1010
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
4.27
64%
1010
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
80%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.68
47%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
43%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
68%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
5.14
73%
1010
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
88%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
36%
1010
Currency

61.535

Currency

54.2476

Currency

72.3635

Currency

35.2035

Currency

39.4153

Currency

65.6886

Currency

7.52137

Currency

0.66604

Currency

0.37967

Currency

0.52626

Currency

1.4049

Currency

0.64114

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78