
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Непозната болест во северозападниот дел на Конго усмрти повеќе од 50 луѓе, соопштија лекарите на терен и Светската здравствена организација (СЗО). – Интервалот помеѓу почетокот на симптомите и смртта во повеќето случаи е 48 часа, што е сериозна загриженост, рече Серж Нгалебато, директор на болницата „Бикоро“, регионален центар за следење болести. Избувнувањето на болеста во Конго започна на 21 јануари, а регистрирани се 419 случаи, вклучително и ...
Поранешниот француски лекар Жоел Ле Скварнек, обвинет за силување или сексуално злоставување на 299 луѓе, пред судот изјави дека правeл „одвратни работи“ и дека е подготвен да преземе одговорност за нив. „Правев одвратни работи. Целосно сум свесен дека овие рани ниту можат да зараснат, ниту да се избришат“, изјави Скварнек (74) на првиот ден од судењето, кое започна во понеделникот во францускиот град Ван, во провинцијата Бретања. За време на ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ф. во својство на сопственик и управител и против четири правни лица поради основи на сомнение за сторено кривично дело “Даночно затајување” од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ . -Првопријавениот Б. Ф. во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги ...
“За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги прошируваме капацитетите, ќе градиме нова терминална зграда”, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил. Проектот опфаќа изградба на нова административна зграда со површина од 250м2, нов канцелариски простор од 120 м2, помошни простории од 130 м2, нов простор за обезбедување од 40 м2, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2000 м2 на ...
По две децении минати во македонскиот националниот дрес Дамјан Стојановски вчера вечерта официјално стави крај на својата репрезентативна кошаркарска кариера. Капитенот на актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром се збогува со националниот дрес пред вчерашниот дуел на Македонија против Полска во рамки на завршното коло во групата Х во квалификациите за пласман на Евробаскетот 2025. Пред натпреварот во СРЦ „Кале“ раководството на ...
Езерото Констанца или Синото Езеро, во рамките на Националниот парк Нелсон Лејкс на јужниот остров на Нов Зеланд, е популарна туристичка атракција меѓу планинарите, особено во последните десет години откако фотографиите од него станаа вирални на социјалните мрежи. Ова глацијално езеро, опкружено со планини и прекрасна природа, се карактеризира со исклучително сината боја на неговата вода. Пред десет години, научниците потврдија дека езерото има ...
Снаата на американскиот претседател Доналд Трамп, Лара Трамп, претходно привлекуваше внимание со својот моден избор, изглед и зборови. Но, овој пат таа го подигна на едно ново ниво. Минатиот петок Лара објави песна наречена “No Days Off”, која е создадена во соработка со музичарот Френч Монтана. Сопругата на Ерик Трамп ја изненади јавноста со нов сингл во кој пее за тоа како нејзината работа често се одвива надвор од очите на јавноста. Лара во ...
На црвениот тепих на овогодинешните САГ награди за 2025 година, беше невозможно да не се забележи една работа – Холивуд никогаш не бил потенок. Додека ѕвездите се движеа кон Аудиториум во Лос Анџелес, публиката и медиумите беа вчудоневидени од драстично послабиот изглед на многу познати личности. Оземпик, лек кој првично беше развиен за дијабетес, но стана хит во индустријата за слабеење, сега веќе не е само тренд – тој стана норма. Актерките и ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на билатералните односи со Германија по победата на коалицискиот блок ЦДУ/ЦСУ вчера на парламентарните избори. Тој исто така не очекува промена на односите со Берлин поради македонското ко-спонзорирање на предлог-резолуцијата на САД за Украина. -Трансатлантското партнерство не е само наш приоритет, туку тоа е приоритет и на Германија и на САД и тука никој не треба да има никаква ...
Повеќе од 150.000 луѓе од Канада потпишаа петиција со која бараат од нивната земја да му го одземе канадското државјанство на Илон Маск поради неговиот сојуз со Доналд Трамп, пишува Гардијан. За време на неговиот втор мандат како претседател на САД, Трамп постојано се закануваше дека ќе ја претвори Канада во 51-та американска држава. Авторката од Британска Колумбија, Квалија Рид, покрена петиција во Долниот дом на Канада, каде што беше поддржана ...
Изборот на расата куче кое ќе биде идното домажно милениче, е тесно поврзано со животниот стил на сопственикот и влијае за хармоничен соживот. Во таа смисла, некои кучиња често лаат или завиваат, што може да биде „предизвик“ во урбаните средини. Следат 10 од најгласните раси на кучиња кои треба да се избегнуваат доколку миленикот се зема за во потивка средина. Бигл е екстремно друштвено и енергично куче, но е и многу гласно. Неговиот глас е ...
Фридрих Мерц, лидер на коалицијата на германските конзервативни партии ЦДУ и ЦСУ, кои освоија најмногу гласови на парламентарните избори вчера, денеска изјави дека сака да формира коалициска влада со Социјалдемократите (СПД), кои се трети по бројот на гласови. -Решен сум да имам добри, брзи и конструктивни разговори со социјалдемократите за формирање коалициска влада до Велигден – 20 април, рече Мерц во седиштето на неговата партија ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денар по литар, соопшти Регулаторната комиисја за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 79,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,00 денари за литар. За 0,012 денари ...
Со уникатни природни пејзажи, богато културно наследство и клима погодна за возење велосипед во текот на целата година, Туркије сѐ повеќе се етаблира како атрактивна дестинација за велосипедски туризам. Во 2025 година, земјата ќе биде домаќин на низа возбудливи велосипедски настани кои ќе привлечат професионални и аматерски велосипедисти од целиот свет. Еден од највозбудливите настани на велосипедскиот календар – новата трка Педалија, веќе се ...
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада и тоа не е добро, истакна премиерот Христијан Мицкоски на прес конференција во Владата, а во врска со барањата и забелешките на трговците околу цените и маржите на производите во трговската мрежа. Претседателот на македонската Влада потврди дека одлуката е донесена и треба да се почитува, а доколку новата комора на трговци има нов предлог што ќе биде во интерес ...
Шест измами со наводни сообраќајни незгоди се регистрирани во СВР Куманово од почетокот на годинава досега, информираа денеска од СВР Куманово. Само минатата недела биле евидентирани шест обиди за измами. Во врска со измамите, од слобода било лишено едно лице. Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат внимателни кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите ...
За проблемите на граѓаните кои излегуваат поради трасирањето на Коридор 8 од страна на конзорциумот Бехтел и Енка, Владата нема многу ингеренции и може само да ги замоли за помош. Вака одговори министерот за транспорт Александар Николоски, на новинарско прашање, дали Владата ќе им излезе во пресрет на жителите од гостиварско Здуње кои бараат трасата на Коридор 8 да не минува преку тамошните гробишта. На прашање кога ќе се овозможи повторно ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денеска во Собранието изрази незадоволство од одлуката на владејачкото мнозинство да не ги поддржи предложените измени и дополнувања на Законот за ДДВ. Според Битиќи, овие измени би донеле значително олеснување на семејните буџети преку намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 проценти на 5 отсто и укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи. Тој додаде дека предложените измени би значеле ...
Во организација на специјализираниот портал за ракомет „samorakomet.mk“ денес во Скопје се одржува панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“. Во делот за стратегија, визија и форми на финансирање, за развој на ракометот учество зема и министерот за спорт Борко Ристовски за кого ракометот без сомнение е спорт број 1 во Македонија. Го посочи примерот од одбојката каде со два клуба веќе се договорени финансирање на тимови создадени од селектирани ...
Постапката за разрешување на државниот јавен обвинител ќе трае неколку недели, а можеби и месеци, согласно законот, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, за тоа дали на утрешната владина седница ќе се разгледа и прифати предлогот за разрешувањето на Коцевски, појасни дека Владата не може да го разреши, туку може само да ја отпочне постапката. И вчера премиерот се осрвна на ...
Авион што од Молдавија слетал на аеродромот во Ларнака претпладнево бил изолиран во специјален простор, а според кипарските медиуми, причината била „сомнителен патник“, кој е пронајден и одведен на распит во полиција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за транспорт и врски на Република Кипар Алексис Вафеадис за кипарската новинска агенција ЦНА рекол дека авионот по слетувањето бил изолиран во посебна област, припадници на полиција ...
Во 2024 година, финансирањето на Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ Глобално) за нови проекти достигна 693 милиони евра во Западен Балкан за енергетска безбедност, одржлив транспорт, климатски активности, дигитален развој и развој на човечки капитал. Од овие средства, потпишани се заеми во износ од 527 милиони евра, 164 милиони евра во грантови од ЕУ според Инвестициската рамка за Западен Балкан и 2 милиони евра во грантови во ...
Има комисија и правници кои ќе ја донесат конечната одлука, но уште неколку сигурно ќе бидат, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето дали се очекува затворање на нова високообразовна установа поради нерегуларности и доколку тие не бидат исправени по дадениот тримесечен рок. Во изјава за ТВ Алсат министерката вчера соопшти дека со одлука на Министерството за образование и наука затворен е Институтот за биометриски ...
Европа е тука да ја зајакне Украина во овој критичен момент и веќе во март ЕУ на земјата ќе и исплати дополнителни 3,5 милијарди евра помош, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржува во Киев. Како што јави известувачот на Европската новинска редакција (ЕНР), од која дел е и МИА, во говорот на Самитот што се одржува на третата годишнина ...
Во рамки на извршените сообраќајни прегледи во текот на изминатиот викенд, од 2.228 издадени платни налози дури 718 прекршоци се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење, 106 се за возење во алкохолизирана состојба, како и 215 прекршоци што се однесуваат на управување без возачка дозвола. Од МВР денеска соопштија дека заради непочитување на одредбите околу задолжителното користење на сигурносен појас евидентирани се 171 ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска, во Киев, за време на состанокот организиран во Киев по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, повика на „вистински и траен мир“, што ќе биде воспоставен годинава. Зеленски повика на размена на сите воени заробеници со Русија пред да започне дијалогот за ставање крај на војната. Според него, Русија мора да ги ослободи Украинците, додека Украина е подготвена да ги ...
Пратеничката група на Левица предлага измени и дополнувања на Законот за јавните патишта со кои ќе се овозможи намалување на цените на патарините за 50 отсто и законска регулација на висината на патарината и нивната наплата, изјави пратеникот Амар Меџиновиќ. -Со години македонските граѓани плаќаат високи цени за патарини, додека патиштата остануваат во катастрофална состојба. Дупки, свлечишта, незавршени делници и криминални тендери. Само во ...
По наредба на Специјалното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Белград, денеска е упасена С.К., менаџерка за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура Железница Србија“, како и тројца членови на Комисијата за технички преглед на Железничката станица во Нови Сад, додека еден е во бегство, во врска со извршување неколку кривични дела со коруптивни елементи, што резултираше со уривање на настрешница на таа железничка ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе ги чекаат анкетите кои ги спроведуваат нивните матични политички партии за да видат дали ќе ги кандидираат на нивните партии дали ќе ги кандидираат на локалните избори што треба да се одржуваат есенва. При денешната посета на Општина Чаир во рамки на теренските посети на општините – „Каде што срцето е дома“, Перински во изјава за медиумите рече ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на Регионалниот развоен форум во организација на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ), кој овие денови се одржува во Будимпешта, Република Унгарија, информираат денеска од Министерството. На сесијата посветена на состојбата на дигиталниот развој, предизвиците и можностите на новите трендови, Андоновски истакнал дека во Македонија дигиталната индустрија придонесува со ...