
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Сојузот на тутунските здруженија е незадоволен од понудените цени на 10-те откупувачи во земјава за новата реколта тутун. Од Сојузот нагласуваат дека побарале 30-тина, а добиле само околу 5 проценти повисоки цени на тутунот за годинашнава реколта. -Не сме задоволни од преговорите што овие денови ги имавме со откупувачите под покровителство на Министерството за земјоделство. Понудивме реални цени според трошоците: за прва класа откупен тутун 510 ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му била дадена шанса, но оти во изминатиов период, како што рече, од него не се видело ништо друго освен пресметки со неистомисленици во обвинителството и последен браник за одговорноста на минатата власт. – На Коцевски му оставивме шанса и покрај тоа што бевме свесни дека можеби јавноста нема со наклоност да гледа на таа одлука да оставиме шанса на и така потонатото во ...
Денеска штипското јавно комунално претпријатие „Исар“ додели 126 канти за отпад на ранливи категории на граѓани: пензионери со ниски пензии и лицата со попреченост. Досега вкупно се доделени 1.216 канти за отпад. Инаку, Штип е еден од градовите со поунапреден механизам за селекција на отпад, со присуство на приватна компанија која постави контејнери за хартија, стакло и елетронски отпад на повеќе локации. Со изградбата на регионалната депонија ...
Сѐ уште сме во широка географска распространетост, но, со средна активност на вирусот на грип. Се очекува и според историските податоци, постепено намалување и да излеземе од овој период, изјави денеска раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје, д-р Драган Кочински. Тој беше прашан каква е состојбата со грипот моментално, откако во државава имаше благ пад на заболени лица одреден период, а според денешните податоци, ...
По објавата дека Александар Трајановски си поднел оставка од функцијата заменик-градоначалник на Град Скопје, со демант се јавија од градот. Во нивниот допис до медиумите се вели: -Лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци. Разрешен е од функцијата на 19.12.2024 година. Оттука, нејасно е од која функција си дава оставка ова лице. Трајановски е разрешен од функцијата поради ...
Александар Трајановски, заменик-градоначалник на Град Скопје си поднел оставка. во своето образложение, меѓу другото, тој рече дека не можел да го гледа веќе мобингот на вработените, како тоа дека не сака веќе да се чувствува како да е „градоначалник на ДУИ н Општиина Сарај“. На својот Фејсбук профил тој напиша деа „Како човек кој 8 години е дел од Советот на Град Скопје ми беше чест да прифатам да бидам заменик градоначалник на Град Скопје. Од ...
За Обединетото Кралство најважно е што Македонија е на иста линија со Лондон за поддршката за Украина, нагласи денеска британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, во Штип: Вчера францускиот амбасадор изјави дека е изненаден што Македонија во Генералното собрание на ООН не ја поддржа резолуцијата на Украина поддржана од ЕУ, туку гласаше „воздржана“, а во однос на резолуцијата на САД, земјава беше целосно синхронизирана со Вашингтон. Премиерот ...
Бројот на живородени деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година, е намален за 4,2 проценти и изнесува 3 968 живородени деца. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на умрени лица во четвртиот квартал минатата година бележи намалување од еден процент во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња. Природниот прираст е ...
Полицијата во Ротердам оваа недела уапси шест малолетници, откако 11-годишно момче беше пронајдено застрелано и во критична состојба во стан. Малолетниците се осомничени за обид за убиство, соопшти вчера полицијата, а пренесува De Telegraaf. Според медиумите, апсењата се извршени во текот на изминатите три дена, а осомничени се момчиња на возраст од 12, 13 и 15 години од Ротердам, 14-годишно девојче од Ротердам, 14-годишно момче од Марсберген и ...
Со синоќешното симболично предавање на клучот од градот на карневалистите од страна на градоначалникот Костадин Костадинов, започнаа осумдневните карневалски празнувања во Струмица. Вкупно 35 карневалски групи ќе продефилираат во сабота низ струмичките улици. Во меѓувреме ќе се одржат повеќе настани, а се очекуваат илјадници гости до Македонија и странство. -Посакувам да бидете добри домаќини и врати да ви бидат ширум отворени за секој што има ...
Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. Како што информираат од АХВ, месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги демантира информациите дека се повлечени девет амбасадори, меѓу кои Мето Белески од Брисел, Катерина Ставревска од Лондон, Зеќир Рамчиловиќ од Подгорица, Пајо Авировиќ од ОБСЕ , Емил Крстевски од Прага, Јакуп Реџепи од Сараево, Агнеза Руси од Софија, Џенк Сејфула од Стокхолм и Андреј Жерновски од Букурешт. Според МНР станува збор за неточни наводи кои воопшто не соодветствуваат со ...
Во периодот од октомври 2024 до февруари 2025 година градоначалникот на Општина Маврово Ростуше г-дин Медат Куртовски потпиша триесетина решенија за одобрување на изградба на викенд куќи, хостели, пансиони и згради со апартмани и студија апартмани, традиционални куќи за потребите на туризмот (селски, планински , езерски) околу Мавровското Езеро. Оваа негова одлука доаѓа и покрај донесеното решението ( од мај 2024 год) на Уставниот суд за ...
Легендарниот актер Џин Хекман е пронајден мртов во неговиот дом во Ново Мексико заедно со сопругата Бетси Аракава и нивното куче, соопшти полицијата во Санта Фе. „Сè што можам да кажам е дека сме во средина на прелиминарна истрага за смртта и чекаме да биде одобрена наредбата за претрес“, изјави Адан Мендоза, шериф на округот Санта Фе, додавајќи дека причината за смртта се уште не е утврдена, пишува Тhe Sun. Хекмен беше најпознат по улогата на ...
Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР во координација со јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје. Подетални информации МВР нјавува во текот на денот. И ...
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта. -Пријавените малолетни лица на 19.02.2025, од мобилниот телефон на едниот ...
Вчера во близина на селото Танушевци спречен е шверц на прехрамбени производи. -На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на селоТанушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело кон границата со Kосово. Притоа, откако ги забележале полициските службеници, две лица го оставиле комбето и побегнале кон ...
На поранешните вработени во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), кои беа отпуштени или ставени на административно отсуство, им е кажано дека имаат 15 минути за да си ги соберат своите работи од нивните канцеларии во Вашингтон. Не е познато колку од над 5.600 вработени на УСАИД работат во зградата на седиштето на агенцијата во Вашингтон. УСАИД во понеделникот ги стави на платено отсуство 4.080 вработени ширум светот, а ...
Скијач од Чешка вчера попладнето спасен од падините на Шар Планина откако претходно негов пријател исто така од Чешка пријавил дека додека скијале заедно се повредил и дека им е потребна помош. Од ЦУК информираат дека горската спасителна служба на Попова Шапка брзо ги добила координатите за локацијата на повредениот планинар и со ратрак го извлекле повредениот скијач од повисокиот дел на Шара и го пренеле до центарот Попова Шапка. Тука веќе го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина „може да заборави“ на членството во НАТО. Тој ова го соопшти на првиот состанок на својот владин тим, само неколку дена пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, каде што се очекува потпишување договор за украинските ретки минерали. Трамп истакна дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во обид да постигне договор за завршување на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во централниот дневник на АЛСАТ-М телевизија вели дека размислува за промена на државниот грб, но апсолутно не размислува за промена на македонската химна, ниту пак му доаѓа на памет да влегува во таква дискусија. „Тој е партиски симбол и на други политички партии, не е само на ВМРО-ДПМНЕ. Таму мојата изјава е резултат на брифинзи кои што излегоа во јавноста во одредени медиуми ...
Мандарините кои хрватските власти ги вратија во периодот од 29 ноември до 11 декември 2024 година, откако анализите покажаа дека содржат пестициди опасни по здравјето на луѓето, не биле уништени, туку продадени на локалниот пазар. – Околу ова прашање Обвинителството на Берат веќе подолго време водеше истрага, која беше завршена денеска, со приведување на три лица. Од обвинителството соопштуваат дека се уапсени земјоделец од оваа област, ...
Израелските заложници Шири Бибас и нејзините два сина, кои беа убиени во заробеништво во Појасот Газа, беа погребани денеска во Израел, јави ДПА, повикувајќи се на локалните медиуми. Во меѓувреме, палестинската вооружена група Хамас соопшти дека првата фаза од кревкиот договор за прекин на огнот е спасена. Посмртните останки на Шири и нејзините синови, Ариел и Кфир, беа погребани на гробишта во близина на нивниот дом во Кибуц Нир Оз, објавија ...
Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат има закон и ќе бидат одговорни пред законот, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Неготино, кој одговараше на новинарско прашање дека Комисијата за заштита од конкуренција откри картелско здружување на неколку супер маркети, односно договарање на цените на прехранбените производи и за што е поведена и прекршочна постапка. Премиерот Мицкоски истакна дека на дневна основа е во ...
Тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судски совет и не чувствувам ниту морална, ниту професионална одговорност да поднесам оставка, изјави денеска Тања Чачарова Илиевска, која е меѓу петте членови на Судскиот совет за кои се поднесени поединечни интерплации до Собранието од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Во интерпелацијата, како што оцени Чачарова Илиевска, нема индивидуализирано кои дејствија и кои ...
Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот „Мој термин“ е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број. Оваа мерка има за цел да обезбеди пациентите навремено да добиваат известувања за закажани термини и други здравствени услуги, со што се намалуваат пропуштените прегледи и се оптимизира функционирањето на здравствениот систем, информираат попладнево од Министерството за здравство. Во ...
Денешниот марш на учениците од средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ по повод Денот на розевата маица е важен настан во борбата против врсничкото насилство, или булингот. Оваа активност, која ги вклучува и учениците од основното училиште „Ванчо Прќе“, има за цел да подигне свесност за сериозноста на проблемот и да поттикне поголема солидарност и поддршка меѓу младите. Преку носењето на розови маички, учениците испраќаат силна порака против ...
Судскиот совет денеска усвои Извештај од спроведената работна посета на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје, при што утврди дека не бил прекршен законот при санкционирањето на Васил Јованов во случајот во кој му се судело за дрога. Јованов е обвинет и за прегазувањето на Фросина Кулакова на бул.Партизански одреди“ во Скопје. Како што беше соопштено на седницата, членовите на работната група на 7 февруари ги посетиле ...
Уште еден малолетник вчера предизвикал сообраќајка. -На 25.02.2025 околу 06.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат од с.Ропаљце кон с.Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди” со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна ...
Украина и САД ја подготвија конечната верзија на договорот за ретки минерали, што украинските власти во јавноста го именуваат како „Договор за воспоставување на правила и услови на инвестицискиот фонд за обнова на Украина“. „Ја развивме конечната верзија. Од денес, овој договор се нарекува „Договор за воспоставување правила и услови на инвестицискиот фонд за обнова на Украина” . Всушност, ова е прелиминарен договор што ќе има правна сила. Тој ...