
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Со големо задоволство ја најавуваме премиерата на официјалното музичко видео за синглот “Правда”, резултат на соработката меѓу Суперхикс и 21Век. Синглот “Правда” е дел од последниот албум на Суперхикс, “Сила и Нервоза”. Песната е создадена со заеднички напори на двата бенда, со текст од Борис Минов, додека музиката и аранжманот се дело на Суперхикс и 21Век. Продукцијата е реализирана во студиото “ТРА ЛА ЛА” во Скопје, под водство на искусниот ...
Американската Академија за филмски уметности и науки утрово ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Анора” (Anora) триумфираше со пет освоени одличија, од вкупно шест номинации. Емисијата ја водеше Конан О’Брајен. На годинашното, 97-то доделување „Оскари“, независниот филм „Анора” ги доби признанијата за најдобар филм, женска главна улога (Мајки Медисон), монтажа, како и наградите за најдобра ...
Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница предложи јавниот обвинител за 47-годишник против кого е поведена истрага затоа што постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела ...
По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија го реализираше првиот лет синоќа во 21 часот на Меѓународниот аеродром Скопје. Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела. Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон ...
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на годинашниот струмички карневал се појави со девојка му, струмичанката Снежана Ѓорѓева, информатичар по професија. Двајцата заедно беа како викинзи на маскембалот во петокот вечерта, а заедно и во саботата на главното дефиле. -Да, заедно сме со Снежана веќе една година. И двајцaта сме струмичани, што значи се запознавме тука во Струмица, преку пријатели. Ме освои со нејзината непосредност, рече ...
Крузер од Сиднеј бил на средината на своето двонеделно крстарење околу Нов Зеланд кога го погодило силно невреме, принудувајќи го да го смени курсот и повреди некои патници и членови на екипажот од предметите што паѓале од полиците додека бродот се навалувал. 🇦🇺🇳🇿 CRUISE CHAOS: 16 INJURED AS SHIP ROCKED BY ROUGH SEAS What was supposed to be a peaceful two-week cruise from Sydney turned chaotic when the Crown Princess got hammered by strong ...
Саша Поповиќ почина завчера во болница во Париз, по битка со ракот на желудникот, за кој дознал откако ја повредил ногата, а оваа подмолна болест често се манифестира преку симптоми само кога ќе напредува, пренесува информер.рс. Ракот на желудникот е четврти најчест малигнен тумор со околу еден милион нови случаи годишно на глобално ниво. Постојат неколку видови, но најчести се аденокарциномите, кои сочинуваат над 95 проценти. Најмногу ги ...
Во повеќе американски градови вчера се одржаа протести иницирани од вербалниот судир и прекинатата средба помеѓу американскиот претседател и потпретседател, Доналд Трамп и Џеј Ди Венс и претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Стотици демонстранти се собраа во Вејтсфилд, Вермонт, каде Венс е на скијање со своето семејство. Иако протестот бил планиран на почетокот на следната недела, организаторите наведоа дека голем број луѓе одлучиле да ...
Во време кога работниците едвај преживуваат, додека олигархијата и политичките елити беспоштедно ги полнат своите џебови, Левица во Собранието поднесе предлог-закон за враќање на правото на работниците на надомест за патни трошоци. Со оваа мерка, конечно ќе се исправи долгогодишната неправда, со која трошоците за доаѓање на работа им беше наметнат на товар ма работниците, велат од партијата. -Ова законско решение предвидува работодавачите да ...
Три часа траеше главното дефиле на Струмичкиот карневал, кој собра публика од разни краеви од државата и странство. Интересни костими, различни креации и силни пораки за единство, љубов, позитивна енергија, квалитетни рачно изработените маски и македонско гостопримство . Годинава во Струмица продефилираа вкупно 35 карневалски групи од земјава и странство кои ги воодушевија илјадниците посетители. Вчера вечерта во Струмица можеше да се видат ...
Сиропусната, белата, прошталната седмица завршува со неделата и празникот Прочка кога луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста. Прочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Зборот „Прочка“ доаѓа од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ = простување или од „проштати“ = проштева. Прочка е духовната метла ...
Саша Поповиќ, основач на „Гранд продукција“ и шоумен, почина денеска на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти денеска Гранд продукција. Неговиот необичен животен пат беше испреплетен со предизвици, неуспеси и напори кои го доведоа до самиот врв и слава за која многумина сонуваат. Саша Поповиќ е роден како Александар во 1954 година, а детството го поминал во парохиска куќа во Нови Сад, каде што бил свештеник неговиот дедо, ...
По тешко боледување од малигно заболување денеска на 70-годишна возраст почина Саша Поповиќ. Тој се бореше со тешка болест помалку од една година. Уверен дека ќе ја победи, се бореше до последен момент. Неговото лекување беше доверено и на лекарите во Париз, каде што редовно одеше на терапија. Последните фотографии кои се појавија во јавноста, откако беа направени од папарацо тим, поттикнаа надежи дека Поповиќ ќе ја добие битката, но неговата ...
Тимовите на Пазарниот инспекторат констатираа повеќе неправилности при контролите во маркетите кај трговците на мало, а може да има и казни со затворање маркети, изјави денеска во Прилеп заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. – На теренот се 50-тина тимови на Пазарниот инспекторат. Се контролираат маркети, аптеки, тобако-трафики, секаде каде се продава на мало. Констатирани се повеќе неправилности. Има неправилности во однос на ...
Митко и Катерина Дрвошанови се принцот и принцезата кои беа избрани на синоќешниот маскембал во хотелот „Сириус“ во Срумица и тие ќе го предводат големото карневалско дефиле вечерва. Тие беа облечени како модерен лик и Афродита Божица на убавината. – Ова е наша вековна традиција и сакаме да ја унапредиме и да придонесеме да стане уште поголема и попосетена. Да постои тој карневалски дух, рекоа тие по изборот. На вчерашниот маскембал освен ...
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов се налути по вчершниот маскембал, кој означуваше старт на големиот традиционален карневал, кој се одржува викендов. Тој на ФБ објави дека на следната седница на Советот ќе побара да бидат разрешени сите членови на карневалскиот одбор, бидејќи, како што вели, имало обиди за груба партизација на манифестацијата. Тој не објасно конкретно која е причината за ваквата реакција, но најави дека новите ...
Македонија треба да побара американската база Бондстил од Косово да се пресели во Криволак, а ракетниот штит од Романија да дојде на наша територија. Така ќе се зајакне нашата стратешката улога и да ги искористи промените што интензивно се случуваат на регионална и светска сцена со доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД, смета лидерот на Интегра Љупчо Ристовски. Тој прогнозира „домино ефект“ доколку Украина и Русија се договорат за Крим, ...
Уште еден пешак со тешки повреди заврши во болница, откако бил прегазен на скопските ,улици. Како што соопшти МВР, на 28.02.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков” и ул.„Петре Ѓорѓиев” во Скопје автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум ...
Политичка криза и бојкот на локалните избори од страна на ДУИ, насетува ВЛЕН од говорот на лидерот на Алтернативците, Али Ахмети. Тоа е причината што подолго време инвестираат во лажната перцепција дека Албанците не се адекватно застапени затоа што ДУИ не е во Владата, смета ВЛЕН. -Но сега сè е јасно и нема дилема! Али Ахмети вчера од Липково самиот потврди: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Истовремено, го призна она што ние одамна го ...
Компанијата за производство на гарнитури за кабли за автомобилската индустрија „Drexlmayr“ мора постепено да ја затвори фабриката во Зрењанин, потврдија од компанијата за српската агенција Бета . Германскиот Drexlmayr, кој во Зрењанин вработува 2000 луѓе, мора да ги заврши сите свои активности таму до 2026 година поради падот на обемот на производство во европската автомобилска индустрија и недостатокот на нарачки. Регионалниот претставник на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски замина од американската воздухопловна база Ендрус за британскиот главен град Лондон, според податоците на FlightAware. Авионот треба да слета на аеродромот Станстед во Лондон околу 11 часот по локално време (околу 12 часот по македонско време). Во Лондон, Зеленски утре треба да учествува на самитот на европските лидери, домаќин на британскиот премиер Кир Стармер, кој сега добива уште поголемо значење. ...
Традиционалните мартинки кои се прават на овој ден и ја симболизираат пролетта, но и доброто здравје. Мартинките се традиционален украс од бел и црвен конец, кој се плете во вид на нараквица и се закачуваат на првиот ден од месец март. Црвената боја на мартинката значи живот, а белата чистота и здравје. Со конец се изработуваат разновидни фигури во овие две бои, меѓу кои најпозната е фигурата на момче и девојче. Мартинката се подарува во чест на ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка. – Не знам дали тој (сенаторот Греам) ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе таква одлука, истакна Зеленски. Сенаторот Греам синоќа го критикуваше Зеленски по ...
На социјалните мрежи почна да се шири видео од женско лице кое е целосно деформирано во пределот на образите поради претходна естетска процедура. Многу естетски хирурзи реагираа на ова видео и дадоа свои мислења и совети што да избегнувате. Со оглед на тоа што самото видео, а многумина во коментарите тврдат дека е филер или ботокс, се огласи и д-р Драган Стојиќевиќ кој откри што всушност е тоа. -Не е ботокс, ниту е фејслифтинг, ниту ботоксот ...
Во време кога Македонија се соочува со сериозна економска криза, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не успева да ги заштити граѓаните од растечките трошоци за живот. Министерот за економија, Дурмиши, како и премиерот Мицкоски, предлагаат мерки кои не носат никаква реална корист, обвинуваат од опозициската СДСМ. Според нив, објавувањето на цените на веб-страниците на маркетите не е решение за намалување на животните трошоци, туку „евтин и смешен ...
Американската поп-пејачка Кејти Пери наскоро ќе патува во Вселената, заедно со свршеницата на Џеф Безос – Лорен Санчез, објави американската вселенска компанија „Блу ориџин“ (Blue Origin). Тоа ќе биде 11-ти лет со екипаж за „Блу ориџин“ и ракетата „Њу шепард“, коишто веќе неколку години имаат понуди за вселенски туризам. Во леталото би требало да бидат и филмската продуцентка Кери Флин и поборничката против сексуалното насилство, Аманда Нгуен. ...
Северна Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, најавија премиерот Христијан Мицксоки и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако денеска во Истанбул потпишаа политичка декларација за основање совет за соработка на високо ниво меѓу владите на двете држави. Декларацијата беше потпишана при првата посета на Мицкоски на Турција. – Ова е значаен чекор за ...
Потпишувањето на политичката декларација за основање на совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Северна Македонија е многу значаен чекор со кој ние можеме да ги подигнеме на уште повисоко ниво односите меѓу нашите две земји во трговијата и економијата…Се надевам дека ќе присуствувам на првата седница на советот што ќе се одржи во Скоје, истакна претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со премиерот ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, изјави дека темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска за неа е завршена и дека се фокусира на својата работа. На денешната прес-конференција во Владата, министерката посочи дека веќе изразила жалење за целиот контекст. Според неа, народот има поважни теми. Таа потенцираше дека немала никогаш намера да навреди никого, напротив, како што рече „таа самата го знае тоа, ...
Од 1 март за 5,17 отсто се зголемува цената за потрошувачите на топлинска енергија на ЕСМ Енергетика, а за 5,25 отсто поскапува парното за корисниците на Скопје Север – Енерџи еколинк, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Станува збор за вкупен конзум од 2.500 потрошувачи. -Кога ја соопштивме цената за најголемиот систем преку кој со парно се снабдуваат над 95 отсто од ...