
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Управата за јавни приходи (УЈП) денеска промовира нова електронска даночна услуга – Електронско уверение за состојба на остварен доход, која е достапна преку платформата „е даночни услуги“. Граѓаните ќе го добиваат ова уверение без чекање во редови, без физичко доаѓање на шалтерите во УЈП со само неколку клика на компјутер или мобилен телефон и за време од пет минути, во било кое време, односно 24/7. Услугата ќе биде достапна за сите ...
Ако може да се расветлат убиства, може да се најдат и сторителите на опожарените возила како во Штип, така и во државата изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски, кој одговараше на новинарско прашање дали се расветлени случаите со запалени возила во Штип, меѓу кои и на поранешниот началник на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип. Министерот Тошковски посочи дека со капацитетите со кои располагаат министерството, но и ...
Експресниот пат Штип – Кочани важи за една од најцрните точки во македонскиот патен сообраќај. Трендот на несреќи патот го имаше и во 2024, кога само во првите пет месеци од годината се случија девет сообраќајни несреќи, во кои вкупно имаше над 20 повредени, а три несреќи беа со смртен исход, во кои загинаа пет лица. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во Штип изјави дека МВР ќе постави камери во рамки на проектот Safe City, ...
МВР информира за апсење на малолетник со 200 кесички марихуана. -На 27.02.2025 околу 23 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 200 полиетиленски кесички со марихуана. Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица. По целосно ...
Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска на денешната прес конференција побара оставка од министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска поради вчерашните навреди врз пратеничката Славјанка Петровска. -Вчера бевме сведоци на нешто срамно, нешто што не смее да помине како обична политичка дебата. Министерката за финансии, Гордана Кочовска упати навреда која погодува длбоко не само кон Петровска, туку кон секоја жена, секој човек кој некогаш ...
Кога сакаат вљубените да се заколнат на вечна љубов, тоа може да го направат преку „Верувај ми“, новата песна на „Бендот на браќата Нуне“. Иако од нејзината промоција се поминати десетина дена, поточно промовирана е на Денот на вљубените, оваа песна веќе се нарачува за првиот танц на младенците, кои преку пораки за вечна љубов ја отвораат свадбата. Нежна и романтична балада која никого не остава рамнодушен, особено најљубовното „ти си се што ...
Лицата кои што се корисници на времена инвалидска пензија поради правни празнини може да станат социјални случаи. Актуелните законски решенија не предвидуваат мирување на работниот однос на работници на кои поради професионално или друг вид на заболување им е доделена времена пензија. Односно, ваквиот тип на пензија може да се користи најмногу 2 години, а за тоа време на работникот му престанува работниот однос. -Во случај кога Комисија за ...
Штитеник на дом за стари лица во градот Дентергем во западниот дел на белгискиот регион Фландрија со нож нападна тројца свои состанари, убивајќи двајца од нив и нанесувајќи му сериозни повреди на трет. Градоначалникот на Дентергем, Кунрад Дегроуте, кој утрово го посети домот, изјави дека при овој „шокантен настан“, две лица починале на самото место, додека третото е во критична состојба и е преносно во болница. Како што јави белгиската државна ...
На програмата на Македонската радиотелевизија од утре стартува емитувањето на новиот телевизиски проект „Животна приказна“ каде во фокусот на вниманието ќе бидат животните приказни на познатите. Водител на емисијата е Здравкица Милиќ која после подолга пауза повторно се враќа на телевизиските екрани, а уредник е Васко Спасоски кој има долгогодишно новинарско искуство зад себе. „ Станува збор за специфичен проект каде акцентот ќе биде ставен на ...
Американското Министерство за правда синоќа ја објави долгоочекувана серија документи поврзани со озлогласениот осуден педофил Џефри Епштајн, кој беше пронајден мртов во затворска ќелија во 2019 година додека чекаше ново судење во Њујорк. „Њујорк пост“ наведува дека документите вклучуваат листа на контакти на Епштајн, податоци за летот за неговиот приватен авион познат како „Лолита експрес“ и докази собрани од властите за овој милионер кој ...
МВР информра дека поднела кривична против директорот на „Глигор Прличев“ во Охрид за слоупотреба на службена положба. -СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без одлука на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „голема почит“ за украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска ќе ја посети Белата куќа. На прашањето на Би-Би-Си дали ќе се извини што неодамна го нарече „диктатор“, Трамп одговори дека не се сеќава дека го рекол тоа. Тој додаде дека Зеленски е „многу храбар“. „Дали јас го кажав тоа? Не ми се верува дека го кажав тоа. Следно прашање“, рече Трамп. Reporter: Do you still think that ...
Во стабилен и среќен брак, партнерите меѓусебно се поддржуваат и градат врска заснована на доверба, искреност и одговорност. Истражувањата покажуваат дека емоционалната сигурност и отворената комуникација се клучни за долготрајна врска, пишува порталот „Јортанго“ (YourTango). Грижливиот сопруг не само што ја изразува љубовта со зборови, туку и со постапки коишто покажуваат дека тој се грижи за благосостојбата на својата сопруга. Така, според ...
Две лица кои извршувале службени функции во затворот КПУ Затвор Скопје се приведени во денешната акција на полицијата бидејќи за нив има сомневање дека незаконски им овозможувале на осудени лица да излегуваат од установата со полициска придружба до одредени локации каде останувале по 8 до 10 часа, по што исто така со полициско возоло и придружба биле враќани во затворот, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Двете лица се ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерки на претпазливост спрема десет лица вработени во КПУ ...
Врховниот суд на Мексико ѝ наложи на Зоолошката градина „Сан Хуан де Арагон“ во главниот град на државата да ги засили напорите за подобрување на условите за живот и здравјето на „најтажната слоница на светот“, Ели. Ова е првпат да се донесе пресуда во корист на животно во Мексико. Стручњаците веруваат дека ова е значајно, бидејќи се признава дека животните имаат права. Застапниците тврдеа дека Ели страдала од депресија, особено по угинувањето ...
За прв пат во живо со голем филмски оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски. Концертот e замислен како посебно аудио и визуелно доживување, а ќе се реализира на 6ти април 2025г. во големата сала на Националната опера и балет со почеток во 20 часот. Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови меѓу кои: „Големата вода” (за која доби награда ...
Сојузот на тутунските здруженија е незадоволен од понудените цени на 10-те откупувачи во земјава за новата реколта тутун. Од Сојузот нагласуваат дека побарале 30-тина, а добиле само околу 5 проценти повисоки цени на тутунот за годинашнава реколта. -Не сме задоволни од преговорите што овие денови ги имавме со откупувачите под покровителство на Министерството за земјоделство. Понудивме реални цени според трошоците: за прва класа откупен тутун 510 ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му била дадена шанса, но оти во изминатиов период, како што рече, од него не се видело ништо друго освен пресметки со неистомисленици во обвинителството и последен браник за одговорноста на минатата власт. – На Коцевски му оставивме шанса и покрај тоа што бевме свесни дека можеби јавноста нема со наклоност да гледа на таа одлука да оставиме шанса на и така потонатото во ...
Денеска штипското јавно комунално претпријатие „Исар“ додели 126 канти за отпад на ранливи категории на граѓани: пензионери со ниски пензии и лицата со попреченост. Досега вкупно се доделени 1.216 канти за отпад. Инаку, Штип е еден од градовите со поунапреден механизам за селекција на отпад, со присуство на приватна компанија која постави контејнери за хартија, стакло и елетронски отпад на повеќе локации. Со изградбата на регионалната депонија ...
Сѐ уште сме во широка географска распространетост, но, со средна активност на вирусот на грип. Се очекува и според историските податоци, постепено намалување и да излеземе од овој период, изјави денеска раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје, д-р Драган Кочински. Тој беше прашан каква е состојбата со грипот моментално, откако во државава имаше благ пад на заболени лица одреден период, а според денешните податоци, ...
По објавата дека Александар Трајановски си поднел оставка од функцијата заменик-градоначалник на Град Скопје, со демант се јавија од градот. Во нивниот допис до медиумите се вели: -Лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци. Разрешен е од функцијата на 19.12.2024 година. Оттука, нејасно е од која функција си дава оставка ова лице. Трајановски е разрешен од функцијата поради ...
Александар Трајановски, заменик-градоначалник на Град Скопје си поднел оставка. во своето образложение, меѓу другото, тој рече дека не можел да го гледа веќе мобингот на вработените, како тоа дека не сака веќе да се чувствува како да е „градоначалник на ДУИ н Општиина Сарај“. На својот Фејсбук профил тој напиша деа „Како човек кој 8 години е дел од Советот на Град Скопје ми беше чест да прифатам да бидам заменик градоначалник на Град Скопје. Од ...
За Обединетото Кралство најважно е што Македонија е на иста линија со Лондон за поддршката за Украина, нагласи денеска британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, во Штип: Вчера францускиот амбасадор изјави дека е изненаден што Македонија во Генералното собрание на ООН не ја поддржа резолуцијата на Украина поддржана од ЕУ, туку гласаше „воздржана“, а во однос на резолуцијата на САД, земјава беше целосно синхронизирана со Вашингтон. Премиерот ...
Бројот на живородени деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година, е намален за 4,2 проценти и изнесува 3 968 живородени деца. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на умрени лица во четвртиот квартал минатата година бележи намалување од еден процент во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња. Природниот прираст е ...
Полицијата во Ротердам оваа недела уапси шест малолетници, откако 11-годишно момче беше пронајдено застрелано и во критична состојба во стан. Малолетниците се осомничени за обид за убиство, соопшти вчера полицијата, а пренесува De Telegraaf. Според медиумите, апсењата се извршени во текот на изминатите три дена, а осомничени се момчиња на возраст од 12, 13 и 15 години од Ротердам, 14-годишно девојче од Ротердам, 14-годишно момче од Марсберген и ...
Со синоќешното симболично предавање на клучот од градот на карневалистите од страна на градоначалникот Костадин Костадинов, започнаа осумдневните карневалски празнувања во Струмица. Вкупно 35 карневалски групи ќе продефилираат во сабота низ струмичките улици. Во меѓувреме ќе се одржат повеќе настани, а се очекуваат илјадници гости до Македонија и странство. -Посакувам да бидете добри домаќини и врати да ви бидат ширум отворени за секој што има ...
Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. Како што информираат од АХВ, месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги демантира информациите дека се повлечени девет амбасадори, меѓу кои Мето Белески од Брисел, Катерина Ставревска од Лондон, Зеќир Рамчиловиќ од Подгорица, Пајо Авировиќ од ОБСЕ , Емил Крстевски од Прага, Јакуп Реџепи од Сараево, Агнеза Руси од Софија, Џенк Сејфула од Стокхолм и Андреј Жерновски од Букурешт. Според МНР станува збор за неточни наводи кои воопшто не соодветствуваат со ...
Во периодот од октомври 2024 до февруари 2025 година градоначалникот на Општина Маврово Ростуше г-дин Медат Куртовски потпиша триесетина решенија за одобрување на изградба на викенд куќи, хостели, пансиони и згради со апартмани и студија апартмани, традиционални куќи за потребите на туризмот (селски, планински , езерски) околу Мавровското Езеро. Оваа негова одлука доаѓа и покрај донесеното решението ( од мај 2024 год) на Уставниот суд за ...