„Влен“ днеска ја официјализира пратеничката група на со девет пратеници, а десеттиот, како што најави на денешната прес-конференција координаторот Беким Ќоку, се очекува да им се приклучи по оставката на пратеникот Салим Сулејмани кој викендов се повлече од пратеничката функција. -Денеска сме тука да ја претставиме пратеничката група Влен која поради случувањата што веќе и се познати на јавноста, бараше повторна потврда и разјаснување за тоа ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Вредноста на синдикалната минимална кошничка, според објавените податоци, во мај изнесува 63.908 денари што е за 1.217 денари повеќе во однос на априлската синдикална кошничка која изнесуваше 62.691 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошничка ...

Со свое поздравно обраќање, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја отвори конференцијата организирана по повод 20-годишнината на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), на која присуствуваа претставници од Владата, BEREC, ITU, како и домашни и меѓународни партнери. “Денес, со гордост се осврнуваме на 20-годишната национална регулаторна работа што помогна во обликувањето на отворен, конкурентен и поврзан пазар на ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 27.08.2024 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана. Во одвоен случај, СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(20), против правното лице од Штип и ...

Првиот тим од лекари специјалисти од Скопје, како што претходно беше најавено од Министерството за здравство, денеска дојдоа на помош на своите колеги во Општата болница со проширена дејност во Кочани. Лекарите од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе ја спроведуваат евалуацијата на здравствената состојба на повредените од пожарот ...

Денес во Штип се одржа прекугранична обука со претставници од двете општини – Штип и Гоце Делчев, претставници од јавниот сектор, невладините организации и јавни претпријатија. Обуката е дел од поширок проект за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, кој има за цел креирање на десетгодишна Стратегија за зелена инфраструктура. Директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) – Штип, Трајче ...

Украина и нејзините европски сојузници ќе бидат разочарани, па дури и загрижени по рускиот приказ на телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, оценува московскиот дописник на „Скај њуз“, Ивор Бенет. „Мислам дека европските лидери и Украина ќе бидат многу разочарани што Доналд Трамп очигледно не изврши поголем притисок врз Владимир Путин. Тие се надеваа дека ова ќе биде моментот кога Трамп конечно ќе ги спроведе своите закани во ...

МВР информира за кривична пријва против двајца од селото Дорфулија. -СВР Штип поднесе кривична пријава против М.А.(20) од село Дорфулија, општина Лозово и П.Б.(36) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете”. Во периодот од јануари до април 2025 година, првопријавениот во семејна куќа во село Дорфулија живеел со малолетничка во вонбрачна заедница. Додека, второпријавениот, татко ...

Уставниот суд нема ја коментира пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, но истакнува дека постапувањето на Судскиот совет, Собранието и управните судови довело до создавање правен преседан со кој досега ниту еден состав на Судот не се соочил. Оттаму велат дека нема да ги преиспитуваат по службена должност одлуките во кои учествувал судијата опфатен со пресудата. Овој преседан, според Судот, ...

Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, до Основното јавно обвинителство Крива Паланка, поднесе кривична пријава против М.К.(41), Н.Ц.(54) и С.М.(38), тројцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353-в став 4 од Кривичниот законик. – Н.Ц. – вработен во општина Крива Паланка на работно место самостоен референт за документациони работи и урбана опрема во ...

Поранешниот американски претседател Џо Бајден (82) се бори со агресивна форма на рак на простата. Неговата канцеларија ја објави дијагнозата вчера, истакнувајќи дека иако станува збор за поагресивна форма на болеста, може да се контролира. Веста предизвика низа реакции, од кои повеќето му посакаа на Бајден се најдобро, но некои се запрашаа како толку агресивна форма на рак не била дијагностицирана додека тој бил претседател на САД. Ова прашање ...

Директорот на ФЗО Сашо Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но, како што рече денеска, со соодветна замена во Фондот. Тој ќе биде отворен за разговор зависно од потребите, а какви било рокади, напомена, мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство. – Владата има премиер кој го составува владиниот тим. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во Фондот каде има многу работа. ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,00 денара, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 4,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,50 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 69,00 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 не се менува и ...

Изминатиот викенд во Тетово се одржа Националниот круг на Економската олимпијада, организиран од Институтот Либерална алтернатива (LAI) и Economics Fundamentals Initiative (EFI), со поддршка од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).Топ 5-те најдобри ученици на Економската олимпијада, ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната економска олимпијада, што ќе се одржи во август оваа година во Грција, на Античката Олимпија, која е позната ...

Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница – Кочани на сите пациенти вратени од странство и третирани во земјава по трагедијата со пожарот. Целта е, како што рече денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, да се утврди состојбата на секој пациент ...

Патниците што летаат за Турција кои ќе ги откопчаат безбедносните појаси и ќе станат пред авионот целосно да застане по слетувањето, би можеле да бидат казнети со околу 60 евра според новата регулатива на Турската управа за цивилно воздухопловство (SHGM). Ова беше правило во сите авиокомпании претходно, но во пракса се покажа дека често не се почитува. SHGM открил дека голем број патници ги откопчуваат безбедносните појаси, стануваат и ги ...

Турски турист починал во автобус, патувајќи кон „Св. Наум“. -На 18.05.2025 во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум”, починал турскиот државјанин И.Х.(64). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на погребално ...

Во функција се ставаат електронски алки за издржување казна куќен затвор, најави директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Како што посочи на денешната прес-конференција, целта е да се намали пренатрупаноста во затворите ширум земјава, каде казна затвор издржуваат вкупно 2300 затвореници и 400 притвореници. Во моментов 60 лица се апликативни за добивање на електронски алки. Пандов појасни дека алките се поврзани со ГПС ...

Искршени се фотографите од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанското дискотеката, кои беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Фотографиите до редакцијата на МИА ги доставија роднини на починатите, кои утринава го забележале вандализмот од страна на непознати сторители. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски. Нивните ...

Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Од нив во Грција се тројца и тие се во добра, стабилна состојба, во Србија се четворица пациенти исто така во добра состојба, во Австрија е еден, стабилен и сместен на одделение, во Словенија е еден кој веќе посетува рехабилитација, а во Турција се двајца пациенти префрлени на одделение, на кои редовно им се прават преврски, соопшти денеска заменик-министерот за ...

Универзитетската клиника за урологија во Скопје стана првиот јавен здравствен центар во Македонија кој изведува операции за поставување на вештачки уринарен сфинктер, процедура која досега беше достапна само во странство или во приватни клиники. Како што соопштуваат од Клиниката, интервенциите ги изведува виш научен соработник д-р Огнен Ивановски, кој првите операции ги реализирал под менторство на проф. д-р Сергеи Котов од московската Клиника ...

МВР информира за несовесен возач од кочани,кој ноќеска го уапсила полицијата со 1,86 промили во крвта. -На 19.05.2025 во 01.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишија од слобода Г.А.(53) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов” е сопрено патничко возило „фолксваген” со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ...

МВР информира дека уапсило несовесен возач од Тетово, кој возел со 111 км/час. -На 18.05.2025 во 09.57 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Х.А.(56) од село Голема Речица, тетовско. На бул.„Видое Смилевски Бато” во Тетово тој управувал патничко возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 ...

По оставката на пратеникот Салим Сулејмани, партијата на Таравари, Алијансата за Албанците, во Собранието повеќе ќе нема пратенички група и координатор, кој ќе учествува на координативни состаноци. Алијанса останува со четири пратеници, со што не го исполнува формалниот критериум од минимум пет пратеници за да може да формира пратеничка група. Со оставката на Сулејмани, од заедничката листа на коалицијата Вреди, на негово место доаѓа педијатарот ...

Сакам пред сè да им честитам на момците! Секоја чест за момците Македонци. Како што и се договоривме да бидеме храбри, да не паднеме на ниеден притисок, тоа и го трениравме бевме мудри во текот на целиот натпревар и самите видовте дека не беше воопшто лесно со оглед на целиот притисок, истакна тренерот на Алкалоид Кире Лазаров во изјава за македонските новинари кои во Атина го следеа натпреварот со АЕК, по победата 25-29 на гостински терен, јави ...

Вчерашниот двочасовен прекин на снабдување со струја во половина држава го наметна прашањето за улогата на фотоволтаиците и влијанието врз енергетскиот систем не само во Македонија туку и во целиот енергетски поврзан регион. Стимулирањето на бизнисот со обновливи извор на енергија од страна на државата, оди во друга крајност, која нема да биде така поволна за инвеститорите. Факт е дека сè повеќе граѓани и бизниси во Македонија вложуваат во ...

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова им ја честиташе победата на ракометарите на Алкалоид кои синоќа славеа на гостувањето кај АЕК во Атина со 29:25. – Честитки за витешката ракометна битка и победа на „Алкалоид“ над „АЕК“ во првиот натпревар на Европскиот куп. Горда сум на победниците! Особена благодарност до тренерот Кире Лазаров и главниот спонзор Живко Мукаетов! Така се бранат македонските бои! Триумфално влеговте низ ...

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. -На 29 април, во селото Вруток, обвинетиот се заканил дека ќе нападне врз животот или телото на службено лице – судија во Основниот суд во Гостивар. Заканите биле упатени во врска со вршењето на професионалните задачи кои судијата ги ...

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностициран рак на простатата, се вели во соопштението од неговиот кабинет во неделата. На Бајден, 82, му е дијагностициран рак на простатата во петокот откако посетил лекар поради уринарни симптоми. Ракот се карактеризира со Глисонов скор од 9, со метастази во коските, соопшти неговиот кабинет, што значи дека станува збор за поагресивна форма на болеста. Се истакнува дека Бајден и ...

Првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп во кој вечерва Алкалоид го совлада АЕК (29-25) во Атина го одбележа инцидент на теренот предизвикан од навивачите на грчкиот тим. Натпреварот одигран пред повеќе од 8.000 навивачи во олимписката „Сунел арена‘ беше во неколку минутен прекин, при водство на Алкалоид од 20-17 во 40 минута, откако предмет фрлен од навивачите на АЕК кон клупата на Алкалоид го погоди Дамјан Митев, јави дописничката на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
57%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
5.14
55%
1020
weather icon

Загреб

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
45%
1022
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
3.09
63%
1022
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
1.03
45%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
64%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.0
57%
1018
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
8.23
48%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
45%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
73%
1014
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60