Деменцијата е една од најпредизвикувачките болести на совремието, а бројот на заболени ширум светот е во пораст. Докторите предупредуваат дека, покрај правилната грижа за мозокот, којашто вклучува ментално-когнитивни вежби, физичка активност и здрава исхрана, важно е да се знае и која храна да се избегнува. Научните истражувања покажуваат дека одредени видови храна може да ја зголемат опасноста од развој на деменција и да го забрзаат падот на ...

На 30 јуни (понеделник), оркестарот на Македонската филхармонија ќе гостува во Солун, во заедничка изведба на сценската канатата „Кармина Бурана” од Карл Орф со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. Диригент ќе биде Михалис Иконому од Грција, а како солисти ќе настапат нашата сопранистка Ана Дурловски, бугарскиот баритон Иво Јорданов и контра тенорот Николас Спанос од Грција. Изведбата на градниозното дело до Карл Орф ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека на 5 јули се очекува официјално да биде пуштен во употреба системот „уан стоп шоп“ со Србија. Вчера помина завршната ратификација на договорот и во тек е фазата на тестирање на системот. -Во рамки на вчерашниот ден помина завршната ратификација на договорот кој што претходно го потпишавме со мојот колега Ивица Дачиќ. Се надевам дека на 5-ти наредниот месец, ќе имаме официјално ...

Доживотна казна затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беше изречена денеска за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој беше обвинет дека давал информации за движењето на својата ќерка, е ослободен од вина. Обвинителството најави жалба на оваа одлука, додека одбраната на осудените најави жалби на доживотните казни. Судијата Ивица Стефановски при ...

Врховниот суд денеска донесе одлука судењата за пожарот во диксотеката „Пулс“ од Кочани да преземат судии од Основниот кривичен суд – Скопје. „Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во ...

Седум години гласот на народот беше пригушен. Седум години тишината стануваше правило, а неправдата навика. Не почнавме од нула, почнавме од минус. И пак, решивме: ќе почнеме. Ги поставивме темелите на една поинаква Македонија. Ги градиме темелите на промените, напиша денеска премиерот Христијан Мицкоски на својата фејсбук страница. Како што посочува Мицкоски, ова е година на враќање на достоинството, на правдата, на грижата. -Не почнавме од ...

Новата веб-страница на Министерството за здравство е во функција од вчера, а од наредниот петок, 4 јули, ќе почнат состаноците на министерот за здравство Азир Алиу со оние кои ќе закажат средба. Од денеска веќе може да се закажува средба преку веб-страницата на Министерството за здравство, информираше министерот за здравство Алиу на денешниот брифинг со новинарите. Предвидено е од 10 до 15 часот, секој петок да биде отворен ден за граѓаните, кои ...

По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите не одговориле на суштинските прашања поврзани со случајот, киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска. – Денеска судот донесе законита одлука, меѓутоа оваа одлука е по своја суштина празна затоа што не ги добивме одговорите на клучните прашања, зошто е киднапирано и убиено ...

Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија, рече денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот Вардарска долина на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10. Божиновска на прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството посочи дека во изминатата година изградиле институција што ја движи енергетиката, а ...

Дури 18 отсто од заработката на банките во Македонија им доаѓа од надоместоците кои ги наплаќаат од граѓаните и компаниите. Апсурдот е дека дел од услугите за кои кај наплаќаат, во ЕУ, каде работат овие банки, не земаат ни денар. Поради тоа, новиот гувернер на Народна банка на РСМ, Трајко Славески, на денешниот состанок со банкарите им порача дека е ред да се откажат од некои од надоместоците, а други да намалат. Она за што граѓаните најмногу ...

Во мирување им е работниот однос на полициските службеници кои беа опфатени со истрагата за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. – Јавното обвинителство е органот којшто е надлежен да постапува во овој дел, а истрагата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал сѐ ...

Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на земјоделските производи кои ги произведуваат македонските земјоделци, велат од Владата. Целта на оваа кампања на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што нагласуваат, е да се промовира домашното производство и да се зголеми сопственото производство. ...

Судот денеска донесе пресуда со која Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осудени на казна доживотен затвор за грабнување и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Случајот кој ја потресе јавноста предизвика бројни реакции поради бруталноста на делото и околностите под кои исчезна и беше пронајдена убиената тинејџерка. Судот на денешното рочиште утврди дека обвинетите биле организирани и свесни за своите дејствија, а ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави детално соопштение по повод првата година од нејзиното владеење, посочувајќи серија на реализирани мерки, реформи и проекти, особено во земјоделскиот сектор. Од партијата велат дека по „години на застој и уназадување од СДСМ и ДУИ“, сега се менува курсот на државата – со отчетност, посветена работа и борба против корупцијата. Тие потенцираат дека земјоделството било оставено во „катастрофална состојба“ каде наследиле ...

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и со членови на СДСМ. Од таму Филипче зборуваше за првата година на ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека државата тоне, додека владините функционери се кријат зад празни зборови и лажни успеси. „Откако сфатија дека незадоволството расте и граѓаните се чувствуваат измамени, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најдоброто допрва ќе ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите за поднесување нови амандмани од бугарските европратеници на извештајот на Вајц за напредокот на земјава што беше усвоен на вчерашниот состанок на АФЕТ и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков. – Имав пријатен ...

Собранието на РСМ вчера усвои измени на Законот за јавни патишта, со кои се отвора патот за дополнителна дигитализација на патарините. Со новините, се менува начинот на кој може да се наплаќа електронската патарината со М таг. До сега надополнувањето можеше да се прави само во просториите на ЈП Државни патишта. Со измените се дозволува приватен оператор да се вклучи и во приватни продажни места електронски да се надополнува М тагот. Дополнително ...

Првичната разузнавачка проценка на американските напади врз трите ирански нуклеарни постројки во Тананц, Фордо и Ифхасан покажа дека тие не успеале да ги уништат клучните компоненти на програмата и веројатно ја вратиле нуклеарната програма на Техеран само за неколку месеци, се наведува во извештај на Си-Ен-Ен. Проценката на Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA), внатрешната разузнавачка служба на Пентагон, се базира на проценка на штетата ...

За мене е апсолутно јасно дека САД се целосно посветени на НАТО и на член 5 од Договорот за Алијансата, на сепак имаат очекувања дека Канаѓаните и Европејците ќе ги зголемат своите трошоци за одбраната, изјави денеска генералниот секретар на НАТО при пристигнувањето на Самиот на Пактот во Хаг. – Чесно е да трошиме, исто колку што трошат и САД, рече Руте, додавајќи дека сојузниците треба да се осигурат дека ќе можат да се одбранат „од Русите и ...

Повредените во пожарот во клубот „Пулс“ кои се наоѓаат на рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква, во знак на почит кон загинатите во трагедијата пуштија 62 бели балони. Од дворот на манастирот „Св. Василиј Велики“ на Пониква тие упатија порака и барање за простување што не успеале да им помогнат и да ги спасат од огнот. -Ние сме децата што преживеавме една ноќ што никогаш нема да ја заборавиме. Ноќта кога небото се замрачи и срцата ни ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски синоќа во Хаг, на покана на неговиот холандски колега Рубен Брекелманс, учествуваше на средбата на министри за одбрана на земјите – членки на НАТО. Мисајловски, како што соопшти Министерството за за одбрана, на средбата подвлече дека нашата земја останува силно посветена на заедничката цел – безбедна и сигурна Алијанса и безбедни над една милијарда луѓе во светот. – Исполнувањето на НАТО целите на ...

Турција се искачи на четвртото место на ранг-листата на земји што привлекуваат најмногу туристи. Во 2024 година, земјата ја посетиле 56,7 милиони странци, објави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на податоци од Светската туристичка организација на Обединетите нации. Во топ пет најпосакувани земји за посета се Франција, Шпанија, САД, Турција и Италија. Турскиот министерот за култура и туризам Мехмет Нури, исто така, ја ...

Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските стапки за 67 стоки, претежно суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија. Истовремено, се укинуваат царинските давачки за увоз на стоки со потекло од Соединетите Американски Држави. Овие измени се дел од реализацијата на Програмата за работа на Владата 2024–2028, која предвидува постепена ...

Објавено е видео од забавата на јахтата „Кору“, организирана од Џеф Безос и Лорен Санчез во близина на Крес, неколку дена пред свадбата во Венеција, пренесува индекс.хр. Двојката организираше забава со пена со пријателите, а воедно го прослави и 19-тиот роденден на синот на Лорен, Еван. Погледнете го видеото: Двојката организира тридневна прослава на која се собираат познати и моќни гости, а гостите почнаа да пристигнуваат во градот. Според ...

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. Се задолжуваат сите министерства, органи на државна управа и други надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките и да ги известат и координираат сите подрачни служби, јавни установи и други правни субјекти во ...

Српскиот кантавтор Оливер Мандиќ ќе биде гостин на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“, на Интернационалната вечер која ќе се одржи на 30 август, на сцената на Долни Сарај. Мандиќ ќе добие награда за трајни вредности и ќе настапи со неговиот прв голем хит „Питају ме питају“, песна со која победи на фестивалот МЕСАМ во Белград во 1984 година. „Минатата година си размислував дека поминале 40 години откако се појавивив на МЕСАМ со оваа ...

Заокружете го 3 август – вечерта кога во магичниот амбиент на охридскиот Антички театар, под ѕвезденото небо Сергеј Ќетковиќ во придружба на Битолскиот камерен оркестар, ќе ги отпее своите најголеми хитови. Црногорскиот романтичар ветува незаборавна дружба, за што по двата фантастични скопски концерти и нема сомнеж, но и потсетување на вечните хитови како „Љубав“, „Погледи у таму“, „Пола мога свијета“, „Нису ми дали да те волим“ и „Прстен на ...

Доналд Трамп, ги изгуби нервите со Израел и Иран затоа што толку многу го прекршија примирјето што пропцу во преносот во живо! Зборувајќи со новинарите пред неговото патување во Хаг, каде што треба да присуствува на самитот на НАТО, Трамп рече дека морал да го „смири“ Израел, а потоа следеа вулгарностите. Donald Trump swearing live on TV 😳 pic.twitter.com/mFYdBSRiHZ — martin carter (@danni_meddin) June 24, 2025 „Израел, штом постигнавме ...

Актуелниот првак во македонскиот женски фудбал, ЖФК Љуботен од Тетово денеска ги дозна противничките екипи за квалификацискиот турнир во рамки на Лигата на шампиони во женска конкуренција. На жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, ЖФК Љуботен се најде во група 3 со екипите на НСА Софиа (Бугарија), НСИ Рунавик (Фарски Острови) и Пјуник (Ерменија), а турнирот ќе се игра во Скопје. -Домаќин на мини турнирот е нашата екипа, а ...

Лидерката на иранската опозициска група Национален совет за отпор на Иран (NCRI) со седиште во Париз, Маријам Раџави, откако ноќеска се соопшти за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, денеска изјави дека иранскиот народ сега треба да го собори системот на врховниот лидер Али Хамнеи. Британските медиуми пренесуваат дека Раџави изјавата ја даде еден ден откако последниот наследник на иранската монархија Пахлави ги повика западните земји да прифатат ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
7.72
51%
1014
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
65%
1016
weather icon

Загреб

28ᴼ / 25ᴼ
1.54
39%
1018
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
68%
1014
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.98
37%
1013
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
55%
1019
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
7.72
42%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
5.14
54%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
8.75
39%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
26%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
50%
1016
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
9.26
100%
1012
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71