Во Скопје денеска и утре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, ...

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец. Потребната документација до училиштата ќе се доставува утре, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена в среда (2 јули) до 12 часот. Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување ...

Во соопштението на Левица се вели дека најпрофитните компании кои би требало да важат за столб на продуктивност, иновација и општествена одговорност, во реалноста се делат на две длабоко контрастни групи според информациите објавени од медиумот „Пари”: – Оние кои генерираат приходи преку искористување на трудот на работниците, но исплаќаат срамни и понижувачки плати и – Оние кои остваруваат милионски добивки без да вработат ниту едно лице, ...

Летувалиштето Кан на француската ривиера воведува пропис кој градскиот совет го нарече „драстичен“, откако од идната година на крузерите со повеќе од 1.000 патници ќе им биде забрането да се вкотват во градот. Градот во кој се одржува престижниот филмски фестивал се приклучи на растечкото движење против масовниот туризам, во чии рамки беа одржани протести поради венчавката на милијардерот Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, како и демонстрации ...

Зоран Ридан Цели и Кире Науновски вечерва блеснаа во финалето на балканското шоу „Никад није касно“. Кире Науновски со 12126 гласа победи на Фејсбук гласањето, додека Цеки освои 2805 гласови. -Не очекував, големо благодарам до сите што гласаа, рече Кире возбуден по прогласување на победникот. Во ова шоу победник има и по СМС гласање. На ова гласање со 1156 второто место го освои Кире, додека Цеки освои 7683. Победник од жирито, пак, е Марко ...

На грчкиот пејач Сакис Рувас панталоните му се скинаа во меѓуножјето за време на концерт. На концерт во Лариса, додека енергично танцувал и ја забавуваше публиката, панталоните на Рувас се скинаа директно во меѓуножјето. Пејачот не обрна внимание, туку продолжи да пее и танцува, како ништо да не се случило. Додека некои обожаватели го пофалија опуштениот став на Рувас, други изразија сомневање дека сè е однапред смислено. @manostsampasi ...

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата и е избран за претседател. Тој се заблагодари за изборот и нагласи дека има намера да создава нови лидери бидејќи движењето ЗНАМ работи и ќе работи, вели, со и за граѓаните, како нова политичка сила која во изминатиот период од 14 месеци се потврди и докажа. – Преземаме голема одговорност. Ова не е игра или обид. Ова ...

Во моментов 70 проценти од пациенти од терцијарно ниво треба да бидат на секундарно здравство, подвлече денеска министерот за здравство Азир Алиу, повикувајќи се на стручни медицински експерти во одговор на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство. Прашан за тоа како побрзо до термини кај стручни медицински лица и дијагностика, тој рече дека се прави анализа, па ќе следува систем со реални решенија, систем поврзан ...

Полициски службеници спасиле четири лица од едрилица во Охридското Езеро, откако бил оштетен дел од пловниот објект поради лошите временски услови, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа во 19:30 часот, во Полициската станица за граничен надзор – „Охридско Езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект, што бил во водите на Охридското Езеро, на околу 2,5 километри од езерскиот брег наспроти авто-кампот „Извиднички“, ...

Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство. – Болницата во Куманово нема да остане без операции, тој предизвик не е само за таа болница, туку и за цела Македонија, но и внатре во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза”. И тука, од една во друга клиника, во овој ...

Полициски службеници од ОВР Делчево вчера во 20.00 часот на ул. „Булевар Македонија“ во Делчево, го лишиле од слобода делчевецот К.С.(69). Како што соопшти МВР, при вршење на увид на сообраќајна несреќа, утврдено е дека додека К.С. управувал патничко возило „шевролет спарк“ со делчевски регистарски ознаки, бил под дејство на алкохол, односно дека има 2,41 промили алкохол во крвта. Исто така, на 29.06.2025 во 03.15 часот на улица „Мито ...

Земјотресот е почувствуван утрово во Валандово и околината со јачина од 3,3 степени според Рихтерова локална магнитуда, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотерсот утринава во 5 часот и 54 минути чиј ...

Српската полиција употреби солзавец вечерва во обид да растера демонстранти во центарот на Белград кои фрлаа кон нив со шишиња, петарди, јави дописникот на МИА од Белград. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ ги осуди нападите врз припадниците на полицијата од страна на учесниците на протестот одржан доцна попладнево на плоштадот Славија. „Остро ги осудувам бруталните напади од страна на учесниците на непријавениот митинг во Славија врз ...

Невидена семејна трагедија се случила денес попладне на стариот магистрален пат Солун-Верија, кога автомобил се судрил со камион, при што загинале татко и неговиот малолетен син. Несреќата се случила кратко по 16 часот, кога патничкото возило со четиричленото семејство се судрило, под сè уште нејасни околности, со камион, на делницата помеѓу Халкидони и Лудија. Прототема.гр информира дека во автомобилот биле и сопруга на возачот и нивниот ...

Насилен маж денес во Центарот за социјални работи во Пехчево турнал жена преку прозор. -На 27.06.2025 околу 15 часот во Полициската станица Пехчево е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево. При тоа, според пријавеното, В.Т. ...

Британскиот пратеник Најџел Фараж не се воздржа во врска со албанските имигранти во Обединетото Кралство, барајќи од албанскиот премиер Еди Рама да ги прими назад сите Албанци осудени за разни кривични дела на британските територии. Според него „секој 50-ти Албанец во Британија е во затвор“. – Албанскиот премиер нè критикува за Брегзит и вели дека Велика Британија е „дива земја, барајќи места за протерување на имигрантите“. Рама тврди дека голем ...

Тој што војувал знае дека тоа не е убаво. За војна зборуваат само луѓе кои не биле во војна, само седат пред коперација пијат пиво и јадат наполитанки. Што е ок, демократијата то го дозволува, рече професорот Методи Хаџи – Јанев во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал77. -Мислам дека имаме сериозен проблем со тоа што не можеме да разбереме дека дури и претходниот период, кој го сметавме за пацифистички, не е. Земете ја интервенцијата на ...

Помладата генерација, Генерација Z, не само што ги избегнува повиците, туку како да се плаши од нив. „Телефонската фобија“ не е само прекумерна чувствителност: еден од четири лица вели дека никогаш не одговара на повиците, без разлика дали им се јавува на пријатели или родители. Еден од двајца се чувствува вознемирено само кога ќе го чуе мобилниот како ѕвони без предупредување. „Телефонот повеќе не е за разговор“ Овој цитат од кариерниот ...

Џеф Безос и Лорен Санчез се венчаат вечерва на венецијанскиот остров Сан Џорџо, кој е затворен за јавноста шест дена поради подготовките. Суперјахтата на Безос, „Кору“, е биде прикотвена во близина и се користи како база за прославите. Цената на тридневната свадба надминува 10 милиони долари, а за превоз на гостите се изнајмуваат помали бродови. Венецијанците протестираат поради блокадата на градот, а ситуацијата стана уште позагреана поради ...

Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство. Премиерот Роберт Фицо и јас, јасно ставивме до знаење: нема да ги прифатиме барањата на Брисел да престанеме да купуваме руска енергија. Унгарија никогаш нема да поддржи одлуки што го казнуваат сопствениот народ, напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан на Х. Во видеото што го постира во рамки на објавата, Орбан истакнува: „Вчера имав ...

МВР информира за акција во која биле уапсени штипјанец и велешанка за злоупотреб на лични податоци на штипјанка, кои понатаму ги искористиле за подигање брз кредит. -На 26.06.2025 во 13.05 часот во Велес полициски службеници од СВР Штип и СВР Велес ги лишиле од слобода Д.К.(65) од Штип и 46-годишната Т.К. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и „злоупотреба на лични податоци”. На 25.06.2025 во 17.20 часот ...

„Браќа, сестри, Македонци, нема таква сила која може да нè раздели! Браќа, сестри, Македонци, како пиреј сечи, корни, нема да ја истреби…” стиховите од песната што во далечната 1994 година на фестивалот Валандово ја отпеа легендарниот Гоце Николовски, сега е спакувана во ново руво и е во изведба на Ламбе Алабаковски. А токму со новата верзија на легендарната македонска песна „Како пиреј”, во изведба на Ламбе Алабаковски и во аранжман на маестро ...

Во првото тримесечје од 2025 година – јануари до март, бројот на ново евидентирани жртви во земјава е 391. Од таа бројка, 284 се женски лица, 53 – машки, а 54 се деца – секундарни жртви. Од вкупно 286 сторители, машки биле 266, а женски – дваесет. Евидентирани биле 221 физичко насилство, 345 случаи на психолошко насилство, два случаја на сексуално, а девет на економско. Овие податоци беа споделени на денешниот настан во Скопје, по повод ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ја претстави националната платформа за електронско фактурирање – Е-Фактура, која најавува суштинска трансформација на даночниот систем во Република Северна Македонија. Преку овој систем, секоја безготовинска трансакција ќе биде евидентирана и контролирана во реално време, со цел зголемување на транспарентноста, дисциплината и довербата во фискалниот систем. Како што беше соопштено на денешната промоција, ...

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро сметката, а поради конфузија било запечатено работењето на кафе-барот што го поседувала истата фирма, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во одговор на новинарско прашање за реакциите на родителите на починатите во трагедијата во Кочани. -Во дискотеката ...

СДС мора да сфати дека веќе ништо не е како порано, сега се е јавно и транспарентно и ништо не се крие од јавноста. -Јасно ни е дека СДС мисли дека нашиот начин на водење на држава е погрешен, бидејќи тие се научени на криминал, корупција и неспособност, а ВМРО-ДПМНЕ е сосема спротивното од тоа. Ние нема да владееме со тендери во 4 очи, местење набавки за браќа, братучеди или блиски лица до структурите, ние нема да бараме 20% од анекси на ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 70,50 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат. Малопродажната цена на , се намалува За 1,499 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 40,188 ...

Непосредно пред локалните избори, во време кога рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво паѓа, а довербата во институциите е сериозно нарушена, МВР тајно започнала процес за нов систем за издавање лични карти, рече Богданка Кузеска на денешната прес конференција. -Последните јавно достапни информации говорат дека веќе е ангажира фирма, без било какво искуство во оваа област. Засмилете, досега правела студии за отпад и стадиони. Сега треба да направи ...

Бугарија вчера доби зелено светло од лидерите на Европската унија да го усвои еврото од 1 јануари 2026 година. Лидерите, собрани на Самитот на ЕУ во Брисел, го поддржаа предлогот на Европската комисија што ќе ѝ овозможи на Бугарија да стане 21-ва членка на еврозоната и да го замени левот со евро, откако веќе имаше намера да го стори тоа во 2024 година, но беше одбиена. Балканската земја е членка на ЕУ од 2007 година и е првата земја што ќе го ...

Куќата на актерот Бред Пит во Лос Анџелес била претресена од тројца крадци, пишува Би-Би-Си. Тројца осомничени провалиле во куќа во Лос Фелиз доцна во среда. Тие влегле низ прозорец и го ограбиле домот на актерот, според полициската управа на Лос Анџелес. Полицијата не потврдила дека куќата му припаѓа на добитникот на Оскар, но адресата се совпаѓа со адресата на куќата што Пит ја купил во 2023 година. Властите изјавија дека осомничените избегале ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
47%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
6.69
77%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 23ᴼ
2.57
56%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 20ᴼ
1.54
51%
1018
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
6.37
46%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1020
weather icon

Атина

35ᴼ / 31ᴼ
5.14
39%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
51%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
34%
1014
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.09
30%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
59%
1017
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
7.72
100%
1013
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71