
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



-Вистинската слобода не се добива еднаш засекогаш, но со нејзиното освојување започнува постојана борба за нејзино зачувување. Затоа сите ние сме повикани одговорно да ја чуваме и нашата духовна, но и национална слобода, а нашиот подвиг за нејзино запазување, и трите Илиндени, се уште продолжува, порачува во екслузивното интервју за МИА, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Георгиј. Митрополитот Георгиј во првото интервју по официјалното ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик. -Осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот. По предлог ...
МВР нокеска спроведе акција, во која се упасени дилери од Скопје, Кавадарци, Неготино, радовиш и Берово. -На 25/26.07.2025 во времето од 22.00 до 03.00 часот на локален пат од село Миравци кон место викано „Бел Рај”, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Б.Ј.(25), С.Н., М.К.(31), Н.М.(20), А.И.(24), Ф.П.(22) и Д.Б.(34) сите од Скопје, Г.А.(21) и Т.Ј.(38) и двајцата од Кавадарци, К.П.(21) од Неготино, ...
Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светски ден за борба против хепатитисот, почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања. -По тој повод, во понеделник, 28 јули 2025 година, од 10 до 13:00 часот ќе биде поставена мобилна единица на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. -Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое ...
Министерството за спорт не е организатор на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025, организатори на овој спортски фестивал што се одржува деновиве во Македонија се Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Град Скопје. Сѐ што беше побарано од нас како Влада и како Министерство за спорт во однос на логистика и финансиска поддршка, го исполнивме во целост за да помогнеме во одржувањето на овој спортски настан, појасни министерот за спорт ...
Во Дојран се’ се врати околу туризмот. Но, не треба да бидат заборавени граѓаните кои 12 месеци живеат со проблемите на малото место, кое во во текот на летото знае да угости и по 15.000 туристи. Проблеми со редовното водоснабдување, намалувањето на водата во Дојранското Езеро, но и некои основни незадоволени потреби на граѓаните, како амбуланта, јавен превоз и банка треба да бидат приоритет на новата локална власт. По осум години раководење со ...
Во летната културна понуда на Охрид, која секогаш носи дух на извонредност и духовна длабочина, оваа година се вградува и еден навистина посебен музички момент. На 3 август, под отвореното небо и над древните камени трибини на Античкиот театар, црногорскиот пејач и автор на некои од најемотивните балкански балади, Сергеј Ќетковиќ, ќе одржи концерт што ветува уметничко и емотивно доживување од висока категорија. Овој концерт, опишан од самиот ...
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е хоспитализиран откако беше спасен од давење во турското одморалиште Бодрум, објави онлајн изданието „Милиет“. Инцидентот се случил напладне во покраината Мугла, каде што Рамзан Кадиров бил на одмор во хотел со пет ѕвездички. Според информациите, кратко по влегувањето во водата, чеченскиот лидер одеднаш почнал да мавта со рацете во обид да се спаси. Екипите на брзата помош брзо реагирале, а потоа го однеле ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешниот настан по повод пуштањето во употреба на нов булевар во Гевгелија, одговарајќи на новинарско прашање во врска со мерката за до шест бесплатни ин витро обиди и дали со тоа ќе се придонесе за зголемување на наталитетот во државата, како и кои се очекувањата од таа мерка посочи дека токму демографската слика е и ќе остане еден од главните предизвици во годините што следуваат. „Па, апсолутно ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. -Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28.000 денари. Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени парите и пријавил во полиција, а сторителот ...
Светски познатата хрватска виолончелистка Ана Руцнер на 30 јули за прв пат ќе гостува во Македонија, каде во античкиот локалитет Хераклеја ќе одржи заеднички концерт со битолскиот Камерен оркестар. Од Националната установа Камерен оркестар на Битола, денеска информираа дека за публиката се подготвува впечатлив настап, со музичко и визуелно доживување, хармонија меѓу традицијата и современото. -Хрватската виолончелистка со светско реноме, Ана ...
Обожавателите со редици чекаа пред првата продавница за куклите „Лабубу“ во Германија, т.е. во Берлин, неколку часа пред отворањето утрово. Брендот „Лабубу“, основан од кинеската трговска компанија „Поп март“, стана светска сензација. Ова утро, стотици луѓе чекаа во германската престолнина, на дожд со чадори и столчиња за кампување, сакајќи да дојдат до својата плишана играчки во облик на суштество со големи очи и остри заби. Имаше и луѓе од ...
Оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска до Собранието, треба да биде констатирана на една од наредните седници, по што треба да се состане Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување на јавен оглас за нов член на Антикорупциска комисија. Постапката за избор на нов член на ДКСК треба да започне најмногу десет дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска. Пратеници од ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски достави писмен одговор на интерпелацијата поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев. Во неа, тој наведува дека функцијата ја врши чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, дека интерпелацијата е законски недозволена и дека институцијата е предмет на неосновани напади и тие се причина ...
Кога локалната самоуправа работи со Владата како партнер тогаш резултатите не изостануваат. Овие проекти покажуваат дека Гевгелија е дел од приказната на новото време што го живее Македонија. Дел од новата фаза на домаќинско управување, одговорна политика и градење со поглед во иднината. Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато. Денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, нова крстосница, во подобар живот. ...
Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење семки и масло од канабис, ноќна облека „Викторија Сикрет“ и „Гучи“, значителна количина цигари, а спречен е и нелегален влез на мигранти, информира Царинската управа. Во соопштението од Царинска управа, кое ви го пренесуваме во целост, се вели: -Мобилен царински тим спречи обид за ...
Околу 3.000 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека законскиот рок за достава бил до 30 јуни и ги повикува даночните обврзници да платат бидејќи во следниот период ќе почне со опомена и присилна наплата. – Согласно евиденцијата на УЈП, Ве информираме дека 3.155 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за ...
Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека тој ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки. – Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја информираме јавноста дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на ...
СВР Охрид информира дека е проајдено тело на починат маж во водите на Охридсо Езери, поточно на струшкото крјбрежје. -На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице. Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за И.Д.(55) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна ...
За еден месец 80 лица се сретнаа со министерот Алиу преку „Отворен кабинет”, информираат од Министерство за здравство и додаваат дека, бидејќи министерот утре е во Штип, тогаш штипјани ќе имаат можност да се сретнат со него и да поразговараат. -Во изминатиот месец 80 граѓани преку алатката „Отворен кабинет” се сретнаа со министерот за здравство Азир Алиу. Барањата, предлозите и сугестиите на граѓаните се предмет на системско постапување во рамки ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на Фејсбук информира дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека се враќа на неговите јавни должности. – Неколку дена по мојот престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денес се чувствувам добро и, откако беа извршени сите потребни прегледи, отпуштен сум од болница. Благодарение на Бога мојата здравствена состојба сега е стабилна, се вели во објавата. Гаши упатува ...
Уште еден пијан возач фатиле полицјците ноќеска во Тетово. -На 25.07.2025 во 02.40 часот на ул.,,Илинденска” во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за бездност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(49) од село Брвеница, тетовско. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода на улицата, во која учествувал Д.С. со своето возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, со дрегер било ...
Нашата амбиција е не подоцна од 2029 година на Коридорот 8 да имаме поврзување со автопат и експресен пат граница со граница или од граничниот премин Ќафасан до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, истакна во вечерашното гостување во емисијата “Јади бурек”, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој детално го елаборираше планот на Владата и Министерството за транспорт во однос на транспортните коридори. ” Охрид-Кичево ...
Претседателот на Собрание, Африм Гаши, кој од завчера е во болница, поради преплет на цревата се чувствува подобро. Од Клиника за дигестивна хирургија велат кусо велат дека се уште се прават испитувања, но состојбата е добра. -Се уште се прават контролни снимања, но е подобар и резултатите од испитувањата се подобри. Ќе го пуштиме дома, рече директорот д-р Огнен Костовски. Гаши пред два дена бил примен во болница со болки, но без крварење или ...
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска си поднесе оставка. Ова го потврдија и од Кабинетот на претседателот на собрание, Африм Гаши. -Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), г-ѓа Татјана Димитровска, денес до Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција. ...
Утрово во 7.31 часот земјотрес го погоди грчкиот остров Лефкада. Земјотресот бил со јачина од 3,1 степен според Рихеровата скала. Досега нема пријава за повредени или материјална штета. Ова е втор земјотрес за 24 часа во Грција. Вчера попладне со јачина од 5,1 степен се тресеше островот антикитера. Потресот бил лоциран во морското подрачје, на околу 21 километар југоисточно од островот Антикитера, меѓу јужниот дел на Пелопонез и северозападниот ...
Во срцето на летото, кога сонцето силно грее, природата нè дарува со мноштво свежи и лековити дарови. Еден од нив се младите листови од смоква – не само симбол на медитеранскиот дух, туку и вистинско богатство на ароми и здравје. Од нив може да се подготви ароматичен домашен сируп кој освежува, радува и потсетува на старите времиња кога се пиеле природни сокови, направени со љубов и трпение. Овој едноставен, но посебен рецепт е совршен за ...
Американските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид Елисон, Скајденс, за осум милијарди долари, приближно една година откако зделката беше првично објавена. Федералната комисија за комуникации (ФЦЦ), која мораше да ја одобри зделката поради тоа што Парамаунт го поседува радиодифузерот СИ-Би-ЕС (CBS), го одобри преземањето и покрај претходните политички пречки. Тие ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П.(68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” и против М.Д.(60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”. -Првопријавената, како директор на Јавна здравствена установа-Специјализирана болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 година склучила три договори на дело со ...