
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Сенад Рамовиќ донираше опрема за Клиниката за детски болести. -Децата се наголемо наше богатство. Среќата се множи кога се дели! За безброј убави моменти, за непрекинати детски насмевки, за надеж дека новото лето господово ќе донесе здравје во изобилие за сите деца ширум светот, за сите нас! – порача хуманитарецот Сенад Рамовиќ кој со неговата невладина организација Хуманост кон младите донираше медицинска опрема на детска клиника. Донирани се ...
Собранието вечерва во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот за пензинско и инвладиско осигурување, со што ќе се овозможи линеарно покачување на пензиите за 2000 денари. Како што се посочува во Законот, сите видови пензии, кои се исплаќаат во земјава, на 1 септември 2025 година и на 1 март 2026 година се усогласуваат на начин што вкупниот месечен износ добиен од процентот за ...
Додека Европа се пржи на рекордно високи температури, сè повеќе патници бараат неконвенционално бегство од летните горештини. Заборавете на преполните плажи и потрагата по сенка – новиот тренд се нарекува coolcation, т.е. одмор во постудени региони, а неговата популарност расте со неверојатна брзина, пренесува индекс.хр. Што е coolcation и зошто стана хит? Терминот coolcation, како што сугерира името, значи патување до дестинации со пријатна ...
На ТикТок и Инстаграм, има сè повеќе објави под хаштагот princesstreatment – тоа е тренд што истовремено евоцира стара романса, бајковита естетика и традиционални родови улоги. Накратко, „принцеза третман“ значи дека партнерот секој ден покажува внимание кон жената со гестови достојни за бајки: појадок во кревет, цвеќе секој петок, педикир на негова сметка, отворање на вратата и слични навидум мали, но симболични гестови, пишува индекс.хр. За ...
Центарот за управување со кризи информира дека се трага по исчезнато лице во Вардар. – Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Набргу ...
Од 17:50 часот на патниот правец Мавровбо – Дебар и обратно, кај Ростушки мост, сообраќајот е во целосен прекин поради сообраќајна незгода, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...
Британскиот глумец Саша Барон Коен, можеби попознат како Борат или Али Џи, се пофали со своето ново мускулесто тело. Тој, инаку, се најде на новата насловна страница на британското издание на списанието „Мен’с фитнес“ (Men’s Fitness U.K.), каде што во претстојниот број има и фотоинтервју со актерот. View this post on Instagram A post shared by Alfonso Moretti (@theangrytrainer) „Некои познати личности го користат ’Оземпик’, некои – лични ...
Уште во 2011 година, Ози Озборн во интервју за “The Times” изјави дека не сака луѓето на неговиот погреб да тагуваат и да раскажуваат за тешки моменти. -Нема да има тагување и лоши приказни. Луѓето често забораваат дека ние, особено рок-ѕвездите, сме имале многу среќа во животот. Затоа сакам сите да се сеќаваат на добрите работи и да бидат благодарни – рече Осборн во тоа време. Познат по својот остар хумор, Озборн потоа додаде дека всушност не ...
Двајца велосипедисти од Исланд вчера ги удрил автомобил, додека се подготвувале за денес за учество на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) -Во 12.09 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, Кумановско, патничко возило ‘фолксваген пасат‘ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н. Б. (42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд. Во незгодата со телесни ...
Европската комисија денеска отвори нови прекршочни постапки против неколку земји членки на ЕУ, меѓу кои и Бугарија, поради доцнење со усогласување со европското законодавство, јави БТА. Конкретно, против Бугарија се покренати три постапки – за прекршување на санкциите на ЕУ, за безбедност во транспортот и за промоција на обновливите извори на енергија. Во првата постапка, Комисијата ги повика сите земји членки, вклучително и Бугарија, целосно да ...
Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа изгласаа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов од собраниската говорница порача дека е горд како млад пратеник што секој студент до 29 години ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред, посочувајќи дека младите се во фокусот на оваа Влада. -Констатирам дека ...
По Социјалните мрежи се шири апел за пронаоѓање на прилепчанката Биљана, која веќе ја нема повеќе од 24 часа. -Луѓе мои помагајте, ве премолувам. Мојата сестра Биљана е исчезната веќе повеќе од 24 часа. Последен пат е видена во село Крушеани од каде заминала со својот автомобил „ауди А4“ со регистарски таблици PP 7822AG, темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен. Ве молам доколку некој ја забележи да ме ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денес го прими и разговараше со колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречи девојката да скокне и да си го одземе животот, а притоа беше повреден од ножот кој таа го држела во раката. „Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. ...
Откако секојдневно излегуваат информации дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ има резервна држава и резервен пасош, смешни се обидите на Миле Лефков да ја обвини СДСМ за било што поврзано со Бугарија или да продава лажен патриотизам. -Му препорачуваме да се скрие во дупка или да си отиде во резервната држава, наместо да држи прес-конференции за тоа кој бил патриот, а кој предавник. Освен лицемерие, поделби и лажен патриотизам, ДПМНЕ нема ...
Преку програмата Општинско-корисна работа, од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, 300 невработени лица добиваат можност за работен ангажман од 18 месеци со месечен бруто надомест од 28.000 денари, вклучувајќи осигурување и данок. Ќе обезбедуваат социјални и здравствени услуги на локално ниво. Министерството за економија и труд за таа намена објави повик на кој до 8 август годинава ќе може да аплицираат единиците на ...
Среде туристичка сезона, коха Охрид иструга се полни со луѓе, несовесни возачи пијани возат по улиците. -На 24.07.2025 во 03.14 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.П. (23) од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота” со струшки регистарски ознаки, што го управувал Д.П. и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,04 ...
СВР Битола информира дека поднела две кривични пријави против битолчанки за измама и фалсификување. -СВР Битола поднесе кривична пријава против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и ,,употреба на исправа со невистинита содржина” и Ј.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправи”. Првопријавената И.О. лажно прикажала дека е овластено ...
Авион на „Ангара ерлајнс“ Ан-24 со најмалку 40 патници се урна во рускиот регион Амур на крајниот исток од земјата. Руските медиуми објавија дека остатоците од авионот се пронајдени и дека веројатно нема преживеани. Остатоци од патничкиот авион се пронајдени на 15 километри од Тинда, планираната дестинација. Хеликоптерот за пребарување не можел да слета во близина на местото на несреќата, па затоа спасувачите ќе мора да стигнат таму пеш. Russia: ...
СВР Куманово инцформира дека поднело кривични пријви за градоначалникот на Крива Паланка и уште двајца општински службеници. -СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Првопријавениот К.П., вработен во општина Крива Паланка, спротивно на Законот за градење и спротивно на своите ...
Откако вчера се потврди информацијата дека 85% од акциите на ФК Брегалница се продадени на турскиот инвеститор Мурат Шамил Шен, кој најавува амбициозни планови, истиот тој е заинтересиран и за купување на кошарскиот клуб Соколи од Штип. Шамил Шен е познат спортски работник и некогашен кошаркарски репрезентативец кој настапувал за клубови во Германија и Турција, меѓу кои и Фенербахче, па оттука е и неговиот интерес за инвестирање и во кошарката ...
Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на државата не располага со точни податоци за спортските објекти кои се под негова надлежност и не е извршено запишување во јавните книги што создава ризик од незаконско постапување со државниот имот, констатирале ревизорите при извршената ревизија во ова јавно претпријатие. Во ревизорскиот извештај се наведува дека ревизорите не биле во можност да ги потврдат вредностите ...
Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот. „Бојко љубави, те поздрави Зоки” дипломатијата на СДС ја доведе Македонија до бришење на македонскиот идентитет и јазик од Резолуцијата на ЕП, рече Миле Лефков на прес конференцијата. -Откако Бојко Борисов вчера се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик се поставува прашањето каква е улогата на СДС, на ...
Руската контрола на воздушниот сообраќај изгуби контакт со патнички авион Ан-24 во кој се превезувале околу 50 лица. Авионот, управуван од „Ангара ерлајнс“, летал кон градот Тинда, во регионот Амур на крајниот исток на Русија, во близина на границата со Кина. Се верува дека авионот исчезнал само неколку километри пред својата дестинација. Гувернерот на регионот, Василиј Орлов, изјави дека според прелиминарните податоци, во авионот имало 43 ...
Во рамките на третиот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, младите кошаркари и ја донесоа вкупно втората победа на Македонија на ЕМОФ, совладувајќи ја Германија во Баскет 3х3 со резултат 14:10. Најефикасен во нашиот тим беше Благојче Димитриовски со 10 постигнати поени, Ѓоровиќ постигна два, додека по еден реализираа Марковски и Стојановски. По синоќешната победа над Литванија 14:11, девојките ...
МВР фати уште еден несовесен возач, кој бил пијан зад воланот. -На 24.07.2025 во 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Б.(42) од Тетово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му ...
Како што детето расте, вообичаено е да почне да фрла или удира играчки, а понекогаш ги удира и родителите и другите членови на семејството. Стручњаците посочуваат неколку совети за однесувањето на родителот во такви случаи. Ова е нормална фаза во развојот, бидејќи детето сè уште не знае како да изрази фрустрација на други начини. Но, важно е родителите да му покажат дека удирањето и фрлањето работи е неприфатливо. Ако оваа појава се игнорира, со ...
Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до нивната цел да развијат „универзална вакцина“ за „будење“ на имунолошкиот систем во справувањето со канцерогените клетки. Според студијата на истражувачкиот тим од Универзитетот во Флорида објавена Nature Biomedical Engineering, тестирањето на новата вакцина во комбинација со вообичаените лекови ...
Одбројувањето започна! До големиот концерт на Јелена Розга во Античкиот театар во Охрид остануваат само уште неколку дена, а дека интересот за ова музичко доживување е огромен зборува фактот што бројот на влезници во продажба веќе е ограничен. Настанот, кој се најавува како концерт на летото, ќе се одржи на 29-ти јули и ќе донесе симфониски спектакл под отворено небо – вечер на емотивни балади, незаборавни хитови и сценска магија во придружба на ...
Девојче од германска националност го загуби животот откако се лизна од рацете на својот татко додека се спуштале по воден тобоган на Рајската плажа во Лопур, Хрватска. Несреќата се случила ненадејно – од рацете на таткото, на висина од околу 3,5 метри, детето одеднаш се лизнало и паднало на бетонската површина, пренесува 24сата.хр, каде може да го видие и видеото Меѓу првите што дошле да помогнат биле двајца туристи од Чешка. Таткото, скршен, ...
Полициски службеници од СВР Тетово спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да си го одземе животот. Денес, во 14.35 по претходна пријава од Л.К., дека по недоразбирање со женско лице кое не сака да го напушти мотелот, од страна на полициските службеници од СВР Тетово на лице место било констатирано дека женско лице стоело на работ на прозорот од собата на хотелот со закана дека ќе скокне или ќе се самоповреди ...