
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Општина Штип известува дека на 21.06.2024 година (сабота) во раните утрински часови ќе се спроведе втора (2) адултицидна (терестичка) дезинсекција и трета (3) ларвицидна дезинсекција на територијата на општината, со цел уништување на популацијата на комарци. Прскањето ќе се изврши по следниот распоред: Дезинсекцијата ќе ги опфати сите зелени површини во општина Штип, подрачјата околу реките Брегалница и Отиња, застојните води, како и подрачјата ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70 денари за литар исто како и ...
Постојано повикуваме граѓаните да си ги контролираат здравствените сметки. На апликацијата „Мое здравје“ можат да вршат увид на прегледите и здравственото осигурување. Доколку увидат некои упати за здравствени услуги, што тие не ги користеле, да поднесат пријава до Фондот за здравствено осигурување. Ние постапуваме по сите предмети, вршиме проверки и такви случаи има редовно. Вака денеска одговори на новинарско прашање, директорот на Фондот, ...
Родителите на починатите лица во клубот „Пулс“ во Кочани денеска имаат средба со обвинителите од Основното јавно обвинителство, откако на саботниот „Марш за ангелите“побараа појаснување за поднесениот обвинителен акт во врска со трагедијата. Средбата е од затворен карактер и на медиумите не им е дозволен пристап во салата на Мултикултурниот центар каде влегоа четриесетина родители и блиски на починатите. Во обраќањето на маршот пред зградата на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој би бил најсреќниот човек доколку на 24 јуни биде усвоен извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц за Македонија, но напомена дека деновиве добива информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада, дека доколку тој извештај биде изгласан, тоа би можело да ги радикализира проруските структури против сегашната ...
Нападите врз иранските објекти за збогатување ураниум, како оној во Натанц, не носат ризик од нуклеарна катастрофа од размерите на Чернобил или Фукушима, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на проценки од нуклеарни експерти. Според Би-Би-Си, целите биле објекти за збогатување ураниум, а не активни реактори во кои се случува нуклеарна фисија. Поради оваа причина, ризикот од ширење на радиоактивноста е минимален. Од друга страна, при збогатување на ...
Секторот за внатрешни работи Штип испрати предупредување до јавноста поради зголемен број случаи на измами преку СМС пораки, зад кои стојат организирани сајбер криминалци. Според информациите, граѓаните добиваат СМС пораки кои лажно се претставуваат како испратени од „Пошта на Северна Македонија“, при што им се нуди линк што води до интернет страница која изгледа речиси идентично со официјалниот сајт на Поштата или други институции. На таа лажна ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа таа ќе продолжи да постои по локалните избори. Во врска изјавите дека Филипче по примерот на Зоран Заев, кодоши и ги поткопува државните интереси, Мицкоски истакна дека смета оти не треба ...
Израелските воздухопловни сили утрово го бомбардираа иранскиот нуклеарен реактор со тешка вода во Арак во централен Иран, како и десетици други ирански воени локации во текот на ноќта, вклучувајќи го и главното место на нуклеарната програма во Натанц, соопшти израелската војска. Во соопштението се вели дека бранот ноќни напади врз Иран вклучувал 40 борбени авиони кои испукале 100 ракети врз десетици ирански воени локации во Техеран и други ...
Израел ќе одговори силно на Иран за утринскиот балистички ракетен напад врз голема болница, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Терористичките тирани на Иран лансираа ракети врз болницата Сорока во Бершеба и врз цивилите во централниот дел од земјата“, напиша Нетанјаху на „Х“ Тој додаде дека „тираните во Техеран ќе платат скапо“ за нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Израелска болница во Бершеба беше погодена утрово во најновиот ...
Познатата социјална мрежа за професионалци Линкдин во традиционалното рангирање на Топ 20 инфлуенсери во Македонија, кои преку мрежата успеале да остварат влијание, на врвот ја стави Марина Панова е водечки стратег за социјални медиуми и креатор на содржини од Македонија, специјализирана за личен брендинг и маркетинг. Како еден од клучните критериуми за создавање на Топ 20 листата на инфлуенсери е влијанието што тие го имаат врз заедницата. Втор ...
Ланс Ренмарк беше дел од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите и за граѓаните по трагедијата во клубот „Пулс“. Како научник и доктор во областа на социјалната заштита, тој пренесе дел од сопствените искуства за начинот на закрепнување по траумата што го погоди Кочани, регионот и државата. Учествувал во повеќе практични проекти во рамки на Центарот за ...
Бројот на умрени лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1 процент. Повеќе умираат мажите и тоа во просек за 4,9 години порано од жените, а во над една третина од случаите причина за смртта се болести на циркулаторниот систем, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 010, се регистрирани во јануари, а најмалку, 1 518, во април. Од вкупно починати 20 201, поголем број 10 ...
Израелската војска рано утрово соопшти дека извршила повеќе воздушни напади врз Иран. Претходно, Иран испали неколку ракети кон Израел, според израелската војска. Првично немаше извештаи за жртви од меѓусебните напади. Кратко потоа, израелските вооружени сили ги повикаа жителите на областите во иранските градови Арак и Хондаб да побараат засолниште. Војската соопшти дека ќе нападне воени објекти во областа. Регионот е дом на реактор со тешка ...
Рускиот претседател Владимир Путин понуди да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран, велејќи дека Москва би можела да помогне во посредувањето за примирје што би му овозможило на Техеран да продолжи со мирна нуклеарна програма, а воедно да го увери Израел, кој се плаши за својата безбедноста. Путин им рече на новинарите на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург дека прашањето е „деликатно“. „Мислам дека може да се ...
По седум години денеска повторно ќе биде отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи. Оттаму информираа дека концесионерот е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии. ...
Одбраната на градоначалникот на Струга Рамис Мерко денеска во Основниот суд во Струга треба да даде завршен збор за четирите споени предмети кои се водат против него за незаконско поставување директори во основните училишта „Гоце Делчев“ во Подгорци (два предмети), „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа и „Ашим Агуши“ во Радолишта. Судијата Јордан Јованов, на минатото рочиште информира дека со оглед на тоа дека се работи за четири предмети споени во ...
Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ова прашање. Изворите велат дека се во тек дипломатски разговори, вклучително и планиран состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија со нивните ирански колеги во Женева утре. Некои извори велат дека е можно американски напад врз Иран да биде извршен во ...
Регионалниот пазар на платформи за е-трговија доживеа значајни промени во последната година, а еден од најизразените трендови е еден вид потиснување на некогаш исклучително популарната кинеска платформа AliExpress од пазарот. Ова го потврдуваат податоците и извештаите на институциите, како и изјавите на самите играчи на пазарот, што укажува на поширока трансформација во начинот на кој граѓаните купуваат и примаат стоки купени преку интернет. Во ...
Видео од двајца полицајци кои имаат секс во патролно возило во Ларнака во вторник попладне (17.6.2025) предизвика бурни реакции на кипарската јавност. Двајцата полицајци кои имале секс во патролното возило ќе бидат суспендирани, додека според соопштението од кипарската полиција, дадени се упатства за кривична и дисциплинска истрага за овој невиден случај. „Дадени се упатства за проверка на неговата автентичност, со цел да можат да се извршат ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека извршило тешка кражба. Како што информира Обвинителството, се работи за 23-годишник кој на 02.01.2024 година насилно влегол во куќа на улицата „Востаничка“ во Скопје, а вкупната вредност на предметите што ги одзел е проценета на 296 000 денари. -Со помош на пластична маса се качил на балконот од првиот кат на куќата и насилно го отворил ...
Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар испрати писмо до Советот за безбедност на Обединетите нации во кое тврди дека Иран има „стратешки план“ за елиминација на Израел, велејќи дека неговата земја е решена да се одбрани. „Иран има стратешки план за уништување на Израел. Израел не може и нема да ја прифати заканата од уништување“, напиша Сар на платформата Икс, објавувајќи копија од писмото, објави Cи-Ен-Ен. Нападот на Израел врз ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на престојот во Емиратите денеска најави дека во средината на септември ќе има голема воена парада во Белград – Во септември ќе имаме голема воена парада во Србија. Ќе покажеме многу работи што сме ги стекнале, произвеле и успеале да ги воведеме во вооружувањето на српските вооружени сили, рече Вучиќ, пренесоа белградските медиуми. Според него, „тоа ќе биде нешто што луѓето во регионот досега не беа ...
Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ...
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупло Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, додека, за таткото на Вања ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани заедно со заменик министерот Ѓоко Велковски и претставници на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), ја посетија Националната младинска летна школа за социјална инклузија, која се одржува во Маврово. Во своето обраќање пред присутните млади, министерот Лимани искажа задоволство од изразениот интерес на младите за учество на летната школа и благодарност до Амбасадата ...
Во време кога процесот на проширување е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, Копенхашките критериуми се нашата заштита. Тие се потсетник дека европскиот пат не смее да се условува со прашања надвор од суштината на демократијата, владеењето на правото и функционалната пазарна економија. Посебно ја цениме принципиелната определба на Данска дека проширувањето на Европската Унија мора да се води исклучиво според Копенхашките ...
Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере денеска во Скопје порача дека проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Европската Унија, кое стартува на 1 јули, дека актуелните геополитички случувања уште повеќе го актуелизираат овој процес, како и дека нејзината држава ќе стори се што е во можност за да го поттикне евроинтегрирањето на земјава, но оти тој пат мора да се изоди заеднички, со цел да се види дали може да се ...
На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети „Аrrow“, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуван американски функционер. Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се користи против иранските ракети. САД, исто така, имаат системи за ракетна одбрана „Патриот“ и системи за воздушна одбрана на голема надморска височина на Блискиот Исток, способни да пресретнат балистички ракети. Според агенцијата, разорувачи на ...
Српска државјанка е пронајдена во несвест вчера утрото на плажата Макригијалос во Пиерија (Катерини), соопшти денес грчката крајбрежна стража. Таа е вториот српски државјанин што почина во Грција за две недели. Жената (73) била пренесена со возило на брза помош во Здравствениот центар Егинио, каде што била констатирана смрт, јавува Атинската новинска агенција. Како што е наведено, во тек е истрага од страна на Централната пристанишна управа на ...