Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
По 18 литри на квадретен метар наврнаа во Зајчев Рид и во Струмица, 15 на Попова Шапка,13 во скопската населба Карпош, 12 во Претор, по 11 во Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во Гевгелија, 9 во Кавадарци, 8 во Велес, 7 во скопски Петровец, 5 во Тетово, и по 3 литри на квадретен метар во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште. Од Управата посочуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, а поради ...
По договорениот трансфер на Матеуш Фернандеш за сума од околу 100 милиони евра, лондонскиот клуб го комплетираше и доаѓањето на Сандро Тонали од Њукасл во зделка вредна 116 милиони евра. Италијанскиот репрезентативец претходно ги договори личните услови со Тотнем, па остануваше уште клубовите да постигнат конечен договор околу обештетувањето. Во текот на денешниот ден беа договорени и последните детали, па Тонали ќе се пресели во Лондон. ...
Искрено, не ми е важно што правите вие – а не треба ни вам да ви биде важно што правам јас. Мое тело, мој избор. Неверојатно е колку брзо тој принцип станува нестабилен кога на сцената е агенда што ги ограничува слободите преку масовна усогласеност и контрола. За мене, работата е едноставна. Кога Франција ќе се претвори во огнен пекол, како што се случуваше повеќепати во изминатите две децении откако живеам тука, едноставно ги вклучувам моите ...
Ави Леб, космолог што ги проучувал црните дупки и до 2020 година беше шеф на Катедрата за астрономија на Харвард, неодамна беше назначен за претседател на еден нов научен советодавен совет. Неговата задача ќе биде да го истражува потеклото на мистериозните светлечки сфери и други објекти што во последните години ги пријавуваат американски воени лица. Назначувањето е дел од иницијативата на претседателот Доналд Трамп за декласификација на ...
Во текот на целиот меч Ивановски имаше контрола и доминираше, а предноста ја правеше на почетокот на секој од сетовите. Во првиот сет Ивановски направи брејк во третиот гем за водство од 2-1 во гемови и предноста ја одржуваше до крајот на сетот, кој го заврши со 6-4 во гемови. Во вториот сет македонскиот тенисер имаше два брејка и водство од 4-0 во гемови. Во седмиот гем се водеше голема борба и по 16 одиграни поени Чепелев намали на 5-2 во ...
Натпреварот почна шокантно за Англичаните, Кипенга постигна гол за водство на Конго од 1-0 уште во седмата минута. Англичаните напаѓаа за да дојдат до израмнување, но не успеваа. На спротивната страна Конго се обидуваше преку контра напади да го загрози голот на Пикфорд. Многу лесно можеше да се случи да поведат и со 2-0, но ја погодија стативата. Англија израмни во 75. минута кога по асистенција на Гордон, Кејн биеше со глава за израмнување ...
Органски јаглерод е откриен во глинени карпи на локалитетот Брајт Ангел, област низ која течела река пред милијарди години, влевајќи се во кратерот Језеро. Научниците веруваат дека присуството на вода можело да создаде средина погодна за развој на живот. Зошто е ова откритие толку важно? Откритието е особено важно бидејќи инструментот „Шерлок“ на роверот „Персеверанс“ користел ултравиолетов ласер за да идентификува макромолекуларен јаглерод ...
Додаваат дека со оваа инвестиција значително се подобруваат условите за правилно одлагање на комуналниот отпад, унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина во руралните средини Тие порачуваат дека чистата околина е заедничка одговорност, а со заедничка грижа, како што велат, треба да создаваме поздрави и поуредени населени места во општината. Додаваат дека со оваа инвестиција значително се подобруваат условите за правилно ...
Како што соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али, проектот има за цел навремено откривање на шумските пожари, побрза реакција на надлежните служби и поефикасна координација при интервенциите. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, посочи дека воспоставувањето систем за рано откривање на шумските пожари било еден од неговите приоритети од преземањето на функцијата. „Од првиот ден откако бев назначен за директор на Центарот за управување со кризи ...
„Нашата примарна, суштинска мисија е преку силни, економски стабилни и модернизирани општини да создадеме реална, опиплива перспектива за нашиот народ. Ова не е само политичка цел, ова е нашата најважна битка – битката за нашите граѓани, за нашите млади генерации. Во остварувањето на оваа визија ниту една средина нема да остане заборавена. Свесен сум дека силни градови нема без развиени и живи рурални средини, затоа мој силен приоритет ќе ...
Јулијан Нагелсман има договор до 2028 година, Германија доживеа катастрофа на Светското првенство откако не стигна ни до осминафиналето. Елиминацијата од Парагвај создаде недоверба кај германската јавност во способноста на Нагелсман да ја води репрезентација, па сега се бара „неговата глава“. Доколку Германската фудбалска федерација одлучи да го смени селекторот, прв кандидат за нов предводник на Германија се посочува Јирген Клоп. Според ...
„Екипите на Град Скопје и јавните претпријатија се будни, мобилизирани и на терен. Така ќе остане во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенција и поддршка за граѓаните. Во постојана координација сме и со колегите градоначалници, како и со сите надлежни институции. Нема простор за паника, но има обврска за брза реакција и целосна посветеност“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук. Во објавата нагласува дека Скопје и скопјани не се ...
Средбата ја модерираше поранешниот пратеник на СДСМ и универзитетски професор Игор Ивановски. Меѓу присутните беа Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Александар Бајдевски, пратеничките Славјанка Петровска и Моника Зајкова, градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митревски, адвокатите Звонко Давидовиќ и Валентин Пепељуговски, универзитетските професори Ненад Марковиќ и Предраг Трпевски, како и поранешни функционери и директори ...
Кога размислуваме за здрава исхрана, често помислуваме на свежо овошје и зеленчук. И со добра причина. Свежо набраниот зеленчук задржува многу повеќе од својата хранлива вредност и нема адитиви што често ги имаат конзервираниот и другите видови преработен зеленчук. Сепак, кога се обидувате да ги внесете сите хранливи материи, не заборавајте на варениот зеленчук – тој често има еднаква или дури и поголема хранлива вредност од свежиот. Во ...
Претставата „Кокошка“ е создадена според Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Во претставата играат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Toме Станковски и Кристина Гиева. Костимограф е Maрија Пупучевска, соработник за сценски движења Дарко Велиќ, изборот на сценографија и музика е на Teoдора Силјаноска, додека дизајнер на плакатот е Михаил Велески. Фотографиите се на Луција Спасовска. ‘Кокошка’ се ...
„Онаму каде што се запна е електронското гласање за кое СДСМ не попушта. Инаку, целиот овој процес што СДСМ од почетокот го бојкотира, а потоа и сега ќе го ‘филибастерингува’, мислиме и ни дава индиции дека е заговор против Левицата од двете најголеми партии за повторно да останеме без државно финансирање. Во ваков статус единствен што губи е Левицата бидејќи остануваат непринципиелните правила на политичка дискриминација“, изјави Апасиев. За ...
На фотографиите и видеото што пристигнаа до редакцијата се гледаат целосно поплавени улици, подвозници под вода и возила што останале заглавени во надојдената вода. Едни од најкритичните точки повторно беа подвозниците, каде што водата целосно го блокираше сообраќајот. Во некои делови од градот нивото на водата достигна висина до тркалата на автомобилите, а пешаците беа принудени да се движат низ длабока вода. Невремето беше проследено и со ...
Обвинителството ги изведе доказите кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а на следното рочиште, кое е на 6 јули, како што е најавено, ќе се изведуваат листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази на Обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица, и ќе следува изведување на докази од одбраната. Обвинителството, доказите продолжи да ги презентира само со ...
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за последиците од обилните врнежи. Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба. Од ЦУК посочуваат дека за сите пријавени случаи веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и единиците на локалната ...
Минатиот вторник турската полиција приведе 225 лица, вклучувајќи академици, наставници и активисти, поради сомневање за поврзаност со милитантни групи како што е Исламската држава, објави порталот Политико. Меѓу нив е и 79-годишен еколошки активист. Градот Анкара забрани јавни собири, испити, прес-конференции и истакнување постери од неделата, со распоредување 40.000 полицајци во главниот град. На десетици независни турски новинари им беше ...
Кампањата има цел да ги едуцира возачите за планирањето на патувањето, потребата од редовен одмор, почитување на сообраќајните правила и прописи, едукација на возачите за последиците од непочитување на правилата и прописите во сообраќајот, укажување на последиците од управување возило под замор и непочитување пропишана брзина. Надлежните апелираа да се планира патувањето, да се прави пауза на секои два часа, да се пие вода, сите безбедно да ...
Научниците направија значаен исчекор кон создавањето синтетички живот, откако развија вештачки клетки што можат да растат, да ја копираат својата генетска информација и да се делат – три од најважните одлики на живите клетки. Иако овие структури сѐ уште не се сметаат за живи организми, експертите велат дека станува збор за едно од најголемите достигнувања во синтетичката биологија во последните години, објави Гардијан. Тимот од Универзитетот ...
Ѓорѓиевски на неговиот официјален фејсбук профил информираше дека службите се целосно мобилизирани за брза реакција во случај на штети, поплави или други последици предизвикани од временските непогоди. „Во постојана координација сме со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции. Сите капацитети се ставени во функција, со една цел – ...
И покрај речиси 40 Целзиусови степени и топлотниот бран што ја зафати Европа, повеќе од 200 скејтери од сите континенти без пречка настапија на натпреварувањето. На островот Штванице покрај Влтава, натпреварите во street, bowl и vert се одвиваа три дена, пред полни трибини и типичната прашка фестивалска атмосфера со концерти, гастрономија и релакс-зони. Во машката street дисциплина годинава славеше Белгиецот Ноа Де Џегер, кој со комбинација ...
Групата „Пет очи“, составена од Соединетите Американски Држави, Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд, ги повика владите и корпоративните лидери да „дејствуваат сега“ за да ја зајакнат одбраната од софистицирани сајбер закани. „Се очекува најнапредните модели на вештачка интелигенција да ги надминат моменталните очекувања на индустријата, фундаментално трансформирајќи ги и офанзивните и дефанзивните сајбер способности. Временската рамка ...
Соопштението на Аракчи е реакција на коментарот на израелскиот министер за одбрана дека врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е легитимна цел. „Американскиот претседател ги обврза Соединетите Американски Држави да ги ограничат своите миленичиња во Тел Авив. Ако не го послушаат својот господар, Иран ќе ги опамети“, кажа Аракчи. Во меѓувреме, САД и Иран одржале технички разговори во Доха во среда, потврдиле извор запознаен со состанокот и ...
„Прво, немам намера да се кандидирам во 2029 година за претседател на државата. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет. Второ, кога зборувам за прифаќање на нивните предлози, сè што ќе предложат, ќе им прифатиме, освен гласањето на дијаспората и, трето, мораме сите заеднички, бидејќи сите го правевме, да се потпишеме како поднесок на истиот тој закон“, изјави Мицкоски. Потсети дека Левицата учествуваше ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) соопшти дека е рангиран на глобалното рангирање „Тајмс хајер едукешн импакт рејтингс“, кое го изработува реномираната британска организација „Тајмс хајер едукешн“. Станува збор за единствено светско рангирање што го мери придонесот на универзитетите кон исполнувањето на 17-те Цели за одржлив развој на Обединетите нации. Според објавените резултати, УКЛО е рангиран во групата од 1.001 до ...
Поштенската марка не е само филателистичка вредност, туку и симбол на пријателството меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, беше посочено на промоцијата. „Двесте и педесетгодишнината од американската независност не е само јубилеј на една голема држава, туку е јубилеј на една голема идеја дека слободата, демократијата и правото на народите на самоопределување се темелите врз кои се гради современиот меѓународен поредок. Од ...
Според обвинението, обвинетиот вршел притисок да не се одобри увоз на вештачко ѓубриво на фирма која се занимавала со негово производство и увоз, иако фирмата и претходно повеќепати увезувала ваков вид стока. Притоа влијаел врз фитосанитарен инспектор на граничен премин, да не го одобри влезот на стоката во државата, поради што таа неколку дена била задржана на граничниот премин. „На 13.03.2026 година обвинетиот во Свети Николе директно ...