Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity Centre – WB3C, со цел продлабочување на дијалогот за сајбер отпорноста, регионалната соработка, интероперабилноста и усогласувањето со европските и евроатлантските безбедносни стандарди. Како што соопшти прес-службата на Министерството за дигитана трансформација, ...

На пленарната сесија, која се одржува во македонското Собрание на тема „Унапредување на толеранцијата и мирот: стратешката улога на парламентите во обликувањето и донесувањето политики за иднината“, тој истакна дека усвојувањето на скопската декларација ќе биде уште една потврда дека, без разлика на разните географии, политички системи и културни традиции, сите споделуваме една основна вистина: иднината не може да се гради врз омраза. ...

Според Филипче, од предвидените 16 закони, кои требало да бидат донесени до јуни 2025 година, усвоени биле само шест, а од десетте закони за кои бил продолжен рокот до јуни 2026 година, донесени се само два. „Реализацијата е само 20 проценти, што покажува дека Владата нема ниту капацитет ниту волја да ги спроведе реформите“, рече Филипче. Тој посочи дека и некои од законите што Владата ги смета за реализирани не се усогласени со европските ...

„Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за подобрување на македонските позиции, Филипче, во стилот на Коте од Руља, ја игра улогата на главниот внатрешен предавник на македонските национални интереси и идентитетски обележја. Бара безусловно вклучување на Бугарите во Устав, без никакви гаранции и предвидливост на европскиот пат, тврдејќи дека тие се последниот услов од источниот сосед за продолжување на ...

Планинарите се движеа по обележани патеки, а за нивната безбедност и непречено движење по трасата се грижеа бројни водичи и членови на ПК „Љуботен“. Пред самата кула на Титов Врв на учесниците им беа поделени пригодни стикери како спомен од овогодинешното искачување. -Временските услови беа поволни за движење на планина. Иако на повисоките делови дуваше силен ветер, што е карактеристично за овој дел од Шар Планина, искачувањето помина без ...

Во акцијата учествуваа Јавното комунално претпријатие „Стандард”, општинската администрација и членови на Советот на општината, риболовци, граѓани, ученици, кои собраа голема количина отпад. „Може да изразам големо задоволство од масовното учество во акцијата која го исчисти не градот. Сега доби лик како што заслужува. Апелирам до сите за поголема совесност и грижа и отпадот да го оставаат на места определени за тоа. Чистата средина значи и ...

Во разговорот со водителката Маргарет Бренан, Зеленски истакна дека Украина, благодарение на преземањето на иницијативата на бојното поле во декември 2025 година, се ставила во многу подобра позиција за преговори со Русија. Сепак, таа можност ќе трае само до следната зима, кога од Москва повторно се очекува да преземе мерки против клучната украинска енергетска инфраструктура. Минатата зима руските напади врз украинските електроцентрали се ...

Преговарачкиот тим на Иран ќе ги суспендира „преговорите и размената на текстови преку посредници“, објави агенцијата. Тасним наведува дека ситуацијата во Либан била клучна за прекинот на огнот, што значи дека „тој прекин на непријателствата бил прекршен на сите фронтови, вклучително и во Либан“. „Нема да има дијалог“ сè додека не се признаат позициите на Иран и Хезболах за ова прашање, наведува Тасним, додавајќи дека иранските претставници ...

АХВ се повикува на законските ограничувања во објавувањето на фирмите кои ги сториле овие прекршоци, а потрошувачите се повикуваат на правото на избор на здрава храна и точни податоци во декларациите. За казните од 1.000 до 3.000 евра за вакви прекршоци, сите се согласуваат дека се мали и безначајни во однос на профитот од продажбата на вакви производи со лажни податоци за масленост, протеини, растителни масти… Нетпрес од сопствени извори, ...

Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата. Попустот ќе се однесува на сите трговци што набавуваат бензин од Окта како во големопродажба така и во малопродажба. Од компанијата посочуваат дека со оваа мерка им се остава можност на ...

На завршниот состанок со претставници на тутунската индустрија и угостителскиот сектор, на кој присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, Алиу истакна дека новото законско решение е резултат на широка јавна и институционална дебата. Според него, потребата од нов закон произлегува од фактот што актуелниот закон е донесен во 1995 година и, иако претрпел девет измени, повеќе не одговара на современите услови и новите производи на пазарот, ...

Калас ги даде коментарите на почетокот на 8-миот стратешки дијалог меѓу ЕУ и Пакистан во Исламабад, каде што се сретна со пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар. „Ова е конфликт што влијае на целиот свет кога станува збор за цените на енергијата и ѓубривата. Затоа е важно прекинот на огнот да се одржи и преговорите да продолжат“, рече Калас. Таа особено ја истакна улогата на Пакистан во организирањето директни разговори меѓу ...

Од јавното претпријатие ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. “Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес ...

Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, рече дека вештачењето е од 26 јануари 2024 година, а најголемите дел се медицински досиеја на пациенти од Клиниката за Онкологија кои биле лекувани и се дадени на вештачење во странство – во Словенија и Србија. Прашан дали е сигурен дека тоа што селектирал за вештачење било со целокупната медицинска документација за тие лица, ...

Според обвинителството, осомничениот управувал автомобил Ауди А4 по булеварот „Никола Карев“, а кога пристигнал на крстосницата со улицата „Прохор Пчињски“ не ја почитувал сообраќајната сигнализација. „На удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец, свртувајќи во лево на крстосницата“, соопшти Обвинителството. Дополнително, утврдено е дека возилото го управувал под дејство на наркотична дрога, ...

Операцијата е спроведена вчера, во Атлантскиот Океан, на отворено море, со поддршка на неколку партнери, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, и во строго почитување на поморското право, напиша Макрон на мрежата Икс. Тој додаде дека е неприфатливо бродовите да избегнуваат меѓународни санкции, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години. Макрон рече дека овие бродови, кои ...

Според најновото национално репрезентативно истражување на Аналитика, 53,8 отсто од возрасната популација користи тутун или никотински производи, додека 50 отсто се активни пушачи на цигари. Овие бројки ја позиционираат земјата меѓу државите со највисока стапка на пушење во Европа. Дополнително, истражувањето укажува на раст на дневната употреба на цигари во однос на претходните години. „Ситуацијата останува загрижувачка и во однос на ...

Настанот кој е во организација на Меѓаши се одржа по повод Меѓународниот ден на детето и на симболична локација пред законодавниот дом, со цел да се потенцира важноста од институционална одговорност во креирањето и спроведувањето политики за безбедност и благосостојба на децата. „Поентата е луѓето да ги увидат ефектите од меѓуврсничкото насилство и да реагираат кога ќе забележат такви ситуации“, порача Марио, ученик од СУГС „Јосип Броз Тито“, ...

„Идентитетот, не се чува сам од себе. Јазикот не преживува сам по себе. Традицијата не се пренесува без љубов, труд и свесна посветеност. За да се сочува едно име низ осум децении, потребни се генерации луѓе кои одбиваат да заборават, потребни се мајки и татковци кои дома го зборуваат мајчиниот јазик, потребни се учители, културни работници, духовници, луѓе кои организираат фолклорни фестивали, литературни вечери, изложби, академии и ...

Од Влен соопштија дека викендов била „отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните. Се разговараше за постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочува партијата и приоритетите за периодот што следува, со акцент на координацијата на структурите, активностите на терен и континуираната ...

Основана во 1991 година, Круна МС уште од своите почетоци ја гради својата работа врз јасна визија: спој на научното знаење, клиничкото искуство и најсовремената технологија, со цел обезбедување врвна здравствена грижа и беспрекорна насмевка за секој пациент. Во услови на постојани промени и предизвици, одржувањето на континуиран квалитет и градењето 35-годишна традиција на раст, стабилност и доверба претставува исклучително достигнување. ...

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 10,867%, кај дизелот за 10,622%, кај екстра лесното масло за 10,136% и кај мазутот има намалувањето е за 8,238 %. Во оваа пресметка земени се предвид намалениот износ на акцизите за 2 ден/лит кај еуродизел (Д-Е V) и кај бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98. Од полноќ максималните цени на ...

Со оваа донација, Бимилк уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон семејството и заедницата, вредности што со години се вградени во брендот и во неговата традиција на поддршка. Како бренд присутен на семејните трпези и во секојдневието на многу генерации, Бимилк го одбележа овој ден со гест што ги поврзува квалитетот, грижата и хуманоста, препознавајќи ја важната улога на згрижувачките семејства кои секојдневно обезбедуваат љубов, ...

Истражувањето опфатило шест европски држави – Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Данска, Полска и Македонија, а бихејвиоралниот експеримент (тест на однесување) за демократска отпорност бил спроведен врз вкупно 4.550 испитаници во четири од земјите опафетни со истражувањето, од кои 581 во Македонија, анкетирани во октомври 2025 пред локалните избори. Македонија над Австрија, Данска и Италија Ананд Муругесан од Универзитетот во Виена ги ...

Кај компаниите кои плаќаат данок на добивка, по исклучување на субјектите кои имаат законски даночни ослободувања, даночната основа и пресметаниот данок бележат раст од 14 проценти во однос на претходната година. По пресметката и пребивањето со веќе платените аконтации, за доплата остануваат 5 милијарди и 805 милиони денари. „Истовремено, за поврат на даночните обврзници се евидентирани 323 милиони денари, додека повеќе од 4,5 милијарди ...

„Во време кога дигитализацијата станува предуслов за поефикасни административни процеси и поконкурентна економија, модернизацијата на инструментите што ја олеснуваат меѓународната трговија претставува природен и неопходен чекор. ATA Carnet, познат и како пасош за стоки, е меѓународно признат царински документ, кој овозможува привремен извоз и увоз на стоки, без плаќање царини и други увозни давачки во повеќе од 80 земји и царински територии. ...

„14 кражби на нашиот ангел. И ден-денес не го оставаат на мир гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сѐ уште крадат од гроб. Да си жива и здрава, тетке, која и да си, и да ти се живи и здрави децата“, напиша таткото на починатото момче. Ѓорѓи Горѓиев од Струмица e тапанарот на ДНК, кој загина во пожарот во Кочани и е еден од нашите непреболени ангели. Неговиот татко Драги постојано споделува фотографии од него на својот Фејсбук ...

Откако се појавија информации дека Техеран наплатува и до два милиони долари (околу 1,7 милиони евра) по брод за „безбеден премин“ низ Ормускиот теснец, светските медиуми почнаа да известуваат за обвинувања против иранскиот режим за изнуда и загрозување на глобалната енергетска безбедност, пренесува Дојче веле. Ормускиот теснец, сместен меѓу Иран и Оман, претставува најважниот енергетски коридор во светот. Пред избувнувањето на војната во ...

Според еден од претставниците, кој зборувал под услов на анонимност, Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) во последните три недели спровела околу 70 трговски брода низ овој стратегиски поморски премин. Изворите наведуваат дека поголем дел од бродовите ги исклучиле своите транспондери — уреди за електронско следење и идентификација — за да избегнат да бидат откриени од иранските сили. Американските власти одбиле да откријат за ...

Само два дена претходно, на 29 мај, Охрид СОС до Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Заводот за заштита на спомениците достави барање за итна привремена заштита на објектот, изграден во 1927 година. Подносителите на иницијативата предупредуваат дека станува збор за редок примерок на еклектична архитектура со уникатни обликовни и декоративни елементи, какви што денес се сочувани во многу мал број не само ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.25
87%
1018
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.13
91%
1020
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.52
81%
1024
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.88
71%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
9.09
92%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.48
95%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
61%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.31
85%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
4.1
84%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.92
94%
1011
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.02
79%
1020
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
93%
1012
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Цинк

0.00

Паладиум

39545.42

Сребро

2072.63

Рутениум

48965.59

Бакар

12.52

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Платина

53756.05

Злато

131337.93

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97