Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Победата на Никс е значајна од повеќе аспекти. Победија иако во третата четвртина заостануваа со дури 14 поени разлика, до триумфот дојдоа на гостински терен и, конечно, станаа првиот тим кој ги победи Спарс во првиот натпревар од финалната серија. Сан Антонио на стартот од финалето досега имаше 6-0. Тимот до победата го предводеше Џејлен Брансон со 30 поени од кои 13 во последната четвртина, само шест помалку од целиот тим на Спарс. Во ...
На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, под кураторство на Кирил Пенушлиски, а преку сликарство, фотографија и современи визуелни интерпретации се истражува врската меѓу историската меморија и современиот уметнички израз. Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека изложбата носи силна симболика и пораки за поврзаноста на културното наследство и ...
Случајот повторно го отвори прашањето колку потрошувачите навистина можат да им веруваат на информациите што ги гледаат на амбалажата и дали визуелната комуникација, имињата, симболите и пораките на пакувањата секогаш ја отсликуваат вистинската природа на производот. Законот забранува амбалажа што создава забуна кај потрошувачите Согласно Законот за заштита на потрошувачите, амбалажата претставува надворешна обвивка на стоката со којашто ...
Во заедничка изјава издадена од американскиот Стејт департмент по разговорите во Вашингтон се вели дека прекинот на огнот меѓу Израел и Либан е условен од целосен прекин на огнот од страна на Хезболах, милицијата поврзана со Иран, и евакуација на сите нејзини оперативци од југот на земјата. Двете страни, кои немаат формални дипломатски односи, исто така се согласија да создадат „пилот зона“ во кои либанските вооружени сили ќе „преземат ...
Инцидентот се случил на 25 април 2026 година, на локацијата Атакама, каде што роверот вршел истражување. Наместо да ја здроби карпата, дупчалката се „заглавила“ со големо парче материјал. Експертите на НАСА велат дека ваков инцидент никогаш порано не се случил за време на мисија. Кјуриосити вообичаено користи дупчалка за мелење камења во прав за хемиска анализа, но овој пат роботската рака почна да се однесува необично, како да се бори со ...
По заверката на шампионската титула во Струга, излезе видео снимка од недолична прослава на вардарци за која денеска добија казна од ФФМ. Дополнително црвено-црните се казнети и за пиротехника на мечот против Шкендија од последното коло. „Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради навредливо скандирање од страна на навивачите и несоодветна прослава на титулата од ...
За време на седницата, како што информираат од Општина Чаир, се дискутира за процесот на европска интеграција, размената на искуства и зајакнувањето на соработката меѓу единиците на локалната самоуправа, со посебен фокус на улогата на општините во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди. „Интеграцијата во Европската Унија останува стратешки приоритет на нашата држава. Во овој процес, локалната самоуправа има ...
„North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“ го организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE. Според организаторите, станува збор за еден од најголемите билатерални настани меѓу Македонија и Грција во последните години, со повеќе од 140 однапред организирани деловни средби меѓу компаниите и кој за прв пат се одржува на ниво на оваа индустриска ...
Резултатите за првите пет месеци годинава се 17 човечки животи помалку, отколку една година претходно, рече тој. Во првите пет месеци од годинава имавме 39 жртви во сообраќајни нерсеќи, а лани за истиот период 56. Системот „Безбеден град“ со казни почна да се применува од февруари годинава, а пробниот период почна во декември 2025 година. МВР, нагласи Тошковски, две години макотрпно работеше на овој проект којшто е најгорлив за македонските ...
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. В сабота и в понеделник повторно се очекуваат ...
Директните фискални приходи во државниот буџет изнесувале 515 милиони денари, а дополнителни даночни приливи се остварени преку добавувачи, дистрибутери и градежни компании низ целата држава. Компанијата обезбедува 249 директни работни места и околу 6.700 индиректни работни места преку добавувачите, клиентите и пошироката економска активност, што претставува приближно 1% од вкупната вработеност во државата. Ова се клучните наоди од анализата ...
Тошковски, во гостувањето на „Топ тема“, зборувајќи за случајот порача дека „секој треба да си ја сработи работата која му е дадена согласно закон“, и нагласи дека „не мислам дека „Мазут“ е предмет што е затворен и не мислам дека е паднат“. „ЈО е надлежно и е главен мотор во водењето на овие кривични постапки. МВР работата што требало да ја сработи ја сработило и тоа е видливо, и во рамки на овие предмети и во рамки на сите постапувања што се ...
„Мажите како вас кои се приклучуваат на борбата нема да бидат обучени. Опремата што ќе ви ја дадат е под стандард. Постои многу голема веројатност дека ќе умрете или ќе бидете повредени“, изјави Руте за време на прес-конференцијата во Киев, обраќајќи се директно до „младите Руси и нивните семејства“. „И големи се шансите дека ако бидете повредени, да останете да страдате во калта и да умрете“, додаде тој. Руте рече дека Русија трпи „апсолутно ...
На денешниот брифинг со новинарите, Савески истакна дека одговорноста за предметите е кај обвинителите кои непосредно постапуваат по нив и оцени дека токму тие треба да комуницираат со јавноста за случаите на кои работат. „Сметам дека е важно комуникацијата со јавноста да ја водат конкретните јавни обвинители кои постапуваат по предметите. Во минатото, често за сите предмети говореше јавниот обвинител на државата, но сметам дека посоодветно е ...
Сабаленка водеше со 1-0 и имаше 5-3 во вториот сет, сервираше за меч, го загуби гемот, па загуби десет гема по ред и беше поразена. „Немам мисли, немам емоции. Во моментов сакам да се повлечам од тенисот. Се надевам дека за неколку дена ментално ќе се вратам на вистинскиот пат. Имав добри шанси во вториот сет да го завршам мечот, но потфрлив. Потоа таа го засили ритамот и заигра поагресивно. Не успеав ментално да се опоравам по вториот сет, а ...
Опремата, како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, е од производителот „Дрегер“, а е набавена преку компанијата „Армор Плус“ од Скопје во вкупна вредност од 585.000 денари со вклучен ДДВ. При посетата на Територијалната противпожарна единица, Стаменкова, истакна дека инвестицијата претставува дел од континуираните активности на локалната самоуправа за подобрување на условите за работа на пожарникарите. „Нашите пожарникари ...
„Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекаше на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот. Донирани се и коскени ткива, уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне во лекување и обновување на живот“, информираат од Министерството за здравство. ...
Соопштението доаѓа во време на исклучително затегнат однос меѓу Трамп и НАТО, што дополнително го продлабочи започнувањето војна во Иран од страна на САД. „Мислам дека претстојниот состанок на НАТО во Турција во јули е веројатно најважниот состанок во историјата на алијансата, бидејќи има некои работи што треба да се разјаснат и поправат“, рече Рубио. Во април, Трамп го нарече овој 77 години стар воен сојуз „тигар од хартија“ и отворено ...
Новиот визуелен идентитет, најавен под глобалното мото „Unlock Interesting“, означува значајна еволуција во начинот на кој брендот комуницира со своите членови и јавноста. Во сржта на овој концепт е стремежот секојдневието да се направи поинтересно, а искуствата на корисниците да се издигнат на повисоко, пософистицирано ниво. Пред присутните се обрати Тони Јанковски, директор на одделот за развој на производи и иновации, кој официјално им го ...
Сабаленка одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3 и поведе со 1-0. Драмата почна од вториот сет, Сабаленка имаше водство од 5-3 и сервираше за меч, го загуби тој сервис по што следуваше тотален потоп. Шнајдер земе дури десет гема по ред, вториот сет го доби со 7-5, а третиот со неверојатни 6-0 и обезбеди пласман во полуфиналето на Ролан Гарос. Сабаленка одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3 и поведе со 1-0. Драмата ...
Рјабков, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), рече дека тоа би било најлошото можно сценарио за обид за закана на руска територија, пренесува ТАСС. „Што се однесува до нас, хипотетичките екстремни ситуации во кои е можна употребата на ова оружје се детално опишани во воената доктрина на Руската Федерација и во принципите на државната политика во областа на нуклеарното одвраќање“, изјави Рјабков. Рјабков рече дека, во ...
Според заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, со предложеното законско решение на сеопфатен, попрецизен и посистематизиран начин ќе се уредат условите за приредување на игрите на среќа и забавните игри, правата и обврските на приредувачите, како и механизмите за надзор и контрола на нивното работење. Тоа, нагласи, ќе придонесе кон зајакнување на регулаторната рамка, подобрување на контролата и надзорот, усогласување со ...
Во петокот, пациентите изведоа на прошетка пет магариња – Нон, Питу, Оскар, Маноло и Малро – и се грижеа за нив. Многумина ја завршија сеансата со прегратка. Парот кој стои зад програмата вели дека се потребни повеќе научни истражувања за терапијата со помош на животни, која се практикува низ целиот свет. Тие би сакале психијатриската заедница формално да го признае како комплементарна форма на нега, истакнувајќи го нивното искуство со ...
-Членовите на Советот констатираа дека во последниот период е забележан пораст на бројот на корисници на овие превозни средства, но истовремено и зголемен бројот на сообраќајни незгоди и ризични ситуации, предизвикани од непочитување на сообраќајните правила, управување со несоодветна брзина и недоволно внимание во сообраќајот. Ваквите појави, наметнуваат потреба од навремена реакција и засилени активности насочени кон превенција и едукација, ...
Како што информираа од ОЈО ГОКК, постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање на одредена фирма и ограничување на конкуренцијата ѝ овозможиле на фирмата да се стекне со противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари. „Според ...
Во интервју емитувано денес, Трамп одговори на прашањето дали го нарекол долгогодишниот израелски лидер „едноставно луд“ и го обвини за неблагодарност, како што претходно објави порталот Аксиос. „Да. Не би рекол дека бев лут. Бев малку вознемирен од неговите постојани конфликти со Либан, знаете“, рече Трамп. Трамп додаде дека тој и Нетанјаху инаку се сложуваат многу добро. Според извештајот на Аксиос, во телефонски разговор во понеделникот, ...
Малината е одличен избор за сите кои сакаат да го намалат консумирањето на шеќер, а притоа да не се откажат од слаткиот вкус. Една шолја малини содржи околу 5,4 грама природен шеќер, што е значително помалку во споредба со многу други видови овошје. 2. Можат да го забават процесот на стареење Малините се богати со витамин Ц и моќни антиоксиданти кои помагаат во заштитата на клетките од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Токму ...
Рајнметал објави дека Романија ја испратила нарачката на 29 мај оваа година преку дирекцијата за вооружување и дека сите потребни договори биле потпишани на 2 јуни. Ова е најголемиот договор во поновата историја на германскиот концерн. Медиумските извештаи велат дека нарачката била дадена кај германскиот концерн само неколку часа откако руски дрон удри во станбена зграда во градот Галац, во близина на источната граница на Романија со ...
Турнирите поминаа во знакот на искрени детски насмевки, огромна љубов кон тенисот, силен спортски дух и извонредна тимска поддршка. На зелениот турнир во ТК Мондано Скопје, златни беа дечињата од Евросет, тие го освоија првото место, среброто го освои тимот на МТП. Портокаловиот турнир го освои Југ1, а со сребро си заминаа тенисерчињата од Југ2. На зелениот турнир во Прилеп победник беше Адвантико, среброто им припадна на децата од ТК Битола. ...
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота на 6 јуни и во понеделник на 8 јуни повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме. Во Скопје, денес попладне и утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ...