Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Вашингтон, 1 март 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД досега уништиле девет ирански воени бродови во нападите врз Иран. „Тукушто бев информиран дека уништивме и потопивме девет ирански воени бродови, од кои некои се релативно големи и важни. Ги бркаме другите - наскоро ќе пловат на дното на морето! Во вториот напад, главно го уништивме нивниот поморски штаб. Освен тоа, нивната морнарица се справува ...
Тирана, 1 март 2026 (МИА) - Делегацијата на Европската Унија во Албанија реагираше на се понасилните протести на опозицијата, во која нагласува дека правото на мирно собирање е фундаментален столб на секое демократско општество. ЕУ дополнително нагласува дека ова право мора да се остварува одговорно, изразувајќи загриженост во врска со насилните акти на протестите на опозицијата. Како одговор, делегацијата додава дека насилството ги загрозило ...
Кочани, 1 март 2026 (МИА) - Во организација на Карате федерацијата на Македонија и Карате клубот „Партизан“ – Кочани, во спортската сала „Кочански Ангели“ викендов се одржа Меѓународен карате турнир „63 Ангели“ посветен на жртвите од трагедијата во „Пулс“. На турнирот настапија близу 400 каратисти од 32 карате клубови од Македонија и Србија, кои во натпреварувачки дух, достоинствено и со почит се обединија на големиот спортски настан. ...
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Почна седницата на Советот за безбедност што ја закажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на која на дневен ред е безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток. Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на седницата присуствуваат членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата ...
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи. -Во разговорот, министерот Муцунски го осуди отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот ...
Скопје, 1 март 2026 Се прашуваме на кого се обраќа Филипче со овие изјави со кои покажува дека не е присутен во реалноста. Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите се лоши само тие се добри. Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран и Венецуела? И ако е Македонија како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години а во влада скоро 9 ( со се техничката), ова ...
Крива Паланка, 1 март 2026 (МИА) - Осум невести кои се венчале помеѓу двете "Тодорици", од Кочани, Велес, Пробиштип, Скопје и Крива Паланка, заедно со своите свекрви денес учествуваа на еден од најрепрезентативните и најавтентични симболи на нематеријалното културно наследство на кривопаланечкиот крај "Поклонение на Свети Теодор Тирон". Возобновениот обичај на поклонение пред светецот за род и пород, се одржа денеска по шеснаесетти пат во ...
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во разговорот, министерот Муцунски изразил цврста солидарност и целосна поддршка кон Обединетите Арапски Емирати, ...
Манчестер, 1.март 2026 (МИА) – Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија триумф од 2:1 на домашен терен во дуелот со Кристал Палас, иако противникот поведе со 1:0. Јунак на триумфот беше словенечкиот репрезентативец Бенџамин Шешко, кој уште еднаш постигна гол за победа на својата екипа. Со новите три бодови Манчестер Јунајтед со 51 бод се проби на третото место колку што има и Астон Вила на четвртото место. Инаку, почетокот на дуелот не ...
Скопје, 1 март 2026 Со свечен настан, во присуство на голем број членови и дипломатски кор, Левица го одбележа 10-годишен јубилеј од формирањето на партијата. На настанот, свечено обраќање имаше претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, осврнувајќи се на почетоците, растот, предизвиците и понатамошната визија на единственото автентично левичарско движење во регионот и пошироко, се посочува во соопштението на Левица кое МИА го ...
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска извршиле теренска посета во населбата Дижон, каде што се спроведува една од најсеопфатните инфраструктурни интервенции во општината. Како што информираат од прес-службата на Општина Чаир, проектот опфаќа 18 улици и се наоѓа во завршна фаза на реализација. Инвестицијата вклучува изградба ...
Кавадарци, 1.март 2026 (МИА) – Екипата на Силекс ја оствари 12.та победа во шампионатот откако попладнево го совлада Тиквеш како гостин со 1:0. Стрелец на единствениот гол во 62.минута беше Пиреш. Ова за него беше осми гол во првенството. Тимот од Кратово со новите три бодови ја намали разликата во однос на третопласираната екипа на Струга. На вториот натпревар од 20.коло одигран денеска во Гостивар, Арсими и Македонија ЃП одиграа без ...
Дебар, 1 март 2026 ( МИА) - Пред петнаесет години, на 1 март 2011 година, во Тирана, беше објавен првиот број на македонскиот весник “Илинден“, како двоброј (март/април, чија цел е промоцијата на македонскиот јазик, афирмација на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет, како и покренувањето прашања од интерес за Македонците во Албанија. -До сега имаме објавено вкупно 71 број, докажувајќи континуитет и посветеност во информирањето на своите ...
Кремона, 1.март 2026 (МИА) – Фудбалерите на Милан остварија победа од 2:0 на гостувањето против Кремонезе и успеа да се реваншира на оваа екипа за „домашниот пораз“ од 1:2. „Црвено-црните“ од Милано головите ги постигнаа во последните минути. За водство од 1:0 стрелец беше Страхиња Павловиќ во 90.минута, а Рафаел Леао беше стрелец во 90+4 минута. Најдобар играч на натпреварот беше голманот на Кремонезе Емил Аудеро, кој успеа да одбрани ...
Тирана, 1 март 2026 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на управата на полицијата за Тирана, Елтон Аљуши. Разрешувањето на двајцата високи полициски раководители според образложението е бидејќи " за протестите на опозицијата, посебно синоќешниот, не презеле соодветни мерки и не успале да го обезбедат јавениот ред и мир". Опозицијата наместо протест синоќа ...
Солдеу, 1. март 2026 (МИА) – Италијанската скијачка Софија Гоџа победи на супервелеслаломот во Солдеу во Андора. Таа до победата стигна со време 1:25.95 минута. Второто место и припадна на Германката Ема Рајхер, која имаше 24 стотинки заостанување зад победничката, а како третопласирана заврши Кајса Викхоф Ли, која имаше 31 стотинки заостанување зад Гоџа. Во пласманот за супервелеслалом Гоџа е прва со 420 бода, додека Алис Робинсон од Нов ...
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги информира македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Државата Катар, Обединетите Арапски Емирати, Државата Кувајт и Кралството Бахреин внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини, ...
Атина, 1 март 2026 (МИА) – Превентивно пред почетокот, за време и по завршувањето на вчерашниот протест на плоштадот Синтагма пред во центарот на Атина за тригодишнината од железничката несреќа кај Темпи биле приведени 200 лица, од кои 19 се уапсени, а кај дел од нив биле пронајдени воздушен пиштол, молотови коктели, пиротехнички средства, соопштија од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина. На вчерашниот масовен протест, според ...
Крива Паланка, 1 март 2026 (МИА) - Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целсоно го развиваме источното крило на Коридор 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски ја пуштија ...
Брисел, 1 март 2026 (МИА) – Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, е „дефинирачки момент во историјата на Иран“. „Она што следи е неизвесно. Но, сега постои отворен пат кон поинаков Иран, таков каков што неговиот народ може да има поголема слобода да го обликува“, напиша Калас на Х. „Во контакт сум со партнерите, вклучително и оние во регионот кои ...
Брисел, 1 март 2026 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. „Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х. „Блиску соработуваме со сите клучни ...
Никозија, 1 март 2026 (МИА) – Британскиот премиер Кир Стармер во телефонски разговор „јасно и недвосмислено“ му потврдил на кипарскиот претседател Никос Христодулидис дека Кипар не била цел, како што преку Икс информираше самиот Христодулидис, а претходно и портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис и министерот за одбрана на Кипар Василис Палмас демантираа дека „две ирански ракети биле лансирани кон Кипар“, јави дописничката на ...
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Претседател на СДСМ, Венко Филипче истакна дека нападот од САД врз Иран е извршен откако биле исцрпени сите дипломатски механизми. -САД се наш стратешки партнер и тие откако ги исцрпија сите дипломатски механизми на преговори настапија кон еден таков напад кон Иран. Сметам дека таквиот напад и се што се прави е во истиот контекст како што се направи интервенцијата во Венецуела, а тоа е за доброто на иранскиот народ ...
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Македонската економија тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Имавме конструктивни предлози како да им помогнеме на граѓаните, како да се зголеми минималната плата, за жал сето тоа власта го одби. Но, на економски план се случуваат консекутивни работи што ние ги најавивме и на што укажуваме, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција. - Еден дел од сето тоа се и последните ...
Филаделфија, 1. март 2026 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид нема да биде на располагање на следните три натпревари во НБА лига за својот тим поради повреда на десниот мускул. Тој повредата ја доби на дуелот пред два дена на натпреварот против Мајами. Ембид ќе ги пропушти дуелите со Бостон, Сан Антонио и Јута. Во досегашниот дел од сезоната на 33 натпревари има просек од 26,6 поени; 7,5 скокови и 3,9 асистенции по натпревар. ...
Никозија, 1 март 2026 (МИА) – Портпарлот на кипарската Влада Константинос Летибиотис и министерот за одбрана на Кипар Василис Паламас ги демантираа натписите во британските медиуми според кои министерот за одбрана на Велика Британија Џон Хили рекол дека „две ирански ракети биле лансирани кон Кипар“, јави дописничката на МИА од Атина. Велика Британија има две големи воени бази на Кипар, а Хили, според британските медиуми, во интервју за „Скај ...
Белград, 1 март 2026 (МИА) - Зградата на српската амбасада во Техеран е оштетена денеска при воздушните напади врз Иран, јави Радио-телевизија на Србија (РТС). Во инцидентот нема повредени од персоналот на амбасадата. Како што дознава РТС, целта била воена база лоцирана во близина на српската амбасада. Информацијата ја потврди српскиот претседател Александар Вучиќ кој нагласи дека персоналот на амбасадата почнал да се повлекува во Баку. Вучиќ ...
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со сите нив се одржува постојан контакт и се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација. - Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку ...
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Со вежба за цивилна заштита и спасување во битолско викендов се одбележува 1 Март – Светски ден на цивилната заштита. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов во изјава за медиумите истакна дека овој ден е посветен на луѓето, без разлика дали се од институциите или од доброволните друштва, кои секогаш се во служба на безбедноста и заштитата на граѓаните при природни непогоди, ...
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Полициски службеници синоќа лишиле од слобода велешанец, кој возел со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило. -Синоќа во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес. Имено, при контрола во патниот ...