Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Лос Анџелес, 2 мај 2026 (МИА) – Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја минаа четвртфиналната пречка од плејофот во Западната конференција, откако синоќа во шестиот натпревар од серијата до четири победи го совладаа Хјустон со 98-78 и во конференциското полуфинале ќе играат против актуелниот НБА шампион Оклахома. Во отсуство на Словенецот Лука Дончиќ, ветеранот Леброн Џејмс го предводеше ЛА Лејкерс до триумфот со 28 поени, осум асистенции и ...
Мумбај, 2 мај 2026 (МИА) – Двобојот за титулата светски шаховски првак во машка конкуренција ќе се одржи од 23 ноември до 17 декември оваа година, објави Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ). Индиецот Гукеш Домараџу ќе ја брани титулата против предизвикувачот од Узбекистан, Јавокир Синдаров. ФИДЕ објави дека веќе е отворена постапка за избор на домаќин за натпреварот, а организаторот треба да обезбеди награден фонд од најмалку 2,5 милиони ...
Ванкувер, 2 мај 2026 (МИА) – ФИФА објави дека ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на билети за Светското првенство во 2030 година откако се соочи со критики поради вртоглавото зголемување на цените на билетите за претстојниот мундијалски турнир во САД, Канада и Мексико. Генералниот секретар Матијас Графстром им изјави синоќа на новинарите по конгресот на ФИФА во Ванкувер дека високите цени на билетите за Светското првенство 2026 ја ...
Куманово, 30 април 2026 (МИА) - Фондацијата за култура и спорт Куманово, вечерва со почеток во 19:30 часот во Занаетчискиот дом организира џез концерт, по повод одбележувањето на интернационалниот ден на џезот. Концертот има за цел промоција и афирмација на џез музиката и нејзиното влијание во општеството како значајна уметничка форма на изразување. Интернационалниот ден на џезот традиционално се одбележува секоја година на крајот на април во ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Фестивалот Today It's All About Jazz, кој Националниот џез-оркестар денеска го организира за одбележување на Меѓународниот ден на џезот, поради дождот, ќе се одржи во Македонската филхармонија наместо на отворено во паркот „Ибни Пајко“. - Сите концерти ќе се одржат според најавената програма, со иста енергија, врвни музичари и фестивалска атмосфера. Влезот е слободен - информира организаторот. Почнувајќи од 16 ...
Техеран, 2 мај 2026 (МИА) - Вооружените сили на Иран се целосно подготвени „решително да одговорат на секоја закана“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, додавајќи дека Техеран останува подготвен за дипломатија доколку САД го променат својот пристап. „Иран не започнал наметната војна и Техеран е подготвен да го продолжи дипломатскиот процес доколку САД се откажат од своите прекумерни барања, заканувачка реторика и ...
Нирнберг, 1 мај 2026 (МИА) – Работниците ширум Германија денеска излегоа на улиците на традиционалните првомајски демонстрации за одбележување на Меѓународниот ден на трудот, додека синдикатите се собраа против планираните кратења на здравствената заштита и социјалните придонеси. - Ако нè нападнат, ќе се браниме – рече Јасмин Фахими, претседателка на Германската конфедерација на синдикати (DGB), на главниот првомајски собир во Нирнберг. - ...
Амстердам, 1 мај 2026 (МИА) – Пожарникари од Германија, Белгија и Франција денеска беа распоредени во Холандија за да помогнат во напорите за справување со голем број пожари кои избувнаа на воени полигони. Како што пренесе ДПА, ова е првпат Холандија да побара странска помош за борба против шумски пожари, според локалните власти. Околу 30 противпожарни возила од Франција и Германија треба да бидат главно распоредени во југоисточниот регион во ...
Абу Даби, 1 мај 2026 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Франција Жан-Ноел Баро денеска изјави дека новата коалиција предводена од САД за повторно отворање на Ормуската Теснина ќе ја дополнува, а нема да се натпреварува со сличната мисија која ја предводат Франција и Велика Британија. - Американската мисија не е од иста природа како онаа што ја воспоставивме … Таа доаѓа како еден вид дополнување – рече Баро во Абу Даби, по посетите на ...
Киев, 1 мај 2026 (МИА) – Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека Киев не добил никаков официјален предлог за прекин на огнот на 9 мај, кој во Русија се одбележува како Ден на победата во Втората светска војна. Сибиха пред новинарите оцени дека тоа е уште една „манипулација“ на Русија, чии власти претходно пренесоа дека предложиле прекин на огнот на 9 мај. - Тоа е уште еден обид на Русите да ги смират ...
Вашингтон, 2 мај 2026 (МИА) - САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија, објави Пентагон. Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, изјави вчера дека се очекува повлекувањето да биде завршено во следните шест до 12 месеци. Овој потег доаѓа во услови на растечки тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Европа околу војната во Иран. Трамп претходно оваа недела се закани дека ќе го намали бројот на американски војници во Германија ...
Киев, 2 мај 2026 (МИА) - Најмалку две лица се убиени, а седум повредени во напад со руски дрон врз минибус во градот Херсон, соопштија локалните власти. Според шефот на регионалната администрација, Олександр Прокудин, нападот се случил во областа Дњепар, а меѓу загинатите има жена и комунален работник, чиј идентитет сè уште не е официјално потврден. „Уште седум лица се повредени - шест мажи и една жена, вклучувајќи комунални работници. Сите ...
Лондон, 2 мај 2026 (МИА) - Економската состојба на Велика Британија нема целосно да се „врати во нормала“ откако Ормуската Теснина ќе биде повторно отворена, предупреди британскиот премиер Кир Стармер. Тој, исто така, инсистираше дека Велика Британија мора да „заземе поинаков курс“ за својата иднина, а не да се врати на „статус кво“, што се случи по други економски шокови како што се финансиската криза во 2008 година и пандемијата на Ковид, ...
Берлин, 2 мај 2026 (МИА) - Европејците мора да преземат поголема одговорност за својата безбедност, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, коментирајќи ја намерата на САД да повлечат 5.000 свои војници стационирани во Германија. „Германија е на вистинскиот пат“ во овој поглед, рече Писториус, истакнувајќи дека се преземени мерки за зголемување на персоналот на Бундесверот, олеснување и забрзување на јавните набавки за набавка ...
Белград, 1 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ја иницијативата на американските конгресмени за интегрирање на Косово во НАТО, изјави дека ќе се бори да го спречи тоа да се случи. „Тие го направија тоа и преку Хрватска, преку воениот сојуз и Албанија, кои веќе се членки на НАТО. Наскоро ќе имаме важни вежби со нив, разговараме со нив, се надеваме дека тоа нема да се случи“, изјави Вучиќ. Тој потсети дека ...
Тирана, 1 мај 2026 (МИА) - На Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, во Тирана се одржаа два одделни протести со барање за подобри услови за работа. Сојузот на синдикати организираше протест пред Министерството за економија и иновации, додека паралелно се одржа уште еден протест пред владата на булеварот „Народни херои “ од страна на Конфедерацијата на синдикати на Албанија. Држејќи транспаренти како „Животот на работникот не е деловен трошок“ и ...
Љубљана, 1 мај 2026 (МИА) - Словенија и минатата година остана меѓу земјите на Европската Унија со најнизок ризик од сиромаштија или социјална исклученост, со 15,5 проценти од населението во таа категорија, што е намалување за 0,1 процентен поен во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Евростат. На ниво на ЕУ, вкупно 92,7 милиони луѓе, односно 20,9 проценти од населението, се изложени на ризик од сиромаштија или социјална ...
Атина, 1 мај 2026 (МИА) – Под слоганите „Први мај не е неработен ден, први мај е штрајк“, „Поголеми работнички права“; „Бесплатно здравство за сите“; „Битките од минатото ги водат идните битки“; „Борбите на работниците пишуваат историја“, но и антивладини пораки, во Атина се одржа традиционалниот протест за одбележување на Денот на трудот, јави дописничката на МИА од Атина. Протестите беа во рамките на 24-часовниот штрајк организиран од ...
Тирана, 1 мај 2026 (МИА) - Денеска стапи во сила договорот за слободно движење меѓу Косово и Албанија, кој им овозможува на граѓаните на двете земји да ја преминуваат границата без пасош или лична карта поголемиот дел од годината. -Врз основа на овој договор, граничните контроли нема да се вршат за косовските и албанските возила, овозможувајќи брзо и неограничено движење. Олеснувањето на процедурите се спроведува во текот на девет месеци од ...
Белград, 1 мај 2026 (МИА) – Во Белград денеска митинзи по повод Меѓународнеиот ден на трудот одржаа неколку синдикати. Членовите на Асоцијацијата на слободни и независни синдикати се собраа во центарот на градот поставија штандови во центарот на градот и делеа првомајски проглас на синдикатот, пропаганден материјал и разговараа со граѓаните. Претседателката на ЗССС, Ранка Савиќ, изјави дека оваа година има неспоредливо повеќе причини за ...
Белград, 1 мај 2026 (МИА) - Се додека се во сила спорните правосудни закони во Србија, таа држава нема да добие финансиски средства од Планот за раст. Тоа синоќа го потврди еврокомесарката за проширување Марта Кос „Засега, ги запревме сите исплати од Планот за раст бидејќи Србија има назадување во областа на правосудството и додека не го поправи тоа, нема да може да добие финансиска поддршка од ЕУ“, изјави таа синоќа зборувајќи на ...
Атина, 1 мај 2026 (МИА) – Под исклучително тешки услови, грчката држава одговорно ја презеде хуманитарната задача за прием на учесниците во „Global Sumud Flotilla“, со единствена грижа нивната безбедност и заштита, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, информирајќи дека утрово, на Крит пристигнале 176 лица – дел од глобалната флотила „Сумуд“, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчкото МНР, станува збор за ...
Делфи, 2 мај 2026 (МИА) Сања РИСТОВСКА – дописничка на МИА од Грција - Сместен на падините на планината Парнасос во срцето на централна Грција, со поглед на Коринтскиот Залив, што буквално го одзема здивот, се наоѓа малиот грчки град Делфи, во античко време познат како „папокот на светот“, но и центарот на прочуеното пророчиште на Питија во Храмот на Аполон, место што со векови претставувало политички, духовен и религиозен центар за античките ...
Приштина, 2 мај 2026 (МИА) - Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово објави дека кампањата за предвремените парламентарни избори на 7 јуни ќе започне на 28 мај, објавува „Коха Диторе“. Комисијата вчера го одобри акциониот план и буџетот за претстојното гласање. Според ЦИК, организирањето на новите предвремени избори ќе чини над 10,887 милиони евра. Во четвртокот, вршителката на должноста претседателка на Косово, Албулена Хаџиу, по ...
1 мај 2026 Кој го овластил Бурим Латифи да го раскине договорот со сараевската компанија и да потпише со онаа на Додик — и покрај негативното мислење на Надзорниот одбор — предизвикувајќи штета од 6 милиони евра, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Демократската унија за интеграција бара итен јавен и институционален одговор: кој стои зад одлуката на Бурим Латифи, генерален директор на МЕПСО и прв братучед на ...
1 мај 2026 ДУИ денес не ги брани граѓаните, туку брани приватни интереси и сомнителни договори преку кои со години се испумпуваа пари од граѓаните. Наместо да даде одговор зошто проектот за интерконекција со Албанија беше блокиран повеќе од половина деценија, ДУИ избира да напаѓа и да манипулира, обидувајќи се да го сокрие сопствениот неуспех и интересите што стојат зад него, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува ...
Скопје, 1 мај 2026 Христијан Мицкоски денеска повторно ја најави својата нова стратегија: кога во јуни ќе се покаже дека нема напредок во реформите, виновен ќе биде СДСМ затоа што го „блокирал“ Изборниот законик, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Ова е класична лага на Мицкоски. ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието. Токму како што го укинаа техничката влада без ниту еден глас од СДСМ, така можат ...
Скопје, 2 мај 2026 Поминаа три недели откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија нема да биде "безбедна" куќа за криминалци и посебно го спомена Никола Груевски. Од страна на Владата на Мицкоски и Министерството за правда сè уште нема поднесено барање за екстрадиција на осудениот криминалец Груевски, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Мицкоски не сака да го побара Груевски. Не знае што да ...
2 мај 2026 Венко Филипче е лицемер кој пет пари не дава за работниците ниту за државните интереси. Тој први мај го прослави ударнички од Рим, преку лет Скопје-Франкфурт Франкфурт-Рим, како што пренесоа и открија медиумите, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Денес нема да излезе на прес-конференција, затоа што е на продолжен викенд и мисли за Македонија од Рим. Немаме против патувањата на Филипче, но ...
Скопје, 2 мај 2026 Една недела нè дели од големото обединување на Албанците во земјата. На 9 Мај, на Денот на Европа, ВЛЕН повеќе нема да биде само сојуз на политички субјекти. ВЛЕН ќе стане една единствена сила, со едно име, еден правец и една мисија, се вели во соопштението од ВЛЕН, кое МИА го објавува интегрално. Ова е момент што ја затвора ерата на политичка расцепканост кај Албанците. Со години поделбите им се продаваа како плурализам, а ...