
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - „Матица македонска“ објави нова книга од доајенот на македонската книжевност за деца и млади, Стојан Тарапуза. Книгата насловена „Ордени и значки“, е издание што има за цел на најмладите да им овозможи да растат со нова книга на нашево време од автор којшто веќе е класик на современата македонска книжевност, се наведува во рецензијата за книгата од македонски поет, есеист, критичар и преведувач Раде Силјан. Тарапуза, ...
Париз, 4 јуни 2025 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја коментираше победата над Американецот Томи Пол во четвртфиналето на Грен слемот „Ролан Гарос“. - Секогаш е забавно да се игра овде во Париз. Морам да кажам, знам дека сакавте да гледате повеќе тенис, но морам да се извинам за тоа – им порача Алкараз на гледачите по мечот. Шпанецот победи со 6:0, 6:1, 6:4 за 1 час и 34 минути. - Морам да ја работам својата работа. Но, повторно, ...
Скопје, 4 јуни 2025 Економските политики и посветената работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди економски раст и развој, подобар живот и животен стандард, даваат резултати. По предизвикот да се запре слободниот пад на економијата, кој што Владата го имаше по преземањето на одговорноста да ја води државата, сега веќе македонската економија влегува во фаза на раст. Во првото тромесечје од годинава, Македонија бележи раст на Бруто ...
Скопје, 4 јуни 2025 Дејан Митески, градоначалник на Општина Аеродром, гостуваше во емисијата „Објектив“ на телевизија МРТ. Тој говореше за претстојните локални избори и најави убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини. „Не само за Град Скопје, јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник во најголем дел од општините, имајќи предвид дека како локална самоуправа, меѓутоа, и сега како централна власт покажавме дека навистина интересот на ...
Скопје, 4 јуни 2025 Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечки економии во Европа. 3,4 проценти е растот на Бруто домашниот производ за првото тримесечје за 2025 година, согласно прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика. За разлика од претходно, сега Македонија бележи позитивни резултати и според овие бројки ...
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) – Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска ќе се одржи книжевна вечер посветена на српското издание на романот „Страв од варвари“ со писателот Петар Андоновски. Како што стои во соопштението на српскиот културно-информативен центар „Спона“, на настанот свои видувања ќе дадат лекторката по скрпски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Јелена Макевиќ, преведувачката Милена Илиќ, како и книжевникот и ...
Македонска Каменица, 4 јуни 2025 (МИА) - Поради вежба со огнено оружје движењето на стрелиштето Кантурски Рид во Македонска Каменица на ден 05.06.2025 (четврток) ќе биде забрането. Вежбата како што соопштија од полициската станица во Македонска Каменица ќе се одржи во периодот од 07 до 12 часот. -Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 5 јуни 2025 година, од 07:00 до 12:00 часот, полицијата од Македонска Каменица ќе одржи вежба со ...
Милано, 4 јуни 2025 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Тијани Рајндерс може да ја продолжи кариерата во Манчестер сити. Според „Football Italia“, страните се блиску до склучување договор. Англискиот клуб се надева дека ќе го ангажира 26-годишниот холандски фудбалер пред почетокот на Светското клупско првенство кое ќе започне на 14 јуни. Рајндерс минатата сезона одигра 54 натпревари, постигна 15 голови и пет асистенции. „Трансфермаркт“ ја проценува ...
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Во Музејот на РС Македонија денеска ќе биде отворена Спомен соба и ќе се одржи промоција на биографски филм за Вера Кличкова - основачот на Етнолошкиот музеј и пионерот во создавањето етнолошки филмови во Македонија. Како што наведуваат од Музејот, во спомен собата се презентирани реставрирани оргинални предмети, документи и лични предмети, како и мебелот од канцеларијата во која Кличкова работела како директор цели ...
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Конференција на Блумберг Адриа за потрошувачките трендови (Bloomberg Adria Consumer Trends) ќе се одржи денеска во Скопје. Конференцијата ги обединува клучните играчи од македонскиот сектор за малопродажба, банкарство, телекомуникации и е-трговија, со силен фокус на малопродажниот аспект на бизнис-операциите. Според организаторот, настанот е замислен како динамична платформа за соработка и размена на знаење помеѓу ...
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Регионалната ЕСГ конференција насловена „Градење отпорност во свет што се менува“, посветена на стандардите за животна средина, општествени прашања и корпоративно управување (ESG), ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Американските стопански комори (АмЧам) од Северна Македонија и Србија, во соработка со АмЧам Албанија и Косово, а со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и кофинансирање од ...
Минхен, 4 јуни 2025 (МИА) - Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јулијан Нагелсман, ја истакна важноста на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо пред натпреварот против Португалија од полуфиналето во Лигата на нации. - Роналдо има извонредна кариера. Неверојатно е да се игра на толку високо ниво толку долго. Постигна многу голови и имаше огромно влијание во тимовите за кои играше. Се надевам дека нема да има големо влијание ...
Штутгарт, 4 јуни 2025 (МИА) - Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп многу ја респектира Шпанија. Тој искажа комплименти за шпанските фудбалери во пресрет на нивниот дуел во полуфиналето на Лигата на нации. - Оваа шпанска репрезентација ги покажа своите вештини повеќе пати. Тие се најдобрата репрезентација во Европа и веројатно во светот. Можеби некои од нивните играчи ќе бидат посвежи од нашите сега. Сепак, француската ...
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Изложба на фотографии „Секојдневен живот“ во организација на Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје, ќе биде отворена вечер со почеток во 19:00 часот, во Музејот на град Скопје. На изложбата ќе бидат претставени 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, по 20 дела од секој автор. Преку објективот на авторите, публиката ќе има можност да ја доживее ...
Москва, 4 јуни 2025 (МИА) – Воените вежби на НАТО во Балтичкиот регион се дел од подготовките на алијансата за можен воен конфликт со Русија, изјави заменик-рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко. - Воената активност на НАТО ја оценуваме како дел од подготовките за воени конфликти со Русија, рекол Грушко, пренесе Тас. - Ако го погледнеме фокусот на овие вежби, концептот, структурата на распоредувањето на силите, самите сили, ...
Вилнус, 4 јуни 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди на заканата што ја претставува Белорусија, чиј лидер Александар Лукашенко важи за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. - Прашајте ги вашите разузнавачки служби што планира Русија ова лето во Белорусија, изјави Зеленски вчера во Вилнус, Литванија. Неговиот коментар дојде откако владата во Минск соопшти дека стратешките воени вежби Запад-2025, ...
Брисел, 4 јуни 2025 (МИА) – Надежите на Бугарија за приклучување кон еврото денеска може да добијат клучен поттик, кога Европската комисија ќе го даде своето мислење за тоа дали земјата ги исполнила условите за приклучување кон заедничката валута, јави ДПА. Владата во Софија на почетокот на годината најави дека презема нов притисок за приклучување кон еврозоната до јануари 2026 година. Бугарија е членка на Европската унија од 2007 година и ...
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9:00 часот ќе останат хотелот „Александар Палас“, Спортскиот центар „Борис Трајковски“, дел од корисниците од булеварите „8 Септември“ и „Илинден“ и дел од улиците „Никола Тесла“ и „Орце Николов“. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на шибер ф-300 милиметри на булеварот „8 Септември“ без број, кај мостот на Вардар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до ...
Ресен, 4 јуни 2025 (МИА) - Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска ќе престојуваат во преспанскиот природен парк Езерани, каде со локалното население ќе разговараат за прашања поврзани со заштитата на тамошната уникатна животна средина. Како што е познато, Езерани е природен парк што опфаќа мочуришта, ливади и плитки езерски води, но и покрај неговото значење, езерскиот екосистем ...
Скопје, 3 јуни 2025 (МИА) - СВР Штип поднел кривична пријава против А.С.(35) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрузори“ и „спречување на докажување“. МВР денеска осопшти дека на 29.05.2025 во Штип, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени кокаин, дигитални ваги, ...
Штип, 3 јуни 2025 (МИА) - Во Центарот за култура „Ацо Шопов“, Штип вечерва во 19:30 часот ќе се одржи премиерниот концерт на новоформираниот „Астибо Биг бенд“. Горан Кавраков, кој е дел од овој бенд вели дека станува збор за концерт со џез музика, со богата програма подготвена за присустните. Картите се пуштени во продажба, а ќе може да се купат и од билетарата. Во оваа прилика Кавраков ги поканува сите заинтересирани граѓани да бидат дел од ...
Рим, 3 јуни 2025 (МИА) – Англискиот првак Ливерпул му се приклучи на шампионот во Бундеслигата, Баерн Минхен, во трката за потписот на ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, јавија вечерва италијанските медиуми, Дваесетипетгодишниот португалски репрезентативец има утре три години од договорот со Милан, но не е исклучена можноста да го напушти клубот по разочарувачката сезона во Серија А во која не успеа да обезбеди пласман во европските купови. ...
Милано, 3 јуни 2025 (МИА) – Европскиот вицешампион Интер ја потврди вечерва разделбата со својот тренер Симоне Инзаги, само неколку часови откако веста претходно ја најавија дел од италијанските медиуми. „Би сакал да му се заблагодарам на Симоне Инзаги за сработеното, за покажаната страст и за искреноста во денешната дискусија, што доведе до заедничка одлука за разделба“, изјави претседателот на Интер, Џузепе Марота. Интер имаше лош крај на ...
Скопје, 3 јуни 2025 (МИА) – Собранието пред утврдувањето на дневниот ред на денешната 51. седница ја изгласа потребата од носење на повеќе предлог законски измени по скратена постапка, меѓу кои и на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона. Пратеникот Никола Мицески, во образложение на предлогот, рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи ...
Лондон, 3 јуни 2025 (МИА) – Веќе нема дилеми дека играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц (22), ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул, откако раководството на премиерлигашот се договори за петгодишен договор со германскиот репрезентативец и сега преостанува да се „ценкаат“ околу висината на обесштетувањето, објавија денеска британските медиуми. Вирц ги одби понудите од Баерн Минхен и Манчестер Сити и одлучи да се пресели на ...
Сао Паоло, 3 јуни 2025 (МИА) – Капитенот на бразилската фудбалска репрезентација, Маркињос оцени денеска дека назначувањето на Карло Анчелоти за нов селектор им дава „надеж“ нему и на неговите соиграчи во тешкиот период во кој се наоѓаат. „Овој нов почеток, оваа енергија, ни дава надеж во ова тешко време“, рече Маркињос на прес-конференција во Сао Паоло. Италијанскиот стратег Анчелоти на 12 мај беше назначен за бразилски селектор, откако беше ...
Париз, 3 јуни 2025 (МИА) – Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети (АТП – 7) е првиот полуфиналист на овогодинешниот Ролан Гарос, а до своето второ грен слем полуфинале дојде откако вечерва го совлада Американецот Франсис Тиафо (АТП – 16) со 3-1 во сетови (6-2, 4-6, 7-5, 6-2). Мусети минатата година беше полуфиналист на Вимблдон, а со денешната победа го задржа својот 100% ефект во четвртфиналето на еден грен слем турнир. Во своите два претходни ...
Бамако, 3 јуни 2025 (МИА) – Екстремисти убија најмалку 60 војници и ранија 40 во напад на воена база во Мали, соопштија денеска цивилни извори и војската, во најновото насилство на милитантите во немирниот регион Сахел во западна Африка. Групата ЈНИМ, поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот што се случил во неделата врз базата во Булкеси, близу границата со Буркина Фасо. Воен извор изјави дека во базата имало околу 280 војници и ...
Женева, 3 јуни 2025 (МИА) – Пет лица загинаа, а уште неколкумина се ранети, во синоќешниот напад врз конвој со храна на ОН, наменет за суданскиот регион Ел Фашер, кој е зафатен од масовна глад, соопштија денеска во заедничка изјава две агенции на ОН. Во изјавата на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) и Светската програма за храна на ОН не се наведува кој стои зад нападот, а двете агенции повикаа веднаш да почне истрага за случајот. Претходно денеска, ...
Скопје, 3 јуни 2025 (МИА) - Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад во состав Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател, на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на ...