Струмица, 26 ноември 2025 (МИА) - Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со победа го отвори настапот во квалификациите за Европското првенство. На стартот на турнирот што се игра во Струмица, совладана е Грузија со 3:0. - Со оглед на фактот дека ова ни беше прв натпревар на турнирот, тешко влеговме во него, но како одминуваше времето успеавме да наметнеме своја игра и она што претходно беше договорено девојките го исполнија и ...

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, со концертот „Вибрации на флејта“ Фјола Рамадани на флејта и Едита Руси на пијано приредија несекојдневно музичко патување за бројната публика. -Со суптилната изведба на дела од класичната и традиционалната музика, Фјола Рамадани и Едита Руси приредија вистинско празнување на музиката кое публиката го награди со искрени и долготрајни аплаузи. Двете уметници ...

Стразбур, 26 јануари 2025 (МИА) – Украина се бори за нејзината безбедност, слобода и независност и Европа ќе биде покрај неа и ќе ја поддржува на секој чекор од патот кон праведен и траен мир, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на дебата во Европарламентот посветена на ставот на ЕУ за предложениот мировен план за Украина и за ангажманот на Унијата за постигнување праведен и траен мир. - Руската стратегија ...

Куманово, 26 ноември 2025 (МИА) - Дваесет и четиригодишна жителка на Липково, пријавила во полицијата дека била измамена за 165.000 денари од жител на таа општина за вработување во Швајцарија. Откако му ги дала парите, таа веќе не можела да стапи во контакт со него. - Вчера во 14:30 часот во СВР Куманово, 24-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од Р.М. од село во Општина Липково за сума од 165.000 денари. Според пријавеното, во ...

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Народната банка на Република Северна Македонија и НЛБ д.д. Љубљана потпишаа договор за меѓусебна соработка, кој ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА. Со овој договор, како што соопштија од Народна банка, од 9 декември 2025 година државата и државните институции ќе можат да плаќаат и да примаат средства во евра, согласно стандардите на СЕПА, побрзо, побезбедно и со пониски и фиксни ...

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Во библиотеката „Богдан Огризовиќ“ во Загреб вчера беше претставено творештвото на писателот Раде Силјан по повод 75 години од неговото раѓање и 50 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Третиот лик на времето“. Настанот се одржа под покровителство на хрватското Министерство за наука, образование и млади, а во организација на МКД „Охридски бисер“ во соработка со градските библиотеки и читалници од ...

Лос Анџелес, 26 ноември 2025 (МИА) - По почетниот извонреден успех на „Злобница 2“ (Wicked: For Good’s), продукциската куќа „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures), се чини, е подготвена за повеќе приказни од „Земјата на Оз“. Имено, Мајкл Мозес - маркетинг-директор на студиото, изјави за „Валчр“ (Vulture) дека „нештата се во тек“, прашан за продолжување на серијалот филмови. - Поради успехот на „Злобница“, но и обожавателите, имаме јасна ...

Кембриџ, 26 ноември 2025 (МИА) - Мозокот останува во својата адолесцентна фаза до раните 30-ти години, кога го достигнува својот „врв“, покажува ново научно истражување на тим од британскиот Универзитет на Кембриџ. Научниците, притоа, откриле дека мозокот минува низ различни фази во животот, со пет важни „пресвртни точки“ на возраст од 9, 32, 66 и 83 години. Научното истражување е објавено во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature ...

Атина, 26 ноември 2025 (МИА) – Екипата на Панатинаикос синоќа на домашен терен го победи Партизан и се изедначи со Хаполе Тел-Авив на врвот на табелата во елитното кошаркарско натпреварување – Евролигата. Резултати на натпреварите од 13. коло одиграни синоќа: Дубаи – Париз 90:89 Фенербахче – Виртус 66:64 Хапоел – Реал Мадрид 74:75 Жалгирис – Басконија 82:67 Панатинаикос – Партизан 91:69 Валенсија – Баерн 90:64. Вечер играат: Макаби – Милано ...

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Објавена е најновата, четврта збирка кратки раскази од прозаистот, преведувач, поет и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Живко Грозданоски. Книгата „Како сепија, со мастило правам место за себе во светот“ содржи 26 кратки автобиографски раскази, поместени во пет циклуси. - Автобиографските записи се мошне малку распространети во нашата литература, зашто, соочувањето со себеси е, ...

Анкара, 26 ноември 2025 (МИА) - Турските власти приведоа вкупно 429 осомничени во серија големи операции за кибер криминал спроведени во текот на изминатите 10 дена, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот профил на Икс. Во објавата на Јерликаја се вели дека 354 осомничени се приведени во рации спроведени во 35 од провинциите во земјата во текот на изминатите 10 дена, додека уште 75 лица се уапсени вчера наутро во ...

Атина, 26 ноември 2025 (МИА) – Без публика, поради ограничениот капацитет и со употреба на огнот запален од сончевите зраци во понеделникот, во затворен простор во Археолошкиот музеј во античка Олимпија, поради лошите временски услови и континуираниот дожд, наместо во храмот на божицата Хера, претпладнево ќе се одржи церемонијата на за палење на олимпискиот оган за ЗОИ „Милано Кортина 2026“, јави дописничката на МИА од Атина. - Промената на ...

Лос Анџелес, 26 ноември 2025 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, постави клупски рекорд за постигнување поени во една четвртина. Во првиот период ноќеска на натпреварот со Лос Анџелес клиперс, Лука Дончиќ постигна 24 поени, поставувајќи нов франшизен. Претходниот рекорд изнесуваше 23 поени, сопственост на Кајл Кузма. Резултати на натпреварите од НБА-лигата одиграни ноќта вторник кон среда: Вашингтон – Атланта 132:113 ...

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Програмата во декември на Кинотеката на Северна Македонија ќе понуди премиери, филмови од европски автори и проекции во рамки на фестивалот „Синедејс“. -Во средиштето на програмата се новите македонски филмови, кои ја реафирмираат свежината и зрелоста на домашната продукција. Премиерите на долгометражните наслови од Георги Унковски - „Диџеј Ахмет“, Теона Стругар-Митевска - „Мајка“ - со интернационалната ѕвезда ...

Истанбул, 26 ноември 2025 (МИА) - Токсичниот гас фосфин е откриен во хотелската соба на семејството од северниот германски пристанишен град Хамбург кое почина во Истанбул, објави вчера државната новинска агенција Анадолија. Супстанцата е откриена во брисеви земени од собата, објави Анадолија, повикувајќи се на форензички извештај. Фосфин е пронајден и во крпите на хотелот. Сепак, конечното утврдување на причината за смртта сè уште се чека. ...

26 ноември 2025 Во вчерашната емисија „24 Анализа“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој упати остри критики за состојбата во македонското правосудство, истакнувајќи дека судството со години се соочува со негативни оценки и не е на ниво на задача, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. „Генерално во Република Македонија правосудството во континуитет добива негативни критики од ...

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Наша визија на Стратегијата на Владата за соработка и развој на граѓанското општество 2025-2028 е поддршка на инклузивен, независен и професионален граѓански сектор, што е партнер на институциите во креирањето и реализацијата на стратешките цели на државата. Ова го изјави владиниот генерален секретар Игор Јанушев за време на Националниот форум - саем на граѓански организации „Соработка помеѓу Владата и граѓанското ...

Загреб, 26 ноември 2025 (МИА) - Хрватска регистрира високо ниво на агресија врз основа на пол насочена кон жените во новинарството, додека институционалната заштита останува недоволна. Ова го откри студија презентирана вчера од Хрватскиот синдикат на новинари по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените. Анкетата „Жените во медиумите“, спроведена меѓу повеќе од 600 жени кои работат во медиумите, покажа дека секоја втора ...

26 ноември Жртва на семејно насилство ставила евтина спирала и стасала до операција - АФЖ Левица предлага државата да субвенционира квалитетни контрацептивни средства за жртвите, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално. ,,Со тоа што ставив евтина спирала, почнав да отекувам... Спиралата ја ставив поради тоа што физичкото насилство беше пропратено со сексуално насилство... Спиралата ја ставив пред 4 - 5 години, за ...

Скопје, 26 ноември 2025 Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на работилница организирана од Форумот на жени на СДСМ во рамките на кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата“-„Гласни за живот без страв“, истакна дека СДСМ е партијата која системски ја постави борбата против родово базираното насилство како државен приоритет. Тој нагласи дека преку воспоставување закони, ...

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Кога се зборува за евроинтеграциите, се мисли на прогрес, на напредок, на воведување стандарди во сите сфери на живеењето, се мисли на подобар живот за сите граѓани. Европа почнува дома, додека реформите се услов а не опција, порачаа учесниците на Осмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европска Унија во Северна Македонија што денеска се одржа во Собранието на тема „Реформи од другата страна на ...

Лондон, 26 ноември 2025 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, го критикуваше својот тим по синоќешниот пораз од Челзи. Каталонскиот клуб загуби во Лондон со убедливи 3:0 во дуел од 5. коло во Лигата на шампионите. - Го започнавме натпреварот многу добро и имавме можности да постигнеме гол први. Очигледно е дека Челзи е навистина добар тим. Не е лесно да се победи тука, посебно кога имате играч помалку цело полувреме. Пробавме сè. Се ...

Белград, 26 ноември 2025 (МИА) - Пратениците на Собранието на Србија денеска ја продолжуваат третата редовна седница од есенската сесија со дебата за сите 58 точки на дневен ред, меѓу кои е и Предлог-законот за буџетот за 2026 година. Законскиот максимум на буџетски резерви во Србија е широк и изнесува четири проценти од приходите. Предлог-буџетот во 2026 година предвидува дека буџетските резерви изнесуваат нешто повеќе од 800 милиони евра. Ако ...

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Во организација на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) денеска во Скопје, ќе се одржи завршен настан на проектот ЕУ за Економски раст, кој е организиран во вид на саем со 49 изложувачи (мали и средни претпријатија). Организаторите најавуваат дека официјално обраќање ќе имаат претставници од Министерството за економија, Европската делегација, Германска амбасада и Германското друштво за меѓународна ...

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност во второ читање денеска ќе биде пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Предложената законска измена е со цел да се избрише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува ...

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Амбасдорките на Словачка и на Холандија, Ивета Хрицова и Узлем Џанел, на пленарната конференција на Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија, што се одржа денеска во Собранието, упатија порака дека реформите се од клучна важност за европските интеграции, а дека владеењето на правото е клучна точка на пристапувањето во ЕУ. Словачката амбасадорка Хрицова истакна дека Словачка, заедно со државите-членки на ...

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Во организација на Културно-информативниот центар – Скопје вечер со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата насловена „Период на кентаурите“ од академскиот скулптор од Србија Недим Хаџи Ахметовиќ - Мафа. Изложбата ќе биде отворена до 12 декември 2025 година. Неговото творештво вклучува неколку различни циклуси насочени кон критикување на насилството на технологијата врз човештвото. Тој се изразува во повеќе ...

Белград, 26 ноември 2025 (МИА) - Српските власти се очекува денеска да поднесат амандман во Предлог-законот за буџетот за 2026 година, со кој ќе се отвори можноста државата да ја преземе сопственоста врз Нафтената индустрија на Србија (НИС). „Утре и задутре ќе ги разгледаме амандманите и ќе видите дека, по разговорите што претседателот Александар Вучиќ ги имаше со различни страни, еден од амандманите што ќе бидат поднесени ќе биде оној што ќе ја ...

Белград, 26 ноември 2025 (МИА) - Во Белград денеска ќе се одржи состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), на кој Србија ќе го предаде претседателството со таа организација на Романија за 2026 година. Србија го презеде годишното претседателство со ЦЕИ на 1 јануари 2025 година, и во изминатиот период ги фокусираше своите активности на четири клучни приоритети: поддршка на процесот на европска ...

Лос Анџелес, 24 ноември 2025 (МИА) - Пред доделувањето на американските филмски награди „Златен глобус“ што ќе се одржи на 11 јануари во Лос Анџелес, се појави информација дека списанието „Роб репорт“ продава ВИП-влезници за 70.000 долари (60.700 евра). Неочекуваниот потег, којшто вклучува луксузни привилегии и ексклузивен пристап до настан што вообичаено се смета за затворен за јавноста, предизвика реакција во индустријата. Многумина сметаат ...

Повик

22 часа - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
80%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.09
84%
1027
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
66%
1026
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1025
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
96%
1026
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
50%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Платина

58054.69

Алуминиум

2.87

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Паладиум

50058.71

Родиум

255598.44

Цинк

3.13

Калај

41.30

Бакар

10.87

Злато

138408.99

Сребро

2060.60

Иридиум

145787.60