Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација в четврток ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година. На 27 ноември, влезот во СРЦ „Кале“ каде ќе гостува репрезентацијата на Азербејџан, ќе биде слободен. - Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во ...
Белград, 25 ноември 2025 (МИА) - Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, од денеска до 29 ноември, ќе биде организатор и домаќин на изложбата „ОТКРИТИЈА“ – прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници, чии дела се наоѓаат во приватни белградски колекции. На изложбата ќе бидат претставени 14 дела од македонски ликовни уметници, меѓу кои и дела од основоположниците, кои се сопственост на приватната колекција на ...
Загреб, 25 ноември 2025 (МИА) – По пожарот што го уништи облакодерот „Вјесник“ во Загреб и апсењето на две помлади полнолетни лица, во хрватската јавност се отвори полемика за начинот на кој треба да им се суди и пресуди, како и за начините за надоместување на големата материјална штета, со оглед на тоа дека тие неодамна наполнија 18 години. Експертите утврдија, а властите одлучија, дека зградата на „Вјесник“ мора да биде урната поради опасност ...
Белград, 25 ноември 2025 (МИА) - Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, утрово изјави дека е тешка ситуацијата околу Нафтената индустрија на Србија (НИС), но според неа - нема причина за паника. - За решението се работи секојдневно...Претседателот Вучиќ ги продолжи разговорите со партнерите во САД и во текот на ноќта, изјави таа за РТС. Брнабиќ нагласи дека партнерите во САД најверојатно немаат претерано разбирање за ситуацијата во ...
Тирана, 25 ноември 2025 (МИА) – Првиот човек на албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, за време на неговата официјална посета на Брисел, во Европскиот политички центар, зборуваше за тешкотиите во работењето на институцијата од нејзиното формирање пред 6 години. Думани го нагласи развојот на СПАК како модел-институција за реформа на правосудството во Албанија, изградена врз независност, ...
Брисел, 25 ноември 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека Србија, како суверена држава, има право да учествува во заеднички воени вежби со Кина, но се дистанцира од ставот на претседателот на земјата, Александар Вучиќ, кон Пекинг, „бидејќи нејзините целокупни постапки се сомнителни“. - Србија може сама да донесува одлуки за своите партнерства. Но, да не бидеме наивни во врска со ...
Охрид, 25 ноември 2025 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.39 метри надморска височина или десет сантиметри над просекот за месец ноември. Нормализирањето на водостојот секако е последица на обилните врнежи што го зафатија регионот изминатите денови. За споредба, пред само десет дена нивото на водата во еерото беше десет сантиметри под месечниот просек. Температурата на водата денеска изнесува 13 степени ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - МВР постапува по случајот пријавен од новинарот и публицист Владимир Перев (80), дека бил објект на вербален и физички напад од непознато лице во Скопје. Во колумна објавена на порталот Трибуна.мк, Перев објави дека бил нападнат од маж на околу 40 години кој заедно со него чекал во редот на касата во маркетот. Нападот, како што тврди, бил мотивиран од неговата припадност кон бугарската заедница. Инцидентот се ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Нова граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во изминатиот период имало интерес од граѓаните за издавање на граѓанска обврзница и дека деталите ќе бидат познати кога ќе биде објавен проспектот. - Граѓаните во изминатиот период во континуитет го поставуваа прашањето до Министерството за финансии дали ќе има нова граѓанска ...
Мадрид, 25 ноември 2025 (МИА) - Поранешниот светски рекет број еден, Шпанецот Рафаел Надал, му искажа поддршка на тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. - Реал предводен од Алонсо моментално е прв во Ла Лига и е во добра позиција во Лигата на шампионите. Не мислам дека некој во клубот би одбил да биде во негова кожа во моментов. Ова е нов проект, а тимот има многу да научи. Куќа не се гради за еден ден, изјави Надал за „Мадрид Универзал“. Реал ...
Манчестер, 25 ноември 2025 (МИА) - Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, го пофали својот тим за победата од 1:0 над Манчестер јунајтед на гостински терен во 12. коло од англиската Премиер лига. - Неверојатно сум горд на играчите и навивачите. Издржавме со десет играчи. Го започнавме натпреварот брилијантно, потоа дојде исклучувањето и играта се промени. Но, покажавме отпорност. Манчестер јунајтед е во добра форма во моментов, па сигурно не беше ...
Битола, 25 ноември 2025 (МИА) - Германскиот ракометен гигант Магдебург, актуелен европски шампион, утревечер по втор пат ќе гостува во Битола. Ракометните клубови Еурофарм Пелистер и Магдебург, во официјален европски натпревар, прв пат силите ги одмерија во сезоната 2020-2021, кога во осминафиналето од ЕХФ Европската лига, Германците остварија две победи од 35:24 во Магдебург и 32:24 во Битола. Во четиридецениската меѓународна ракометна историја ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Со антивоената приказна на Бертолд Брехт „Мајка Храброст и нејзините деца“ во режија на Дејан Пројковски вечер од 20 часот во МНТ се затвора јубилејното 50. издание на фестивалот „Млад отворен театар“. -Оваа безвременска драма е третата театарска претстава која Пројковски ја поставува во Новосадскиот театар и која силно резонира со актуелното време во кое живееме исто како во времето кога Брехт ја напишал. Мајка ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи вчера беше претставена и на Универзитетот во Загреб по промоциите на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања Лука и Скопје. Од тимот велат дека ова капитално дело веќе е во фондот на загрепските библиотеки и ќе биде дел од наставата на загрепскиот Филозофски факултет. Колективната монографија „Македонска ...
Кочани, 25 ноемви 2025 (МИА) - Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ Кочани по повод патрониот празник 25 ноември, денот кога е отпечатено првото издание на култната стихозбирка на Кочо Рацин „Бели мугри“, организира промоција на книгата „Ѕвездите светат бесконечно“ во издание на книжевниот кружок „Васил Иљоски“ од Крушево. Збирката книжевни творби е промовирана во Меморијалниот центар „Тоше Проевски “во Крушево пред два месеци. ...
Белград, 25 ноември 2025 (МИА) - Првиот пациент со малиген меланом од Србија веќе е во Москва за да ја прими новоодобрената вакцина против рак со mRNA. Професорот д-р Владимир Јаковљевиќ од Факултетот за медицински науки од Крагуевац, кој воспостави соработка со професор Сергеј Бољевиќ во Москва, ја потврди таа информација за Нова.рс и истакна дека пациентот ќе започне со терапија во наредните недели, што ќе трае речиси пет месеци. Пред неколку ...
Хјустон, 25 ноември 2025 (МИА) - Околу една недела по лансирањето, мисијата „Ескапејд“ ('ESCAPADE' - Escape and Plasma Acceleration and Dynamics Explorers) на НАСА веќе ги направи своите први слики - пар автопортрети коишто прикажуваат дел од вселенските летала, познати како „близнаци-истражувачи“, додека се оддалечуваат од Земјата. На 21 ноември, едно од двете вселенски летала „Ескапејд“ ги користеше своите камери „ВИСИОНС“ за видливи и ...
Индијанаполис, 25 ноември 2025 (МИА) – Кошаркарите на Детроит пистонс ноќеска ја победи Индијана на гостински терен во натпревар од НБА-лигата со 122:117. Кејд Канингем од Детроит и Паскал Сијакам од Индијана беа најефикасни на натпреварот со по 24 поени. Детроит ја оствари својата 13-та победа по ред и е лидер во Источната конференција на НБА. Индијана е 14. на Истокот. На другите натпревари играни ноќта понеделник кон вторник: Торонто – ...
Лондон, 25 ноември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Евертон, Идриса Геје стана третиот играч од Премиер лигата од 2000 година кој е исклучен поради инцидент со играч од својот тим. Триесет и шестгодишниот сенегалски фудбалер синоќа доби црвен картон во 13. минута од натпреварот против Манчестер јунајтед, откако му удри шлаканица на соиграчот Мајкл Кин. Геје по натпреварот му се извини на соиграчот Мајкл Кин, како и на другите играчи, тренерскиот ...
Манчестер, 25 ноември 2025 (МИА) - Манчестер јунајтед синоќа загуби од Евертон со 1:0 на домашен натпревар во 12. коло од англиската Премиер лига. Фудбалерот од средниот ред Кјернан Дјусбери-Хол го постигна единствениот гол во 29. минута. Од 13-тата минута па натаму, гостите останаа со 10 играчи откако Идриса Геје беше исклучен. Манчестер јунајтед имаше 25 шутеви кон голот, додека гостите имаа три. Ова е трет натпревар во низа за Манчестер без ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Изложба на автохтона уметност на текстил од Женскиот центар Бабара од Австралија ќе биде отворена вечер во 19 часот во Музејот на современа уметност во Скопје. Изложбата е организирана од Австралиската амбасада во Белград, која е акредитирана и за Република Северна Македонија и Црна Гора, а на официјалното отворање ќе присуствува австралискиот амбасадор Питер Трасвел. Како што соопштуваат од Австралиската ...
25 ноември 2025 Уште еден немил пример за институционално, ,,законско" и системско насилство врз жена, обелоденето во очи денот на Кампањата за 16-дневен активизам против родово базирано насилство - трудница го изгубила бебето во 27 г.н. поради доживеан стрес од непродолжен договор за работа, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално. Жена - професионалец, која 14 години инвестирала во знаења, ангажирана во ЈЗУ Општа ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување. Како што информираат од владината прес-служба, настанот ќе се одржи во свечената сала на Владата. По завршување на настанот прес-конференција за медиуми ќе одржи премиерот. Со годинашниот Оперативен план Владата вложува над 40 милиони евра за поддршка на активното вработување, ...
25 ноември 2025 Партијата на пензионери уште еднаш укажува и бара да Владата итно го зголеми номиналниот лимитот за бесплатно болничко лекување на пензионерите со ниски пензии, се вели во соопштението, што МИА го пренесува интегрално. Имено од март 2025 год. со зголемување на пензиите за 2500 денари, минималната пензија го достигна прагот од 18.292 денари, додека лимитот за бесплатно болничко лекување сеуште е 18.000 денари. Со самиот тој факт, ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Министерот за култура Зоран Љутков и полскиот амбасадор Мариуш Бримора денеска ќе го посетат театар Комедија каде ќе извршат увид во реализацијата на проектот за набавка на опрема во оваа установа. Во театарот се реконструираше гледалиштето со финансиски средства од Амбасадата на Полска и Министерството за култура. Амбасадата на Полска преку програмата „Полиш еид“ (‘Polish Aid) инвестираше околу два милиони ...
Брисел, 25 ноември 2025 (МИА) – Белгискиот бизнис сектор проценува дека тридневниот штрајк во Белгија, што започна вчера и ќе трае до утревечер на полноќ, ќе и нанесе штети на националната економија од повеќе стотици милиони евра. Фламанската организација на работодавците ВОКА истакнува дека според груби проценки штрајкот ќе предизвика штета од речиси половина милијарда евра. - Ако ја разгледуваме економската активност што белгиска економија ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Народната банка денеска организира конференција за климатските ризици и финансиска стабилност и за справувањето со денешните предизвици и искористување на утрешните можности. Настанот претставува значаен чекор кон унапредување на дијалогот и поддршка на финансискиот сектор во приспособувањето на економијата кон зголемените климатски предизвици. Настанот ќе обедини централни банки, финансиски регулатори, ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Имаме јасен план и јасен фокус. Нашата стратегија е да бидеме најдобри во одделението. Тоа ќе го направиме. Иако тоа некој не го цени. Ако мисли дека треба билатералните прашања да бидат пречки за нашето членство во ЕУ, простете, ние тука не можеме ништо да сториме, изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање кои закони од Реформската агенда се планираат да се стават во собраниска процедура. -Во ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Во Литература.мк во Дајмонд мол вечерва ќе се одржи промоција на книгата „Читањето не е бауч“ од авторките Љубица Кардалеска-Радојкова, Татјана Срцева-Павловска, Габриела Неделкоска, Сандра Серафимовска и Ана Арсовска. Книгата е длабински осврт на читањето и читачките навики денес, но и нивно нужно менување и видоизменување во иднина, согласно потребите на совремието и промените на интересите на читателите. Ова ...