Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Анталија, 28.февруари 2026 (МИА) - Младите македонски тенисери до 14 години се дел од учесниците на развојните шампионати што се играат во Анталија, Турција. Оваа година Македонија ќе ја претставуваат: Андреј Темов, Василиј Закоски кај момчињата и Деа Крстевска и Ведрана Танеска кај девојчињата. За време на престојот во Анталија ќе бидат одиграни два турнира, а мечевите на првиот стартуваат денеска. Од македонските тенисери во првото коло ...
Дортмунд, 28.февруари 2026 (МИА) – Елиминацијата на Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите донесе многу критики за тренерот Нико Ковач. Но, тоа се реакции од навивачите, додека управата на клубот е подготвена тренерот да остане до крајот на неговиот договор до летото 2027 година. Сепак има и нови моменти особено што три екипи од Премиер лигата го посакуваат Ковач за новата сезона. Станува збор за Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем. ...
Милано, 28. февруари 2026 (МИА) – Медиумите во Италија будно ги следат случувањата во тимот на Милан и актуелната ситуација со хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. Клубот сака да ја активира клаузулата за продолжување на неговиот договор на уште една сезона. Сепак се чека одговор и на самиот играч. Како што пренесува „Газета дело спорт“ во клубот се надеваат на позитивен одговор, пред Модриќ да ги почне подготовките со Хрватска за ...
Абу Даби, 28.февруари 2026 (МИА) – Натпреварот од јуниорската Евролига меѓу Монако и Арис е прекинат поради бомбардирање на воените бази кои се наоѓаат во близина на салата. Ситуацијата на Блискиот исток станува исклучително напната по нападот на САД и Израел врз Иран, а сите други држави од тој регион се во состојба на готовност Во 12.минута натпреварот е прекинат откако судиите беа известени за бомбардирање на воените бази. Официјалните ...
Скопје, 28.февруари 2026 (МИА) – Македонскиот кошаркарски тим со победата над Луксембург ја продолжи серијата во претквалификациите за Евробаскет 2029. Повратник во репрезентацијата е Виктор Ефремовски, кој беше и изненадување за одбраната на противникот и набрзина постигна десет поени, а потоа со тројка го заокружи натпреварот со 13 поени. Немавме многу време за работа со селекторот, но тој паметно го искористи секој момент и резултатот што ...
Тел Авив, 28.февруари 2026 (МИА) – Ситуацијата на Блискиот исток директно ги погоди евролигашите од Тел Авив Макаби и Хапоел. Клубовите и претходно дел од натпреварите што следуваат ги презакажаа за нови-стари локации. Така Макаби се враќа како домаќин во Белград, а Хапоел во Софија. Управите на клубовите сега забрзано работат на евакуирање на играчите и тренерите поради тензиите меѓу Израел и Иран. Во Хапоел Тел Авив планираат комплетниот ...
Дубаи, 28.февруари 2026 (МИА) – Данил Медведев триумфираше на турнирот во Дубаи, откако неговиот противник Талон Грикспор се повлече од турнирот по повредата здобиена во полуфиналниот меч против Андреј Рублев. Инаку, ова беше првпат Медведев да освои титула во ист град. Тој претходно имаше освоено 22 титули во 22 различни града. Медведев по вчерашната победа против Феликс Оже-Алијасиме не се надеваше дека на овој начин ќе стигне до својата ...
Струга, 28.февруари 2026 (МИА) – Дерби дуелот од 20.коло од Првата фудбалска лига меѓу Струга и Вардар заврши без победник 1:1, а со освоениот бод Вардар остана на првата позиција со 52 бода, додека стружани ја продолжија серијата од четири натпревари без победа (два пораза и два нерешени). „Црвено-црните“ поведоа во 13.минута со голот на Хрватот Мислав Матиќ (трет гол во првенството), додека на 1:1 изедначи резервистот кај стружани Христијан ...
Кулм, 28.февруари 2026 (МИА) – Словенечкиот ски скокач Домен Превц победи на денешниот натпревар на леталницата во австриски Кулм и на тој начин го расипа славјето на домашните натпреварувачи, кои пак остварија пласман од второто до петтото место. Превц имаше летови со должини од 213,5 и 228,5 метри и освои вкупно 433 поени. Второто место му припадна на Стефан Ембахер, кој имаше само 1,1 поен помалку од победникот Превц, а третопласираниот ...
Ливерпул, 28.февруари 2026 (МИА) – На трите натпревари одиграни попладнево во рамки на 28.коло од Премиер лигата беа постигнати вкупно 19 голови или повеќе од шест по натпревар. На два дуела победија гостите, а единствената победа ја оствари првакот Ливерпул. На Енфилд „црвените“ го совладаа вест Хем со 5:2, а гостински победи остварија Евертон против Њукасл со 3:2 и Брентфорд против Барнли со 4:3, иако на овој натпревар домашните постигнаа ...
Барселона, 28.февруари 2026 (МИА) – Ситуацијата на Блискиот исток е исклучително тензична по нападот на Израел над Иран, а и земјите во регионот се во состојба на готовност. Во Абу Даби се играше турнирот за јуниори, кој Евролигата го откажа, откако најпрво натпреварот меѓу Монако и Арис беше прекинат од безбедносни причини. Салата каде што се играа натпреварите е во непосредна близина на воените бази, кои беа цели на бомбардирањето. ...
Барселона, 28.февруари 2026 (МИА) – Лидерот во шпанската Ла Лига Барселона во дербито на 26.коло го совлада Виљареал пред своите навивачи со 4:1. Најдобар поединец на дуелот беше Ламин Јамал кој постигна хет-трик. Со неговите два гола Барселона на полувреме водеше со 2:0, а головите беа постигнати во 28.та и 37.та минута. Гостите од Виљареал намалија на 2:1 со голот на Пепе Геје во 49.минута. Но, Барселона постигна уште два гола. Јамал по ...
Скопје, 28.февруари 2026 (МИА) – Ракометарите на Вардар со победа ги почнаа натпреварите од плеј офот откако вечерва во Автокоманда го совладаа Алкалоид со 33:32. Со новите два бода Вардар се зацврсти на првата позиција на табелата. Во поголемиот дел од првото полувреме Вардар имаше водство, иако на периоди и Алкалоид имаше водство. Сепак финишот на првиот дел мина во знакот на „црвено-црните“ кои од 14:15 направија серија од 4-1 за највисоки ...
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште, вечер во 20 часот гостува на сцената во Македонскиот народен театар. По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош, ја игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Ги има добиено ...
Бранка Д. НАЈДОВСКА Неодамна, беше промовирана неговата нова збирка раскази „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис“, за која ќе рече: „Во моето творештво многу сакам да користам научна фантастика, киберпанк и магичен реализам. За мене нема ништо позабавно од мешањето на реалниот живот и документарноста и да ги раскажувам преку фантастиката. Егосурфер е професија. Знам, звучи чудно. Но, во фантастиката, особено во киберпанкот, ништо не е чудно ...
Велес, 27.февруари 2026 (МИА) – Министерството за култура и туризам во рамки на годинашната програма за 2026 година за Националната установа „Стоби“ годинава издвои вкупен буџет 9.8 милиони денари, што е за една третина повеќе од лани кога беа издвоени 6.1 милиони денари. Како што информира за МИА директорката на установата, археологот д-р Силвана Блажевска, годинава во археолошкиот локалитет Стоби ќе се работи на конзервација и истражување ...
Ерусалим, 28 февруари 2026 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека постојат многу знаци кои укажуваат дека иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи „веќе го нема“, но не ја потврди експлицитно неговата смрт. Нетанјаху рече дека станбениот комплекс на Хамнеи во Техеран бил уништен во израелски напад претходно денеска, пренесува „Тајмс оф Израел“. Тој кажа дека нападите ќе продолжат „олку долго колку што е ...
Вашингтон, 28 февруари 2026, (МИА) Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи објави дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи е мртов, оценувајќи го како „еден од најзлобните луѓе во историјата“. Во статусот, Трамп наведува дека акцијата била спроведена со помош на американски разузнавачки служби и „високо софистицирани системи за следење“, во координација со Израел. Според него, покрај Хамнеи, биле убиени и други ирански лидери. ...
Берлин, 28 февруари 2026 (МИА) - Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и Израел извршија напади врз Иран, изјави денеска портпаролот на авиокомпанијата. Тој додаде дека компанијата ги суспендира и летовите до и од Дубаи денеска и утре. „Ер Франс“ исто така ги откажа летовите до и од Тел Авив и Бејрут што беа закажани за денеска. Според холандска новинска агенција, ...
Брисел, 28 февруари 2026 (МИА) - Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека најновите случувања на Блискиот Исток означуваат исклучителна опасност, бидејќи „иранскиот режим продолжува да го дестабилизира регионот преку своите ракетни и нуклеарни програми, како и поддршката на терористичките групи“. „ЕУ усвои строги санкции против Иран и поддржа дипломатски решенија, ...
Техеран, 28 февруари 2026 (МИА) – Земјите на Блискиот Исток и ширум светот изразуваат страв од регионален судир откако САД и Израел ги почнаа долгоочекуваните напади врз Иран. Русија ги повика своите граѓани да го напуштат Иран, при што поранешниот претседател Дмитриј Медведев рече дека разговорите со САД биле само „параван“. Европската Унија предупредува дека ситуацијата во регионот е „опасна“ и повика на заштита на цивилите во секој ...
Берлин, 28 февруари 2026 (МИА) - Вработените во јавниот превоз низ поголемиот дел од Германија денеска влегоа во втор ден од националните штрајкови, при што локалните автобуси, трамваи и метро услугите во голема мера се суспендирани во многу региони. Индустриската акција, започната од моќниот синдикат Верди вчера наутро, го доведе локалниот транспорт во повеќето федерални покраини до речиси застој. Дводневниот штрајк треба да продолжи во ...
Москва, 28 февруари 2026 (МИА) - Руската воздушна одбрана (ПВО) собори 97 украински дронови преку ноќ над седум руски региони и Црното Море, објави денеска руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека 40 украински дронови се соборени над Крим, 22 над Брјанската област, 16 над Белгородската област и десет над Црното Море, објавија руските медиуми. Се нагласува дека четири украински дронови се соборени над Краснодарскиот ...
Париз, 28 февруари 2026 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН по нападите на САД и Израел врз Иран и одмаздата на Техеран, велејќи дека ескалацијата „мора да престане“. „Франција повикува на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации“, напиша Макрон на X. „Тековната ескалација е опасна за сите. Мора да престане“, додаде тој, предупредувајќи дека избувнување војна ...
Москва, 28 февруари 2026 (МИА) – Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ соопшти дека евакуирала 94 лица од Иран, но нејзиниот персонал останува во нуклеарната централа „Бушер“. Цитирајќи го извршниот директор Алексеј Лихачов, „Росатом“ информира дека ги евакуирал сите деца на вработените, како и „несуштинскиот персонал“ и секој што сакал да ја напушти земјата, додека Израел и САД продолжуваат со нападите врз Иран. „Постојано ја ...
Москва, 28 февруари 2026 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска разговараше со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и ја извести Москва за плановите на Техеран за одбивање на нападите на САД и Израел, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија. „Иранскиот министер извести за чекорите на властите на Исламската Република Иран за одбивање на агресијата на САД и Израел, која уште еднаш ги попречи ...
Лондон, 28 февруари 2026 (МИА) – Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека британски авиони „денеска се на небото“ над Блискиот Исток „како дел од координираните регионални одбранбени операции за заштита на нашите луѓе, нашите интереси и нашите вредности“. Стармер истакна дека Обединетото Кралство поседува низа одбранбени капацитети во регионот, кои неодамна беа засилени. Тој исто така нагласи дека Британија го подигна нивото на заштита за ...
Берлин, 28 февруари 2026 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку часа откако Израел и САД го нападнаа Иран, соопшти портпаролот на германската влада. Мерц разговараше и со „други партнери во регионот“ и се координираше со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, информира Штефан Корнелиус во Берлин. Дополнително, „сојузната ...
Брисел, 28 февруари 2026 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека, поради „актуелната ситуација во Иран“, за понеделник свикува посебен состанок за безбедност. „За регионалната безбедност и стабилност, од најголема важност е да не дојде до понатамошна ескалација преку неоправдани напади на Иран врз партнерите во регионот“, напиша Фон дер Лајен на X. САД и Израел утрово го нападнаа Иран во, како ...
Москва, 28 февруари 2026 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, телефонски разговараше за американските и израелските напади врз Иран со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, соопшти руското МНР. Лавров и шеикот Мохамед повикаа на прекин на какви било воени дејствија што би можеле да го дестабилизираат регионот, се вели во соопштението. „Постои општ консензус за ...