Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Во ООУ „Ѓорче Петров“ во Општина Ѓорче Петров завршена е целосна реконструкција и реновирање на ученичките тоалети, со што значително се подобрени хигиенските и функционалните услови во училиштето. Како што соопшти Општината, реконструкцијата опфати нов и функционален распоред, приспособен на потребите на сите ученици, вклучително и на учениците со попречености. -Зафатот опфати еден тоалет за лица со попречености, ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Општина Илинден објави повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година. Мерката предвидува еднократна парична помош за жителите со постојано место на живеење на територијата на општината, кои ќе набават нов велосипед во периодот од 2 март до 30 април 2026 година. Општината финансиски ќе поддржи 50 проценти од вредноста на ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Висок раст на реализација на капитални инвестиции од 179,7 отсто е остварен во првите два месеца од оваа година. Во согласност со податоците за реализација на буџетот заклучно со 27 февруари, во првите два месеца од 2026 година реализирани се вкупно 8,1 милијарди денари, што претставува раст од 179,7 отсто, или во апсолутен износ во двата месеца од оваа година, во споредба со двата месеца од 2025 година, има ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Во организација на Министерството за локална самоуправа денеска се одржа практична работилница на тема: „Презентација на постапката за поднесување барање за поддршка од општините во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините“. - Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. ...

Мадрид, 2 март 2026 (МИА) - Главниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, изјави дека на сите во тимот им е „многу јасно“ за проблемот со коленото на напаѓачот Килијан Мбапе, но призна дека неговото учество во натпреварот против Манчестер сити е под знак прашалник. Напаѓачот беше изоставен од составот на неодредено време минатата недела. Дваесет и седумгодишниот Французин чувствува непријатност во левото колено од крајот на декември 2025 ...

Ларнака, 2 март 2026 (МИА) – Состанокот на министрите за европски прашања на земјите-членки, кој требаше да се одржи денес и утре на Кипар, е одложен поради нападот со беспилотни летала врз британската база Акротири на островот, објави кипарското претседателство. „Во раните утрински часови имавме еден, изолиран инцидент со беспилотно летало насочено кон британската база во Акротири, Кипар, со ограничена штета. Точното потекло на дронот ...

Белград, 2 март 2026 (МИА) - Во јуни оваа година, Србија ќе биде домаќин на 21. Светски конгрес на економисти и тоа ќе биде првпат најважниот настан во економската професија да се организира во регионот на Централна и Источна Европа. Тоа денеска го изјави претседателот на Здружението на економисти на Србија, Александар Влаховиќ. „Очекуваме доаѓање на повеќе од 1.000 од најважните економисти и научници од целиот свет, вклучувајќи неколку ...

Будимпешта, 2 март 2026 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека врз основа на достапните сателитски снимки и оперативни податоци, јасно е дека нема технички пречки за работата на нафтоводот „Дружба“ и затоа го повика украинскиот претседател, Володимир Зеленски, веднаш да ги продолжи испораките на нафта по цефководот. Орбан информацијата ја соопшти на состанок за советот за национална безбедност, а откако доби детален ...

2 март 2026 Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува предлоготот на Европската комисија за започнување на преговори за интеграција во режимот на бесплатен роаминг во ЕУ, односно укинување на роаминг трошоците за земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, се наведува во соопштението од ЛДП, што МИА го пренесува интегрално. Со воведување на бесплатниот роаминг помеѓу корисниците од ЕУ и Западен Балкан ќе се олеснува ...

Вашингтон, 2 март 2026 (МИА) - Филмот „Вресок 7“(Scream 7) без тешкотии се искачи на врвот на листата на заработки од кино прикажување, симнувајќи го од првото место минатонеделниот шампион „Оркански височини“ (Wuthering Heights). „Седмото продолжение на долгогодишната „слешер“ франшиза во петокот заработи 28,8 милиони долари, прикажувајќи се во 3.540 киносали ширум Северна Америка. Продукциската и дистрибутерска куќа Парамаунт Пикчрс ...

Отава, 2 март 2026 (МИА) - Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер, вчера, 1 март, го прослави својот 32. роденден, скромно и интимно, само со својата сопруга Хејли Бибер, со која седум години е во брак. „Никој со кого би сакал да го поминам мојот роденден, освен...“, напиша пејачот во описот дополнувајќи со „смешко“ и бакнеж и две фотографии, каде што ги дува свеќите на тортата прекриена со крем и јагоди. На втората фотографија, Хејли, ведра и ...

Струга, 2 март 2026 (МИА) - Малолетник без положен возачки испит бил затекнат ноќеска од полицијата како управува моторно возило во струшката населба „Теферич“. Со лицето бил извршен службен разговор, а возилото одземано, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ноќеска во 1 часот и 15 минути, при контрола во патниот сообраќај извршена во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга од сообраќај исклучиле патничко ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Секторите безбедност и животна средина не само што се меѓу најизложените на корупциски ризици туку и играат важна улога во процесот на европската интеграција, оцени денеска директорот на Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) Алберт Хани на денешната обука за претставници на полицијата и МВР во областа на процена на ризикот од корупција и проверка на законодавството за спречување корупција, организирана од ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Во сгласност со последните информации добиени од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, повеќе од 400 граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, а 30-ина од нив изразиле подготвеност да ги напуштат земјите од Блискиот Исток прри првата можност, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. За граѓаните што се наоѓаат во Обединетите ...

Лисабон, 2 март 2026 (МИА) - Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, изјави дека кариерата на 20-годишниот аргентински играч од средниот ред Џанлука Престијани под негово водство ќе биде „завршена“ ако биде прогласен за виновен за расистичка злоупотреба насочена кон напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Мурињо беше критикуван за тоа што по натпреварот сугерираше дека Винисиус ја провоцирал публиката танцувајќи во близина на корнер знамето по ...

Москва, 2 март 2026 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство поради, како што наведе, „отворената агресија“ против Техеран и дека е длабоко разочаран од начинот на кој се развиваат настаните. Рускиот претседател Владимир Путин вчера го осуди убиството на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, како „цинично“ убиство, а руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека ...

Атина, 2 март 2026 (МИА) – Грчката полиција презеде зголемени безбедносни мерки на објекти од израелски и американски интерес, посочи портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду во интервјуа за телевизиите ЕРТ и Скај и нагласи дека овие мерки не се ограничуваат само на дипломатските мисии, туку се прошируваат и на деловни и трговски објекти кои би можеле да претставуваат потенцијални цели, јави дописничката на МИА од Атина. ...

Скопје, 2 март 2026 Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање на имот казниво по член 359-а од Кривичниот законик, се посочува во соопштението од ПП левица што МИА го пренесува интегрално. Имено, Цвета Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси за пријавување на ...

Битола, 2 март 2026 (МИА) - Општина Битола утврди општински енергетски план, интегрирана рамка за подобрување на енергетската ефикасност, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови и намалување на енергетската сиромаштија. Утврдените мерки се технички изводливи, финансиски реални и мерливи преку јасни индикатори за мониторинг, информираа од тамошната локална самоуправа. -Анализата на ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Македонска собраниска делегација ќе учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничката надворешна и безбедносна политика и заедничката безбедносна и одбранбена политика што од 3 до 5 март ќе се одржи во Никозија, Кипар. Конференцијата, во услови на актуелни геополитички предизвици, има за цел да придонесе кон изградбата на поотпорна, пообединета и поефикасна ЕУ во областа на надворешната и безбедносна ...

Виена, 2 март 2026 (МИА) - Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), Рафаел Гроси, предупреди на ризик од нуклеарна несреќа поради ескалацијата на воената конфронтација на Блискиот Исток. „Сите ние со загриженост ги следевме воените напади во Исламската Република Иран и на Блискиот Исток“, рече утринава Гроси. Според него не може да се исклучи можноста од радиолошко испуштање со сериозни последици, вклучително и ...

2 март 2026 СДС сервилна, талкаат без стратегија и јасна цел ниту за партијата, а уште помалку за државата. Единствено нешто што знаат од СДС сервилна, е да ги распродаваат државните интереси, да креираат коруптивни шеми, да делат проценти и провизии и да се обидуваат да го заташкаат криминалот во сопствените редови, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. СДС е целосно изгубена во сопствената реторика и ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Наставниците од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет на УКИМ ја поздравуваат предложената концепција за гимназиско образование, но сметаат дека класичните јазици (латинскиот и старогрчкиот) се недоволно застапени и дека се деградираат. Во допис до медиумите соопштија дека за нив е збунувачки и несоодветно што класичните јазици се сведени само на латинскиот (бидејќи старогрчкиот е сосема ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, со највисоки државни и воени почести, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. По пречекот, како што информираат од Кабинетот на претседателката, ќе следува тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Генералниот секретар на НАТО, Руте, ќе има средба и со премиерот ...

Манчестер, 2 март 2026 (МИА) – Привремениот тренер Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, собра 23 бодови од девет натпревари во Премиер лигата. Под водство на Карик, „Црвените ѓаволи“ имаат седум победи и два нерешени резултата. Ова е најдобриот резултат од девет натпревари во историјата на натпреварувањето. Претходно таков биланс имаше Анџе Постекоглу, кој го предводеше Тотенхем. Манчестер јунајтед е четврти на табелата во англиската Премиер лига ...

Ријад, 2 март 2026 (МИА) - Според првите извештаи, Иран со дронови „Шахед“ го нападнал објектот „Арамко“ во Рас Танура, во Саудиска Арабија, локација за која се вели дека е еден од најголемите нафтени центри во светот. Недолго потоа, рафинеријата за нафта „Сауди Арамко“ престанала да работи, објавува „Скај њуз Арабија“. Работниците во фабриките на „Арамко“ ги напуштаат постројките по извештаите за ирански напади. The footage 👇 of direct hit ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Просечната потрошувачка кошничка што Владата веќе ја изготви, но сè уште го чека ставот на работодавачите и синдикатите, ќе биде меѓу точките од дневниот ред на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), најави во интервјуто за МИА министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што кажа Дурмиши, на седницата на ЕСС ќе биде објавена и точната сума за колку ќе се зголеми минималната плата. - ...

Цирих, 2 март 2026 (МИА) - Одржувањето на „Финалисима“ меѓу Аргентина и Шпанија е доведено во прашање поради конфликтот на Блскиот Исток. Натпреварот е закажан за 27 март во Катар. „Финалисима“ е натпреварот помеѓу победниците на Копа Америка и Европското првенство. Во последните изданија на двете континентални натпреварувања трофеите ги освоија Аргентина и Шпанија. Неизвесноста доаѓа поради ситуацијата во Катар, една од земјите од Персискиот ...

Штип, 2 март 2026 (МИА) – Општина Штип оваа недела почнува со печатење на 18.650 решенија за данокот на имот, кои ќе ги достави до фирмите и домаќинствата, вели за МИА Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип. Тој посочи дека решенијата прво ќе им бидат доставени на фирмите. Оваа година има 330 решенија повеќе за разлика од претходната 2025 година, со што и приходите ќе бидат поголеми. -Општина Штип ги издаде решенијата за данок ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - За да се воспостави ефективен и ефикасен систем за превенција и сузбивање на корупцијата и судирот на интереси во државата, неопходен е системски пристап во нејзиното препознавање, спречување, докажување и санкционирање од страна на надлежните органи во постапка утврдена со закон. Ваквиот инклузивен и партиципативен пристап, со вклучување на сите фактори, е неопходен бидејќи борбата против корупцијата е колективна ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
61%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.46
81%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.12
67%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
41%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
41%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.81
65%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
47%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.69
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Цинк

0.00

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Иридиум

258288.78

Родиум

358480.82

Платина

61858.04

Калај

43.91

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23